Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    [​IMG]
    [​IMG]
    RocketQueen-ПОЗДРАВ
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  2. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Аман бее. Неможе чоек на раат ни музика да слуша. Итоа на слушалки :!: . Додуша, в крај беа, па можеби слушнал некој минимални звуци, ама за тоа да се расправаш. Или па да беше некој стар човек, му смета музика, ајде де, да речиш. Ама брат ми бее. :^)
    Па ако ти смета ова тогаш слушај си ти Џастин Бибер и не замарај. |(

    Или па можи само сакаше сваџа нетачниот. :fubar: Ај, важно ми го расипа расположението. Туфф, шо си бев расположена „од сабајле“, сум станала со осмех од 6ка до 6ка. Туф, туфф.
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661

    Не си само ти,ако ти е некоја утеха :lol:
    Со топли чаеви и 200 апчиња живеам на +40 :x
     
  4. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Ух денес ќе биде јако, кажано во најмала рака. А и доста хаотично и стресно, но забавно.
    Одам со татко ми и брат ми на натпреваров Вардар-Бате Борисов. Сега, да да незнам нешто многу за фудбалов, ама кога ќе ми се укаже шанса, зошто да не ја земам.
    Јас мислев ќе има малку публика, билети колку сакаш, да бираш каде сакаш да седиш, тоа татко ми оди да купи вчера билети, тоа се распродале. Сите што ги продаваа картиве викаа дека се распродале. Само останале неколку за позади голот, и нели, боље ишта него ништа. Јас спремна, црвената маичка и жолтите патики ми се во ташна, морам да ги облечам откако ќе завршам со пливање, и правац стадион! :rofl:
     
    На Peppermint и Alesii им се допаѓа ова.
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Образованието е една од најголемите тривијални нужности, колку порано се сфати тоа, толку подобро.
    Така јас тоа на своја кожа го почувствував по завршувањето на средно, за мене веќе прекасно.
    Зборам за сосема површинско нешто, зашто воопшто не верувам на оваа образование под еден, а друго зашто во класот сум имала одлични ученички кои во четврта не знаеле што е респираторен систем! И овде се правда, ама шо ми треба тоа, јас одам архитектура. пф....

    Како мала себеси сум се гледала во медицината и литературата, за баба ми посебна радост преставуваше првото, посебно кога роднините по мене ќе викаа докторке, ама ради годините, пубертетот и се живо шо може да се собере и помноже се орентирав кон литературата, кон пишувањето и книгите.
    Можеби никогаш не бев лоша ученичка, само бунтовна, во некои предмети сум била меѓу најдобрите, три години завршив како мн. добра, а последната одлична; денес јас сум изгубена со овие резултати.

    Ајде да кажаме завршил некој си период од некои си шо знам какви години, пишувањето ми останало задоволство и да, медицината како разумен чекор за во иднина. Епа касно баш, касно ми текна. Нити имам просек, нити ги имам потребните предметите за матура, само една огромна желба. Секогаш е само желба. Кога ќе замислам само дека имам цел живот за каење, охоооо...

    Најжално, сум се смеела на тоа како одлични ученици не знаат работи од општа култура и ми биле трагични нивните киксови; ќе ја прочитам лекцијата на одморот и ќе добијам висока оцена и тоа ќе ми биде само како едно големо олеснување и издишување, дека не сум го окркала овој ден.

    Од цел клас само јас успејав да создадам Даунов сидром на таблата со сплет на хромозоми, ама џабе. Тоа ти е исто како насмевката, мора да го имаш и кога го немаш.
     
    На JuLleE, Bright, Monna.Monna и 15 други им се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    средувајки го шкафчето со стари и непотребни работи, си ги најдов речиси сите книги, тетратки, скрипти од факс-скоро цело шкафче е полно со нив :lol: да не претерам ама едно 6 -7 кеси полни :tmi: ги гледам и си викам зошто ли ги чувам, ама ај книги да не ми затребаат некогаш, а пред некој ден кога отворив една фиока каде чувам постара козметика(шишиња од парфеми,сенки со поминат рок, истрошени сјаеви) и други ситници, не сакаше фиоката да се затвори :rofl:и :!: само од последниве 3-4 години, а кознае колку пред тоа завршиле во губре :D

    уште нешто сакав да споделам со вас-што ако го кажам на мајка ми или на некоја од другарките за луда ке ме прогласат, и нема да ми дозволи мајка ми веке на одам на медитација
    кога бевме во Арабскиот ресторан-пред од прилика 2 недели, едното од девојчињата што патувала преку друштвото Шричин мој е лезбејка, и самата си го докажа тоа-со тоа што пред сите жени, гледајки ме во очи, ме бакна во левата рака(помала е неколку месеци од мене) за мојот роденден не беше на медитација, ама направила пита, а на вракање со нејзината другарка, нешто зборувавме за машкиот пол, таа ја избегнуваше таа тема, и на Бугарски ми рече доста-значи е иста ко неа-од моја страна немаше реакција никаква(на бакнежот), а на друго девојче така да и се случи, богами незнам како би реагирала-да ја сретнам повторно на медитација, нема да ја избегнувам, ке се однесувам како и со сите девојки, со надеж дека нема тоа да се повтори-морам да признаам беше шокантно, во моментот не, ама кога го вракам филмот :nod:
     
  7. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Хахахаха,и јас се изнасмеав кога го прочитав ова,знам дека не треба,нека си почива во мир човечето,ама дефинитивно умрел на начин на кои сите машки посакуваат :lol:
     
  8. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    И тогаш кога помислив дека куферот ми остана отпразен и се израдував, ми текна дека заборавив да си ставам балетанки, апостолки и сандали и после едвај го затворив :x .
    Не, дефинитивно нема шанси во куфер да ми остане место :D

    Останете ми здрави, живи, фини, убави, весели, ве читкам за 10тина дена :hai:
     
    На Lepaaa, Adi888 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  9. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Welcome RocketQueen-666 ! :D
     
  10. dancing.in.the.rain

    dancing.in.the.rain Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    142
    после толку време одам да го вдишам воздухот на морето...
     
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека во куќава дур не се мрднеш, никој не те сфаќа озбилно. :D
    По вчерашниот урнебес излезе дека одам на одмор со друштво, ми го направија системот во соба, ме пуштија да цртам на ѕид, тато ќе го исфарба стариот шкаф и повеќе не ми викаат да намалам музика навечер пред спиење.
    Најмала и шеф во куќа! 8) :D
     
    На Buttterfly, Elennaa, LilBaby и 11 други им се допаѓа ова.
  12. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Знам дека имам многу работи што сакам да ги кажам,но едноставно кога ќе седнам да ги напишам истите тие ми се губат од паметот.
    Сватив дека на форумов имам желба за пишување секое годишно време освен во лето.Дали тогаш ми се случуваат повеќе работи или сега жештиниве ме маваат во глава незнам навистина.

    Летово се навикнав да го кажувам ова,пак заминувам во авантура за 2 дена :D Куферот од минатата недела не ми е отворен,ме чека пак истата процедура која многу ме нервира,да го наполнам со нови алишта,летооо,ах лето.

    Нема ништо поубаво до летна авантура,знаеш дека ќе заврши но сепак ти предизвикува пеперутки.
     
  13. tessi

    tessi Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    518
    Уште еднаш се потврди поговорката дека после дождот сонце доаѓа.До пред некое време,бев во многу лошо расположение,тазе излезена од врска и некако се ми беше монотоно.Мислам дека љубовта пак ми затропа на врата :) Убаво е чувството повторно да ги почувствувам пеперутките,да живеам во неизвесност кога ќе ми пише,полека да го запознавам и да се заборавам во долгочасовните разговори.Ах,љубов....
     
  14. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    [​IMG]
     
    На CIA и n.a.t.t.y им се допаѓа ова.
  15. i-v-a-n-4-e

    i-v-a-n-4-e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    денес јас и :l: правиме 4 години како сме заедно, ви посакувам и на вас да ви се случи истото. Го сакам најмногу и секогаш ќе си го сакам. Имајте убав ден феминки :) :)
     
    На cinderella5, pamelche, Lepaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  16. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Искрено се надевам дека е ПМС, дека не се мрднав со паметов и дека ќе ми помине оваа нервоза и напнатост која ме тера да пцујам, да викам, да кршам, да мавам и да плачам.

    Прво, добро, што напнавте со тие игрите смотани, скапани глупи на Фејсбук?
    Кој кур праќате покани за игри, мислам, то у 2009 се праеше така ко почнаа игри да се играат на фејсбук и незнаеа како и шо па секој од никој и никаде добиваше покана за игра на фејсбук.
    Ак сакам да играм ќе играм, не морате да ме каните. |(
    Еден глуп триста пати ми прати покана за игра, ме натера да се запрашам кој кур ми бара у пријатели, со емофска залижана коса и шишка која му ја допира зеницата на окото.
    И у порака му пишав, е така, оти сакав да се изнавикам на некој, дека замара со игрите и дека треба да си го мрдне газот од фејсбук, или да исчезне со се игри и да не досаѓа више. |(
    Видете сега, знам дека тоа нема никаква логика ама, ете, така ми дојде бе, ми дојде и шо.

    Фанав да вежбам, за прв пат у животов се задишав, се закашлав, страшно се закашлав, ми дојде да плачам, да викам, седнав на земја и се свиткав и си зјапам у буцкастите нозе така очајно.

    Добро бе, што правам јас?! :envy:

    Нема да ставам цензура, оти и кога ќе цензурирам знаете што е.
    Нека иде у триста лепе пичке материне све живо и диво, особено фактот дека сум жена.
    Тоа можеби и најмногу ме иритира у моментов.
    Ја да носам девет месеци дете у стомакот и да се кичмам како улава?
    Ја да се тресам ако пукне кондом.
    Ја да се пазам од рак на грло на матка?
    Да ја шишам косата, да ги чупкам веѓите, да депилирам раце, нозе, пазуви, меѓуножје.
    Епа денес ништо не правам.
    Ништо не правам
    За мој, сопствен инат.

    За мој инат.
    За мој инат.
    За сопствен инат.
    Ништо не правам.
    Ништо.
    Ништо.
    НИШТО.

    ПУ БЕ, ПУ!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
     
    На innablood, cinderella5, tessi и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Ако некогаш повторно бидеме заедно, нема да дозволам никој да не раздели.
    Ќе се сложувам со твоите другари, ќе бидам комуникативна, но умерена.
    Ќе одам на фенси забавата на твојата другарка која дури има и дрес код: формално. Ќе облечам лила фустанче и цела вечер ќе те држам за рака, ќе правиме паметни муабети и ќе се смеам на твоите шеги.
    Ќе се возиме во твојата кола и ќе ја слушаме Beggin' и секоја друга песна која ќе посакаш.
    Ќе ти купувам најчизи подароци - шолја со слика од нас двајца, стаклена топка со снегулки, а нашата слика во позадина, приврзок за клучеви со срце кое се крши на два дела, па ќе има еден за мене, еден за тебе.

    Сеуште не сум на чисто со убаво ти е со некој наспроти заљубена си во некој. За да правам разлика вака си ги поставив работите: секој кој бил дел од твојот живот и те променил во некоја смисла, а таа промена ја носиш до ден денес, тој некој ти бил љубов, некогаш.
    Со ништо не сум била опседната повеќе од три години. Ни со нешто материјално, ни со нешто духовно. Освен, погодувате...тој. Ме промени до тој степен што станав бледа копија на тебе. Иронична кучка со Канон.

    Ме промени и не сум те заборавила. After all...you're my wonderwall.
     
    На Buttterfly, sparklie, innablood и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК колку е добро кога човек се занимава со тоа што го интересира, вистински одмор за душата :angel: а со се непотребно занимавање е вистински замор :D

    Нешто многу сум одлетана со мисливе... :rofl: физички сум тука, психички којзнае каде... :rofl: :wasntme:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.218
    Допаѓања:
    139.927
    Денес дојде шефот.
    Според насоките, сите избањати и исчешлани, во празнична облека отидовме да го пречекаме. Со значки како оние со потписот на тито, ако воопшто на некој од овде му текнува, наредени секој на своето место, возбудено чекавме да дојде нашиот водач, и да ни прозбори. Па дури и на најтврдите гласот им затрепери!

    На брзина смисливме некој рецитал, кој на крај излезе непотребен, ама не, требаше да го пречекаме човекот посоодветно, ова не беше доволно. Еве на пример, како кога Тито отишол во Северна Кореа, па можевме барем до толку:
    http://www.youtube.com/watch?v=D7B5efNo7sQ

    Еве едно прилогче од целиот настан, закон е:
    http://www.youtube.com/watch?v=gWuYniXONIQ

    Идеологии. Колку и да сакаш да избегаш од нив не можеш. Само прашање е на која форма ќе и се предадеш.

    Денес фрчат слики по ФБ, ајде народе навалете на лајкови.
    За мене, уште еден чекор поблиску до вратата... мислам, надворешната. Само никако да ја затворам од надвор.
     
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Ајде, напред Вардар :ninja: :party: Мора да тепа, инаку кој ќе го слуша овој мојов :D Душа, ќе се напати, а денес му е роденден :)
    [​IMG]
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.