Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Ах Џони, ова некоја опасно сака да те види ... :wasntme:

    СДК ... сабајлево уште поголемо разочарување. :| И уште појасно ми е дека никој посебно не се ни потрудил во врска со мене. Колку и да сум искрена, фер и давам од себе толку повеќе резултатите биле интерес, очекување уште повеќе од мене и не возвраќање на ниеден начин. Значи во оние меѓу човечки односи сфатив дека залудно се трудам.
    Ама од др страна пак другите секојдневни мали или поголемки, подолго планирани работи ми се остваруваат ... секогаш мора да чекам подолг период ама доаѓа и моментот кога планот или она што сум го замислувала или сакала си доаѓа на своето. Ете после разочарувањето сепак дојде мала слатка исполнетост. Конечно она што го сакав и имав во план ќе биде решено.
    Тоа е ... кога немаш среќа во љубов, некакви релации меѓу луѓе и сл. имаш во др материјално потребни работи, посебно пари ако се за трошење. :)
     
    На manja666 и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  2. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    СДК тенка е линијата. Толку тенка што некогаш ни самите не можеме да направиме разлика.
    http://www.youtube.com/watch?v=dCZPJ9Of ... re=related
    Сиот треперам од страст
    дал е тоа љубов
    или сум полн со омраза
     
    На zhap4e, julie77, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  4. antonina

    antonina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    809
    Пол:
    Женски
    A picture is worth a thousand words.. :|
    [​IMG]
     
    На zhap4e и creshicka им се допаѓа ова.
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ве интересира новата фризура на Алиша Кис? Ни мене.
     
    На sweet-cherry, Plavusa.17, manja666 и 15 други им се допаѓа ова.
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Мразам кога ќе се соберат роднините од сите градови и дома настанува исфорсирана атмосфера на љубАв и хармонија, демек бескрајно се сакаме и слично.
    Не ги сакам.
    Не сакам да ви се смешкам, така лажно, љубезно, да ви кажувам колку ми е мило шо дојдовте.
    Ич не ми е мило шо дојдовте.
    Не сте дојдени ни за убаво. Кај бевте до денес? Утре после раздавање ќе си одите, и пак нема да ве видам додека не умре некој.
    Сега ќе си речете: - Ауу! Бог да чува! - ама, така е! Нема што да се правиме наудрени. :^)

    Ме напнува сета оваа раздвиженост, демек дај да ти го подржам тенџерето додека ја мешаш манџата, дај да ти ги измијам садовите додека го туриш кафето. Ајде сваќе, ајде стрине, ајде внучко..
    маааааааарш!

    Не сум асоцијална. Не дека не се дружам со никој и ги хејтам сите. Не сум јас крива што сте научиле така лицемерно да им се смешкате на сите.
    Не ве сакам. :^)
    Ни стрини, ни вујни, ни тетки, ни пратетки, ни куми, ни кумови, ни комшии. Марш бре, сите.
    Кај сте на човек да му придадете ко е жив. Од ко ќе го закопате ќе го раните и поите.
    Подраго ви е в земја лебот да го изроните, него ли в чинија. :swear:

    Хвала куцу, постои сарказам, иначе не знам како ќе ве истрпам. :!:
     
    На De-lovely, cinderella5, Juicy03 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    Ми недостига некако другарка ми. А вчера ја видов. Ама не е тоа тоа де. Никако да се видиме насамо, а братучедиве ехе до кога ќе и седат. Сакам да отидеме до Њу Ејџ, па до кај лулашкине кај Соборна, да си пуштиме транс или рокче, да затвориме очи и да уживаме ко што знаеме. :) Ми фалат последните денови пред да оди на одмор, кога седев кај неа по цели денови, правевме муабет за се и сешто, уф одвај чекам да се ослободиме и пак на раат да си позбориме. Не ни треба ништо посебно за да си направиме расположение, а вака можеме да зборуваме до утре.. Посебна ми е. И иако се караме понекогаш, и некогаш и доаѓа да ми ја залепи една, ја сваќам зашто и јас понекогаш незнам што правам.. ама на крајот секогаш ме сваќа и вели дека ме сака и само ми мисли добро зашто ми е другарка.

    Ретки се такви другарки во ова време, што се скоро секогаш тука за тебе. Ех, да, имало и денови кога не била тука за мене, ама знам дека тоа не било намерно. И знаеш дека ти ќе бидеш првата да дознаеш за знаеш што.. Те сакам, знаеш.
     
  8. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    И така поминаа моите 7 работни часови денес во редење на паштети. Ама више паштета да не видам!
    Ај од прво арно си почна, дошло роба од тие што си имаат веќе место на рафт, а се потрошиле. Натрупав некако, ги собра. И така радосна до следен пакет појдов, ко видов што да видам. Три нови врсти, место нигде. Па реди прелаќај, ова овде, она онде, па морало од иста фирма на едно место да се, па овие две фирми оделе оние две не, и што ти не. Четири и пол пати цел рафт да го прередите без збудалување, ќе ве частам, кој и да сте.
    Ајде, после убаво ми дојдоа за промена наполитанките, млеката, соковите, тоалетнинте, влошките и батаците -.-
    Важно сега домче убаво си се испружив, и луксузни јадења и пиења околу мене, ама богами заслужив.
     
    На anabel-a, Monna.Monna, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Денес е 20 Јули 2012. Пред точно 1 година на 20 Јули 2011 јас се зачленив на форумов :party:
    па не е баш точно 1 година, се зачленив во 17:51 часот, ама не ми се чекаше :lol:

    Вау, ова беше една преекрасна година на Фемина, го паметам почетокот како да беше вчера... Отворив неколку дупли теми, Реинбоу ме искара, а и ме изнервира :punch: , ама сега се е простено :lol: Ја отворив мојата прва успешна тема, Летни чизми, АМА тоа беше на времето кога само 2 женски во цел град ги имаа, за разлика од сега :!: Ама ако, сега феминките имаат каде да си искажат свое мислење за овој феномен. И како што поминуваше времето јас направив 100 мислења, и се отвори уште една магична категорија :wasntme: Разгледував, размислував и решив да ставам слика во Модни Критики. Ух, ко за прв пат мислам дека поминав одлично :rofl: И продолжив да си ставам слики, а и да коментирам. Морам да признаам, во коментирањево не сум нешто најдобра, премногу ми се собирате и после треба да пишувам двометарски пост . Но, се за моите феминки ! Паметам кога го направив моето прво (успешно) DIY парче, и го споделив со вас. Ме преплавивте со пофалби и прашања од каде ми беа нитните, и се надевам убаво ви објаснив :wasntme: И јас си продолжив да си коментирам, да си објавувам постови, да се забавувам. Сретнав прекрасни девојки кои се навистина супер, и обожавам да им ги читам мислењата.

    Како што кажав на почетокот, оваа година помината на Фемина беше ЗАКОН :rock: Многу ми е мило што се зачленив на овој форум, и се надевам ќе продолжам со полна пареа до 20 Јули 2013! :*
     
    На LilBaby, blueeparadise и MaCa-J им се допаѓа ова.
  10. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Кога раскинавме, не ми беше тешко. Уствари ние раскинувавме. Процес, ти текнува? Се трудев да не мислам на тоа како ќе ми биде без него и што ќе правам и дали ќе можам. Залудно е. Битно ми беше само да му кажам неколку работи. Он си мислеше дека јас ќе го барам и дека ова не е крај и дека јас ќе дојдам пак и ќе се сретнеме. Ама јас знаев дека тоа не е паметно. Затоа му кажав:
    "После се што се случи јас знам дека ние не сме еден за друг. Не знам што сум мислела и што сум пробувала да направам додека сум те сакала ама знам дека каква што сум сега не сакам да бидам повеќе. Не сакам да те сакам, сфаќаш? Дали јас ќе можам и како ќе можам, тоа е мое. Од тебе барам само едно. Кога ќе ме видиш, прави се дека не ме гледаш, кога ќе те барам, прави се дека никој нема, кога ќе те гледам, прави се дека никој не те гледа, кога ќе слушнеш за мене, прави се дека не знаеш за кого зборуваат. Јас морам да те оставам. А ти мораш да ми помогнеш. Не знам дали си свесен колку те сакам. А јас не знам дали сум свесна колку ме сакаш. Батали ме бе, како што сите што ги знаеме баталија по некој. Ти ли не можеш? Сакам да ме баталиш до тој степен, да секој пат кога ќе поминеш покрај мојата зграда, кружиш од другата страна за случајно да не се сретнеме."

    преземено непосветено
     
    На blueeparadise и thinkerbell им се допаѓа ова.
  11. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    135
    Па и јас уште малку и ќе правам година. :$ Ќе дојде брзо 5-ти Август! :D
    Иначе браво за тебе, уште многу многу мислења да споделуваш со нас! :*
     
    На Elena-97 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    сдк дека ГИ МРАЗАМ моите роднини-туто комплето :@ :devil:
    што душкала ке беа, ЕДВАЈ чекам да си одам братучед ми и тетка ми, и НИКОГАШ да не ги видам најдобро
    да живеам сама, нема веке да комуницирам со нив :!:
     
  13. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Не бе,не можам да истрпам некои луге како се филмаат и се праваат јаки а само сакаат да соберат внимание |( Толку негативност,одбивност и омраза соберена во едно човече не е можно :x А што е најтрагично сите ја сметаат за светица и најмила личност.
    Седам од страна и ја гледам и се прашувам:Што ја тера да го прави тоа?Што не и се допага?Зар таа е подобра?
    Не е -.- таа е полоша и од Круела Де Вил |( Ама нека продолжи така.И се гледа крајот нејзе одамна.

    Да не мрчам само во овој пост.

    Секој ден ми е се поубаво...кога ке ми текне на него :) Ме исполнува неговото постоење,неговите шеги неговите глупости :D Се што е поврзано со него.

    Ај чао :wasntme:
     
    На De-lovely и Hayley им се допаѓа ова.
  14. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    СДК дека вчера си дојдов од одмор, фатив добра боја супер си поминав,батериите се полни ама догодина дефинитивно ја менувам дестинацијата, ( бев во Охрид, и секако и јас се разочарав од Охриѓани ) .... Одморот си помина и од денес пак почнаа истите обврски ...

    ПС: А времето да застанеше немаше да биде лошо а :wasntme: !?
     
  15. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Форумот е 10 сајтот :Down: . Премногу форсирање на небитни настани (ако може така да се каже новава фризурка на Алиша пошо нали дека е настан е на сајтов ) :tmi:
    Ај некако вадат просек со форумов :D .
     
    На manja666 и MacaLove им се допаѓа ова.
  16. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    :rock:
    [​IMG]
     
    На Sanniii, MaCa-J и blueeparadise им се допаѓа ова.
  17. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ммммм вчера беше убав ден,т.е одличен.Денеска цел ден ми се врткаат во глава моменти од вчера,баш би сакала да се повтори тој ден.
    И вчера го сменив полот (ова од Сексот и градот),мислам дека тотално се понашав како машко :lol:

    Ах,и изгледа и јас ќе се одморам од овоа градов на неколку дена,едвај чекам да отидам,сама со другарка ми,да се изнаиграме карти,изнабањаме,изнасликаме,и да ја прошетам малце низ селото,да види која убавина ја има таму.
    И многу сакам да отидам,да си седнам на тоа чарадкот и да гледам како изгрева сонцето,а навечер да ги гледам ѕвездите кои се премногу,и толку многу се сјајни,што неможеш да престанеш да ги гледаш...

    [​IMG]
     
    На Serafima, Adi888, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  18. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    СДК дека многу се нервирааааааааааааааааааааааааааам :@ :@ :@ :@ :@ :@ :@ :@ :@
     
  19. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.656
    Допаѓања:
    22.409
    Пол:
    Женски
    А зашто уопште ми е гајле за некои работи не ми е јасно...периодов сум станата ко чавка да ми го испила здравиот разум...се надевам дека ова е минлив период... :@
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Нема и не може никој да ме убеди дека во ситниците не се состои убавината на денот. Доколку можеш да си ги дозволиш, секако.
    Тешко ако некој нема за леб, да му кажуваш за пурпурноста на зајдисонцето, тој ќе гледа да се спаси со малку бела боја.

    Ама, има многу ама.

    Она, кога ќе се тргнеш од одвратната туристичка гужва на европјани со пуно пари, кои се понашаат неандертално, се чуствуваш ко да си влегол во с’ржта на планетата Земја. Ко да си апнал троа амброзија и ништо не ти е битно. Само тука, и сега. Она, кога помеѓу палмите со восхит го следиш селскиот локален живот, бабичката се клацка на онаква крцкава, плетена, дрвена фотеља со мачето во скут, и му пее некои народни шпански песни, кога чичето си го прска дворот во куќата, кога неговиот мачо син во најдобрите години го изнесува ѓубрето и напиња тоа мускулот штом здогледа млада цура :D а потајно ја ѕирка под зелените реј бан цвикери, кога ти мириса на свежо сечена лубеница, постои еден единствен јазик - насмевката. И со неа се разбираш со сите.
    Стоиш на стара карпа, покрај стара куќа, имаш буквално само сол и ветер во коси. И гледаш накај...шо знам, Марсеј, и си викаш - уствари ништо не си викаш. Тоа е поентата. Мозокот аш - остана некаде во облаците.
    Мене ми е стварно криво што некои не знаат да ја видат убавината у бумбаровиот лет, да речеме, па и касање на пчела. Мислам, ме укаса пчела на сред море, на горниот бут нешто подоле од интимата, боли, пече, а мене ме буцкаат - јао види карпа! а јас стегам заби, вадам осило, стискам бут, и буљам ко да сум открила нов свет. Мхм да. Синило, ма какви - тиркизно море под мене, тиркизно небо над мене, а во средина, ние. Толку тиркиз одамна не сум доживеала, дури и на ноктите одбивав да им го сменам тиркизниот лак :D
    Ама ни во тоа не е убавината на живеењето. Насмевка луѓе, насмевка. Колку често и колку многу ја видов. Бегав од она што не беше локално за да вдишам малку од еден живот нов за мене. Луѓе топли, луѓе опуштени и насмеани. Не се замараат со манџата на комшијата, ниту му носат вегетиче затоа што они сметаат дека се најпаметни и можат да солат памет на други. Ма ИЧ не им е гајле. Се клацкаат, си пијат сангрија, бучно играат табла, разглабаат дали доматите утре ќе бидат поарни или задутре, и кога им се восхитуваш за убаво средениот двор, прекрасните зелени дрвени прозорци, и викаш онака, бig time ЛЕЛЕ за секоја палма која ќе ја видиш, ти возвраќаат со искрена насмевка без грам фалш и ти викаат - ОЛА!

    Ола! Убав бил овој свет. Додека не го испрљаме. Зашто? Нема никогаш да разберам. Затоа што премногу се замараме со други и само со други луѓе.
    Овој пат и мене оградата на комшиите, на туѓи за мене луѓе ме интересираше повеќе. Ама само затоа што учев шетајќи. Учев како е да се живее поинаку, без стрес, без замарање со ствари небитни, непрактични, без никаква вредност, а како се живее со полна пареа, со малку.

    И бојата е битна. Тиркиз. Зелена. Црвена. Доволно за да ти ја разубави околината. А мене насмевката ми го направи секој ден посебен.

    Колку сакам дива, нескротена природа, чудо! Уште повеќе сакам, кога никој не приметува никого, а те приметува таман толку колку да ти го разубави денот со насмевка.

    Колку пати ја спомнав насмевката? Не знам. Ама безброј пати, се насмевнав. Е па да ми простите, убаво било и вака!
     
    На bittersweet, girl1985, Monna.Monna и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.