Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    многу ми е интересно на форумов..многу ми е мило што запознав интересни особи..многу ми е мило што сеуште постојат особи кои стварно се предобри и премили..особи кои ти пружаат подршка и внимание(безразлика дали имате слично,исто или различно мислење)..многу сте ми интересни девојки..обожавам да ве читкамм.. :*
    и да да не заборам поздравче до сите што си дежураме трета смена на форумот со нешто вакво
    [​IMG]
    [​IMG]
    и еве ви по едно парче да се заблажите...
    [​IMG] и најдоброто нешто за освежување на овие горештини :)
     
    На N.Kety му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Знајте што сакам да ви кажам дека само што се вратив од кафиќ.Имаше свирка на Шајн,а јас роденден прославуав,и онака убаво беше.
    Ама знаете каква атмосфера,многу,многу убаво беше премногу.Конечно да појдам на свирка каде што нема да има шабанско. :rock: Се беше рок и метал.Абе убавини.Кој имат појдено на свирка на Шајн,тогаш знае како е.Абе душава ми се наполни.Незнаете колку бев среќна. :$ :rofl: А пак Јорданче,лелеле бе чудо од човек е душичка ептем е. :$ Знаете е свиреа онаа музика која јас си е сакам.
    И знаете како јаготка на шлагот,што се деси?
    Си излагам јас фино лепо од кафиќов, и си одам по пат главата меѓу уши како горделиво.И само љубениов мој тргнал да се поздрават со мене,ми рекол здраво,и тргнал да ме гушнит.Ама јас трт.Случајно сум му ја завртела глава.Е си го е*ав ежот. :rofl: :rofl:
    Иначе дефинитивно многу не културен народ сме.....Безобразилоци на сите страници.
    Понекогаш се прашувам:
    Зошто сум се родила девојче,во оваа пуста земја?!
    Абе алоо,си одиш по пат,и ситее...ејј срце,душо...бла,бла
    А,што би рекле сите да одите у пм? ваквите?! м?
    Сељачина. :@
     
    На Hayley, 1209, cinderella5 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.764
    СДК .. сакам да кажам многу работи ..незнам ни сама од кај да почнам ни кај да завршам.
    се осеќам премногу глупаво, како некој робот сум, понекогаш мразам што сум тука, ми треба слобода, ме гушат сите, неможам да дишам веке аман :(

    се осекам тажно и осамено,веке со денови не се смеам да не речам со месеци ..смачено ми е од многу работи и од многу луѓе ... мачно ми е од лажни другарки и од лицемерки .. на денешно време неможеш никому да веруваш .. а нема нешто поболно кога најблиските ке те разочараат.
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Не мислите дека претеравте со сликиве со јадење? Ај за темата со поздравите добро, иако не го сфаќам тоа многу (не дека не сум го практикувала и јас), ама сега мора ли и овде? Кај и да отвори човек на форумов гледа јадење, ко сликовница е. Ја разбирам дека е женски форум, ама не мора да биде олку стереотипно. А и во ова доба не е баш пријатно кога ти цвичат цревата.
     
    На stefigirl и Springy им се допаѓа ова.
  5. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Денес денот ми беше баш за спортување 8) Убо се уморив, пешачев и се надевам дека ќе заспијам одма. Градот се испразна од младите, сите Охрид заминаја. Старите го запоседнаја Широк Сокак на вечер :lol:
    Паркот празен... Ама баш е интересно вака, малку да се одморам од луѓе. Одам да спијам, имајте добра ноќ :hug:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.110
    Пол:
    Женски
    Не можам и не можам да се изначудам на перцепцијата што некои луѓе ја имаат за бракот. Викам прееска, еј ми се излегува, не можам више со ова работава. И колегите мои ценети ми викаат, па кај ќе идеш, мажена си, маж ти на работа, и така дома седиш, переш, пеглаш... Прво, им викам значи дома не седам, туку работам, перење, пеглање, чистење, сигурно не спаѓа во седење. Друго е дали и што како правам по дома. После, не значи дека ако сум се омажила немам другарки, само мажот и толку е. Ко на коњот ко ќе му врзат онакво за само право да гледа, ко божем и јас такво имам врзано, нели мажена сум.
    Каде бре со тие средновековни сфаќања? И после се плашеле од брак луѓето. |(
    Не знам колку пати го слушнав тоа мажена, си, та мажена си. Еј да видиме кој маж тебе успеал да те скроти. Па коа ќе слушнам. ама шврљаш на страна, м? |( Цело време со таква фаца сум.
    Не можат да поверуваат луѓето дека може да постои брак од љубов, ма нема шанси. Бедно, бедно до крајни граници. Некој коа ќе ми спомне варање ова-она, одма добивам една слика за човекот. Штом такво нешто ти паѓа на памет сигурно има и причина нели?
    Ај доста е за касниве саати млатење празна слама.
     
    На bittersweet, Monna.Monna, Annath и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.659
    ^ А шврљаш а?! :D Ај стај му ги чорапите на рингла,во едно тенџере,тури им прашок биљана,да бидат побели и не зановетај многу,многу! :D
     
    На Annath, Trendafilka, RainBow и 2 други им се допаѓа ова.
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.481
    Допаѓања:
    17.190
    Чудно, очекувајте времето денес (недела) да биде променливо. Во 4 саат сабајле го средувам шкафот. :clap: фор ми. :bow:
     
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ај да не филозофирам само едно ќе кажам - се што е во нервоза речено не мора да значи дека е точно, ама на оној нели нервозниот кој стапил на сцена сигурно барем еднаш свесно или несвесно му пролетале такви мисли низ глава за да ги каже, не мора да е во врска со тебе, со кој било да е битно не дошле од нигде. Нели прво мислиме па зборуваме, мозокот па јазикот. Остај ти таа работа што викаме ние народски кажано дека јазикот работи побрзо од умот, или умот не работел. Ооооо и те како на сите им работи мање-више, ништо не е случајно!

    А, и да. Љубопитноста ја убила мачката, колку и да сум искрена и не сакам криење, па и не мора баш се да знаете ај за мене океј што сакаш прашај блиски сме, ама коа ме испрашуваат све и свашта за други да им кажувам ми е... ептен безвезе, онака до сржта на вистината. Да, ќе напраиме муабет и се, ама не ми се свиѓа нападно навлегување се подлабоко и подлабоко во темата, онака детективски, мислам не му е пријатно на човека.
     
    На thelittle17, la-chicka, Lov3 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    И пак не заспав вечерва. Ни минутка. Се вратив од излегување во 3 и еве уште сум будна. А, до сега за да се занимавам - чистев. Кујнава ќе ме умре. Уште таа ми остана од генералката и се влечкам чекор по чекор. Како Грујо сум. Во сто чекори. И и двајцата чистиме. Он буџет јас дома. :rofl:

    Се чудам како работите можат драстично да се сменат за една година. Лани ова време, имав точно зацртано дека имам уште една година средно, здраво учење ,полагање матура , тоа ми беше приоритетно. Сега го исполнив тоа. И сега ме јаде друга бубачка. Дали и кога е паметно среќата и знаењето да ги побарам надвор од Мкд.

    Друштвото лани ми беше супер. Големо друштво,ама сите сложни. Сега се гледаме, ама поретко и уште се чудам зошто не можат да издвојат време за другари/ки ама за дечко /девојка можат. Па еве и два дена да излегувам ,еден со него еден со друштво. Ама не бе! И така се собираме кога некој ќе раскине/ќе се смири/ќе раскине. Чисто за да си се пожалиме едни на други. Жално е ,ама смешно ми паѓа кога вака ќе погледне човек.

    Ми треба одмор. Што нема да го добијам. Морам да се стабилизирам иначе не ја бива. А, одмор ќе видам кој знае кога, финансиите слабо,ептен слабо. Прашањето за станот лани што беше на добар пат да се среди,годинава пак се актуелизира. И работата не е на арно. Пак маки и неизвесност.

    Барем фамилијарно колку толку моментално сме сложни. Само нека потрае тоа. Да бидеме здрави,мирни и среќни. Другото очекувам да се среди. Во меѓувреме зошто ништо не можам да средам од реалните тешкотии ќе си чистам. И ќе си мислам дека така вистински `средувам` нешто. :|
     
  11. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Незнам кој бил талентот што ме покрил со ќебе ,мислам дека имав температура кога се разбудив...
    Ало лето е ,дај волнени чорапи да облечам ако не,за случајно да не ми застуди во нозете.
    Си спијам со чаршав на половината само ,несакам да ме допира ништо, жешко ми е.

    Зошто правење лице ,не ми е јасно.Да појдам некаде на гости ради поштовање и мала пажња ?
    Да ме прашуваат зошто не сум се мажела ?а дете сум .Да ме испрашуваат за покојни баби ,дедовци,стрини,комшии ,трачеви за Ристевци ,зошто уште немале деца некои,премногу љубопитност и навлегување во приватноста.
    А не се криви тие,толку разбираат ,толку им делиле...Значи неможам да одам некаде во чие друштво ми е чудно и непријатно ,трагикомично.Со размислувањето ко север и југ,треба да се смешкам лажно и да одговарам на екстра напорни weird прашања кои едноставно е чудно да те интересираат ,да помислиш да ги кажеш а тек да ги изговориш.Епа не одам ,ту мач ми е тоа.

    Не си ја стегајте душичката,правете си тоа што сакате,што ве исполнува ,станува збор за вашиот живот нели.Никој нема да ви каже фала,а и да ви каже од фала не се живее нели.

    Имајте убав ден :f: :hug:
     
    На chocolate.chick, pupi.girl и Trendafilka им се допаѓа ова.
  12. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Добро утро дечки имајте убав Неделен ден

    Сдк дека мислев оти сум понормална али изгледа ништо од тоа :lol: синоќа кај 01.00 почнаа да свират свадбарски песни во маалово, знаете шт направив јас :?: излегов на тераса, се поткачив на оградата за да видам кој комшија се жени :rofl: и секако ништо не видов али бар се изнаслушав такви песни
    Ерген одев мајко, Врања коња јавам ја (ако е така) :?: и уште многу други, абе ми се идеше да земам марамчето и да играм у дворот :!: ама си викам бегај некој ќе ме виде ќе повика лудница да ме носат :rofl:

    си се прибрав дома, легнав и ми светна Ми се јаде :!: одам отварам фриж. и гледам малку супа ај ја стоплив и земав да јадам, ја изедов и гледам нема леб :worried: ами сеа, ај фатив по такси си порачав хамбургер и пепси :tmi: ај погодете кој стоеше на улица во 02.15 кој чекаше такси :D Јас и тоа на пижами си ги земав тие си се симнав доле и у 03.00 си се најадов ко човек и си легнав прејадена

    И после Еленушке чуди се како си се поправила
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    е значи брат ми не може а да не расипе се :envy:
    вчера се јавив кај еден колега да помогне да им најде место на брат ми братучед ми и тетка ми во центарот на Охрид, тетка ми се јави кај луге преку нејзина пријателка и најде-а брат ми вечерта ни вика не одам :tmi: :@ сакал да заштеди пари :fubar: дома изби не кавга туку војна, и како по обичај мене ме ;( мајка ми почна да вика, а требаше во дискотека да одиме-ни таму не сакаше да дојде и не отидовме никој-не можев јас да отидам со братучед ми а брат ми ко гревченце дома сам, и дури сега приметија мајка ми и тетка ми колку е тој нервозен :!: знам дека стручно лице треба да поразговара со него, ама никако тоа да се случи, а кога ке помислам на тоа ми е многу болно. И решив да се сконцентрирам на работата, и здравје боже на градењето на кариера-дури и мислам да му предложам на еден од колегите партнерство за на терен кога ке се оди(и онака времето ми тече, финансии ми требаат за факсот) се надевам ке успеам :)
    а татко ми си отиде за Белград-ни да се јави да каже како е , да праша како сме, ниту мајка ми го бара за да го праша како е :worried: :x
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.570
    Пол:
    Женски
    Прокрстарив низ секс темиве абе ние сме си биле напредни :D

    п.с.ако некој го интересира мојата г-точка се наоѓа во зборот шопингггггггггггггггг 8)
     
    На chocolate.chick, la-chicka, Lepaaa и 7 други им се допаѓа ова.
  15. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Ова лето кај мене е дефинитивно лето на промени. Многу луѓе целосно излегоа од мојот живот само жал ми е што дури сега сфаќам дека многу и не ми биле потребни и жалам што толку многу време се задржале крај мене. Го сменив друштвото а вчера и целосно прекинав комуникација со НЕГО... Всушност ние двајца се загубивме во детските игри и во желбата да се тестираме еден со друг. Се лажевме за исти работи и се правевме дека си веруваме а знаевме како се чувствуваме и што навистина мислиме. Кај нас одамна немаше дури ни пријателство туку некоја зависна "комуникација". Т.е веројатно е вака подобро. Сега се чувствувам слободно. 8)
    Како и да е крајно време е да дозволам нови личности да влезат во мојот живот. Се надевам многу подобри кои ќе ми донесат многу повеќе среќни моменти. Што било поминало - време е за вистински промени.
    Не мразам никогу бидејќи сите на некој начин ми имаат одржано добри лекции за тоа каква (не)треба да бидам.
    Имајте убав ден :)
    Јас отидов да го испијам "утринското" кафенце... :coffee:
     
  16. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    СДК-браво Вајлд,браво девојко :clap: :clap: :clap: Сите пофалби за тебе и твојата храброст и упорност.Браво уште еднаш и само така да продолжиш! Феминки те поддржуваат ! :)
     
    На Wild.Child му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Се гуглам сама дали сум во ред?
     
    На antonina, Divinebutterfly, chocolate.chick и 7 други им се допаѓа ова.
  18. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.598
    Допаѓања:
    43.157
    Пол:
    Женски
    По прилично лошата ноќ, утрото ми е сосема добро.
    Да не дојдеше вчера да ме гушне немаше да ми биде подобро, тој понекогаш е мојата болка, ама и единствен лек.
    А утрово, доручкував палачинки, прво благи, а потоа солени, наопак, спремани од мајка ми и да знаете никој не прави подобри :!:
    Се радувам на наредниве денови, планина и чист воздух и омилениот пар за дружби.Лани кога бевме се вратив како нова, јас повеќе љубам одмор на планина отколку на езеро, за море не можам да зборам, за жал немам одмарано на истово.
    И така ќе си готвиме, пијнуваме, гледаме некое филмче, ќе плескаме карти, ќе се будам до него...што друго можам да посакам.

    Ајде заминав јас да си потпевнувам
    http://www.youtube.com/watch?v=BD6XnfrKz6s
    Пријатно.
     
    На Mayyya и cinderella5 им се допаѓа ова.
  19. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
     

    Прикачени фајлови:

    • 200733646_640.jpg
      200733646_640.jpg
      Големина на фајлот:
      17,8 KB
      Прегледи:
      312
    На Justice, cinderella5 и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  20. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Прошетав вчера навечер на плоштад во Скопје. Имам впечаток како целиот да се претворил во едно големо детско игралиште :) Ако ... нека се радуваат и нека си играат децата. Си трчкаат наоколу, среќни и безгрижни, со своите родители, баби и дедовци...

    Гледам и слушам на моменти странски јазици, не-македонски. И македонски дијалекти. И тоа многу ме радува :) Сакам Скопје и Македонија да се интернационализираат, мулти-етнизираат и да се научиме на јазичен, етнички, религиозен, расен, политички и било како друг тип плурализам. Ни треба и Лајф-стајл плурализам, а не само политички. Право да се биде индивидуален и различен од другите, а да не те прогласат за непријател. Но, и право понекогаш да се биде дел од толпата, а пак да не бидеме етикетирани и групирани.

    Гледам и слушам албански јазик и Албанци млади и стари луѓе, се шетаат. И тоа многу ме радува ;) Не се плашам од Албанци, и од Македоници, и од Срби, Грци и Бугари. Се плашам од лоши луѓе!
     
    На Libera, starbucks, antonina и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.