Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    ТИ ПОСАКУВАМ ДА СИ МНОГУ СРЕКНА ilipili
    [​IMG]
     
    На ilipili му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Ти благодарам од срце мила и јас тебе ти посакувам се најдобро :* :)
     
  3. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    8.591
    Деновите ми минуваат со чисти мисли, љубов, сонце и алкохол. Се плашам да признаам дека ми е и премногу добро, зошто по дифолт очекувам Марфи да ме зезне.
    Чудни сме ние луѓето, колку нешта правиме за покажување повеќе отколку за сопственото задоволство.
    Фала ама преферирам себично си ја чувам среќата.

    Топло е времево знам, ама зар е важно сплотените тела да се под климатизерот? Битен е допир на кожа со кожа, топлина која ти ја зоврива крвта. Не залудно ноќите се за нијанса по студени од деновите. :wasntme:

    Ние утрово посакавме да сме заедно на море. Се возевме на изгрејсонце, ама таму сигурно ќе беше помагично.
    Убаво е кога се искраднува наутро за да ме разбуди со омиленото овошје за појадок и бакнеж на носето. Да знаеш дека некаде припаѓаш е прекрасно чувство.
     
    На baby.blue му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Дехидрејшн is coming again |( :doh:
     
  5. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Знам дека тебе те интересира бе Свит, дури и се чудев како не си напишала ништо пред мене. :lol:

    Иначе ЦД-то во визба си го најдов. Па кој будала го однел таму бе? :fubar:
    Со саати го барав |(
     
  6. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    174.001
    Тоа е,живот,некогаш сме горе,некогаш доле....
    15 години брак,две деца,многу одрекувања,многу компромиси....љубов или навика?Па би рекла љубов....кога ќе го почувствувам навечер дека ме покрива,кога ќе ми остави порака на фрижидер да фатам такси ,да не одам пешки,кога ќе ми промрчи дека некој ме гледал подолго одколку што е пристојно..
    Го гледам ,работи на лаптоп во трпезарија ,колку почнува да личи-карактерно на татко ми.
    Дали ние женските бираме партнери кои барем малку карактерно заличуваат на нашите татковци?Дали и тие кога бираат ,сакаат некоја која во нешто ќе биде како нивната мајка?
    Едно само знам,јас си го избрав,без уцена и присила,каков е ,таков е,прва љубов и татко на моите деца.
     
    На bittersweet, Shelea, Annath и 27 други им се допаѓа ова.
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    http://www.youtube.com/watch?v=f-exkwsGjNc
    Ваква сум.
    Незнам зошто ми недостига чувството на тага. Не сум ја почувствувала.
    Добро се борам и со анксиозноста.
    Не мислам на неа, всушност само што помислив.
    Имам исполнети денови, уживанција, обврска па повторно уживанција.
    Со работното место веќе немам проблем.
    А, после падот ...
    А, јас веќе се справив.
    И се исправив на нозе.
    Треча среча, ама топ ми е.
    Немам од што да се пожалам.
    Едноставно, Ашлинг за прв пат во животот се потруди и не се откажа.
    И успеа.
    Незначаен чекор за другите, но за мене можам да кажам дека ме подобри.
    Веќе не ми се плачи што работам или што одам на работа, напротив оваа работа ја работам со задоволство.
    Ете така и е на Ашлинг.
    Ашлинг има промени и на друго поле.
    Научи да ги прифаќа принципите кои си ги поставува сама на себе.
    Научи да се воздржува.
    Тешко е, но не ми е криво.
    Од далеку ќе ми остани убав и една желба која ја потиснав.
    Ама тоа е животот.
    Ашлинг сега оди да ја праша ноќта дали е расположена за уште едно задоволство.

    А, утре ако не ми е мака ќе ти мрчам за дечките од дијаспората кои Македонија ја замислуваат како центар на курвилокот и пијанството.
     
    На marama и LivingGlam им се допаѓа ова.
  8. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Повторно истата приказна. Кога ли моето семејство ќе го огрее сонцето? Кога?
    Кревам раце, доста е.
    Што ќе биде нека биде. И матура и работа и пари и се. Преку глава ми дојде од се во смрдениов ми живот.
    Да бев од Индија ќе мислев дека во претходниот живот сум била некој што правел лоши работи, па затоа сега ми се случуваат лоши работи.
    Ама не, не сум. Јас сум од Македонија, каде успеваат само богатите деца, каде за обичните нема излез. И колку и да се бориме, џабе е.
    Ми треба одмор, :D :D ќе си мечтаам јас за него. Ќе биди де во наредните 10 години.
    За два дена ми е роденден.
    Уште сега си ја знаам глупавата желба. Сакам семејството да ми е среќно, мама и тато да се смеат. Само тоа, гајле ми е за моите глупави потреби. Ќе ги потиснам и оваа година.
    И да уште ова, ако не ми ја одобрат стипендијата. Нема факултет за мене, финансиски причини :)
    Е дури тогаш ќе го допрам дното :D
     
  9. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Оф да ти се плукнам мори мораше ли да ми ја расипеш вечерта?? (не се однесува на феминките туку на мојата дрдорлива мајка која издрдори и ме извади од такт) :@ :@ :@ :@ :@ :@ :@ :@ :@ :@
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК многу брзо поминува летово :| а со се него и летечките бубачки :D Не дека се плашам од нив ама пеперутките од памет ме вадат |( и така ене ќе дојде студон пак |(
    Се е џабе во животов, што и да направи човек, пак ќе згреши, дури и тогаш кога смета дека тоа што го прави е најдобро.Прави добро, со лошо се враќа, прави лошо со добро се враќа, се обратно поставено... :|
    Се изнервирав и сега дремка ме фати :D ми се приспа... |-)
     
    На pamelche и Justice им се допаѓа ова.
  11. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Мака ми е ! Мака ми е од тоа што зависиш од некои луѓе и пред нив секогаш мора да имаш измонтирана лажна насмевка која крие се освен среќа. Колку би сакала да си ја отворам душава и да ви кажам се што заслужувате , би ве плукнала во лице , тоа е единствената моја емоција спрема вас . Просто ми се гади да бидамсекогаш фина и културна со вас но за жал тоа е мојот единствен избор .


    СДК 2 - Единствените личности кои што вистински ги почитувам се моите родители !
     
    На ines.h, julie77, lovely91 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Nax

    Nax Активен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    3
    Ми се гади од лицемерните луѓе... Секогаш сум гледала да им биде добро на другите, без разлика мене како ми е, а они ме газат со нивните зборови. Од сега па натака нема веќе така, како они со мене, така и јас со нив.
     
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Не ги можам, ама сериозно не ги можам мајките на плажа што имаат дечиња околу една година, ги пуштаат без купаќи голи, и децата им уринираат и фецесираат насекаде, или пред малку поголемите девојчиња машките си ги тегнат курињата како гумичка. Децата не се криви ама мајките кралици што маваат игнор на гомцата на децата, абе ај? Еве признавам натерав неколку мајки да си ги собират гомцата на своите деца, не сум должна бре да им ги газам нит пак ќерка ми да ги гази, или да гледам сцена како се движи и фецесира!!! Аман од такви мајки аман! Нема основна култура за ништо кај нас! Дете е бре, облечи го стај му памперс док е на суво, пред се е хигиенски.. Ах маки Охридски големи.. и сакаме чисти градови како?
     
    На Divinebutterfly, cinderella5, lunicka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Јас го немам цд-то.Го имам само албумот спуштено во компјутер.И нормално си го изрежав,али сакам да кажам го неам оригиналот. Си се замуабетивме :lol:

    СДК,излегов во 7 и се вратив пред 40 минути.Браво,Свит,браво :clap: Цел ден шпартам ко ненормална,ама убаво си поминав !
     
  15. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    6.585
    Чудно е како луѓето се менуваат со тек на времето. Во овој случај се земам за пример себе си. Само цепав напред и така навидум се изгледаше исто.. и гледаш наназад, и се е променето. Баш видов, сум се зачленила на форумов на 22 октомври 2010, од тогаш има поминато скоро 2 години а се имаат променето толку работи.

    Тогаш па до пред неколку месеци најголема љубов и опсесија ми беше боксот, повеќе личев на машко отколку на девојче, си мислев дека штом го имам боксот, не ми треба љубов и машки.. очигледно сум била премногу огорчена во моментот. :) После тоа, новата средина во средно тотално ме промени, новата другарка да ја речам ми направи небаре магија, гледајќи сега на таа ситуација не можам да се препознаам себе си. Го заборавив боксот, најважна окупација ми беше модата, да ги гледам сите како се облечени и да морам секогаш да сум тип-топ облечена во школо и одвај да чекам да добијам пофалба од неа. Боже, боже.. Среќа што сега не сум толку блиска со неа, па не патам од синдромот да бидам ЈБТ принцезичка, како многу девојки на кои најважно им е во школо да дојдат со тон шминка и со сако, и да бидат најубави. Многу погрешни размислувања сум имала. Е да, важно е да си убаво облечен, ама се си има своја цена. Е, потоа... Потоа го сретнав него. Постепено заборавив и на боксот, а среќа и на модата и неа. Зашто практично почна да ми го уништува и загадува животот, иако верувам ненамерно.

    Е после него.. се се смени. Можеби станав подобра личност, почнав повторно да се менувам но на подобро, да бидам старата ЈАС, да ги ценам повеќе оние обични работи како љубовта и среќата кога ќе го погледнам во очи. Работи кои таа не ги ценеше и не ги сваќаше. А знам дека никогаш нема да ги свати. Повторно почнаа да ме нервираат нафураните девојки кои уште на 13 години висат по Парадисо на 15ка штикла, неможејќи да се додржат на нозе. Впрочем, никогаш не сум сакала да се мавтам по дискотеки, ама ајде другарките па и јас. Баш правев муабет со две девојчиња вчера и многу ми се допаднаа нивните размислувања што ги имаа на 14-15 години за дискотеките и слично. Сега не се замарам веќе за банални работи, обожавам да си седнам во Њу Ејџ на едно пивце или нес и да уживам. Абре светов е мој. И леле, колку сакам да и лупнам некои ствари во фаца на девојкава ама знам дека нема да ме свати, џабе. Ама јас ќе си го живеам животот.

    Го чекам само да ми се врати, и повторно да го гушнам.. да му легнам во прегратки, да ми рокне од неговине метал песни, да фатам да го тепам зашто ме нервира, а он ќе ми ги фати рацете.. и после, се знае што следува де. :D
    Ми недостасува, само тоа. А животов, со него во него, не може да биде посовршен отколку што е, не ми требаат некои квази принцези од моја страна што ќе ми резервираат сепариња во Бариста, и не ми треба секогаш да сум облечена најубаво.. Најважно ми е што го имам него, моите најдобри другарки, музиче по мерак.. и љубов. :)

    Останете ми поздравени :*
     
    На cinderella5, CIA и pamelche им се допаѓа ова.
  16. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека сум визуелно нова Вајлд, душата ми е иста, ама како да влегов во друго тело. :)
    Ова ми е најголемиот успех во животот, повеќе ми значи од сите дипломи, знам дека од петни жили, со целото мое срце се трудев да ја исправам грешката која ја правев цели петнаесет години и успевам!
    Свечено ветувам дека здравје Боже, чим наполнам 18 години година одам да си ставам тетоважа, на левата рака, веднаш над дланката со датумот на кој за прв пат тргнав во теретана и мала пеперутка, затоа што од запуштен човек, затворен во својата кожа, прераснав во нешто ново. :)
    Ги нема повеќе оние депресии во кои запаѓав премногу често (самите сте сведоци за тоа), имам повеќе самодоверба. Се` во животот ми е поубаво! :)
     
    На Sara123, Monna.Monna, sweet-cherry и 29 други им се допаѓа ова.
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Лажги со опашки. Додуша сите знаеме да си подлажнеме луѓе сме ама јас многу мразам кога луѓето ме лажат. Поточно не мразам баш од сите, пошто нели ич не ми е гајле што ќе ми каже некој за кој ич не ми чуе, ама кога ме лажат блискиве, е леле полудувам начисто.
    Вчера тој, за да не ме изнервирал, и ајде поќутев, замижав малку демек далеку е човекот вака така кога ќе дојде ќе правиме муабет ... денес и мајка ми и татко ми истата причина како господинот да не ме повределе и да не ме изнервирале, па ајде удри на лажењето.
    Како божем јас сум терминатор кога сум нервозна и ќе ги потепам. Вака три пати полошо си направија, зошто не можев да издржам јас да им ќутам свесно на тројцата, па партал се направив со сите, и сега не им зборувам ни нив, ниту пак него па нека се лигават цел ден утре. Нека им дојде паметот.
    Јас ги лажам ли? Не. И да е нешто болно, ќе им го кажам мааааалку посуптилно. Е сега ако е некоја лага што не е страшна ќе ја вметнам можеби ако не шкоди на никој, ама овие бре претеруваат, за колку битни работи ме излажаа тоа така не може.
    Што сум јас, идиот ли? Ај бе ќе ја подлажнеме па таа нема да дознае и нема да се изнервира. Е за белјата да е поголема секогаш дознавам некако. Не сум мало дете да ми ги штедат чувствата.
    Јас одам по тертипот од две зла одбери го помалото ... пример во случајов овие требале да одберат да ми ја кажат вистината, да потрпат малку да ги постројам зошто претеруваат со постапките и чича мича завршена прича... ама неееее, тие со поголемото зло, епа сега, сркај стојко што си дробел.
    Не ги разбирам, не и не.
    Поготово кога ме знаат што лајно сум...
    Уф.
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Оној што плука по магарето кога се качил на коњот, не знае дека на крајот на денот магарето и коњот си одат заедно накај дома и си кажуваат ама баш се... :)
     
    На martinuska и pamelche им се допаѓа ова.
  19. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    После долго време конечно се почувствував среќна и задоволна. Да не е на подрек, но последниве денови полека полека се си доаѓа на свое место. Животот ми станува подобар во секој сегмент. Се надевам дека ќе потрае и дека ова лето ќе го паметам по добро. Се разбира дека лошото мислење што го добив за некои луѓе нема да исчезне, но ќе се трудам да не им обрнувам многу внимание и нема да дозволам само заради нив да бидат нарушени моите среќни моменти. Секој си живее за себе затоа ќе се трудам самата да си го средам животот. Секако она што зависи од мене а другото само по себе ќе си дојде. :)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  20. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски
    СДК дека треба да почнам да ја куцам дипломската, ама така ме мрзи..... И плус немам word во мојов глупав компјутер :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.