Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    СДК во куќава ми е ко овде не полуди тај није нормалан. Боже, Боже сето забегано.

    Да појаснам. Варосуваме. Мајка ми пери теписи на вруќинава, татко ми ја зел четката и фарба дали фарба, брат ми се дотера и си излезе ич уво да не му чуе, а јас се килавам ко некоја мазга. Ама ако. Се по теркот направи сам, ауууу како не молер ќе сме викале, свашта. :rofl: Лудила се.

    СДК2 станувам и тате вика, Де- ловли следниот пат кога онај твојон ќе доаѓа скришум во 1 саатот по полноќ, барем наговести ми, мислев крадец е ќе ја земав пушката. :rofl: И јас :$ .

    Мисли го ти човекот се ака во бандери а тој по жици оди. Аха. ;)
     
    На Gordana10, kate-the-great, anneyy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    СДК дека вечерва решив да излезам и прошетам низ паркче со мајка ми. Не со дечкото, не со другарките туку со мојата мајка. И знам дека ќе си поминам прекрасно.

    Малку поинаква ladies night. Па штознам, можеби ќе успеам ја натерам да седнеме на по едно летно коктелче, на пример long island. :D (знам,лоша сум :devil:)

    п.с. ако видите две сомнителни како се клештат- ние сме. :D
     
    На marama и anggell им се допаѓа ова.
  3. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    764
    СДК дека ми се јадеееееееееееееееееееее!!!!!!!!!!!!!!!!!!
    Ми се јаде СЕ што може да се јаде.
     
  4. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Колку е убаво кога ги гледаш сликите кога си била малечка, пред малку или многу години не е важно. Битно дека се потсетуваш на многу случки и работи.. прекрасно чувство е тоа.
    Денеска се пресмеавме со сестра ми кога ги гледавме сликите пред 3-4 години :D :lol:
    Сликите се најубав спомен.
    Некои се сликаат за фејсбук, а јас за спомен! Ете така. 8)
     
    На blaa и pamelche им се допаѓа ова.
  5. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.480
    Допаѓања:
    17.189
    Како бе се заљубувате на прв поглед, дај објасни ми молим те. На прв поглед некој може да ми се засвиѓа, не да се заљубам у нега, нели? Ми вика уште кога го видов се заљубив у него и после она ми кажува „еј срцка, па не е се у убавината“, дај олади женска.

    Добро ми се има десено и мене да се заљубам на прв поглед, у патики. :D
     
  6. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    [​IMG]
    Сабота 4ч наутро,совршен термин на заминување од државата. :sun:
    Sunrise and sunset пред тиркизното море.
    Коктели,сончоглед,бикини,фрапе,млеко за тело со сладок мирис,и ќе си соберам некој момак од плажа да ми го мачка грбот :wasntme:
    Ефрон у комбинација со бранчињата што ќе ми ги плискаат нозете,ммм.. мирисот на одмор!Конечно!
    Насмевката и позитивните бранови на расположение си ги спакував во куферчето!
    [​IMG]
    Уф,веќе свежината на морскиот воздух ме удира во фаца,и леплив песок по цело тело...Ми мириса на море,и млеко за сончање,мх мх мхмм!
    Чекај,кажав дека идам само со девојки..овај згодни девојки :emo: Ња ња ња,женско друштво..

    ...само калифорниски шмек.
    бизу бизу.
    С.
    :sun:
     
    На Hipster, Monna.Monna, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Моментот кога на ќерка ми и доаѓа момче и подарува чоколода, а таа се презаљубува, и мислам сакајќи да го инспирира научи да плива..
     
    На bittersweet, Monna.Monna, sweet-cherry и 21 други им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.383
    Допаѓања:
    103.171
    Пол:
    Женски
    Утре ќе биде весел ден, моето сонценце ќе има роденденска забава во игротека, забава со многу мали сонциња, играчки, трамболина, пеперутка на лице.... А претходно со баба ќе бираме голема кукла, колку неа голема, за тета нови сандали и патики :D Ова треба да биде убав ден :rofl:
     
    На bittersweet, Serafima и anabel-a им се допаѓа ова.
  9. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Купи ми леприкон, да ти исполнам желба. Или покажи ми го на слика, да се потсетам како изгледа. Ми звучи некако светкаво шарено.
    Деновиве сум надвор од главава. Ни лево ни десно. А ни во средина. Треба некој да ме пронајде. А јас ќе се скријам уште подлабоко, колку да ја направиме потрагата поинтересна.
    Игра. Не како жмурка, туку како детски џагор.
    Не ме радува, ме бутка во носталгија.
    Денес пешачев на сонцево, на сандали на плута еден број од што го носам, со бубулички од комарци на прстите и жулеви. Така малце ко да се распаднаа, а јас се наведнував секој пат кога ќе ми излезеше ногата. Завршував административни работи. Каде што мора да те вратат едно 2 - 3 пати, да осетиш гужва и зној. Водата стана чај или и(н)спиратор на црева. И кога ќе ми текне дека вечерва ќе се разбудам 2-3 пати од што ме чешаат стапалата од комарци, воопшто не ми се ни легнува.
    Се забележав себе си, кога размислувам што да кажам, а да е подлабоко, си го мирисам десното раменце. А некогаш и си ја потпирам цела глава, како изнемоштено дете, од умор. Јас и всушност сум изнемоштено дете. На пат да стане возрасен, не прифаќајќи ја одговорноста. Бар уште малку.
    Инаку, пак тажно, без неа. Се присетувам на дешалици каде сме се смееле будејќи комшии и ми доаѓа меко на душа. Ама празен дел, изгубен, нема да го надополнам никогаш. Мора да ги прифатиме и нормалните фази од животот. Што и друго би можеле.
    Епа така. Подготвена не сум. За ништо. Ниту за да си легнам, да пуштам било каква песна, или да изгледам некој тажен филм. Не знам.
    Да кажам добро е, ќе кажам лага. Затоа и молчам. Тивко молчам. Не сакам да се смеам со сила. Јас и ништо не правам со сила.
     
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ќе одам у Енџелс, да се чекирам на фб дека ќе одам или не? Вие шо викате, м? :^)
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.656
    Не ми текнува на имињата на ликовите,оддамна прочитано, но моментот од Тројца воени другари од Ремарк, кога жената на едниот е во влошена состојба од туберколоза,а се на километри од докторот кој ја лечи,другарот на човекот се решава со својот Карли да го однесе докторот до местото покрај море каде требаше да се опорави жената на другарот. Толку брзо вози,што докторот завршува работа во ѓаќи,а другарот му се врти и му вели нервозно и ревносно:
    Ма што ви е на вас?! Дали знаете дека умира жената на мојот најдобар пријател?!

    Е тоа... моментот кој ми остави печат за навек за една душа на тројца луѓе и што е тоа другар... Ама на запад ништо ново... Ќе те распарчат,излажат, наседнат, ќе се пожалат, ќе те угнетат, ќе те понижат, ќе те убијат со сабја обезглавувајќи те.

    Едноставно прашање. Луѓе,што е тоа што ве тера да лажете?! Угледот?! Можете да бидете на другата страна на светот, ако еднаш го опипам пулсот никогаш,ама никогаш нема да ме излажете. Некогаш се лаже и без да е целта повреда,ами да се забрише она кое вас не ви се допаѓа,а мислите дека другите ќе ви се потсмеат за тоа. Е така ќе е зошто бирате погрешни луѓе околу себе и си создавате непотребен стрес на душата.
    Погана уста,сапун не ја мие. А душа,пак ништо.

    Татко ми упорно ми вика,верувај ми,има добри луѓе, не се плаши, не губи верба. Па да речеме дека ова ми ја прели чашата.
    Некои личности не знаат ни сами зошто мразат и те кубат да не вирееш само зошто така им текнало. Родени се да прават десанти на своите најблиски,без при тоа да помислат дека ги држиш во шака. Еден твој збор може да ги сруши како личности и сета таа волшебна лага околу нив.
    Ама ајде... луѓе,нека си прозборат.

    Одох да се свијам во љубов. Среќа се уште имам од каде да ја примам и да ја давам немерено многу.
     
    На bittersweet, Trendafilka, ljubam и 5 други им се допаѓа ова.
  12. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Кога ќе се научат луѓево дека велосипедска патека не е пешачка?
    Дека кејот не е наменет за да си ја туркаат количката со бебето по него?
    Дали јас треба да сносам одговорност што бабине со помалку од 1км на час се шетаат, а јас не сум во состојба да го запрам точакот или ролерите?
    Обележено е, нацртано е, кажано е, преку сто пати. И пак. И пак. И пак!
    Вчера имало таков тежок судар на стаза, да морало да дојде и брза помош кола. На никој не му посакувам лошо, ама за памет нека им е на сите. Што неразбран народ ќе беше....
    Се чудам на менталниот склоп на некои луѓе.
     
    На Monna.Monna, Trendafilka, faye и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    СДК не ми е јасно зошто некои родители се запрепастени од однесувањето на нивните деца!

    Ќерко, што е ова од тебе?! Какви се овие оцени?! Како тоа никоја од другарките не фаќала крпа дома?! Како тоа сите така прават?! Па имаат ли тие твои другарки родители?!
    - А има ли ова ваше дете родители?

    Кога требаше да покажете строгост, цврст став, да му дадете до знаење на вашето дете што е правилно, а што не, кога требаше на вашето дете да му дадете работни навики, да му биде јасно дека послушноста е многу важна, ако не и најважна додека е се‘ уште дете..... епа тогаш вие му купувавте по 50 Барбики неделно чив животен век беше 2 до 3 часа, пред да бидат немилосрдно обезглавени, му облекувавте секој ден различна сукња за на училиште, секако со различни хулахопки, за на крај да се изгубите во простор и време додека вашата малолетна ќерка е на одмор со дечкото, а ја пуштивте секако затоа што сите другарки отидоа на одмор со дечковците, па вашата галеница ќе немаше со кој да оди.
    Bitch, please |( Не се децата криви, туку оние под чија (не)воспитна рака се наоѓаат.

    I am what you have made me. Take all the praise, take all the blame; take all the success, take all the failure; in short, take me.
    - Estella
     
    На bittersweet, Salome, Serafima и 5 други им се допаѓа ова.
  14. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    gde ponos dodje po svoje
    tu ljubav kofere vec pakuje
    Се пронаоѓам или не се пронаоѓам во овие стихови??? Не, не скраја да е.... :tmi:

    А ако не се пронаоѓам зошто секогаш ме тераат да се замислам? Зошто ми отвараат прашања на кои немам, односно имам одговор? Само се залажувам самата дека ќе ја променам сегашната ситуација, дека ќе го надминам тоа, ќе ја искоренам таа особина. Но, за жал посилна е од мене таа проклета гордост, која не ми дава да признаам некои работи. И после крив ми е некој. Свесна сум за се, а одново и одново ја повторувам истата грешка. Лоша работа ти била гордоста, кога е во претерани граници.

    И пак на рипит "као месец у води" ...
     
  15. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    За 15 мин ќе имам 20 години...this bitch is gettin' old :party: :party: :party: :rock:
     
  16. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Многу ми е мило кога по одреден период, некои од познаниците сфаќаат со кој се дружеле. А јас пред време сум им го кажувала тоа. Па доаѓаат и ти велат дека си во право. Е сум :emo: !
    Тоа вчера како сум поминала. Таква ноќ не сум имала во последните 2 години. Пријателки, вотка и еден куп погледи кон нас :emo: .
    Излегов за да разговарам со милата моја, а добив многу комплименти, многу насмевки и нова личност во животот.
    Ах и мојот бифши на нашата песна, повторно ме гледаше, си пијаше како и секогаш и неможејќи да издржи замина
    Уште краток период сум на работа, потоа ќе се посветам на себе си. И на мојот факултет. Сега се ќе биде поразлично.
    Зарем мене животот ми се насмевнува? Некако не му верувам, се нешто си мислам дека се засилува за посилен удар. До тогаш јас ќе се смешкам и ќе уживам. Ќе бидам побогата за милион комплименти и посилна од било која болка :)
     

    Прикачени фајлови:

  17. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Последниот пат ког кажав дека сум среќна, се подреков. Овој пат.. си ќутам и си се смешкам.Се фаќам себе си како си лежам во кревет, гледам во таванот и си се смешкам. Физички тука сум, а инаку.. немам компас за да се пронајдам.
    Трпение, ми треба трпение. Четири книги ми се мотаат во постелнина, сите започнати, а ниедна недовршена. Поинтересна ми е мојата реалност, отколку некој приказна што се крие помеѓу непрелистаните страници. Не можам да догледам ниеден филм, а не можам да најдам ниту еден интересен. Започнатите епизоди од сериите ги кратам, имам инспирација за пишување, немам време тоа да го преточам на хартија.

    И додека направив цк, ми помина летово. Еве уште десетина дена ќе минат, следниот месец на одмор и по гости. А мислев дека ќе ме снајде истат рутина како и секое тромесечје, ама.
    Ама!
    Непланирано.
    Е отсекогаш сум гласала за спонтаноста, затоа што е како воден сладолед во лето или топли коштани во зимо. Постојано велев како не го сакам овој период и без размислување би го поминала лежејки во кревет и слушајки музика, ама ова лето има нешто.. нешто како..
    нема убавина, ама има шарм.
    А јас секогаш сум гласала за шармот.
    Цк, цк.
     
    На Juicy03, marama, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Внимание,Внимание! :rofl: :rofl: :rofl: Сакам да кажам,дека јавно протестирам,за заградување на терасите во становите,поточно за зградите што се во ценараот на градот.Па да неможе чоек бе раат да си застани муабет да си напраи..А не оди ова вака.Исто така забранувам спружуање на гаѓи.
    Пазете ситуација девојки,не баш во сторгиот центар на градов,туку речи си в центар.Си одам јас,онака занесена.И само погледнувам најгоре кон една зграда,и опп што ќе видам.Гаѓи на распродажба,многу интересна слика ми беше.Си поминав,и слатко си се насмеав.Ми се разубави денов.
    Иначе абе,ич не ми е арно денеска.Што вирус ќе беше ова.Таков малер сум што немаат да можам раат да си го направам роденденов.Ме фати пролив,и ми е лошо.Абе ебати малерот,ебати.Тоа е.
     
  19. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Охридов се наполна. Се надевам дека секој е среќен и весел и задоволен :sun: И дека младите парови повторно се заљубуваат во текот на целиот ден, а дека постарите парови комотно се сончаат и заслужено се капат в езеро уште од сабајле!

    Е сега.. јас да ви кажам дека меѓувремено позитивните мисли ми се вратија, љубам и дење и ноќе, со Д. се однесуваме како туристи, 1 мака помалце имаме... и полесно дишиме. Денес го испробавме гуменото кајче и бевме пресреќни! Ах, тој особено! Како мали деца се пикнавме в кајче и веславме, се смеевме, се ѕверевме во синото небо, зелената планина пред нас и чистата сино-зелена вода околу нас. Мх, колку ги сакам тие скришни плажички, со уште 5-6 души ја делиш плажата, чиниш 1 јуни е!
    ~ Во прилог еве ви слика, колку да доловам радост ^_^

    Ете така, сега добра ви ноќ и стварно, ама стварно, не се замарајте за глупости особено туѓи глупости. Навистина, нема ништо подобро од мирна глава.

    :*:
     

    Прикачени фајлови:

    • DSCN6477.JPG
      DSCN6477.JPG
      Големина на фајлот:
      234,8 KB
      Прегледи:
      262
    На EnnieFabulous, Juicy03, Cynthia и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Во светот не постои вистинско другарство. :!:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.