Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Таман си го релаксирав умов, ете ти ги љубовните љубоморни нервози од негова страна. Значит колку само не сакам да се правдам (вака беше, онака беше..)! И немат. Немат за шо!
    Туку, Дијана Крал и Нора Џонс се две жени кои секоја девојка мора да ги знае. Можат да ви се најдат во секоја потточка од вашиот живот. Мх, како само ме релаксираат нивните песни сега.. :music:

    Не знам во какво расположение сте вие, но мислам дека ви погодив на дел од вас. Enjoy!

    http://www.youtube.com/watch?v=it1NaXrI ... vwrel&NR=1
    http://www.youtube.com/watch?v=sEHfCUbX ... re=related
     
    На Magnolija и ilipili им се допаѓа ова.
  2. indelible

    indelible Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    81
    Аман! Една порака, едно смајли, едно срценце. Било што! ;( ]:)
     
  3. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
  4. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.193
    [​IMG]

    Треба, треба.
     
  5. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Колку може една мала работа да смени се и цел живот да ти тргне во друг правец. Ахххх признавам дека ми е страв малку, малку повеќе. Немаше потреба од толку брзање...
     
  6. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Сакам да кажам колку е лошо чуството кога ќе сакаш да си слушаш песни на (ѕоу тубе) :rofl: и ти сецка ради лошата конекција..Уффф :@
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК тежок е животов, ич не е лесен ко пердув, ич, па и кога ќе го стави човек во таква ситуација во која не ќе знае ни самиот како да реагира, дали да плаче или да се смее.А срце едно вели, а ум трето |( и сега оди реши се :D Ако човек сам не си направи да му биде убаво во животот, никој друг наместо него нема да направи.
     
    На Serafima, Cacy и Alesii им се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.389
    Допаѓања:
    103.190
    Пол:
    Женски
    Балашевиќу, вечерва инспирирана од тебе застанав пред млечно белото платно и палетата полна светли тонови за да го насликам портретот на мојот живот. Повторно го помирисав терпентинот, се сетив на мирисот поради кој пред многу години го променив курсот на мојот брод наречен живот. Посветата е однапред напишана, за тебе Љубов моја, да видиш дека го постигна она што никој не можеше. Првиот потег знам дека ќе боли, како што заболе првото стапнување на новото тло многу одамна, како звукот на првата непроспиена црна ноќ далеку од аурата која ме штитеше. Провевот кој ми ги гали мислите е добредојден да ја избрка врелата пареа околу мојата глава Првиот потег е нанесен, тоа е она дупче на мојот образ, белег од детските лудории, многу сонце за мојата интелигенција и се разбира интензивната крвава боја за мојата гордост! Се чувствувам како повторно да ја губам невиноста во оваа чудна врска помеѓу мене и мојот талент, како одново родена, како да ме спасиле од некоја тешка бура, ме спаси овој мирис за да ме потсети која сум и зошто сум тука, никогаш повторно да не заборавам!
     
  9. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    ...и баш кога не е се така како што всушност би требало да биде...

    Момент е. А веќе предолго трае!
     
    На Sara123 и Serafima им се допаѓа ова.
  10. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    СДК денес креативно се активирав :wasntme: Ќе гледам филмче, па ќе го завршам цртежот. Со душа чекам да дојди вторник, многу ми е досадно овде не можам да издржам :lol:
     

    Прикачени фајлови:

  11. chocolate...girl

    chocolate...girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    :( Исти случај сме!!! :( :(
     
    На EleMental и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Секој од нас има потреба барем на некое време да одмори од светот.
    А вистинскиот одмор лежи надвор од цивилизацијата, каде немате дофат до телевизија, интернет, или весници. Единствен контакт имате само преку телефон со вашите најблиски, на кои возбудено им кажувате дека сте виделе траги од лисица, мечка и зајак. Па си велите - сигурно имало состанок во шумата :)

    Овие две изминати недели ми беа вистинки мелем за душата.
    Ова е период кога цутат чаевите, па сите полјани се преполни со разнобојни цветови украсени со милион пеперутки. Кога ќе се искачите на самиот врв од висока планина, а целата земја ви е на дланка, заедно со прекрасниот мирис на чај, вдишувате спокојство во себе. Ги склопувате очите и дозволувате ветрот да ве освојува со најразлични, опојни мириси. Се чувствувате како да сте на врвот на светот. После неколку часовно пешачење низ шумски патеки, лубеницата е вистинско освежување.
    А потоа, сонот е најсладок.

    Порано или подоцна, секогаш ме фаќа носталгија за дома. Па си ја потпевнувам Само дома си е дома, додека почнувам да ги распакувам куферите.
    За да не се разбереме погрешно - мене не ми недостасува загушливото Скопје, спарниот воздух кој тешко се дише, или моите соседи озборувачи. Мене ми недостасува топлиот дом! Прегратките од најблиските и тортата за добредојде :) Овојпат, штом го пречекорив прагот, дома внесов мирис од мајчина душица и бела ајдучка трева. Ме пречекаа многу убави вести дека тато почнал сам да се движи. Следниот месец ќе го пратиме на бања за да се опорави.

    Со мислите сеуште сум на планина.
    Планинскиот воздух на зимзелена шума има непроценлива вредност.
    Додека си берев чај, ме следеа пеперутки примамени од нивните убави цветови. Имам уште 12 нови видови пеперутки во мојата колекција на фотографии. Баш се вистински убавици.
    А рибаров мој се ослободуваше од стресот додека ловеше речна пастрмка. Па ми вели: А зошто ние да не си се преселиме тука? Поубав е животот на планина.
    Кога има проблеми со струјата, секогаш проработува романтиката.
    А свеќите наредени во бањата и спалната се најдобра замена :wasntme:

    Не сум спремна да му се препуштам на градов.
    Ќе ми треба време да се адаптирам.
    Во меѓувреме, ви испраќам шумски јагоди.
    Многу се малечки, ама многу се слатки ;)
    И ве убедувам - дека планината е подобро место за одмор од море или езеро.
     

    Прикачени фајлови:

    • DSCN78203.jpg
      DSCN78203.jpg
      Големина на фајлот:
      151,7 KB
      Прегледи:
      309
    На Monna.Monna, Sanniii, Bright и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    жално е да гледаш како ти се распаѓа семејството... ;(
     
    На Stoimenovska, zhap4e, CIA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. chocolate...girl

    chocolate...girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    148
    Пол:
    Женски
    Дечки се плашам да наоѓам нови пријатели....зошто ми се случува ова??? Мајка ми ми вели дека тоа било депресија..сум западнала во голема депресија ???? :x :( :worried:
     
  15. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    Зошто толку си го комплицирам животот?
    Премногу објаснувам, премногу го тупам, премногу ги ,,филувам'' работите кај одредени личности - само со цел да се извлече нешто добро од тоа, а излегува сосем спротивното.. Едноставно си го комплициран секој можен момент од животов бе. И потоа се казнувам, постојано размислувам ,, - Што ќе беше ако ... '', и крајот на приказната again and again не е баш најсветол.

    Никогаш не ги прифаќам работите така како што се, ги комплицирам најдобро што можам, а способностите ми се на прилично високо ниво. ;) Ако сум спомнала низ постовиве мои некогаш дека сум реалист, гадно сум ве (се) излажала. Наједноставните работи во светов, можам толку добро да ги испокомплицирам што ме тера да си удрам самата на себе неколку воспитни.



    И не сакам повеќе да ја комплицирам и онака комплексната игра, наречена ЖИВОТ!
    Секоја најбанална ситница од сега ќе си остане само една ситница, а не животен проблем и причина за потресување и непотребно ,,филување''.

    Едит:
    Чоклит грл, мајка ти е во голема заблуда.
    Мислам 13 години имаш, животот е пред тебе, и за депресии има време не се секирај. Just don't see the point..
     
    На Serafima, marama, cinderella5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    дојде и тој ден-КОНЕЧНО и јас да отидам на жичарата на Водно-, и супер,а и не е толку страшно
    а вечерва ни пристигнува и татичко ^_^ -каков и да е , сепак татко ми е, само јас прашував за него :) ми недостига сепак татко ми е , не дај боже нешто да му се случи мислам дека и јас ке умрам со него-колку сум поворзана со домашните :) колку и да сакам да побегнам од дома и да си живеам сама, би ми било тешко без нив-што е Рак :doh:
     
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Кога ќе се навратам десетина години наназад, кога со моето друштво се прашувавме каде ќе бидеме за 5, 10, 15 години, дали ќе бидеме доктори, адвокати, бизнисмени, учители/ки, уметници, ќе бидеме во брак со неколку деца околу нас или кул самци во свој сопствен стан...Сега можам да кажам дека сите станавме она за што имавме капацитети уште тогаш...
    Амбициозните на збор но мрзливи во акција и ден денес сонуваат и зборуваат за големи дела сеуште наивно верувајќи дека ќе падне од небо...Можеби, којзнае...
    Оние кои ги гушеше малиот град веќе одамна му мавнаа раче за чао и не се вратија, бунтовниците сеуште се бунтуваат макар и за безначајни цели...Фините мирни и повлечени девојки се добри мами со за жал лоши свекрви, амбициозните и енергични успеале или сеуште се трудат од петни жили за исполнување на својот сон за кој верувам ќе успеат...
    Нема чудо од страна кое за неколку години ќе те однесе на локацијата, работата, животот од твоите соништа.Ти си тоа чудо и од тебе зависи се'.
     
    На marama, cinderella5, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  18. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Е значи одвај чекам да дојди август и да збришам макар и на 10 дена од Крушевово досадно, т.е од луѓево досадни. :|
     
  19. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК ми треба некоја промена,ми треба некоја нова љубов...Или можеби само пријател :wasntme:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  20. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Се вратив од нова авантура,многу многу подобра од претходната :!:
    Незнам дали јас така мислам,ама летово ми поминува многу брзо,никогаш до сега не сум имала волку убаво лето,незнам дали е до тоа што конечно научив некои работи,или пак и претходните ми биле убави но постоела по некоја црна дамка.

    Сакам промена,но незнам каква,имам потреба од нешто ново но нешто убаво.Пред некој ден замислував како една моја блиска личност која е на небото ќе се врати,дали копнежот за неа ме обзема целосно или помислата дека доколку таа особа би била меѓу нас би имала уште поголема заштита ... Тоа не го знам,но знам дека ми недостасува премногу. Понекогаш се прашувам дали се гордее со мене или пак се лути за некои мои постапки.Се прашувам дали сум израснала во таа личност во која би сакала да бидам. Пак се прашувам и пак и пак. Но,само во една работа сум сигурна,цел живот ќе ми остане таа грутка на огорченост и тага што не е покрај мене.

    СдК и дека доколку човек нема со кого да ги сподели убавите моменти се чувствува исто како и да не ги доживеал.
     
    На kravce и cinderella5 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.