Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.194
    Ноќта е секогаш најтемна пред зори.
     
    На lelica, martinuska и EleMental им се допаѓа ова.
  2. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека не можам воопшто да спијам. Дремнав 2 часа и се разбудив. Од глава не ми излегува, нон стоп го мислам. 12 дена и не се баш малку. :(
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Вака се стануе насабаЉе.
    У жештини, запотен, ненаспан и склетосан.
    Надвор си врнело, ама внатре друга прикаска.
    Мајка ми па со сиот памет џамови, врати, се ми затворила. ПРОМАЈА. Која промаја човече, воздух нема надвор, ало? :^)
    Уште со ќебе да ме покриела и чорапите да ме скорне да ги облечам, и таман е. :D
    Влече тоа се', влече. :D

    Станав уште у пет ипол, се измочав ко човек, пуштив склетии :rofl: , па си се измив лице, заби, отворив врата на тераса ширум, надвор жив човек нема да мрдне, цела улица спие.
    И така у гаќички, да,да, у гаќички :rofl: па жив човек нема, можеш гол да се шеташ до осумте, ни куче не прета :emo: си го вдишав утрово ко шеф, си влегов и пуштив телевизор, а оно химната ја пуштиле :rofl:

    И така... чекам да стане мајка ми, да се расфаќа света негде, да рокнам музика и да се навежбам кардио, од сабајле, пред светот да е свесен каков подвиг сум направила. :rofl:

    Добро утро :D

    http://www.youtube.com/watch?v=L1rwLEOJoko
     
    На la-chicka, Bright, LilBaby и 10 други им се допаѓа ова.
  4. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Јас те разбирам што сакаш да кажеш ...Дејзи баш периодов така се чувствувам, таа надеж ме убива.
    Значи знаеш дека нешто негативно влијае на тебе , ти потсвесно си веруваш дека може да се промени нештото -кога размислуваш со срце а кога размислуваш со ум е друго ама тоа поретко ...
    А дали е тоа надеж дали веруваме во тоа или само сме во заблуда дека сакаме да биде така ,сакаме да веруваме во тоа ,незнам ,потсвеста ме убива.
    И да, не сум strong enough можеби ...одолговлекување .
    I can't help myself ...се надевам дека нема да гоинг крејзи ...
    Некогаш мора да се среди ,се во свое време :)


    На некои луѓе едноставно треба да им кажуваш нешто што треба да го знаат самите со самото тоа што се суштества на планетава .
    Да полниш вода во шише со устинката во иста насока со текот на реката ?
    Треба да имаш висок IQ за да го знаеш тоа? :x
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.570
    Пол:
    Женски
    Денес се разбудив како мисирка...е да..нема да поверувате што ми излезе на сред чело.Огромна бубулица,чир ли ќе е...остави тоа дури и маж ми сабајле кога се сретнавме на вратата од купатилото(во последно време само таму случајно се сретнуваме),ми вика -што ти е тој на чело?Му викам коњ ми искочи,коњ дорат,да не сакаш да га погалиш!!! :devil: :devil: Си седам сега намачкана со оној црн маст што смрди на километар,и се си мислам ваква не треба да се појавувам во јавност.Ќе ме гледаат луѓево како марсовец да сум :@

    Ах се ближи пмс-от или изгледа навлегов веќе во него.Ѓавол ќе го знае.А не спиев ноќеска убаво,а баш фино залади.Сметките ми ги помати досадната мува,која баш одлучи јас да и бидам идеално место да си ги топли нозете.Навлечи го покривачот нагоре шета како луда по нозеве,спушти го надолу,така фино си атерира на носов,да помислиш дека има завршено пилотска школа.И така нагоре надолу,до некаде 5 саатот кога ме дигна оперското пеење на гостинот кај комшијата.ЈБТ можеби очекуваше аплауз од мојата тераса.Ах да, се обидуваше да го фати Фигаро,со тешка мешавина на ниски и високи тонови...и пак јбт...

    Треба да одам да се пријавам во биро за невработени,ама и тоа ме мрзи денеска..и не ми се излегува со чворов на глава..ќе си седам дома...за општо добро... :P
     
    На la-chicka, Serafima, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    СДК дека ние дома сме како мало африканско племе. При првото облаче што иде во наша насока, одма се спремаме. Столици наместени, чорапи и наметка ако дувне нешто поладен ветер, може вода, се сместуваме и чекаме. Како за во кино, надворешно кино. Па тука осмех широк кога ќе почне да капе, ни светкаат очињата како на африканчињана, во сред суша, чиниш со месеци сме се молеле за дожд, сме изведувале некој танц за повикување. И храбрите, јас и татко ми, ќе си шетаме под врнежите, ќе си шлапкаме, ќе се смееме како мали деца кои мајка им ги брка да не настинат. Само дождот гордо ни ја отпоздрави храброста, што приврна само на 15мин со ретки капки, само колку да не залаже.

    сдк дека 2 месеца немам облечено фармерки/панталони и меѓуножјево ми се заблагодарува.

    сдк дека порано имав желба да бидам дел од голем град, како Њујорк, денес радо би останала да живеам овде http://cooleria.mk/razno/seloto-gasadalur-na-farskite-ostrovi/
    И Ирска, колку сакам да ја посетам Ирска макар и на 5дена. Да не ви пуштам слики, очигледно е дека денес, не сакам да сум овде. Очекувам еден повик денес, па да можам конечно да си уплатам за одмор. Дур да појдам, толку се заморив, што мислам дека таму само ќе пливам и ќе спијам. Што би рекол брат ми, уште да земам да плетам.

    [​IMG]
     
    На la-chicka, anabel-a, Serafima и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Се ми е испомешано.
    Прво ми беше интересно, но веќе не ми е интересно да доручкувам во 8 саат навечер.
    Незнам како ќе се оправам. Пред пола саат се налакирав, се измив. Исто како да сум станала од спиење. И сега си дремам, барам занимација, ама пусто, нема ништо интересно.
    Дури ни друшките бубашваби ми ги нема, ни они не ме дружат.
    Oтидов да порешавам судоку, со надеж дека ќе ме успијат бројките.
    Ќе биде..
     
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.446
    Допаѓања:
    91.772
    Пол:
    Женски
    Јули изненадиме, биди денес добар со мене :wasntme:
    Кафе, собирање снимки, резултати и правец накај болница. Се надевам на најдобри резултати, па пуштајте ми среќа.
    Имајте убав ден :)
     
    На Strumfeta93, sweet-cherry, JoxyTheFreak и 18 други им се допаѓа ова.
  9. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    СДК вчера бев на свадба и супер си поминав!!! :D :)
     
  10. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Ај погодете кој си спиеше на кауч цела вечер?
    Јас бе, јас. :D

    Си беше ден од потипичните, тој вчерашниот, само малку повеќе по гости одење. О бруко, сега дека рано затвораат по кафиќиве, последни останавме на “кафе’’ :tmi: Кое кафе, одвај сме нашле време, па во 10 и пол да се одело. Ајде, летово дур е, ветувам, после мирно девојче ќе сум и ќе си легинам во 10 :lol:
    И така после неколку часовно глупирање, Hayley си се изгоре. Во гужвите уште, му звикав на келнерот мраз да ми донесе. Бреее, во каков град живеам, сите да се свртеле небаре мраз никогаш не виделе.
    Што сакаат сите нека викаат! Доста се замарав со тоа. Пак уште намерно сега, пусти инает детски, им даваме на луѓево повеќе за тумачење. Да го пишуваа она што го кажуваа и мислеа, сега ќе читавме квалитетни романи :!:
    Ама убаво си ми рекоа баба и дедо, дека е поубаво да си сам, отколку со луѓе околу тебе а да се чувствуваш осамено.
    Па и сама ќе си бидам. И ќе се муртам и ќе плачам и ќе се смеам и ќе се радувам. Нема да имам некој што ќе ми труби каква треба да бидам, како да седам, што било срамота, и што ти не.
    Ми мафна тој слаткиот :$
     
    На JaneAusten, Serafima и kravce им се допаѓа ова.
  11. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Хмм, оној кој ти вели главата горе, не дозволувај да те повредат.. најчесто е најмногу повредуван. Така се чувствувам сега јас, секогаш сум добредојдена да давам совети на другите а за себе да не превземам обврска.. И да, се прашувам зошто им дозволуваме на луѓето да не повредуваат ?!?! - Знаете, одговорот го добив кога почнав да се однесувам кон луѓето така како што тие се однесуваат кон мене. Добрината, да да, колку си подобар толку повеќе те искористуваат. Колку многу до сега ме повредиле, но си велам ајде втора шанса може нема да биде така, но залудно. Кај некои луѓе ароганцијата е многу присутна, ја гледаат сопствената среќа, не се т.н замараат дали некој е повреден, дали му треба поддршка...и најчесто тие се најсреќни. Знам дека животот е круг, ќе ми се врати за добрите работи кои сум ги направила и за лошите исто така, но зарем тоа ќе го пополни она место од мојата душа кое било повредувано..солзите ?! Како и да е, да не ве полнам со негативна енергија, но ова го чував долго време во себе што морав да си олеснам на душичкава :$
     
    На bluegirl7, IndieGirl, ljubam и 5 други им се допаѓа ова.
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.601
    Допаѓања:
    43.163
    Пол:
    Женски
    Отидов јас на планина,се читаме за неколку дена кога ќе бидам свежа и одморена :dance:
    Останете ми поздравени.Пријатно.
     
    На anabel-a, LilBaby, TheCandy880 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Кога мислиш дека нема да појде ее тогаш коцките почнуваат сами пополека да се местат ... :)

    Убав период е летово , ќе видиш и кој сакаш и кој несакаш а што е најважно ќе бидеш со тој што долго време не си се видел ...Ми дојдоа братучедиве од странство , успеавме да се видиме ама тие уморни и со измешани емоции а ние па од Мк сме посебна приказна .... :lol: .

    Сакам луѓе кои уживаат во алкохол ама со усул што викаат старине , што знаат малку да се напијат ама во друштво , за расположение и секако да се свесни што прават.... :!:

    И така ...Додека еден ден мислиш дека сите бродови потонале еее утрото не мисли така ...Не за џабе рекле утрото е попаметно од ноќта и што е најважно носи убави вести.... :o
     
  14. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Септември, со целата душа те чекам! Побрзај.
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Тешко е да си обичен нормален човек во денешно време. Не е у мода, не за друго. Мора да бидеш ексцентричен писател, забеган уметник, убер фешнабл блогер, алтернативен хипстер, космополитски богаташ. Среќа што постои интернетов па богатите поднаучија кај да си ги потрошат парите, а сиромавите прошетаа мисловно.
    Лесно е да зборуваш за важноста на уживањето во малите нешта кога си на одмор на Бали.
    За жал обичните луѓе, мора да се задоволат со важноста на платените сметки, окупираност со пари и такви површни работи.
     
    На Buttterfly, Strumfeta93, Mini-Mouse и 17 други им се допаѓа ова.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Понекогаш и ги сфаќам кога одредени глумат перфекција и совршенство во бракот, врската и животот, и како се ним им е нај ( а позади ни блиску медиум), а можеби и со добрата глума ќе премине во реалност..
     
    На la-chicka, Nymeria, Serafima и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Ехх некако празен ми е денов се мислам да се откажам од компјутерот на една недела некако да се нормализирам шо знам шо ми е како бесчуствителна сум. И како што пиша едно девојче погоре и јас го чекам септември нека дојде побрзооооооооооооо. :|
     
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Ништо поинтересно од ова
    [​IMG]

    Сакам!
     
    На JoxyTheFreak, IndieGirl, Aleks96 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Прво да ви кажам добар ден ,имајте убав ден .Еве ме по само неколку дена отсуство повторно се вратив на форумов ,се оддалечив затоа што минев низ тешки денови за мене па си реков нема смисла повеќе да ви пишувам постови со негативна енергија ,овојпат бев себична болката и кукањето си го задржав за себе .Морам да ви кажам мислам дека се вратив малку помудра благодарение на уште едно искуство кое го доживеав ама ако се во живот е лекција.

    Да се надоврзам на постот на Стоименовска те разбирам во потполност ,убаво е да веруваш дека ќе ти се врати со убаво за сите добрини но најчесто наместо со добрина да ти вратат со камен или во најлош случај нож во грб ,сурова реалност но денес не вреди да бидеш добар ,добрите секогаш страдаат . И јас понекогаш посакувам да бидам ѓубре спрема сите ама сфатив дека тоа не се учи ,таков се раѓаш и таков ќе си умреш .А може и ароганција и лошотилок тоа е нешто што се учи и тоа како воспитување од родителите којзнае .Јас велам едно е да бидеш итар за да надмудриш некого но друго е да бидеш ѓубре и да функционираш на тој начин што ќе ги искористуваш другите,ќе ја уништуваш нивната среќа и ќе живееш од туѓа несреќа
     
    На julie77 и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  20. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Добро што се дешава со моите сонови?Последните неколку мислев дека беа врв на бизарноста,се дур вечер не сонував како се љубам со најдобриот другар,еквивалент на брат.
    Страсен филмски бакнеж.Онаков мисетресатнозете бакнеж.

    Се разбудив потресена и уште имам некое чудно чувство,као да ќе се деси нешто што не би сакала да се деси.
    Се истуширав испив кафе,и уште се осеќам "грешна" .
    Сега го пијам и второто и се надевам дека ќе се освестам.Никад ваква вознемиреност од сон не сум добила,дури смешно ми е на моменти.
    Оваа па мајка ми мртва ладна,да сум му го кажела сонот може дечкото пател по нешто.Е добра ти је утеха мама свака ти част :up: уште толку ме допотресе. :D

    Мислам...за мене секогаш важело она друг и другарица-шеф и секретарица,али со овој беше братска линија од секогаш,мајке ми.Се до денес.Ја испрљав светоста,се надевам на брз опоравак.
    Ако го видам или чујам сега,само една слика ќе ми се врати во глава. :shake:
    И да....
    Ги молам моите стари мирни сонови,мислам она трева река овчички птички,ако би можеле да ми се вратат,зошто вака више не иде.
     
    На anabel-a и Johny им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.