Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.194
    На Балканот има една земја која се граничи сама со себе. Каде што живеат најубавите жени, а наталитетот опаѓа. Каде што невработените највеќе работат, а на најплодната земја живеам луѓе кои гладуваат. Каде што возовите каснат по редослед. Каде што сите играат фудбал, а победуваат на ватерпол, кошарка, ракомет или одбојка. Каде што сите брзаат за на работа, а никој не стигнува на време. Каде што осучасовното работно време, трае 12. Каде што здравството е бесплатно, а лекувањето скапо. Каде новинарите се слободни да го напишат само она што ќе им се нареди. Каде што светската криза доби државјанство. Каде што јавните набавки се тајни, а државните тајни јавни. Каде војната не е никогаш завршена. Каде што историјата се повторува секој ден. Каде што најбогати се оние кои никогаш не работеле. Каде што странската валута е земена за домашна. Каде што луѓето слават слави, а плукаат по Бог. Каде што неписмените пишуваат историја. Каде што власта ги презира граѓаните како несакани сведоци. Каде што се живее од иднината, бидејќи на сегашноста се нема право. Каде што секој секому се смешка, а никој на никому не му посакува добро. Каде што судските постапки траат подолго од животот. Каде што само поплавите се начин за наводнување на земјиштето. Каде што не си нормален, додека не полудиш. Каде што живееш само затоа што ќе умреш, каде што времето е бесконечно, а власта бессмртна...

    [​IMG]
     
    На Champs.Elysees, Buttterfly, Monna.Monna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Колку тежи просечниот хипстер? Еден инстаграм.

    (на девојка со суканици откако и ги душка ко куче) Негде прочитав дека суканиците многу смрдат, ама твоите не смрдат, е зашто бре не? Се миеш а?

    Денес и у пижами се излагало а? Па доообро.

    Сарказмот денес е лесно употреблива материја за глупи луѓе. Секој глуп човек е саркастичен. Пробај да си оригинален. Биди сериозен. Не бе мртов озбилен сум сега.

    Оптичариве бајаги си заработуваат со цвикериве денес а?

    :rofl:

    Не. Јас веќе не искачам со другар ми. Морав да го бранам од девојки и тоа. Ако ви е досадно и сакате да се насмеете, пишете ми, ќе ви го позајмам, со предупредување - претерано е искрен. А тоа многу девојки вчера не го сфатија баш позитивно, па ќе го затепаа :D

    Него, Питбул не научи сите да броиме до 5 на шпански, тоа он ми го кажа поодамна. Сега гледам, го кажуваат ко виц. Се замислив, ко приказнана со кокошката и јајцето, ај сеа, кој бил прв :D
     
    На antonina, cinderella5 и CIA им се допаѓа ова.
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Живејте си го реалниов живот и не се занасајте да погледнете со својата имагинација кон нештата, скапо ќе ве кошта, ќе изградите свој став и ќе се одделите од шаблонот. :!:
    Но зошто да не бидете дел од дивото племе кои изградило волку убави принципи за живеење според кои кучињата скитници се трујат, машко не може да си се онакви со машко, ниту женско не може да си се онакви со женско.
    Останете со нив, и по рекламите ќе добиете клоциче у газенце, за кое љубезно ќе се смешкате ко да сте го заслужиле, ќе ви речат марш, шут, док не ни затребаш пак, а и за тоа ќе се смешкате ко да сте го заслужиле. А не дека не сте го заслужиле. :wasntme:
     
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    174.001
    Значи кога некој ќе ме зезне еднаш,во ред,ме зезнал .Ама кога истата работа и по втор пат ќе се случи-не ме зезнал тој туку самата сум се зезнала.Сум знаела каков човек е и по втор сум сум требала порезервирано да се поставам.
    -1 пат-Во вторник ни се најавија гости кои од „оправдани причини“ не дојдоа кај ќерка ми на роденден .Јас пуста домаќинка-спремај ,меси ,печи,похувај,чисти,сакам се да ми е „На нивоу“.Вторник,20ч, ...... 21ч, ... дури во 21ч 30 мин.се јавија да кажат дека нема да дојдат.Причина-непозната.Ок,си седнавме ние четворица,не ни беше лошо,замезивме(бајаги имав спремено),пивнавме и никому ништо.
    -2 пат-Истите тие гости кои не дојдоа во вторник се јавуваат вчера ,ќе дошле околу 20 ч.И стетоскоп повторува се исто од почеток како во вторникот.Погодете?Не дојдоа,не се обидоа ниту да се јават кога им ѕвонев да прашам што се случува.
    -ДЕНЕСКА,без срам,како ништо да не се случило се јавуваат дека вечерва „ќе гледаат “да дојдат „на роденден“????
    Стетоскоп се спрема за гости,ама овојпат туширање,пеглање коса,лакирање,шминкање...уаууу,мачко..
    Дома ме гледаат мм и син ми и се смешкаат-не ме виделе досега вака гости да дочекувам.
    Стана 20ч.гостите(конечно)дојдоа,јас насмеана,цигара во уста,направив кафе,ги прашав за пиење ,една лубеница послужив и толку.
    Муабетот ми беше дека ако самите не си го цениме своето време,нерви и пари никој друг нема да го цени.Ако некој не зезнал еднаш и притоа не дал објаснување или извинување за стореното,сигурно ќе го направи повторно и повторно.....
     
    На Champs.Elysees, Doozy, julie77 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... каков тежок мамурлак ме тресеше цел ден, значи пијанката на 16 и на 26 не е воопшто иста.
    Телото ми одбива алкохол во поголеми дози, умствено можеби ти се сака, ама физички не си кондиционо спремен како во младоста. :D
    Некои чудни мачнини, па нагони за блуење, грижа на совест за сите празни налупани калории, па што ќе му направат тие три чашки на моето лице, саде сериозни мисли во главата на оваа грешница. :D

    Не, сериозно, убаво беше, но не би го повторила наскоро пак.
    До времето ли е, до годините ли е, едноставно го надраснав тој период на опуштено локање за викенди.
    Немам потреба од таков издувен вентил, барем не пречесто.
    На некои ќе им звучи можеби чукнато, ама сериозно мозокот ми се преориентира кон други желби-работа, дом, најблиските и квалитетно поминато време со нив, семејство, сакам мир, тишина, сакам одмор, романтични викенди, убави вечери, се фаќам себеси како разгледувам домаќински работи и уживам во тоа.
    Притоа не ме фаќа страв и ужас како порано, созревањето ми носи други интереси кои си ги присвојувам неизнасилено и природно.
    Тоа не значи дека кревам раце од караоке журките, само квантитативно не ми се толку потребни како порано.
    Бреееееј, пораснав... а мама рече нема никогаш да се случи тоа.
    :D
     
    На Champs.Elysees, Buttterfly, bittersweet и 15 други им се допаѓа ова.
  6. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Нема ли грам самопочит, ни грам гордост? Глупава е. Женска без свое ЈАС. Се врати со бившиот дечко, со кој врската им беше благо кажано ужасна. Така лесно ли се заборава тоа. А, најде да зборува за мојата врска, за тоа дека не сум се гледала со дечко ми секој ден. Па, да не се гледам со него секој ден, понекогаш може да помине ден а да не се слушнеме, па што, и понатаму мојата врска е милион пати подобра од твојата. Затоа што дечко ми никогаш не дигнал рака врз мене, никогаш не ме навредил, никогаш не ме понижил, не ме разделил од другарки, не ми забранувал да одам каде сакам и со кој сакам, затоа што не живее на 20 метра од мене и не ме контролира, како твојот што го прави тоа. И не, не ми кажувај дека вашето е љубов. Љубовта не е љубомора, не е да го контролираш партнерот, да му забрануваш. Љубовта е меѓусебно разбирање и почитување, љубовта е да имаш право на слобода и избор, љубовта е кога твоето јас не е неговото, кога кажуваш што мислеш без да се плашеш од неговата реакцијата . Љубовта е се’ што вие не сте.
     
    На Monna.Monna, cinderella5, vendiii и 6 други им се допаѓа ова.
  7. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    A девојчињава облечени во флуросцентни бои ми се убер глупи.Од ред..од прва до последна,исти се.
    Ама не е до боите..друго е,глупи.
     
    На cinderella5, anneyy и Lepaaa им се допаѓа ова.
  8. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    СДК:





    Повеќето не исмејуваат затоа што сме различни.Но ние ги исмејуваме затоа што се сите исти.
     

    Прикачени фајлови:

    На Bozica1980, blaa, blueeparadise и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
  10. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    У последно време каква сум станата,ме мрзи да вежбам и се си прескокнувам,јадам навечер,ме мрзи да си ги масирам стриите,ама неможам веќе,ги гледам сите околу мене јадат пици, тостови,а мене ми се плаче од шо ми се јаде тост или нешто такво помрсничко,ги гледам не се замараат со вежбање па ме демотивираат мене,и ме мрзи да вежбам...а за стрииве па немам коментар,веќе 2 месеца по пола саат на ден се масирам и неможам веќе,преееемногу ме мрзи.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  11. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Уште неможам да ја дочитам темава.
    Така е кога се уклучуваш по скоро 2 недели. :lol:
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Денес со пријатели седнавме во еден ресторант, дојдоа со девојчето, гледам на високи штикли, плетенка кило пудра, црвен жиш кармин, плава драч сенка |( си викам ај тоа и е стилот, се запознаваме и ја прашувам за години, ви вика 13 :o Абе на 13 ја си играв у калта, не носев штикли, незнаев што е тоа пудра, кармин :x цццц денешниве деца се катастрофа, место најубавите денови од детството да ги поминат поинаку тие се прават моми, ај што страшно ме нервираше нејзиното понашање туку и го заведуваше згодниот келнер :devil: дечкото 10 години постар од неа, она му се смешка, па прекрстува нозе, та цело време и треба нешто |( и конечно си заминаа :D неморав да ја гледам таа фаца :devil:

    Туку конечно ми се јави симпатијата :$ ме покани со уште еден пар да играме Цнк на парови, отидов, абе не здробија, лом не маправија :tmi: после игравме брза географија, монопоп, пиење, јадење и кога требаше нешто да се случи, се јави мајка ми да ме потсети дека треба рано да станам, за да си идам, и реков дека ќе ме донесе Петко со моторот, ама Петко нема бензин и јас си дојдов пешки, секако лажев дека тој ме донел, кој ќе ја слуша како се дере |(
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  13. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Почнува од се да ми станува преку глава ...
    И се ми е лито , излитено , видено , чуено , почуствувано . Далеку дека сум пробала се , далеку дека има којзнае какво искуство со Животов неам ни години за таков муабет . Туку муабетот ми беше сегашнава состојба на секое поле ми е монотона до бескрај и назад . Ми треба нешто ново !
    Нов предизвик , нова средина па и нови луѓе можеби .
    Не е Пмс мајку му тоа ме загрижува туку си направив искрен муабет сама со себе и си го заклучив претходново .
    Би ги спакувала куферите и би заминала по белиов свет , Европа не знам не мора да е Америка проклета била :D така викаат , туку ми се почнува нешто ново., а колку тоа ново ми е недостижно во моментов дури не ми се допаѓа што си сум свесна колку многу . Одамна сакам промени , ама САКАМ а никако да ги почнам зошто не знам од каде ... Почнав од некаде ама допрев неам сретства , ни сила . И ме паничи фактот што гледам како луѓето мои врсници па и постари тапкаат во место се вртат наоколку и живеат ден за ден . И сето исто во магичен круг , јас за себе не сакам таков живот . Сакам повеќе !
    Кога би можела нешто да променам , можеби и ќе изнајдам начин ќе се потрудам доколку не сакам да стана и јас една од толпата без никаква цел и мисија .
     
    На Monna.Monna, sweet-cherry, Trendafilka и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Убава вечер со љубениот, се исполнив со позитивна енергија. Ми требаше вакво нешто. :inlove: Конечно се осеќам како на почеток од врската, возбуда и новини кога ќе се видиме,а сепак постои плус непроценливата блискост меѓу нас која на почетокот нормално ја нема.

    Убаво е Скопје во лето, уште поубаво е кога јас и тој се гушкаме и кога тивко пробувам да влезам дома без да го разбудам тато. :angel:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    Колку мразам кога некој ќе ми се обрати со кхм...лепото! |(
    Туку исто така мразам кога некој си ја бара бељата или изјавува нешто,а при тоа очекува да не му се оди контра,па кога ќе си го добие,цвили, па бара поддршка,па кубе коси,па све тоа... Коа више сакаш да се мангупариш, биди муж каков што се претставуваш,а си жена. Боооо... Внук ми има повеќе интегритет,едвај 4 години има!
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Ме гуши градот, домашнава атмосфера, него го немам видено преку две недели, таа како и секое лето заборава на мене.. Одвај чекам да поминат наредниве два-три дена и да избегам на одмор.
    Наивна сум и глупава. Неможев да останам на својот збор, одвај го сменив правецот на размислување и почнаа да ми се тргаат црните облаци над глава, ајмо назад у рикверц. Па уште се жалам дека не сум среќна? А како да бидам среќна кога постојано сум предмет за истурање бес и слуга во сопствена куќа? Да ме викаш од втори спрат за да ти дадам вода? Уште вреќа за боксување да станам и фул опрема ќе бидам, жими мама што ја имам нормална и цела нејзина страна од фамилијава.
    Безброј непроспиени ноќи, не би да плачам пошто неам ни солзи у принцип.. А и не сакам да си го дозволам тоа од причина што ќе ми стане навика, секоја вечер.

    И да разјасниме некои работи, не станав анти-социјален тип на човек туку анти-глупави-луѓе тип на човек. Сакам да имам сопствен живот а не онаков кој ми го скроила цела младина од градов. И за мене одмор е да одморам од луѓе, обврски, нервози.. Да одморам со оној што го сакам, тоа и ќе биде годинава. После 5-6 години скапување тука.

    Тоа би било тоа.
    Ќе си тонам во сопствениот бед и очај, со цедевита во рака, одлична книга и цигари.
    Имајте убаво лето, одморете се, јас се враќам крај на август. :hai:
     
    На teddybear и Trendafilka им се допаѓа ова.
  17. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Шо сакав да кажам.. А да.. значи како ми се се..е кога некој своите очигледни недостатоци ги бара кај другите.. мизерии
    А исто сакав да кажам дека во последно време ми се се..е и кога ќе уклучам ТВ :(
     
  18. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Имам толку многу да кажам на форумов, толку многу теми на кои сакам да дискутирам, ама чим отворам таб за да напишам мислење, се предомислувам и гасам... и вака веќе некое време...
    Најверојатно затоа и замре малку форумов со дискусииве, има повеќе вакви како мене...
     
    На Buttterfly, Strumfeta93, kate21 и 21 други им се допаѓа ова.
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Прво мислев не е арно да си толку слаба, не е страшно малце целулитче на стомак (и на другите делови на телото де, ама не толку), ама откако почнав да гледам порамни или па набилдани стомаци и кај машки и кај женски сфаќам дека само сум си се тешела. А задутре одам на одмор! Е, па така е коа све нешто не можам да отидам да блејдам на кеј со другарка ми. Ту! Утре ќе идам, хах, да си бидам раат.
     
    На thelittle17, EleMental и MacaLove им се допаѓа ова.
  20. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Сте се чувствувале ли некогаш..
    ..збунето?

    Кога знаеш дека тоа што ти се случува е лошо, ти ја вреѓа суетата, самопочитта, достоинството, гордоста, а ти од навика, addiction, љубов не можеш да го оставиш, игнорираш, запреш? Или не си strong enough?

    Знаеш дека е глупаво, but you can't stop.. Заради надеж?
    Иако кога тоа ќе дојде вината ќе се префрли на тебе?
    Некогаш се сметаш глупав заради нешто што си го направил? Не глупав во смисла со низок ај-кју туку..
    не ги ни знам вистинските зборови за да се изразам, па..

    as long as the wrong feels right..
     
    На CIA, cinderella5 и kate-the-great им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.