Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    "Тето,цакач цладолед?! "Бап во нос,па на чело. Љуби га тетка!Се изнасмеа,онака слатко,од меше,се зарумени како што е бел! :rofl:
    Ете тоа се тие летни денови! :D Да му ги ручам тоа образите,бубачка моја!
     
    На Buttterfly, bittersweet, Monna.Monna и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Ќе си починам . Така лагааано ќе си легнам и ќе си починам . Засекогаш.
     
  3. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК...само ова ми треба :)
     

    Прикачени фајлови:

    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Џиш емоции.
    Знаеш какви? Ко маркерот розе боја со кој подвлекував реченици на Буковски, Сартр, Калер. Е такви. Полни со знаење-незнаење, со мечта, со книжевен слад, со ритам додека учиш, па светлото ти ја менува од темно накај светло розе целата приказна.
    Џиш, џишкаво. Ко трепет на светулка во тегла заробена и заборавена. Ама со дупче горе, да има од кај да дише. Ма да, јас сите бубалки на светот би ги ослободила. И така... Промаја од сите страни дома. Со чаша од кафе пуна кока кола со мраз, тегнам редици мисли, ко кори за пита. Џагор од надвор, децава играат, ме радуваат, се случуваат, растат! Тој ми праќа бакнежи, ми го држи капакот од тенџерето додека ги процедувам шпагетите и мекано ме гледа. Во очи му праќам бакнеж, да му го стопи диоптерот и да гледа уште поубаво. Да не’ гледа Нас, како си се договараме за одмор, за печење газиња на песок, собираме листа со продукти, млеко за тело, чекај, а перница, а Аутан...? И до бескрај, плетење убавини. Се смееме на глупости, переме заедно алишта. Јас ги простирам, тој пушта нова машина. Утрово, ме буди со цуфка во нос и ми вика - Не ти е сува маичката од вчера, ќе ја испеглам... Ме фати смеа. Мој маж, мој Некој. Не секој. Мој. Се грижи. Не му е тешко ништо.
    Го сакам и тоа е.

    Не можам да престанам да пишувам за Љубов. Не можам. И кога ја немав, верував. И да ја немам, ја имам. Едноставо, во секое делче од мојот Дом, мојот систем, се случувала, се обгрнувала како ползавец на стар балкон, била тука. Како кога имаш постојано дома нешто. Да речеме, влечки за до продавница, или стар весник, за чистење прозорци. Неприсутно сеприсутна идеја. Да, како идеја е Љубовта, светка само во мудрите умови. Оние, што не допираат хејт, ниски страсти, деградација или фолиранство. И ги препознавам. Знам кој како ме прашува, согледува, препрашува, запознава.
    Или е или не е од Љубов направен. Точка. Друго не ни има ниту може да има.
    Или некој некогаш многу одамна нешто сторил, прекршил, па во скршеното огледало можам да насетам лузна. Ама ја молчам. Која сум јас да судам, конечно?
    Никој. Еден од многуте патници овде. Ама имам мисија. Да светам, да горам во Љубов.

    Време, нели... Деновиве многу тајни открив и срцево ми трепери како абажурна ламба во мало сопче. Од лекост, од тивкост, од незнајност а светлина. Со Ленка си пиевме коктелчиња во Излет, кога од смоквата над нас, мачорец еден ни се симна на маса. Жива згода, го нарековме Коралин. Да се знае. Со неа секогаш разговорите ни летаат. Ко пеперутки. Возевме точаци. Си прераскажувавме невистини и вистини што сме ги слушале. Манастир ни е другарството, еден куп радост во него тлее ко молитва.
    Другаркиве мои секоја на својата гондола плови. Ги сакам. Цела недела накај работа договараме мал одмор, женска пијанка со гумени бомбони и дремење на полско креветче. Се обидуваме како во обвивка од балон, да си ги сокриеме времињата запаметени. Така ни е убаво...
    Чекам одговор од Министерство за објава на мојата прва стихозбирка. Стискам палци, а ем заборавам. Некако очекувам, а и ништо не очекувам.
    Што биде нека биде.
    Во себе, верувам.
    Си го гушкам сонот, оти се остварува. Ќе ме однесе кај што сакам.
     
    На Buttterfly, macaaaaa, Lolipop23 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Има уште 40 дена до школо а јас толку сум се внела во тоа што почнав да ги листам книгите, да станувам рано како за на школо, дури ми доаѓа и да тргнам накај школо :lol:
    Или сум луда ( :fubar: ) или веќе неможам да издржам дома па ме фаќа школска еуфорија. :D

    Септември побрзај. ! :!:
     
  6. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    Си направив блог и ако сакате да ѕирнете има линк на профилот (фино си пишува несмеам да спамирам тука ) :)
     
  7. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    супер ти е блогот :D баш онака психолошки влегува во умот на човек :D
     
  8. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Се‘ повеќе и повеќе се вртам со мама низ кујната додека прави ручек. :wasntme: Сакам да научам да готвам, сакам да пробувам и да го изненадам Д. Не дека не ги сака моите сендвичи, тостови и палачинки, ама полнета тиквица му е мајката. Башка, 10 кила му фалат... Ама го сакам. Секаков. Сношти ме затвори во купатилото и ми викат: почекај. За 5 мин ме носит во дневната, а таму музиче, свеќи и шампањ. Ме разнежна.. како и секогаш. И‘ се радувам на секоја спонтана случка. Преку спонтаноста ја осеќам слободата - слобода на реагирање и однесување и размислување. Сношти блеснаа такви емоции што ме натераа да му кажам дека сакам да пораснам со него.. но и да остарам. И кога на смеење ќе ме праша колку го сакам, му велам: Колку вселената која според првата теорија таа е бесконечна и се шири... :geek: :inlove:

    ај ај. прекинувам. :$
     
    На Serafima, cinderella5, Springy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Абре девојки, ку*ташак си играте со фотошопот? Не знам каде ги правите сликите, ама со тоа ваше „мазнење“ нос немате. Ружноќи до немајкаде, вакви сте
    [​IMG]
     
    На Chica.Loca и CIA им се допаѓа ова.
  10. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Овие два дена претерав со јадење :x дури сега се уверив дека има вистина во описот на карактеристики на хороскопски знак девица дека од прекин на врска се опоравуваме така што прво си плачеме(таа фаза ја поминав претходните дена)па потоа си бараме утеха во храната посебно во чоколадата ,ме плаши помислата дека ова моево е компулсивно прејадување ,но можеби е и само ПМС којзнае :?: јадам на секои три часа и ме гриже совест :x сега кога сум сингл уште повеќе треба да внимавам на својот изглед ,па и не е само изглед во прашање туку моето здравје,неправилната исхрана веднаш се одрази на моето лице па потоа знам дека ќе се одрази на мојот желудник ...барем да се хранев со овошје ,зеленчук да не се грижев,но јас си јадам сендвичи,огромна порција сладолед,чоколадо,грицки,каснав клавче и од ручекот ...навистина премногу ,ако претходно пиев по 6 кафиња на ден сега толку пати јадам ...како и да е можеби ќе успеам да воведам некаков правилен начин на исхрана без да се претерува.
    Потребна ми е некаква активност ,чисато колку да ги отргнам мисливе од она што ме измачува,потребна ми е работа...насекаде ја барав ама изгледа овоа огласиве само формално се поставени ради реда а веќе оддамна се знае кој ќе работи :^) .
    Потребна ми е обнова на цела гардероба .Навистина немам многу облека за на факултет ,се што имам е едни фармерки ,кошули2 ,некои излитени блузички,чевли немам есенски ...ништо се немам подновено оддамна а битно собирав пари ама завршија како и секогаш кај моите . ..
    Не ми се јасни некои од денешниве луѓе,немаат некои си високи примања а секогаш се облечени во последна мода ,имаат скапа облека,панталони,штикли и ташни во разни бои стварно како им успева секогаш да бидат различно облечени :?: Ти се чини како ѕвезди на Холивуд се ,ја носат облеката еднаш и толку,скраја било да се носи повеќепати или некој да ги види во истите фармерки или штикли.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  11. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Во овие недели, забележувам некои очигледни нешта за мене.

    Летото е убаво за релаксација но во мојов случај, исто така пронајдување на себеси. Можеби на сум многу напредна во тој процес но се движам полека до одговорот. Морам да признаам дека не сум била волку комуникативна со години. Можеби комуникативната јас е вистинската јас. Запознав многу деца во последнава недела, супер ми е, навистина... Летово ќе ми биде пронајдување, но исто така, зголемувањето на мотивацијата за СЕ. Ова лето е припрема за следнава учебна година за мене. Полека, полека ќе си признавам што лошо правам и со тоа, ќе се трудам да најдам одговор за да се поправам. Ќе ги најдам моите квалитети, вистинските.
    Од утре ќе почнам да учам, да читам и да се пдоготвувам на секој начин за се и сешто.
    Си признав дека премногу дремам/КИСНАМ на компјутер. Така што, станав, земав пари, се зачленив во библиотека и си земав 3 книги... Лектирите за осмо сакав да ги наречам тралалајки, но ете, солидни се. Библиотекарката се зачуди на мојот македонски, многу лошо сум зборувала... Ееее, тоа ќе се промени :) Ќе се начитам ова лето, 10 книги минимум - тоа си кажувам со надеж.
     
    На Kristinna1, Hayley и Waka-waka им се допаѓа ова.
  12. DonMarko

    DonMarko Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Некои луѓе буквално се заробени по форуми,заборавија дека надвор има природа ,светлина,топлина,живи луѓе. :x
     
  13. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Бабичка ми дојде на посета!
    Си поседавме малку дома, ритуално, па на шетање. Со апаратот в раце и заедно биравме што да сликаме!
    Свеж воздух и црница од старото дрво. Прости сеќавања од детството, ни тогаш не беше побрза од мене. Си ја гушнав силно. Ми кажа да си верувам само себе си!
     
    На Buttterfly, Kristinna1, Bright и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    И ќе поскапела струјата.... Е убаво жими се :x Се запишувам в година на енергетика па што сака нека биде. Ако стигнам на повисоко работно место ќе ја намалам струјата јас :D Што е ова, сметка за струја пола плата |( . Жими се во државава се е лево |-)
     
    На Kristinna1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам.....дождов спомени ми буди. ;( ;(
     
    На BlondeGirl8 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    Конечно и јас ке отидам на одмор после толку маки околу договарањето.Почнувам со пакувањеее :ninja: :music:
     
  17. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Кога се запишав на факултет, на баба ми и беше многу тешко да запамти што студирам (аналитичка биохемија), за да се фали, нели наоколу |( и ми велеше не ми кажувај така кажи ми што ќе работиш после. Јас и велев - Во болница бабо, ќе испитувам крв... за да разбери жената и да престане да ме гњави (секој втор ден тоа ме прашуваше). И сега замислете се срамела да кажува дека работам во ’’слатките’’.
    Дал да плачам или да се смеам??? :| :devil:
     
    На Kristinna1, LilBaby, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.447
    Допаѓања:
    91.781
    Пол:
    Женски
    Фустан џоа Мерлин Монро, па и при секое дување на ветре ми се крева. Одма се ставам во сцена од филм ама ќе дувне прашинка и ми го крши филмот.
    Денес во општина со 300 старци, со 300 земјоделци. Ретко кој не доаѓаше право од шталата и се брзаше немало кој да ја чува стоката. Ме изненадија вработените ги сожалуваа, обично се некои напиздени па ги боли дали дедето остава стока.
    Вечерва сакав да се дотерам и да прошетам на гости, па да прошетам со новите сандалки ама се ми се расипа. Не знам дали и психата ме убива ама уште од сега се спремам психички за утрешниот ден, па и оној после него.
    После ветувам дека остатокот од летово ќе го искористам максимално, ќе прошетам голи ноџиња, ех колку чевли ми останаа необлечени и ќе ги испијам сите нереализирани кафиња.
     
    На AnaKarenina, Serafima, tweety26 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Дојдено ми е преку глава до степен сите до еден да ги испратам во 300 ПМ. Само едно нешто може да ме расположи моментално. Само едно.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Секој ден му се молам на Господ
    и си Велам...

    УТРЕ ЌЕ БИДИ ПОДОБРО ! Те молам Господе, Нека биди :doh: ;(
     
    На Serafima, ana-girl, baguf4e и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.