Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Колку само ме нервираат момче и девојка што глумат совршен пар. Нека си бидат во врска, само нека не глумат дека се им е соврешено кога нон стоп се караат за глупости. Зошто се тогаш во врска? Подобро сингл ќе сум од колку постојано да се расправам за неважни и детски работи. Ех и љубовта не е тоа што беше. Колку многу глупаци ја искористуваат непотребно, жал ми е дури што сум сведок на такво нешто :tmi:. Хмм, да се нервирам кога некој ќе ме праша имаш дечко? Зошто немаш, па убава женска си ќе си фатиш. Како прво јас не реков дека сакам дечко, да сакав ќе бев со некој и пред тоа фацата ќе ти се шлакав за да не ти текни уште еднаш да ме прашаш |( .
    Зошто ми е толку здодевно? Зошто сите со нетрпение чекаат да почниме на факултет, освен јас. Не сакам да одам во друг град, не ми се учи. Не сакам да си ги оставам луѓето што ми значат тука, а јас да бидам таму мислејќи на нив и прашувајќи се дали тие ме мислат мене. Се надевам дека со сите ќе си останам во добар однос и дека кога ќе сум тука ќе можам да им се јавам и да ги побарам заедно да пиеме кафе на Широк Сокак. Времето ќе покаже има време... уште неколку месеци се во прашање...
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Многу пати се прашувам што ке беше ако не ги слушав разните совети.Дали ке стигнев до овде или ке дозволев да се случеше нешто полошо од тоа што ми се случуваше.
    Денес само се смеам на моите глупости и се прашувам кај ми бил паметот?Ех колку би сакала да се вратам неколку месеци назад и да сменев се уште од тогаш.
    Настрана тоа...Очекувам вести дека братучетка ми се породила,женско е во прашање...ма има да ја разгалам :wasntme: има да ја шетам секаде и да ја гњавам.Само нека помине се во најдобар ред :)
     
    На fallenangel и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  3. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Овој пост ќе го почнам со песнатава http://www.youtube.com/watch?v=ctM2Zoye95Q
    поточно со ова :
    ова не е мое место
    не е мое време...
    да чујам џагор, смеа
    после ова невреме...


    Се надевам дека за брзо време се ќе се среди и се ќе си дојде на свое место,како што гледам така идат работиве,ама да не се радувам јас пред време... :$
    Сакам да кажам,дека од денес па натака не верувам во другарство,навистина најискрено.Такво нешто дефинитивно не постои.А јас си признавам,глупа сум да.Јас сум другарка,само кога мојава ем мила,ем драга другарка ко ќе се скара со таа нејзината БФФ.Е курци од денес па натака,Анна не е таква.И знаеш што веќе преку глава ми е оваа,ми рече да не ти го спомнувам јас повеќе неговото име?така? не ти го спонувам бе Трајнаке,не ти го спомнувам.Само те молам не ме масирај и ти веќе со него,те молам.Неможам и јас да го слушам името од тој твојот. Ми беше љубоморна мене? Океј.Сити се сега гледај ме ваква,никаква.
    А јас тебе,не сум ти.А и нема зошто да ти бидам.
    Еднаш во животов бев среќна и таа среќа низ нос ми е извај.
    Напрај како што сакаше ти,сакаше цело мое време да ти го посветувам тебе.Така и беше.Сега ко ќе ми текне што сум правела стварно незнам,дали да плачам или да се смеам.
    И не ми го спомнувај тој Трпе твој.Досадни сте ми и двајцата ко сапунска серија.
    Е не,тој филм поќе кај мене не го гледаш.А отсега во живтов мој што се дешава,се колнам дека ни збор повеќе нема да и кажам ни збор.
    Било да е добро,било да е лошо.
    Се каам за некои постапки што ги направив,и премногу избрзав.Ама после е*ење што викаат немат каење.
     
    На Hayley и fallenangel им се допаѓа ова.
  4. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Значи какви г*золижачи постојат.. :@
     
  5. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Леле колку сум малерче само на мене овакви работи ми се случуваат. Заради проблемот со бактеријата што го имам пијам терапија и несмеам на сонце никако, а јас си седев на плажа си се сунчав боичка да фатам, и сега ми се појави алергијата ( бидејки сум алергична на сонце ) и целата сум лом исфрлана , боли чеша...ке се мрднаммммм :@ :@ :@ :envy: :envy: :envy: :devil: :devil: :devil:
     
  6. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    174.001
    Со Лидаприм и Лоратадин-никако на сонце...
     
  7. baby.blue

    baby.blue Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    33
    Зошто едноставно ако некој го интересира нешто не праша? Што е толку тешко? Тоа е милион пати подобро од чисто годење според изгледот на работите. Претпоставував дека на таткоми малку ќе му биди чудно што во моето друштво има и 7-8 машки ама мислев дека барем ќе ги свати работите. Па 5 девојки сме. Воопшто не се некои лоши деца кои се дрогираат, пушат трева или се пијанат како 80% од нашите врсници, само пушат цигари. Не сваќам зошто мисли дека другите деца се подобри.. Проклети прерасуди во општеството!!! Преку глава ми е од глупави прерасуди и претпоставки. Кога нешто сака да знае зошто едноставно не рече ајде да разговараме. Толку ли е тешко? Зошто не сваќа дека конечно си го пронајдов местото, дека конечно имам чувство дека некаде припаѓам, зошто не сваќа дека конечно сум среќна? По толку време, повторно го добив чувството дека работите си идат на место. Полека ги рушам ѕидовите кои ме спречуваа да се спријателам со момчиња, старите лузни полека избледнуваат. Повеќе не сум таа која се срамеше многу и беше дури и малку повлечена. Се обидувам да градам мостови наместо ѕидови, да се подобрам како личност, да се вклопам негде за прв пат во животот. И сега, кога успевам во тоа, мојот татко не ме сваќа. И самиот знае колку ми беше тешко кога трпев навреди од момчето кое себеси се сметаше за нешто многу над мене, за „славна“ личност во градот, големиот лепотан, момче на кое девојките не можат да му одолеат - Дон Жуан. И тоа оние глупави и лесни кои се сметаат како демек се од „големото добро утро“. И денес, тие луѓе се сметаат за нормални. Ама не се гледа фактот дека тие, и помали од мене и моја возраст, до 1, 2 навечер шетаат по кафичи и ноќни клубови со штикли и се муваат со секој 2. А луѓето кои преферираат да седат во паркот и да играат карти, да се мајтапат не чинат. ЕПА ЗОШТО? ШТО Е РАЗЛИКАТА? ДЕКА ЕДНИТЕ ПУШАТ ВО ПАРКОТ А ДРУГИТЕ НА МЕСТО КАДЕ ШТО ЌЕ БИДАТ ВИДЕНИ ОД ВРСНИЦИ? ЗОШТО ЕДНИТЕ ОПШТЕСТВОТО ГИ СМЕТА ЗА ПОДОБРИ? Јас не пушам и не пијам и не велам дека нема такви и кај овие од „големото добро утро“, секаде има исклучоци. Ама навистина не очекував баш таткоми да не разбере, тој кој кога беше млад живееше исто како и овие момчиња. Зошто едноставно не речи ајде да разговараме па ќе му кажам убаво се. Ама не, претпоставувам тешко е тоа. Да се кажат неколку зборови е тешко. Да се разговара е тешко. Епа ако ова продолжи вака, тој ќе ме изгуби. Едноставно ќе се исклучи самиот од мојот живот. Или нека се обиди да разбери, барем нека предложи разговор, или самиот ќе се исклучи од мојот живот поради причината што го спречува да ме праша се што сака да знае. А која е таа незнам. Не сакам да се исклучи тој од мојот живот, навистина. Многу го сакам и многу ми значи.

    Интересен факт кој не го напоменав многу е тоа што и тој пуши од млада возраст.
    :( :( :doh: :@ :@ :@ :headbang:
     
  8. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Сакам да кажам дека на се, секој, сешто можеме да најдеме приказна.
    Загледај случаен минувач, или муштерија, пред тебе во редицата. Или пак некое застарено дрво, книга излитена... Стар пријател или изгубена љубов.

    Тој што ми помина по улица, можеби се заљубил. Видов, насмевка му играше на усните. Баш згодно момче во раните дваесети, го знам од мала. Ја прашав колешката, дали да му спомниме некоја среќничка, чисто за да се насмееме, кога ќе намине в продавница. Таа ми рече дека изгледа среќен затоа што ливчето што го уплатил во спортска му донело некоја плус пара.

    Старец еден, мислам дека живее една улица подолу од мене, беше денеска пред мене на каса. Си потпевнуваше народно и си збореше сам со себе. Си помислив е пијан. Само и пратив еден поглед, осудувачки, на колешката. Подоцна ми кажа дека жена му починала пред еден месец.

    Колку приказни пак можам да кажам, за таму под дрвото во двор. Тука е уште ко бев мала и правевме “свадби’’ со комшиите. Со најблиската другарка од детството, еднаш си замислувавме случки, можни, некои тинејџери каде што се бакнувале и деца се криеле кога играле мижаница. Си се смеевме.

    Од библиотека ми беше земена “Девојката со портокали’’ и во неа некој оставил разгледници и слики. Можев да напишам роман за се што помислив дека се случувало, спрема тоа што го оставиле.

    И стари пријатели, поминувајќи покрај нив, си замислувам како им врви секојдневието. И реков на братучедка ми, “Изгледаат среќни... барем колку мене се, сигурно.’’ Таа ми се смееше. “Зборуваме за истите луѓе? Гуски кои што посакуваат да страдаш? Што ти е тебе гајле дали се среќни?’’ Па до некаде си е и во право. Премногу филмови гледам, па комбинирано со мојата т.н. романтична душа, и на крај прелив од носталгија...

    И бившиот, помина покрај мене прегрнат со девојка. Си замислив дека одат долго, го замислив како и ги кажува истите зборови што мене ми ги кажуваше.

    А што му знаев, момчето, бил расположен дека дошол брат му од одмор. Тој старецот си потпевнувал и си се смеел, можеби дека ќерка му му родила внук пред некој ден, ко што кажаа домашниве. Две приказни имавме за тоа, и двете погрешни. Кој знае дали е вистинита оваа што сега мислам дека е. И крај дрвото, порано никој тука не одел, ми кажуваше тато, затоа што имало ѓубре и ограда. И кажував на другарка ми дека го видов бившиот, и таа ми рече дека таа му била мувачка со која ја изневерувал девојка му неколку недели. Знаела, затоа што таа и била познаничка.

    Сакав да кажам, дека никогаш нема да ја знаеме вистинската приказна, колку и да изгледа очигледна верзијата што самите сме ја измислиле. А, луѓево сме сите такви, измислуваме, твориме да речам. Секогаш ќе развиваме теории и ќе бидеме уверени дека се точни. И од лицето за кое што зборуваме да ја чуеме вистинската приказна, најверојатно нема целосно да поверуваме.
    Јас цел живот се обидувам “праведно’’ да им докажам на сите како е мојата приказна навистина. Ех, колку страдање тоа само ми донело... Време е да престанам, најпрво со помисла да им го дадам задоволството на околните луѓе да се забавуваат со свои измислици и верувања, како што јас си уживам да смислувам за нив. Доволно е, на крај и краева, секој да си ја знае само својата приказна најдобро.
     
    На Buttterfly, Monna.Monna, Libera и 8 други им се допаѓа ова.
  9. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Ми мириса на летен дожд но сеуште ниту капка нема паднато во нашиот град а еве грми и знам каде и да е ќе започне ...
    Сдк дека секогаш велев времето е пари и постојано бев во трка да го користам максимално и корисно ...сега тоа се промени сега мислам дека не треба да трчам затоа што од искуството претходно научив колку повеќе и побрзо трчаш толку повеќе животот ти поставува сопки ...доволно е да се смириш ,да размислиш што понатаму во животот и да почнеш да ги реализираш своите одлуки чекор по чекор ...
    Правилни одлуки не се донесуваат во момент на радост и лутина туку во момент на смиреност ..
     
  10. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Незнам што сакам да кажам,стварно незнам..Глупо Македонче...не ми се верува..
    Нашиот 'драг и мил' јужен сосед ни лепи налепници од типот Фиром..А вие им идете. :fubar: :fubar: :fubar: Со кој мозок им идете бре со кој?.Ај шо не се бунат таму(добро ипак ако се буниш може и да те затворат)....Башка и таму за да не губат време со налепници..доаѓале веќе со залепени налепници..Не ми се верува(смајли шо си сече вени,си пука у глава,се крсти и незнам си више какво)
    Си се помиривте со тоа нели...Колку убаво...Се буните за името да не се мења,а идете таму и си се шетате со таква налепница..како умноболни сте бе..Ма немој да ме ј*б*ш бре..Па не идам..они се у минус...они губат туристи..Ќе идам бе у Охрид(додуша у Охрид сега е поскапо него у Гејлада,ако више толку немам пари за подалеку..или па нема да идам нигде..ама таму не им идам..Ние сме глупи бре.ние...Остај ги таму не им иди...Нека умрат,нека скапат...ПРОКЛЕТИ ДА СТЕ.... :swear: :doh: :x
    Уффф :x
     
  11. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Идам и што да видам - не сум пишала ништо на форум скоро цел месец, а не сум пишала ништо на темава точно еден месец! Па еве ме, подновена со нов аватар и потпис, одморена и најадена (а сепак на диета).

    Пред некој ден се вратив од одмор со моите. Јас сум таков тип што уште оди на одмор со мама и тато и не ми е срам да го кажам тоа. Морето си е море и плажата си е плажа, ма и со баба и дедо би одела. Супер поминав, а сега со нетрпение одбројувам 7 дена до наредниот одмор со друштво, кој се надевам ќе биде мааалку повозбудлив.

    Земам часови за возење во меѓувреме. Немам поим дали ми оди или не, ама имам многу интересен инструктор. Се надевам дека ќе положам, не од прва, ама барем од втора?

    Е, конечно заврна и кај нас.

    http://www.youtube.com/watch?v=ojdbDYahiCQ

    Пред една година почина Ејми Вајнхаус. Не знам дали ви текнува, но и тогаш врнеше.
    Отидов.
     
    На Buttterfly, Strumfeta93, la-chicka и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Кога првпат се зачленив на форумов тоа беше од чиста досада, а се уклучував да се спротивставам некому во некоја тема, да му го расипам денот ако ме изнервира и да се згасам и тоа беше ретко. Ничии мислења не читав, членките не ги знаев ни кои се, ни со кој сум пишувала ни ништо појма немав и се уклучував за да добијам информација некоја, она основното и толку. Никогаш не ни помислував да поминам повеќе од 5 минути, освен ако не дискутирав во некоја активна тема. А денес, денес е поразлично. Се уклучувам скоро секој ден, кога пишувам нешто го пишувам зошто го мислам, не се карам без причина, а и не дека ги читам туѓите мислења ама бар знам кои се форумџиите и форумџиките и по нешто за нив.

    Сакам да кажам, форумот не е онаков каков што изгледа на прв поглед, туку ако се задлабочиш и се прилагодиш ќе сфатиш дека може да ти биде добра занимација во слободно време :)
     
    На pamelche, Doozy, Chocolate.me и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Забавата на снобовите, уствари луѓето со големи срца.
    Ги гледав од страна и се чувстував помизерно од нивниот живот.
    Сериозно мислам дека се мизерни, кога се фалат како им помагале на сиромашните и како тоа е една голема хуманитарна забава каде што флашите греј гус престанаа да се бројат на две раце.
    Со истите пари кои ги испивте на вашата великодушна забава, можевте да направите бројни донации за кои зборувавте као демек постоеле, всушност и постојат на хартија.
    Зошто никаде, апсолутно никаде ве нема.
    Или тоа го кажувате да им замачкате очи на другите будали да ви се диват на вас и вашата бела облека, реплика на Долче и Габана.
    Ау, очиве ме болеа таа вечер од превртување.

    Се знаеме кои сме и што сме, кој кур.
    Мизерија во раскош.
     
    На JoxyTheFreak и Hayley им се допаѓа ова.
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Времево створено за ладно нес и добра книга.
    :mm:
     
    На kravce, pamelche, Springy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Глупава девојка ја лепи скршената вазна, дел по дел, се труди, малку по малку, за да некако ја состави. Паметна девојка ја фрла скршената вазна во ѓубре кажувајќи: "Толку од тебе, време е за нова, и да те лепам, вода не ќе можеш да носиш повеќе од месец, два."
     
    На Strumfeta93, Monna.Monna, glow и 12 други им се допаѓа ова.
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    :D кога ке ми текне што се случи
    во Саботата бевме излезени сите тројца-јас брат ми и братучед ми на прочетка и шетајки низ парк, свративме на кеј-имаше натпревар одбојка-жени, и братучед ми се загледал не мрда, и јас и тој со семки во рацете, а до местото каде што седев јас беа седнати двајца другари, едниот 30 годишен, пијан, мирисаше :puke: и му се жали на другар му(му се спие, стар е има 30 години) ме зиркаше мене, јас на игнор го ставив, и се бунев веке досадно ми стана, и ај да станеме :lol: и јас ко јас првата скала ја погодив, втората се удрив, и кога за беља се фатив за јаката на еден дечко го тегнам ли го тегнам-мислам дека го задавив, а тој кутричок ни се жали ни ништо-братучед ми ми подал рака ама не сум го видела, можам јас сама, машко не ми треба :fubar: леле ама се избрукав :tmi: а после кога почнав да се смеам :rofl: па на едни ко железни спрљви вежбавме-и јас ко машкиве :P за женско добро се снаогам :)
     
    На esperanca и Gordana10 им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    Ако има нешто што подобро звучи,а и изгледа,помеѓу кревки,женски бедра,од виолончело...е нема...
    http://www.youtube.com/watch?v=X6BerMY_ ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=xMMSBS0q ... re=related
    http://www.youtube.com/watch?v=WsuPq9Jg ... re=related
    Во даден момент во животот се покајав зошто погрешно избрав,стварно звучи молливо,а моќно, мирно, а треперливо... Па не знам дали само јас гледам чудесија, латентна хомосексуалност,само затоа што фасцинира и звукот и изгледот на практично инструмент кој хиперболично изгледа како женско тело, во нежни женски раце... Сеедно,фантастично,од секогаш ме инспирирало. Но и моите избори не се погрешни. Нешто се скрши во мене кога со прекор ми рече,е зошто повеќе не?! Кога ја пронајдовме првата наша заедничка точка...ете така...за немир. Ама го имам пак,како подарок,божиќен!
    Нејсе... денес на сите некој ни недостига чинам?! М?! Он не е вешт во изразување на тоа,па грубо го артикулираше...ама ја разбирам поентата. Така е дарлинг,и ти мене ми недостигаш,пеколно.
    Да ти ги отворам прозорците за да земеме воздух еден од друг. Се што не врзува има некаква врска со ширум отворени прозорци кои пак можеби се тука само заради твојата склет,а јас се туткам во ќебенца додека смешно и заинтересирано ме гледаш. И ете така,денес е таков ден... да ни замириса на дожд. Да можам и би ти засвирела на чело,не дека е проблем,ама може и на друго,освен ако егоистично не ме турнеш за да се покажеш и ти,па јас тебе и ете кавга... Ама ете... дожд, да се потпрам на тебе, да згрми,да се штректнам,да ме стиснеш до себе,да се насмееме. Да ти подадам бело вино... и се останато да биде ненамерно и силно да заврне,поглед,стисок,збор, шепот, мир...Всушност,можам да ти бидам виолончело,ако сакаш..и така.
    И ете така... сепак ќе си читам дур се инаетиме. И не би ти го кажала ова,затоа не е во таа тема...само си мислам,го кажувам на себе и чат-пат на светот...
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сакам сега да сум негде LONDON или Парис ете на пример , си пијуцкам кафе во некое кафуле седејќи на маса покрај прозор кој го има најубавиот поглед- од ете некоја нивна нај убава улица ............и ја смислувам следната најдобра реченица за моето КНИЖУЛЕ.Ете така сама и со своите мисли .
     
    На srcekrsacka, MandyLane и pamelche им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    http://off.net.mk/bavchi/jana/skopje-denes
    Ох ... таа и сите тие жени кои го бацуфкаат гзот на твитер... Као не пишуваше за Скопје олреди?! Мислам втф?! И глупи и се твитовите! Оној твит со пижамите и круната го имав видено у некој филм! Некој коа ќе рече,ако е глупа и лошо пишува,шо ја читаш?! За да ја мрчам,ете затоа! Добива квалитетна привилегија, али ваљда по принцип на еднаква застапеност на глупите со попаметните...ради баланс во универзумот. Ако не се дешава тоа,може немаше да имаме среќа со метеорот утрово! Бам мадрфакрс! Не ја пуштате Јана со напрчените устиња да пишува! Нема баланс,умрете сите! :D
     
  20. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Well, this couldn't have been a crappier day |(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.