Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sara2

    Sara2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    154
    Пол:
    Женски
    СДК е ова е коалиција. :D
    Сликата е од моите миленичиња маченцето и Линда :)
     

    Прикачени фајлови:

    • Photo0019.jpg
      Photo0019.jpg
      Големина на фајлот:
      246,4 KB
      Прегледи:
      343
    • Photo0018.jpg
      Photo0018.jpg
      Големина на фајлот:
      248,8 KB
      Прегледи:
      343
    На Buttterfly, la-chicka, Monna.Monna и 24 други им се допаѓа ова.
  2. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    cigarce мене ми се случува тоа од 12 месеци во годината 11 сигурно, еве така беше послениве 7-8 месеци, но послениве два - три дена како да почнуваме да влегуваме во нормала, изместен биориатам тоа ти е, порано ми беше ради нокна смена на работа, а сега ради бебушот. Него ти земи една нок цела не си легнувај но исто и денот мораш да го издржиш да не спиееш ни малку и вечерта ке си легниш во нормално време , и Че спиеш Џоа бебенце ;) :D И после нормално си се вракаш во колосек.


    Бај д веј конечно направиив една генералка :whew: дома беше како боба да паднало, со мало дете и сам тешко е да се посветиш на повеке работи, од жештиниве па и која мрза ме имало фатено.
    Ееее сега можам нозе у вис :emo:
    Викедов одиме Битола, малце кај баба да си го види внучето, најверојатно мама и тато ке избегаат на само до Охрид, малку на младалачки живот, заборавививме како изгледа нокен(бурееееен) живот.
    Па здравје и пари се да испадни како што треба Септември и еден опуштен одмор.

    А до тогаш умствено јас сум овде , уживајте и вие драги мои нека ви патуваат мислите само на убави нешта.Еден е овај живот не вреди да поминиме ни миунта на нервирање ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.665
    Кој ме излажа дека цело лето ќе го преспијам,А?! Да се јави одма! Дека се парите?!
    Абе се мислам ќе се разбудам у боље свееееееееет каде тетките по шалтери се фини,кога се само се средува. Ама гледам на месец дена потоа,ништо не е сменето и тивко плачам у себе! :D
    Како бе не ме тутнат у маркетинг сектор да си играм курташак како сите мои врсници?!А?!АААА?! Она знаеш, ние нешто дрн,дрн,јариња,знаеш овие наши јадни фирми од по 1 до 5 вработени ЈАКО им треба сето тоа...едвај пари имаат за плати,они маркетинг пуфки продаваат. Немој да ме јебеш бре!!!
    Шо си ти копирајтер?! А ми преведува тука идеи од странски копирајтери од пичку си материну! Ела да ти кажам што е професионално јадење бурек,елај!
    Реални ствари ти се кога си дремеш пред компљуктор,кога си работиш со бројчиња,кога се дереш по телефони дека на суд ќе го дадеш ако продолжи да касни, да му стегаш затезни камати, да му раскинуваш договори, да си дремеш на шалтер,тоа се тие нервозни работи,да знаеш дека нешто штрапаш, дека чесно леб си заработуваш!

    Не шала на страна,на кого му треба копирајтер,нека ме побара! Квалификувана сум по сите точки! Имам бујна машта што може свашта, знам да пцујам, темелно размишљам,се фаќам за танчини,цепидлачам ко никој и многу,ама многу сакам да џаболебарам! А плус и плус имам завршено вечерно за сарказам и иронија. И плус и плус,имам високо образование,е сеа нема такво кое ќе ми потврди дека читам се што треба и не треба и дека знам дури и Кардашијан шо праат у моментов,ама никогаш не се знае! Големите гзови увек добро продаваат,некако ќе ви вметнам во она кое сакате да го презентирате!Ха!!!

    И знаете денес што заклучив?! ДЕКА ФАКИНГ СЕКОЈА ФИРМА ВО МАКЕДОНИЈА Е СУПЕРБРЕНД ЗА 2012! Па како маркетинг фирма ќе се рекламира?! Иронија сама по себе,бапни супербренд и ајт,терај! Јебал вас супербренд!

    Ич не сум накурчена,пошто знам дека ќе одам на одмор,а одморот ми испадна боље од што планирав! Од многу причини! ОД МНОГУ!!! Па то бре романтика, па то бре сум ослабуела за 5 дена, па тоа бре убајна, ќе ме какаат ангелите што какаат нутела,па ќе се вратам кафеава! Па тоа бре луѓиња што ги сакам бе, па тоа бре другар ми што ми ги крцкуе коските кога ќе ме гушне,абе ауф!
    Уште да смислам како да штинам една персона нон грата за на кафе... Па види вака... постојат луѓе на светов кои мислат ако ги удостоиш со кафе те поседуваат. Мора да се дружите ЗАСЕКОГАШ! Нивни сте! Може да ти се јави коа сака, да те праша што сака и ако фатиш дечко да биде повреден! Ми се деси де еднаш и као...испрати ми слика да го видам што копук е?! :o :D Молим?! НОУ! :D
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  4. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Јас го обожавам летото.
    Во лето, живеам.
    Но, ова лето, посакувам да заврши побрзо од било кое друго.
    Тоа не е поради тоа што ми е лошо, туку поради една друга причина.
    На крајот на Август ќе заминам на долго посакуван одмор, на едно многу, многу, многу убаво и преполно со спомени за мене, место.
    Тој момент го очекувам со цело срце и едвај чекам да му дојде крајот на Август, иако се' уште не ни започнал. :$
    Мислам дека тоа ќе е одлична терапија после се што ми се случи.
    Еден вид преродба, исполнување на долго неисполнета желба, достигнување ..
    Сакам да отидам таму и се да заборавам.
    Јули уште не завршил, но отсега знам дека Август ќе е еден напорен и доооолг месец.
    Среќна сум што имам можност да присуствувам не неколку културни настани во Август, и тоа ми озвозможува забава и побрзо минување на времето.

    Септември ќе биде месец за докажување на себеси, не пред другите, туку лично пред себеси.
    Ме чекаат многу предизвици и спремна сум сите да ги поминам.
    Посакајте ми многу среќа, бидејќи ќе ми биде потребна. :)
     
  5. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Само глупав човек може да ти направи да се чувствуваш глупаво.
     
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Сакав јас да кажам ама од ко напишав се,по грешка на табот му удрив Х :@ :@ :@ Ќе го напишам попосле пак :@ Ми иди клоца да си манам!!!
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Како и секој нормален човек, сакаш да си ја видиш една од најдобрите (констатацијава е исклучително релативна :^) ) другарки. Си ја видел трипати летово, значи во 60 дена издвоила околу 6 саати максимум, од кои двапати било на твојот и нејзиниот роденден, а еднаш си бил чекална и занимација во времетраење од саат и пол, од кои половина саат се поминуваат стандардно на телефон со дотичниот дечко, наредниот саат во гледање на рачниот часовник и фаќање штрафта за нешто помалку од 90 минути. Средбата нормално, повторно е со повод, да се видиме пред јас да отидам на одмор, затоа што брачниот живот е ПОЛН со обавези и не може иначе онака, чисто рекреативно да се испие кафе или нешто да се направи. Строго по повод. :!:

    Кога ги сретнав брачните неразделни партнери, на прашањето, ајде кога си слободна, значи јас ја прашувам ДРУГАРКА МИ, а не тебе господине, добивам одговор - Чекај јас со другарчињава да се договорам, па ќе ти кажам кој ден е слободна, петок или сабота. :^) И додека јас мислев дека типов се зафркава, типов озбилно мислел. Извини, секретар, помошник, организатор? Не, дечко и е. |(

    И сега седам, не можам, не можам и не можам да се изначудам. Заедно немаат ни 40 години а се однесуваат бетер од, од... од не знам кого и кој. Еве чекаме повратна информација, чекам да ме вклопат во распоредот. Како тоа они да се разделат, несфатливо, незамисливо, невозможно. :emo:

    На крај, си викам па и јас, зошто да сакам да видам некој, кој не сака ни тебе да те види. Нека си тераат живеачката, очекуваме покани за свадба кај и да е... :clap: Жално. Ама избор, нејзин избор, ајде, да го почитувам. Само да не биде работава како што е на секои 3-4 месеци, ама јас не знам дали го сакам, ама јас вака, јас нака. Прва сум да помогнам, а последна на ред во распоредот за виѓавање. :puke:
     
    На Buttterfly, crazyinlove19, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК дека ништо не лечи толку добро колку женско друштво освежено од коктели и летно ветре 8) :d: Направивме секакви муабети сериозни,смешни,поучни,се што ни текна :) И арно кажаа,зошто да се нервираме само ние,нека се нервираат и машките.Дојдовме до заклучок дека сите за едно исто се расправаме со нив.Па нека пораснат,неможи секогаш само по нивно. Решив дека нема вчера да ми го расипи тој расположението,отсега како тој така и јас.Мислеше ако исклучи мобилен пак јас ќе го молам...се заебал гадно! Не го барам повеќе. И ќе се дружам колку сакам,лето е,сите излегуваат,јас не ќе седам дома,нормално дека ќе излезам.
    Со другарките таман стигнавме до кај мене,се втури да врни,па ми дојдоа на гости малце :D Им викам седете дури преврни,не ве пуштам :D
    Пред тоа по традиција бевме до црквичето кај што се слави Арангел (т.е. Архангел е,ама така си го викаме :D ) и убаво е чувството ко ќе се помолиш и запалиш свеќа. Некако ме смирува. Кога бев во Бг,почесто го правев тоа,ама ќе се навикнам и овде :)

    И да,сакав да ви кажам да го искористите времето и особено летото за да се дружите,да си направите незаборавни моменти на кои ќе се сеќавате долго време и ќе си се смешкате после тоа,да се собирате со другарки и да прошетате бидејќи после почнуваат обврските и не секогаш имаат време за да се видте.Овие собирања сега ми се после долго време,обично почнавме по свадби да се гледаме,само со најблиските другарки се договараме да се најдиме. Гледајте да најдите време да се видите,ако треба и одделно со некоја,бидејќи се помалце време ни останува.Можи да е поретко,но не прекинувајте контакт воопшто. Друго е кога си со другарките :)
    Затоа денес наздравувам за ПРИЈАТЕЛСТВОТО!!! Cheers!
    (можи не напишав се во постот ко преѓе,ама тоа е што сакав да кажам)

    http://www.youtube.com/watch?v=ZR0v0i63PQ4
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Serafima, Adi888, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  9. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    На Adi888, JoxyTheFreak, Anna-Banana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    [​IMG]
    :x
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.448
    Допаѓања:
    91.784
    Пол:
    Женски
    Скришен бакнеж од девојка му, као најсладок е. Ако, сабајлечки ми изнуди насмевка. :wasntme:

    Операција успешна, пациен мртов. Резултати од арни, поарни. А болна сум мајке ми :worried:
    Изгледа ќе излезе точна дијагнозата на една од првичните докторки кај што бев, дека ме боли мускул од што сум слаба. Па и јас викам де дека треба да се здебелам.
    Од утре се фрлам на вежбање и дупло повеќе храна од до сега. Мама и така ужива да е во кујна, па после да не гледа како со сласт јадеме. Ќе си ја викнам и тета утре да направи некој нејзин специјалитет, а сега ќе ја чекам пицата да ми стигне.
    Одмарам еден месец од доктори, ќе се ставам као на мој режим, па ќе видиме резултати после еден месец.
    И супа што замразев, замразев, него после денес ни вода нема да посакам да се напијам.

    Сестра ми вика- Даде готово е кафето. Па повелете :)
     
    На Monna.Monna, JuLleE, lunicka и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Знаете што сакам да кажам?! Епа не се грижам повеќе за ништо,ама баш за ништо?! Ме сакаш-те сакам?! Знам.Епа неморат да ми признајш! Јас се извинувам.Знам дека се плашиш дека повторно ќе те повредам.Ќе дојде ред да ми признајт! :rock:
    Туку друго ми беше мене муабетов,абе ќе ме отселат од зградава комшииве,ваква комшика ко мене тешко се наоѓа или воопшто не се наоѓа.Во олку смуртена зграда само јас им разбивам монотонија бе.Што е ова сите вакви скислени луѓе,скислени фаци.Мада генерација моја немат,уствари имат бе двајца машки под мене.Ама они рапери се. Ма пушти бригу на весељу!
    Се музицирам бе девојки,в крај музика пуштена. http://www.youtube.com/watch?v=Qq4j1LtCdww да пиштит в крај пуштено,ваков тип музика.
    Ма ми е галје.Си му е живеам јас. Ко можат по цел ноќ да ми пуштаат тие шабанарија,јас ќе си слушам то што си сакам! Па преку глава ми е од свадбиве,и од таква музика.Денес решив да си го слушам ова ;) А и малце сум нервозна,па си се релаксирам.
    Туку ај доста да не должам јас многу.Ау да бе. Ич не сум спана.
    Да ти ебам мувата,да ти ебам.Појма немам од кај влегла,абе цел ноќ не ме остави да заспијам.Се заљуби мувава во мене.Арно ама ко и станав,и една оп однопаку и ми припадна! :rofl: :rofl: Епа не ќе те ланчам,драга моја! :fubar: Еј знајте друго што вечер сум на роденден,ама ич не ми се оди.Ама ич!

    Have a nice day girls !!!!! :* :hug:
    [​IMG]
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Многу ми е убаво кога на ваков убав празник ќе станам рано наутро и ќе отидам во црква.
    И уште поубаво се чувствувам кога ќе видам дека црквата не е празна, туку постојано доаѓаат верници да запалат свеќа за здравје.
    Денес со братучетка ми и двете славиме - таа има именден, а јас си го славам празникот заради мојот заштитник. Веќе 8ма година на овој ден одам во црква, оставам зејтин и палам свеќи. Свети Архангел Гаврил ми е чувар што ме спаси тоа кобно лето пред девет години.
    Откако кревавме лепче за именденот, влеговме во куќата во склоп на црквата каде живел татко ми кога бил дете. Ја видов неговата соба, собата на чичко ми и тетка ми, кујната и дневната. Но, веќе ништо не е исто како што било тогаш, затоа што одамна куќата е реновирана и претворена во канцеларии каде се свештениците.

    По повод мојот празник, ве частам тазе зелник со спанаќ и сирење што го смеси една моја баба.
    Уште е топол, прсти да си излижеш!
    [​IMG]
     
    На Buttterfly, bittersweet, Crixus и 21 други им се допаѓа ова.
  14. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Мене не ми се јасни оние типови на луѓе кои се зависни од фб мислам еве одат на одмор и уште се на одмор тие бре луѓе мили прават албум *Одмор4е 2012* и секојдневно репаат слики во него зар толку ви е тапа и досадне одморот па имате време да одвоите за фб? Ејјјј луѓе одмор бе значи да си се опушрите да се реласкирате и од интернет и од телефон и од се, а после кога ќе си дојдете правете албуми и со по 200 слики или па неможете да издржете да се вратете. И кога ќе размислам подобро тие не се зависни од фб туку се зависни од фалење и одма репаат лики од собата, од терасата на хотелот, од коктелот на плажата и од такви глупости чиниш на нас другите срце ни плаче да видеме каде сте нво моментот ц ц ц ц колку плиток народ постои :x
     
    На Monna.Monna, Aleks96, TheKiketoo и 2 други им се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Постојано се трудам да ја научам мајка ми дека некогаш треба да каже не или да врати на нечие однесување со исто такво. Постепено сфаќам дека не е тоа нејзината наивност или сила да неможе да врати, туку огромното трпение со кое располага. Сфаќам дека јас сум таа што треба да учи од неа, а не таа да ги слуша моите брборења. Ама, кажете сепак, нели е неубаво кога гледате дека некој можеби ја искористува вашата мајка. А таа секогаш дава нова шанса, онака, со насмевка, расположена. Затоа што, добриот гест, добрите го памтат, а лошите ќе ги држите на дистанца, никогаш во животот нема да знаете кога некој ќе ви притреба. Трпение.

    и
    Lately I am beginning to find
    That when I drive myself my light is found
    http://www.youtube.com/watch?v=fgT9zGkiLig
     
    На Adi888, Hayley, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Фемина како ми го гаѓате хороскопов не ми се верува :D
     
  17. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Ех, што си изнакршив јазик вчера, свака ми част. Иако знам дека и звучев смешно на дотичната соговорничка од Австралија, нема везе, кога она воопшто не знае македонишен, зошто мене да ми е срам да утињам со англиската граматика. :lol: Си се тешам де 8)

    Вчера си поминав прекрасно, се изнаурлав, иако Вардар не успеа да постигне гол, битно јас се издував и со полни батерии сум до крајов на неделава. Треба почесто да гледам фудбал, немора на стадион да е, пред телевизорче со пивце и кикиритки. :wasntme:
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Храброст е кога човек сам ќе успее во животот, не е храброст истакнувањето на своето его и притоа добивајки неавтентичен сертификат за неговата наводна храброст.

    А... ^_^ и конечно ја добив книгата од промоцијата ^_^ ^_^ леле убаини :emo: :angel: ^_^
     
    На Hayley и Serafima им се допаѓа ова.
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    СДК на некои од возрасните ги фаќа пубертет откако на нивните деца ќе им заврши.
    Едното дете со завршен факултет, другото при крај, таткото со швалерка. Се исселил од дома, каде оставил жена која била со него за најголемите радости и најголемите маки. Жена на која единствена преокупација и‘ се работата и домот.
    Децата, иако веќе и тие возрасни, се‘ уште се однесуваат како деца: тато купи кола, тато плати одмор, тато баш си фин и многу те сакаме.

    Срамота! Жива срамота! Нит ги знам нит ги познавам луѓето, ама тоа не е човечко. Зар вреди за четири тркала и 20 дена луксуз во Турција да ја гмечиш онаа која те родила, да ја понижуваш и да ја правиш подолу од го*но?! Вреди ли?!
    Ова ни беше тема на разговор за време на денешниов ручек. И следново што ќе го кажам никој од нас не го изговори на глас, но сите истото го мислиме:
    Среќна сум што на крајот од денот родителите седат на истата маса од пред 20 години, но и ја делат истата љубов и почит од пред 20 години.
    Среќна :)
     
    На Buttterfly, la-chicka, Hayley и 20 други им се допаѓа ова.
  20. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Ми се смачи од тоа да ме силуваат грозни типки на ФБ со полуголи слики и напрчени усти и стегнати цицки. Ај па да е некоја полупрофи или профи слика можеби и ќе прогледам низ прсти, ама слики од мобилен во ВЦ ми се одвратни, особено со ваква тематика.

    Имам една таква во пријатели, ја познавам инаку никогаш немало да се најде таму, девојчето беше некогаш симпатично, ама одамна не е. Ваљда под влијание на комшиските турбо ѕвезди успеа да се претвори во благо кажано страшило и секојдневно малтретира со слики и тоа строго од ноќни излегувања и самослици со напрчени усти и обавезно стегнати и разголени гради пропратено со некоја "умна" мисла обавезно ископирана од некаде зошто се сомневам дека има капацитет за да и текне.

    Едно време се мислев да и пишам порака зошто гледам никоја од нејзините "другарки" што и ласкаат не и кажуваат дека се познаваат двојните веѓи на пример (да, имаше компјутерски додадени веѓи над нејзините без да ги избрише барем старите) ама во последен момент ме спречи сестра ми. И во право е девојчето, што има јас да се замарам со такви фаци во животов и да им се мешам во нивниот избор и начин на живеење.

    Затоа лепотице те бришам ја тебе денес, ме заболе Стојна за тебе и твојот "бурен" живот.
     
    На LilBaby и CIA им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.