Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Го сакам дождот во летните вечери. Го сакам чувството што го носи секоја капка кога допира до мојата кожа додека со него се движам низ полупразните булевари. Навистина се чувствував сигурно, и додека грмеше. Само неговиот глас и неговата дланка во мојата, правеа да се чувствувам семоќно!
    Колку го сакам неговото присуство!

    Вечерва е створена за добра музика и патување во длабочините на подсвеста.

    http://www.youtube.com/watch?v=XDK8ZXRaIYQ
     
    На L-enna, la-chicka, Lepaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  2. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    3.184
    Морам некако да го запрам мозоков, жими се.

    Мислам на тоа, мислам на ова, мислам на трето ... нема крај.
    Постојано вртам некои работи, мислам како би било да не направев како што сум направила, па дали ќе ми биде добро ако продолжам ... Илјада работи на кои не знам ни решение, а уште помалку одговор самата да си дадам.
    И тоа што го знаев сега излегува дека не го знам. Дека не сум сигурна. Еххх, барем еднаш да бев сигурна во себе и да верувам. За се можам да се премислам во некој момент.

    Мора да престанам да си ја преиспитувам секоја постапка, да се сомневам во секоја одлука и веќе еднаш засекогаш да научам да живеам за моментот, а не да мислам однапред. Туууууффффффф!

    Не знам што ми се случува со паметов, се пореметив јас скроз на скроз. :tmi:

    И многу мислење дефинитивно не е на арно. :tmi:
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    10.406
    Пол:
    Женски
    Седам така сама извесно време и го набљудувам воздухот.Дали некогаш си се обидел да го видиш?Не.Затоа што никој не го заабележува,а никој не може без него.
    Мојот сон за воздухот и неговото значење се роди помеѓу оваа свежа јулска вечер која мириса на дожд и омарнината во мојот дом.Жешко е.Загушливо.Ама ако.Имам што да викам мој топол дом.Некој нема.Од климата која го лади и студенилото во неговата душа.

    Ваквите ноќи секогаш ме тераат да размислувам.За суштината на малите небитни нешта во животот мој.А сепак толку битни.За луѓето кои ми се како воздухот.Кои ми требаат безусловно.
    Јас толку малечка во овој голем свет, толку се трудам да бидам незавсна.Да им докажам на моите дека можам да се снајдам и без нив.Ама понекогаш не е така.
    Низа случки кои ги искусив деновиве, ме нетераа да бидам благодарна.За се.
    За сите желби кои ми се исполнети.И оние кои не се.И амбициите.И успесите.И за неуспесите и разочарувањата кои ме правеа посилна.Посебно за родителите кои ме подржуват и ме остават сама да си ги сносам последиците.Клише звучи, знам.Ама ми требаше да го извадам ова од мене.
     
    На marama и n.a.t.t.y им се допаѓа ова.
  4. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Сакам да запознавам и да се дружам со комуникативни луѓе, кои не се ограничени во муабет и не бираат зборови за да докажат дека се начитани, интелектуалци со високо IQ.
    Па де бре, јас нема да те земам за дома или пак преку муабетот со мене ќе стигниш во НАСА. :D
    Седнала типката до мене, ја знам од мала, ми се извинува и фино бара цигара.
    ОК, разбирам, бон тон, тон бон како било, ама те знам мори ко мала колачи од кал правевме заедно, си игравме по цели денови, а сега ми глумиш лудило и со нежен, фин тон на гласот (несвојствен за тебе), ми се извинуваш, ми персираш и ми бараш цигара?! :^)

    Ај, ти се молам! |(
     
    На Monna.Monna, Doozy, Johny и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Чудно е како може луѓето да имаат слични размислувања, чудно е како може да имаат двојници, чуден е животов, кој не секогаш се одвива според скроените планови, секогаш ќе има нешто што ќе се појави наеднаш и ќе го смени текот на животот, чудно е... :geek:

    Убаво е кога човек ќе насмее некого, едноставно му го продолжил животот и направил барем од малку другите да заборават на своите проблеми и суровата реалност :) А секако доколку е од душа, природно, а не вештачко, бидејки тоа од авион се приметува, а затоа и брзо го губи својот сјај.Животот и така е суров и краток, да не вреди човек да го помине лутејки се за се нешто, докажувајки се или расправајки се со секого каде ќе стигне.

    А кога некој на некого му замерува за се нешто, му посветил внимание, па дури и ако другиот воопшто не го интересира туѓото не добронамерно посветено внимание.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.195
    http://www.youtube.com/watch?v=oSckuNlz ... r_embedded

    Бог да чува, уште шо нема да се измисле. Во иднина од оваа технологија деца ќе се прават на фотошоп и ќе испаѓаат преку принтер. |(
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    ^ После нови љубовни проблеми, дечковците/девојките ќе изневеруваат преку Kissenger-ов! :rofl: :rofl:
     
    На MSkorpionka и pamelche им се допаѓа ова.
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Што и да направиш секогаш некој ќе ти каже дека е погрешно и дека не се согласува со тебе,е тоа не значи дека треба да не ја правиш таа работа само затоа што не му се допаѓа на тој некој,или затоа што тој никогаш не би ја направил. Другите секако ќе зборуваат,но барем ти ќе си знаеш дека свесно си направил нешто затоа што си сакал и на крај доколку нема позитивен исход ќе знаеш дека си се обидел.

    Според мене личност која што те подржува во се,неможе да ти биде вистинска другарка. Да,можам да пружам поддршка,да помогнам,да дадам совет,но некој свесно да го поддржам во нешто кога греши е тоа неможам.Тоа не значи дека не ми е другарка и дека не ја сакам,но кога мислам дека нешто не е правилно си кажувам,останатото е нејзино.
    И мајка ми ме сака најмногу на цел свет па не ме поддржува во сите мои одлуки :!: бидејќи по некогаш и јас знам да се фатам за некоја работа како слеп за стап.

    Немам посебна причина,но деновиве ми се среќни,убави.
    Си имам спокој,тоа ми е најважно.
     
    На chocolate.chick, marama, cinderella5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Па сакав да кажам многу работи и напишав огромен пост и го избришав и сега пак.
    Сакам да кажам дека само што ја прочитав книгата "Прекрасни коски" и многу сум збунета, не знам зошто. На пола книга ми падна некако тешко наеднаш, си помислив на тоа колку ја сакам и колку ми фали мајка ми, колку ми е криво што не сум воопшто блиска со сестра ми, колку идиотски и неблагодарно се понашам со златните баба и дедо. Мислам дека ова ми се случува прв пат во животот, emotional breakdown, од нигде-никаде. Не дека не сум ги помислила овие работи и претходно, ама не им придавав толку значење за да ги променам.
    Ме плаши мојата рамнодушност. Прв пат после година дена за малку ќе се расплакав што мајка ми не живее тука. Свесна сум за се што правам а немам сила или не знам што ми треба за да го променам мојот однос, барем за почеток со неа. Личноста што ме сака најмногу од сите. А јас нејќам да ја гушнам. Таа што знам дека секоја вечер си плаче зошто сум на другиот крај на Скопје. А јас никогаш не сум кренала телефон да и се јавам ако не ми треба нешто, секогаш она.
    Се вратив да ја дочитам книгата и одма до нејзиниот кревет стоеше една ќеса со стари слики и албуми, а пред тоа не ја ни приметив. Земав да ги разгледувам, како ме бања дур сум била бебе, како ме гушка целата среќна, насмеана, слики со сестра ми како си играме, слики од мајка ми и татко ми како се бакнуваат...

    Утре ќе одам од сабајле рано кај неа. И ќе седам цел ден. И ќе се трудам да и зборам, да и раскажувам за мене. Сакам да е среќна и сакам да и помогнам да биде среќна.
    Утре ќе ја нема. Ќе ми биде криво што кога со солзи во очи ме прашувала што ми е , јас сум и викала дај жити се не ме напињај.
    Мајкица, само една ми е. Морам да си го средам односот.
     
    На Buttterfly, SimplyElegant, blueeparadise и 5 други им се допаѓа ова.
  10. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.714
    Допаѓања:
    8.799
    Пол:
    Женски
    Немам зборови, се чувствувам ко во некоја нискобуџетна трогателна драма.
    Мелодијава кажува се, немам сила повеќе да зборувам.

    http://www.youtube.com/watch?feature=fv ... HMBKM&NR=1
     
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.195
    Ако ми е, сама си барав. Реков дека нејќам да идам на одмор, ме молеа буквално ме молеа да идам ама не бе инат, не идам. Пак ме оставија да размислам, ама џабе решив јас да не идам и не идам. Ме отпишаа, ми вратија парите и сега Памела сака да иде на одмор, сака да се бања, сака да иде на концерти, сака да го шета Охрид. Нема место, се е пријавено во сабота се тргнува, готово.
    Си мислев подобро ми е тука, со другарки и другари ќе шетаме ќе се зезаме, ќе си го гледам симпатијата. Џабе, се испокарав со симпатијата ми, ми се љути, со мојте тешко се излава на крај и то.
    Ќе кукаш по одмор Памела, ќе плачеш, иди на одмор, подобро таму да си отколку тука - ми викаше мама, ама инат ме родила и крај.
     
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    Само мене во 5 и 20 наутро може да ми текне дека сакам да сум во Индија...пак. И да бањам слон во река! Шк-шк мешето,па ушињата,па да ме прсне со сурлата со вода...Ете...И да дремам на зајдисонце крај Таџ Махал и сето тоа... И да спијам во храм со монаси. И ... да допирам со лицето милион ткаенини...и да купувам зачинчиња (абе вака-така,само јас забележувам дека секоја шо сака да изгледа со широки хоризонти,се фаќа за зачини или ми се чини?! :D Ако зборам за себе, јас имам воспалени синуси,хронично,па зависна сум од силни и зачинети вкусови веќе оддамна,кој е вашиот изговор?! :D Туку доста блебетам,стварно има магија во тоа шаренило и на бои и на мириси...).Абе може и тигар ќе си фатам. Да поплачам над неправедна судбина, да подадам раче, да не ми е гајле за мирисите кои ги носи животот како таков,незамаскиран со синтетички мирис кој ја нарушува аурата на перфекција во несовршени услови. Па дури и да мирисаш лошо...на лен и к'на и себе! И тогаш се фрлаш во океан и плутиш додека да се збрчкаш од таа природна маренада! И да медитирам на брегот и по можност да бидам таква јогина како оние што можам да ги гледам по слики ( е тоа малку потешко,ама фантастични се!)! Е така!

    Биланс на гледани филмови,4. И една сезона од химјм! Очите наа!
    ДоброУтро,да сте живи,здрави и среќни денес! Убајни само да ви одат на душичињата!
    Јас денес чекам сериозни вести,за најсериозната и најважната работа на светов! Се надевам дека ќе се добри! А ако се добри,ви ветувам сангрија и бонбони,јел може?!
    http://www.youtube.com/watch?v=OEqTfmS7-ig&NR=1
     
    На la-chicka, Lepaaa, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    11.833
    Пол:
    Женски
    Летно утро е ова утро.
    Кога можеш да пиеш врело кафе и да не се испотиш.
    Сакам кога станувам во 7. Го чувствувам вистинското лето.
     
    На innablood, AnaKarenina, lelica и 4 други им се допаѓа ова.
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.570
    Пол:
    Женски
    СДК кој е тој што на мажите им раструбил дека треба да бидат скотови спрема жените,за да ги сакаат,и на жените да бидат кучки спрема мажите за да ги задржат.Е тој некој жестоко не зезнал сите |(
     
    На la-chicka, Miss-Independent, glow и 7 други им се допаѓа ова.
  15. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Слабо си ја разбрала работата, поентата беше да прикажат дека повеќето фамилии на диво примаат туристи, а тоа е дека не пријавуваат дека примаат туристи за да плаќаат одредена такса која ќе се слеваат во касата на самиот град, додека некои тоа чесно си го прават и со тоа самото не можат да водат евиденција за бројот на туристи.

    Туку дождов ми требаше. Како на земјата така и на мене. Со Мила си шетнавме онака без чадори и се смеевме како зелени. Ме запрепасти кога ми кажа работи кои ги памти од 2 ипол години.

    Труд прифатен, во Октомври во Охрид на конгрес за биолози од цел свет, мој прв објавен труд ќе биде јухуу, почнувам и втор. Живот је лјеп е по некад. Киндл ис хир, му се радувам ко мало дете. Денов долг а јас поспана, ама мириса на живот.

    Имајте убаво утро!

    http://www.youtube.com/watch?v=KIiUqfxFttM
     
    На Lolipop23, NoellePage, Peppermint и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Ајде уште неколку саати и заминувам :rofl: едвај чекам не ме фаќа место :!:

    Туку дождов добредојде ми дојде, синоќа изгасив се, легнав и служа како капките паѓаа на земјата, некои удираа по прозорецот, кога врне најдобро се размислува, ете јас донесов конечна одлука со Х е готово нема трудење да се вратиме назад доста е што вика брат ми до тука било
    некое време ќе паузирам, нема дечковци, нема премногу опуштања во машко друштво, сега сакам да сум сама, ќе се трудам да ужвам најмногу што можам на одморот, нема да мислам на ниту еден роблем ВЕТУВАМ :!:

    Затоа што немам инспирација како да го завршам постов, со кои зборови ќе би кажам само
    Имајте убав ден :hug:
     
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    А да бидат себични и префрлаат кривица на жените?! Кога нема причина! И да се јаки на зборови, а никакви на дела?! :fubar:

    СДК ... колку и да се држев, внатрешноста изби на површина. Тек сега ме чека уште по тежок и по убитачен период. :x
     
  18. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Ако ти е досадно и незнаеш што со себе , земи оправај криви дрини со жена во менопауза ...Јас сум мислела во ПМС се менува на секои 5 мин. расположение ама климе го надмашува дефинитивно.. :tmi:
    А пак од друга страна криво ти е незнаеш како да помогнеш :?:
     
  19. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    СДК слушам утрински вести: Сега најголемата новост што ни доаѓа директно од Америкаааа... :rock:

    Да ги начулиш ушите и со нетрпение да очекуваш што е тоа !! :geek:

    А, тоа било: се избрало задник на годината. |( :clap:

    Кој, ако не Џенифер Лопез???? :tmi:

    И кажуваат - не за џабе нејзиниот задник со вградените имплатанти е осигуран на 27 милиони долари чинам беше... :puke:

    Ок, бе, од кога и до кога нешто вештачко ќе биде показател за најубаво, најзгодно, најперфектно? Нека прво си го испоти задникот во теретана, фитнес, што и да е, па нека кажува како со труд, вежбање, упорност може да се дојде до секси убав задник. И нека биде пример и идол за сите. :!:
    Ама, имав пари, па си ставив имплатанти, па тоа што го гледате се две кеси со силикон....????? :x

    СДК да не трубам многу, ама искривена е одамна сликата за тоа - Како треба да изгледа жена, што е згодно, што не е... Затоа сите од најмали се искомплексирани, вечито незадоволни од себе си. Сакаме да постигнеме нешто што само фотошоп може да го направи.

    Дајте уживајте, сакајте се и не му ја мислите многу. ;) А, многу од овие напумпани ѕвезди ако ги видите во живо ќе видите дека не се ништо посебни. :D
     
    На Annath и Trendafilka им се допаѓа ова.
  20. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Јас сум девојка која обожава туѓи традиции и дава се од себе да ги доживее лице в лице, искрено, смело и малку романтично. Не дека не обожавам максимално опуштање по песочните плажи и сончево галење на пегички, ама нити така задоволството е комплетно нити си бил некаде.

    Малку збунувачки кога треба да патуваш надвор во некоја држава, и очекуваш од неа да ти го соголи духот, ама така искрено да ти се предаде. Но, гледаш згради, хотели и ресторани, речиси совршена инфраструктура и ново по кое не си трагал. Знаеш, треба да се предадеш за таа да се соголи пред тебе и да блесне со сиот нејзин здив.

    Имавме тереса со поглед на море, помалку значајно од големата џамија во видикот. И кога сонцето заоѓаше во неа, ми ја даваше совршената Турција во моите очи. Така дремнати после плажа со замотани крпи и мокри коси ќе се распостелевме и ќе уживавме во нашиот мал ритуал.
    Вечер не чека шарен пазар и тесни, стари улички, гостопримливи продавачи ( шејтан е клучниот збор) и можеби некој специјалитет. Турска ракија наспроти нашата, ноќно капење, турска музика со весели келнери, ориентални места, пеењето на оџата и патувањето со дормушот.

    Кога на душичката и е по ќеф, секој би нашол среќа во поглед; поглед во далечина или поглед во првиот поглед, на слабичко детенце со големи очи, разнобојно ќоше и збунета уличка.

    Терапија и враќање ко препородена!
     
    На Buttterfly, bittersweet, caroline.costa и 22 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.