Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Викајте што сакате за нејзе, ќе остане една од моите омилени музичарки.
    Тешко кој ќе ја повтори, во секој чекор.
    Еден дечко прееска у муабет вика, ружна била ко коњ.
    Па сите ќе бевте ружни ко коњи ако си дозволевте да бидете она што сте.
    Максимално она што сте.
    Макар и да сте наркомани и сами по себе скандал ко шо беше и знаеше да биде она.
    Можда немаше цицки и газ за покажување, ни шминка која според нечии принципи и наликува на една ѕвезда.

    Не беше ѕвезда.
    Таа беше цела галаксија сама по себе. И уште е.


    http://www.youtube.com/watch?v=qNOK10EZ ... re=related

    Јас знам како е да изгубиш близок од дроги и предозирање.
    Сепак знаат што прават. ;)
     
    На Cataleya, Shelea, glow и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Vikita

    Vikita Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    67
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Многу чуден човек сум, а деновиве го сфаќам тоа. Гледајте сега интересна ситуација. :rofl:

    Кога сум дома, ме нервираат сите, смачено ми е од сестра ми, не сакам да и изигравам мајчичка и да се дерам по неа (мада што денес се уверив дека кога мачката не е дома, глушецот оро игра |( ). Ми смета баба ми и нејзиното утринско дерење, ми смета мајка ми и нејзиното (не)зборување и ми смета кога цивка кучето. Одвај чекам да отидам кај баба ми.

    Еве сега сум таму, распослана на велико, со огромен куфер. Денес па ме нервира братучед ми, како цело време сака да играме карти или другиот кој цело време не сака да јаде а јас морам да се погрижам да јаде. Баба ми се плаши дека ќе ја вивнам куќата од плинот ако пробам сама да направам супа и мисли дека треба да ме рани со цевче и да пази да не се потсопнам на тепихот.

    Арно ама, еве сега, сакам да си одам дома. Да си пуштам радио без братучед ми да дојде и да ми го изгасне, и да си лежам на мојот кревет (фала на прашање, креветот ми е на пола размонтиран), да си читкарам нешто, да го гњавам животинското царство дома (ептен се израдува мачката кога ме виде прееска) и да не правам ништо паметно или корисно. Кога ќе бидам таму, верувајте ми, ќе ја барам баба ми со цевчето и со плинот. :rofl:

    За жал, јас морам да пакувам и да пакувам, и да, да пакувам. Вади полица, смести ја во вреќи, залепи салотејп, џитни ја надвор. И така 20 пати додека не си ги собереш сите пердувчиња од гнезденцето. Аман аман и аман. Кој да помисли дека не се само алиштата, книгите и козметичките средства во една соба. Имало и пердиња, прекривачи, укравчиња, сувенири, албуми, слики, туѓи алишта, стари алишта, мали алишта, зимски алишта... Брр. :swear:

    Поентава е, кај и да одиш, нешто ќе ти фали, некој ќе ти смета, ама јбг, или навикни се и нека ти влегува од едното и излегува од другото уво или тешко тебе. Под навикни се подразбирам од лимоните да направиш лимонада. И така денес, правам лимонада, ги плукам семките и си ја цврцкам на ладовина додека надвор дувка ветре. ;)

    п.с. Знаете кој е најтрагичниот дел? Што нареднава недела пак ќе пакуваме, па ќе се распакуваме, па пак јас ќе се спакувам и пак ќе се распакувам. Ај хејт пекинг. :puke:
     
    На Strumfeta93, Monna.Monna, la-chicka и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    Премногу се изплашив од грмеживе.. :@
    -Времево не личи на лето! катастрофиИИ... :swear:
     
    На Unfaithful18 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    3.184
    Јас не памтам цитати, мисли, паметни зборови оти само ми го затупуваат мозокот. Бар јас така мислам и си стојам на тоа. Не сакам да ми се прави некој паметен, а ни јас не се правам со "бисери на мудроста". |(

    Е сега, читкав некоја книга, од тие на цимерката, чик-литература или како и да се вика. И имаше еден цитат, кој ми остана во памет. Иде вака:

    - Јас сум најсреќната жена на светот. Мојот најдобар другар и мојот љубовник се истата личност.

    И јас си викам - Мхм, што убаво, па и јас сум најсреќното створење на планетава ондак. ^_^
    После 2 секунди ... Да, секако. |(

    Каков заебан меч со две острици! Ако се скарам јас со дечко ми, кој дефинитивно ми е најдобар другар, нему стално му се жалам, се му кажувам, бла, бла, тогаш останувам и без најдобриот другар.

    Болката кога ќе раскинеш е голема, во зависност колку си ја сакал особата. Али и загуба на најдобар другар во исто време?!? Да немаш кому да му се исплачеш за тоа, се разбира ако не сакаш после тоа да бидеш оговарана од најмалку 5 особи.

    Е, не е лесно ни ова!
     
    На JaneAusten и karmenka им се допаѓа ова.
  6. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Нешто повеќе од недела како земав плата, а пари веќе скоро и да нема |(
    Не знам дал јас многу се расфрлам или животот стана екстремно скап во последно време, али што е тука е, ќе се стискам до наредниот 15ти.
    -----------------------------------------------------------------------------------------------------
    Ја прочитав Росоњерка утрово со постот за нејзините, тотално се пронајдов. Кога бев детиште жива среќна бев кога ме оставаа сама дома, тоа значеше лумперајќи до утро. А сега? Сега значи само повеќе обврски и цела недела самотија без утрински поздрав, заеднички ручек и вечерен муабет.
    Не сум саможивник, ниту пак разгалено детиште и бескрајно сум среќна што ќе одморат од секојдневните обврски и загушливиот ни град, ама од друга страна многу ќе ми недостигаат. Сум спомнала ли колку сум тажна кога јас треба да одам некаде и по колку пати на ден се слушаме? Зависност и љубов.
    Што би јас без вас родители мои...

    [​IMG]
     
    На rossonerka, la-chicka, esperanca и 5 други им се допаѓа ова.
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Знаете во животов не сум добивала многу поклони, немам некој посебнен уникатен кое го обележало моето детство, мојата Мила дека денес го доби. Посветена приказна во Росица за септември. Му се поклонувам и заблагодарувам на Никола Маџиров кој и стави најголема насмевка и восхит. Денес сум многу среќна што во тој момент беше со мене и се радувавме заедно.

    Ви изложувам само мал исечок, од целата приказна која ќе биде проследена со илустрација.

    – Мамо, зарем мора да дојде чичкото со апаратот – ја пресече тишината Мила. – Ете, ти ќе ја паметиш мојата насмевка, а јас твојата, и потоа ќе си раскажуваме наместо да гледаме слики.
     
    На Tanjamm, Buttterfly, Strumfeta93 и 18 други им се допаѓа ова.
  8. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека од денес па понатаму не се доверувам многу на форумов.
    Мислам дека ми фалит приватноста,навистина.
    ;( ;(
     
  9. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    СДК дека го обожавам ветров, воопшто не ми фали сонцето што не печеше....
    Сакам само да излезам надвор широко да ги раширам рацете, да го пуштам ветрот да ми ја вее косата и широкото летно фустанче,да ми го милува лицето, да ги затворам очите и да немислам на ништо, да си ја одморам главата, а ветрот да дува се посилно и посилно, а јас да се чуствувам моќно... Едноставно неописливо чуство... ќе почекам уште малце дождов да помине,па можда пак ќе го осетам тоа чуство како минатата година, се чуствував како кинг оф тхе ворлд!!! :rock:
     
    На happY-smiLeY и JaneAusten им се допаѓа ова.
  10. JaneAusten

    JaneAusten Активен член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    12
    Сакам да кажам дека времево баш ми одговара. Доста ни беа жештини, што викате? :D
    Кај и да е се враќа сонцето...
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Се помирив со се што е. Се помирив и со тоа дека се помирив дека работите се такви какви што се.
    Остана само едно... Тоа што останува секогаш...
    Да се надевам... дека ќе биде подобро :)
     
    На Springy, esperanca и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Нека престане да грми, веќе страв ме фаќа. :sweat:
    Се плашам од непредвидени гласни звуци, ми носат некој немир, чувство на неволја. :(
     
    На CIA и esperanca им се допаѓа ова.
  13. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Многу малку е потребно за да човек биде среќен. Бар мене. Се облевам со задоволство во секој спомен кој го градиме со прошетките и тишините на сите наши кажаности,со мојот најдобар пријател, љубовник, сопружник, иден татко на нашето дете. Ете. Само допир, само едно пулсирање топлина и веќе сме едно цело. Низ минати бури сме го држеле кормилото заедно, а немо се молам и низ сите идни. Му благодарам што несебично ми пруќа поддршка и онаму каде се чини замрела.

    И гледајќи како еден свет на драга личност и се распадна, морам да ви кажам драги мои никогаш да не се задоволувате се со некој или нешто што не ја поддржува вашата пасија, вашето битие и целокупно ЈАС. За секој има некој под ова небо, само ако сами си дозволиме да ја примиме благодетта на среќата која ни следува.Човек на човека му е волк-не бидете си сопствениот.
     
    На glow, Doozy, Hayley и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Поздрав мои мили феминки.I'm back again :) !
    Имајте убава вечер (или ноќ ќе да е :?: ?) и ви благодарам на сите вас кои пред речиси еден месец ми го честитавте роденденот... :* аnd huggs
     
  15. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    СДК гледам прееска вести и слушам нешто во Охрид слабо туристи, само за викенд и некој од странство ако дојде.
    Гледам го прикажуваат едно чиче, го прашуваат како иде, има ли туристи и вика "слабо слабо, луѓето што им нудиме смештај викаат имаме кај да одиме, кај тетка,стрина, вујко... не сакаат сместување кај нас, си имаат станови посебно скопјаните и битолчаните" :!:

    И сеа што бе чиче, ако имам ја тетка во Охрид кај да спијам ај ако не да ти платам тебе.
    Божеее, да не може да ги сфати човек луѓево. Зашто да даваат пари кога си имаат кај да си престојуваат, а остај тоа што изгор е скапо во градот и односот спрема скопјани да не зборам (ова од непријатно искуство го зборам не напамет) па немало туристи, епа ќе нема, ќе се жалите и пак ќе ви бидат криви скопјани и битолчани. :fubar: :fubar:

    Друго што сакав да кажам wtf e ова бирање фб девојка на неделата??? :^)
    По кој критериум уствари ги избираат девојкиве?
    Според тоа што која е повеќе разголена фотошопирана, напудрена... Па уште ко ќе ги прочитам "карактеристиките" на девојкиве. :puke:
    http://brkajrabota.mk/showtime/fejsbuk-devojka-na-nedelata/16943-fb-devojka-na-nedelata-angelina-sileva

    Туку ај доста мрчам јас, бидете ми поздравени :D
     
    На doll.a му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Ретко ветувам, но кога ќе ветам нешто, ако треба ќе превртам и небо и земја, ама ќе го остварам. Не сакам да ги разочарувам луѓето и мразам кога даваат ветувања, а потоа не ги исполнуваат. Едноставно престанав да верувам во се’ и во секого. Увидов дека штом некому поверуваш и се понадеваш на нешто, истото никогаш нема да се оствари.

    Сепак, го сметам за доблест тоа што научив да кажам не кога треба. Моето секогаш да го заменив за се’ почестото не и горда сум на тоа. Можеби ме сметаат за недруштвена или не знам што, но си стојам на моето. Не морам секогаш на сите да им угодувам и да правам нешто што мене не ми се прави во моментот. Па не е крај на светот ако, да речеме, во петок не излезам, нели? И ако некој поради тоа ме смета за ’тапа’, so be it. Ич не ми чуе. Забележувам дека престанав да се замарам со небитни работи. Едноставно, веднаш ги бришам од меморија. Горда сум, навистина. Не си ја полнам главата со небитни работи и убаво ми е.

    И уште нешто. Само јас можам да се разболам на таква жештина како вчера, и тоа недела дена пред да одам на релаксирачки и романтичен одмор на планина со него :devil: Епа ќе се обесам, стварно :puke: :sweat:
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Заради ова со бактеријата пијам друг антибиотик и несмеам ништо друго ништо да пијам...Се мачкав со течна пудра и со облози...Ке полудам од чешање а несмеам :(
     
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк ме убива оваа мојава неодлучност.
    Отидов на спиење да ги одморам мисливе, се нервирам вака а нема потреба мисливе се за убаво нешто.

    Утре е нов ден, може попаметна ќе се разбудам и со донесена одлука.



    Само се молам пак да не зборувам во сонот, како пред некоја вечер кој знае што сум зборувала мама не сакаше да ми каже :rofl: :tmi:
     
    На esperanca и pamelche им се допаѓа ова.
  19. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Лејјј значи периодов околу матура, крај на средно онака сите си фатија дечковци и ги гледам испоотишле со нив на одмори, ако акоооо нема врска што идат 2 месеца, битно премногу се сакаат и доволно за да отидат заедно на одмор ко сериозен пар, честитам. Браво бе, многу напредни. А уште појаки ми се оние што од една долга врска одма преминуваат во друга - предминатото лето ја гледаш со тој што идеше 3 години, минатото и ова со новиот. Јаки. 8) Јес!
     
    На pamelche и sadangel им се допаѓа ова.
  20. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    4.018
    Пол:
    Женски
    СДК дека го сакам времево преубаво е. Надовр си врне свежо онака милина ти е што е вака после летните горештини. И што е најважно убаво ќе се спие :)
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.