Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Цела вечер муви да ме лазаат. Едвај око склопив на некој саат.
    Реков јас, прозорот да го затворат. Не бе, кој ме слуша мене.
    Ни на работа појдов, ни ништо. Омалаксана цел ден ќе си бидам.
    А и се ми се треси, косанки земојтрес во секој момент да очекувам.. пусти страв в коски.

    Не, не е убав ден за сега.

    Барем не сум сама, до утре. Искрено, секој ден излагање по 5 до 7 саати знае да здосади, ама во случајов уште чекам, затоа што секогаш нешто ново се случува, нешто интересно.
    Ќе се обидам да го вклучам мозоков денес и да напишам нешто, книгата на пауза ко да ми е.
     
  2. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Мажите кои ги третираат жените како безпомошни и слатки играчки, заслужуваат жени кои ќе ги третираат како великодушни и прекрасни сметки од банка :devil:
     
    На sadangel и Lepaaa им се допаѓа ова.
  3. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Утре одам за Италија :).. Ќе ми фалите сите, цел форум :( ..
    Ќе си дојдам за 2 недели, ама за мојот роденден пак нема да бидам тука :worried:
    Ќе се сликам и ќе ставам слика во модни критики (ветувам) !!!
    Поздрав до сите :* :* :hug: :hug:
     
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк се разлетале ова пеперутките во стомак не им текнува да направат пауза.

    :D :D :D


    Како почна денот ах, ах ! :sun: :f:
     
    На CIA и Lepaaa им се допаѓа ова.
  5. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=jKp-JsXLqmM

    Мразам луѓе кои ме прекажуваат, како јас да не знам што правам.
    Кои одвај чекаат да истрчаат и да кажат што сум направила, за доброто на другиот, нели.
    Знам што правам, не морате да се грижите за доброто на оние кои ги сакам.
    Себична сум, бе. Си можам.
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Да, многу време ме немаше. Бев на гости кај баба ми и дедо ми.
    Беше убаво, ама ми недостигавте.

    Ми недостигаше компјутеров :шејмонми: !

    А сега си стискам палци да ми е готов пасошот ма да одам на одмор. Хух.

    И ај да не врне и вечерва - вчера беше опростено зашто се изгаси пожарот.
     
  7. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Денес го имав најдоброто интервју за работа досега. Релакс, опуштено и без трема.
    Стискајте палци да ме примат, па да ме види и мене Господ. :wasntme:
     
    На Strumfeta93, Mrs.Cuper, Salome и 21 други им се допаѓа ова.
  8. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Чинија полна со лубеница за доручек.Што е до мене може и за ручек и вечера и ужина.
    Лубеница е една од ОНИЕ кои никогаш да здосадат.Можеш да ги јадеш и јадеш и јадеш.И колку помалку ти останува ,ти уште толку повеќе си гладен за нив.
    Исто како Нутела.
    Или Рафаело...Уффф рафаело... :smirk:
    И Бекам исто така спаѓа во оваа група.И Бекам би го можела за доручек,ручек и вечера. :D

    Заклучок.Рано втроничко попладне,времето променливо облачно и сепак многу топло,а Мисс напалена и гладна.
    ДовиЏења.
     
    На AnaKarenina и LaDyDoLl им се допаѓа ова.
  9. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Е па дечки дојде време да заминам ја :rofl:
    останите ми со здравјеее
     
  10. OneDirection

    OneDirection Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2012
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    238
    СДК дека таман мене ми истече пасошот на сите им текнува да одиме за Грција. :@ :@ Епа нема сега.
     
  11. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.571
    Пол:
    Женски
    ^^^^
    Јulie77 јас онака генерално кажав а ако почнеме со анализирање кај ќе ни е крајот... :D :D :D

    Само што се вратив од блеење по град.А топло и запурно од дождот сношти не можеш да дишеш.Или јас се потам претерано.Валунзи бе валунзи се во прашање..ми идеше да го соблечам фустанчето и да седнам во првата фонтана...е сега нема фонтани кај нас онака гломазни,ама во оние обичните за вода пиење,ако најдев некоја која не пресушила :^)

    Ах да бев и во нашето биро за вработување,по мое кажано меморијален центар на многу изгубени души.
    Да се пријавам дека сум жива.Што знаеш можеби сум скинала конци,Грујо ќе има еден помалку невработен. И знате што ми дадоа таму?Прирачник како да направам cv и останати глупости.
    Моментално тоа имаа да ми дадат наместо работа.А можеа локумче и ретко кафе да направат да не припаднам од жештиниве.[​IMG]
     
  12. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    174.001
    Си направив голема беља.
    Некаде прочитав дека вистинскиот маж ги удира вратите кога влегува дома,а плашливиот никаквец кога излегува од дома.
    Му го кажав ова на мм,а пред тоа тој најнормално си ги отвараше и затвараше вратите.
    Сега ,од толу силно удирање на вратата кога ќе влезе дома,ми се причинува дека истата само што не паднала.
     
    На Strumfeta93, Monna.Monna, Serafima и 11 други им се допаѓа ова.
  13. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Буквално ваква сум :!: Во собата си мислиш атомска паднала :lol: Многу сум возбудена, конечно дојде денот за кој толку многу време зборавме. На одмор сами, првпат со другарки. No parents allowed! Само уште времето да се попрај и се ќе биди совршено. Се чудам како ќе станам толку рано сабајле, кога минатите денови тогаш заспивав |(
    Како и да е, ви посакувам на сите да си помините среќни моменти каде и да одите, без разлика дали сте дома или на некое друго место.

    Ќе ми недостигате феминки. Се гледаме за 11 дена :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    На bluegirl7, Cacy, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  14. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    25.505
    Пол:
    Женски
    Моментот кога случајно наоѓаш некоја песна, која ти го доловува твојот живот,твојата моментална ситуација во целост. Доаѓа ко утеха, дека не си единствен. Кажува се што сакаш,мислиш,чувствуваш, а ги немаш вистинските зборови...

    You didn't ask for this
    Nobody ever would
    Caught in the middle of this dysfunction
    It's your sad reality
    It's your messed up family tree
    And now you're left with all these questions
    ...

    А колку повеќе анализираш и размислуваш,станува се потешко и потешко...
     
    На L-enna, BeYourself и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  15. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Си имам едно посебно сонце, нокеска спиеше 2-3 саати, утрово само пола саат и пак е како живец :D ако не го гледаш во очи и му правиш смешки имаш АААААААААААААаааааааааааа Еееееееееееееее Иииииииииииииииииииии :D А мама има има подочњаци до..
    Но кога ке те погледнат тие очи наслатки на цел свет и таа насмевка невозможно е да не се стопиш :inlove:
    И така ни врват деновите, си поминаа 5 месеци како вчера да беше кога акушерката ми го даде во раце , а јас цела во делириум сеуште несвесна за тоа што се случува.
    Ахх живот... неверојатен, нефер, волшебен , чудесен.. но каков - таков ако за нешто е вреден да се проживее тоа е за нив нашите поколенија.
    Човек кој ке го помини овој живот без да остави поколение, исто како да не живеел.
    Јас знам дека живеам за среката на нас тројца!
    Бидете срекни, среката е во вас во малите духовни нешта, не во материјалното.
     
    На Monna.Monna, Serafima, Lolipop23 и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... боженце, на оваа Марија-Бонукс не ѝ доаѓа памет. :^)
    - Здраво комшивке, се вративте од одмор?
    - Дааааа, сѐ што е убаво - кратко трае.
    - Имам една одлична вест за вас ^_^ , новиот Бонукс бла бла бла бла бла |( ...

    Жено, Маријо, дали си ти нормална?
    Луѓето и онака се ранливи после одмор кога треба да се вратат на сите досадни, монотони обврски, она прашок им пика под нос, бар едно ручече или кафенце да ѝ свареше на комшивката за добредојде.

    Свашта. :yawn:

    Летово некако тешко, лепливо и мемливо, па страста од топлото затапе на момент, вчера сум ја земала играта во свои раце. ;)
    Ќе спуштам порнич, за да ја загрееме атмосферата, да си направиме интересно и шаренолико.
    Па да го бирав немаше да биде поутнат. |(
    Ужасен, најужасниот порнич на сите времиња е во мојот компјутер. :|

    Толку беше лош, нѐ удри напад на смеа, :rofl: мислам дека ќе се измочкав во гаќи од неконтролирано хистерично кезење, стомачни набилдав.

    Видете, кога сум се решила веќе да гледам порнич, сакам да ми е празник за очите и фантазијата, покрај згодното и надарено машко, и женските сакам да се прекрасни, не грди, силиконски, мрсни и целулитни (тоа ти е единствена задача во животот, да си го одржуваш телото и да се плескаш пред камера, и ми се појавуваш гнасна бе ]:) ) да се врти приказна, да има колку-толку некаква глума...
    Ах, ни порниЌот не е тоа што беше (смајлиштодлабоковоздивнува).

    Од останатите вести на фронтот - таман се порадував дека сѐ дома е во најдобар ред под моја стража, додека дечињата ми се на одмор, кога бап - се расипа тушот бре. :(
    Приморана сум да се туширам со цревото, малтене во дворче сум.
    Мајка ми радосна, мислела дека ќе се случи поголема белја, ем горда на мојот домаќинлук.
     
    На Lolipop23, LilBaby, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  17. BlondeGirl8

    BlondeGirl8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    115
    одам да јадам
     
  18. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    После кога ќе си напраам едни пирошки,и едни палачинки,па кога ќе ги мснам,мх мх :P
    После ќе си ја чукам главата дека стомаче имам :@
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Моментот кога си праќаш сама на себе мејл, чисто да провериш дали е се’ во ред и дали може да ти стигаат пораки, пошто две недели не ти стигнал ниту еден мејл, а си пратил 100 CV-ја |(
     
    На cinderella5, Trendafilka и LetsTalkFashion им се допаѓа ова.
  20. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Култура на ниво нулта!
    Не се чувствувам добро и на колегава овде му велам, ај покривај ме да отидам до докторот овде во зградава да види што ми е. Ај некако се согласи по 5 минути да дојде да ме замени. Му вртам на докторот и му кажува што е проблемот и само ми одврати: Моето работно време завршува за 20 минути, ама еве се спремам сега да си одам, не можам тебе да те чекам. Излегува и ми дава аналгин, ќе ми поминало!
    Свашта!
    Да ти се измочам на допломата врамена на ѕид!
    Колега ли ??? Колега само за оговарање, за друго не може да ти излезе во пресрет.

    Фала докторе, да ти се враќа тродупло љубезноста твоја!
     
    На Serafima и Salome им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.