Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Нека пропее веќе џамијава цел ден чекам за да ми гледаат на кафе |-)
     
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    СДК седам со празнава чаша од нес до мене и се мислам. Празен е и мејлот, а празна сум и јас. Ни телефонот не ѕвони... Се надевам дека ќе заѕвони што поскоро, стварно сакам да ме повикаат на интервју. Ајде, не губам надеж, има уште време, можеби ќе се јават :mp: :call:

    Сама сум веќе 2 недели. Снемав пари, па почнав да трошам од тие за одморот. Ах... Маки. Ајде нека дојде време да одиме, зошто ако продолжам вака, ќе немам со што да одам на одмор. А ништо посебно не купувам, париве летаат за леб, млеко, јогурт и слични работи. Сега сфаќам како се трошат пари за ништо. Ми беше и роденден, па и брат ми ми даде пари да си купам што сакам. Си купив, не дека не, убави работи си купив, ама сега посакувам да не купев, зошто немаше да треба да си ги трошам парите за одмор.

    А ми се оди во шопинг, ми се плаче. Ама онака јак шопинг, по можност во Солун. Дечко ми ме зафркава: ’Ај ако сакаш не идеме на одмор, ќе одиме до Солун и ќе се изнакупуваме’ :lol: Радо би, ама уште порадо би да поминеме малку време сами, на планина, да се посветиме еден на друг и да уживаме. Ми треба тоа. Многу работи ми требаат... И што е поентата само да трупам алишта и чевли во плакариве кога немам веќе каде да ги сместам, а и да ги носам? Барем да одев на работа, па да си се нашминкам, дотерам, облечам, налицкам... Вака не ми е мерак, веќе и тоа ми е досадно. А и во наредниве 2 месеци не смеам да помислам на штикла или сандала на плaтформа, зашто си ја свиткав ногата пред некоја недела и уште ме боли, а и кога ја снимав ми кажаа едно 3 месеци никако на високо :doh:

    Туку, сешто кажав, а всушност ништо не кажав. Сакав да кажам дека мора наскоро да почне нешто да ми се случува во животов, нешто поразлично, зошто ќе полудам. Ми треба нешто да ми ја размрда ужаснава монотонија, ама нешто убаво. Нова работа би било супер for a change :nod: И така. Ајде, биче боље, не може ова вечно да трае :hai:
     
    На Doozy, LilBaby, Trendafilka и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Сите бараа патнер сличен на себе, јас барав различен. Ми беше потребен некој кој во мојот живот ќе ги внесе квалитетите кои јас не ги поседувам или ги поседувам недоволно...И најдов и веќе 15 години сме во складен брак.
    Често знам да му кажам - јас и ти сме како лева и десна хемисфера, така се надополнуваме, совршено.
    Јас сум срцето, тој е мозокот. Јас избувнувам- тој смирува.Тој стои цврсто на земја, јас сум фантазерот. Тој е отворениот друштвениот, јас интроспективната. Јас сум за чистота и ред, а тој за креативен неред....

    Компромиси, прилагодувања некогаш повеќе од моја страна некогаш повеќе од негова, но нема ништо полошо од постојано настојување партнерот да го претвориш во сопствен одраз.

    Тој ја сака природата, селото, а јас сум за урбана џунгла...или бев. Искрено, се повеќе ми изгледа привлечна неговата идеја (иако пред некоја година косата на главата ми се дигаше од ова) за живот на село, идиличен, без стресови. Кога ќе заминеме во пензија, така си коваме планови.
    А најново му е од пред некое време, кога ќе се пензионираме да купиме трајлер и да патуваме низ Европа. Што тие на тебе-одма јас се вџашувам-кој ќе ни ги чува внуците! Јас веднаш почнувам со нервоза, кавга, за да на крај заврши со смеа, ко во народната за Нероден Петко...

    По 15 години брак можам да кажам дека разликите повеќе не спојуваа, одколку што не раздвојуваа. Едноставно е потребно да го прифатиш партнерот онаков каков што е, постепено да се прилагодувате и менувате, без лично незадоволство на една од станите....и да се најдете негде на средина.
     
    На Buttterfly, bittersweet, imelda и 42 други им се допаѓа ова.
  4. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Целосно си во право и го поддржувам ова твое мислење; но да разграничиме дека не секој е подготвен да прави компромиси, да прифаќа карактери, па дури и да менува некои свои идеи и размислувања за другиот во врската/бракот. :)
    За жал во повеќето врски не постои такво прифаќање од двете страни.

    Како и да е, убаво е кога ќе најдеш заеднички јазик со некого и покрај разликите, како во твојот случај.
    И јас се стремам кон тоа. :)
     
    На Sexybaby86, Peppermint и zhap4e им се допаѓа ова.
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Си направив ладна варијанта од кафето, знаете како по кафичине (со си цефка)... и прво му дадов на тато, бидејќи знам кога тогаш ќе ми земеше (најслатко му е така). Туку една смешка падна меѓувремено: ми прашува тато каде е ацетонот и му објаснувам, тој рошкат и викат: хидроген? И јас само му враќам непромислено: Не, цитроен! :geek: :rofl: Уште толку го дозбунав човекот, ама ајде со себетот, дојде и пак се напи една голтка кафенце. :coffee:


    ~ А вечер, оооо вечер ќе биде детска градинка, мојата внука, најМилата, прави 3 години! :^: Леле, абе многу си ја љубам и сакам! Еднаш бевме на гости и таму имаше уште 2 момчиња мали, ама бељаџии, и едниот ја удри во окцето, абе ми се распара срцево, како на мое дете да удрил! Никогаш предходно така не сум се почувствувала. Ах дечиња, мечиња, срциња, душиња! :hug:
     
    На Monna.Monna, anabel-a, AnaKarenina и 4 други им се допаѓа ова.
  6. trendafil1

    trendafil1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    20
    Johnny, la gente esta muy loca, WHAT THE FUCK
     
    На BlackAndWhiteSwan му/ѝ се допаѓа ова.
  7. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Подобро е да бидете среќни,и онака на никого не му е гајле кога не сте!

    Денов убав,половина преспиен ама шта чеш,па нели е лето,а во летото е се дозволено. Треба да се пакувам за викенд а јас абер немам,едвај чекам да дојде утре,да заминам,таму секогаш ми е убаво.
    Таму немам никакви грижи ниту пак проблеми,за нив нема место таму,нив фино лепо си ги оставам дома. Кој знае, можеби кога ќе се вратам ќе исчезнат.
    Ех колку ми е потребно едно магично стапче... Можеби ќе си купам,а можеби го имам,но не знам да го искористам. Изгледа фатило прашина.
     
  8. honey95

    honey95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    Пресреќна сум иако мислам дека не треба да бидам!
    Едвај чекам утре да јадам гумени бонбони со водка!
     
  9. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Си направив прекрасен маникир /...... :D
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.665
    Зошто се повеќе сретнувам луѓе кои кога раскажуваат за нивните родители на некој друг, ги ословуваат како мама и тато,место мајка ми и татко ми?! Зошто?! Не ми се и мене мама и тато,јас имам мои мама и тато. Некоја нова мода на лигавење?! Ми звучи као српски јазик, изрод јазик (ете не сум напишала јазик,не мислев на човекот,мислев на јазикот),па као се пренемага.
    А башка... има и толкување за луѓето кои ПОСТОЈАНО си се обраќаат себе си во трето лице, а не само кога сакаат да бидат саркастично егоистични и оние кои за своите родители раскажуваат со мама и тато. Се разбира лошо е и кога ќе слушнам некој со старата и стариот се обраќаат. Исто така смешно ми е кога им се обраќаат на родителите по име. Не е за мене татко ми Петко,за мене е тато кога му се обраќам, за другите е татко ми Петко и мајка ми Васа,а не само Васа.
    Ситници,ситници,ама многу зборуваат. Тинк абаут ит. Знам дека многу ќе се пронајдат,ама не е со некоја негативна намера,верувајте.
    Ај се друго до џавола, секој со своите проблеми,ама мама и тато,а зборува пред друштво или дечко/женска за нив...јаикс...
     
    На Monna.Monna, cinderella5, Lepaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Тишината добива движење. Се движи, како патник уморен, низ процепите на сувата реалност. Го читам Никола во Граѓански, во Тмобиле списанието. Ми текнува како раскажуваше за потеклото на своето име, презиме, пориви. Мекост и благост во поезијата. Небо, и камен. Свет полн со пламен.
    Го сонував. Му пишав, зборувавме за Игор Маџиров. И таа сенка златокосеста ја сеќавам. Многу нешта во главава, во мислава, поплава од реченици ми надоаѓаа.

    Уморов ме совлада ко на бојно поле. Петок ми е денес. Еден куп работа завршив денес, и добив пофалба од менаџерката, иако мене сите тие нешта ми се сомничави... Да, во таков некој филм си западнав денес.
    Мекостите се одбрани само за мене и него. И спиењето на полувлажен чаршаф од несоница и сласт, душкањето носеви и шепотот дека сме си еден за друг и ждригањето од кока колата, чкарт фудбалската утакмица, моите рецензии во три по полноќ и утрешните подочници што му прават место на уморот поудобно да се заседне.

    Дома, сармички и мирис на салца, доматна. Даде растурила еден куп алишта низ соба, патува утре. Јас, патувам секој ден. По малку. Измислено. Им пратив на професорката и Никола прашалник за рецензијата моја во стихозбирката, па се надевам дека ќе ми одговорат. Мотивационото писмо го мислам, ама некако денес не ми се мисли. Уште ќе си се штанцам и гланцам. Депилација, масажа и возење точак. Планирав да си ја освежам шишкава, ама сам свој мајсторски ќе си ја уредам. Ме мрзи, се’ ми е некако разлигавено, разлабавено, како во аквариум. Слушам убав албум од Beach House, дефинитивно се разгалив музички. Two cellos у Охрид, а јас не можам да отидам, ме фаќа нервоза, и после си викам - што ми е гајле, на официјалниот сајт ќе им пишам дека ги сакам и во Скопје. Хрвати се, го можат тоа! :)
    Ми треба одмор. Онаков, да не знам која плажа е, кој ден е, каде сум. Само млеко за тело, книга, мнооогу коктели и див секс. Ептен. Со него. Ништо повеќе. Скопје ми е младост, радост, но и гадост.
    Сакам Друго, сакам Таму.
    Ама, ајде да дојде веќе септември....
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    3.337
    Пол:
    Женски
    lazy day..a другаркиве ги нема ни здраво да кажат, мислам ок , мило ми е среќни сте , си имате love life, ама кога се карате/раскинувате јас сум ви секад бр.1 опција за плачење на рамо, за давање совети, бришење солзи, сослушување на истите причи по којзнае кој пат, али тоа го прават сите другарки така..барем сите што се вистински другарки.

    за една е**на работа ја замолив мојата т.н. најдобра другарка да одвои време за мене, ама ништо од тоа, приоритети си се приоритети, so fuck our friendship, right?! -whatever |(

    & i so need a vacation, oh well soon ..

    уште малце и на џогинг-најдобрата летна релаксација за мене :)
     

    Прикачени фајлови:

  13. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Супер е тука, поздрав до сите 8) :*
     
  14. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Лилит,ама ме потсети. Имам јас еден комичен состанок со еден дечко што за неговите зборуваше со мама и тато. Ми вика леле тато ме барал :D :tmi: Цела слика за него ми се растури,а богами се разочарав и од мојата моќ на проценка на луѓе.Испадна бајаги недозреан покасно. :)


    Леле каква е таа нова мода, професорки/професори да имаат на фб пријатели ученици на кои што уште им предаваат. Брука не видена. Разбирам јас да имаат некој профил за комуникација со учениците , зошто стварно е корисно, ама не да има коментари, навреди,улизување. Под итно треба да ги однесат на лекар да ги проверат пред да ги стават на така одговорно место.

    За мене да си професор е свето нешто. А, кај нас овие пола се со трауми,искомплексирани и налудничави. Да не знаеш како да постапуваш со нив. :|
     
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.571
    Пол:
    Женски
    Сакам на кажам неколку работи на некои личности

    Персона број 1-Не сум лута,те разбирам дека е така,ќе се стрпам до септември

    Персона број 2-Жено иако си ми другарка ама навистона си кретен.Зборуваш едно за 2 минути друго,и воопшто не капираш колку си контрадикторна.Не можам да те пратам жено!


    Персона број 3-Попаметна личност не сум сретнала во животов,задоволство ми да учам од тебе,првенствено зашто си нормален и покрај својата интелигенција.Ама можеше да направиш подобар избор во врска со твојата идна сопруга.Со среќа ,ама...

    Персона број 4-братучед,машкиот патец на страна не е во мода веќе 20 години

    Персона број 5-Ти навистина ли си луда комшивке дека јас ќе го направам тоа за тебе.Читај ми од усни н-и-к-о-г-а-ш

    Персона број 6-Само чекам да добиеш крила од тоа колкав си анѓел

    Персона број 7-Извини мамо што не сум совршена ќерка.Можеби сте требале да усвоите друго дете :( ;(
     
  16. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Се вратив пред малку од кампување во кампот на сестра ми каде бев со дечко ми и само ке кажам едно- да даде Господ некој ден да имам доволно пари да можам да си го препуштам тоа задоволство да си купам камп приколка и да ја стационирам на истото место каде што е на сестра ми. Кој има кампувано знае! Отидовме вчера се вративме денес. Дечко ми беше воодушевен и не му се вракаше дома, а исто и мене. Е сега ке речете кампување, инсекти, боље е во соба. Чекајте да ве просветлам- не е подобро во соба. Кампувањето за мене е најблиску со, вашиот дом на место каде што сте решиле да го минете одморот. Толку топла атмосвера, апла како да си дома. Се шеташ на бикини по цел ден, луге, салатка и све четре у вис. Дебели сенки од високи јавори, жештина не се чувствува. Имаше многу македонци па тоа ме потсетува да ви кажам. Како е можно луге кои се отидени на одмор да се замараат за турските серии? Леле леле којзнае што бидна дали Хурем и Сулејман ке бидат заедно на крајот. Перо порфавор, одмор пред се е оддалечување од технологии и отровни шпански/турски/индиски серии. Одмарајте луге кому му е гајле дали Хурем и Сулејман ке се заедно и дали некој ке умре. Како и да е во следната серија на сител или канал5 пак ке воскресне. Ај чао одам да гледам Очајни Домакинки и да сањам малку потоа.

    http://www.youtube.com/watch?v=COooO9VOwqM
     
    На Divinebutterfly, Monna.Monna, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Дојде конечно денот. Вечер одам на печалба, на шетање, на журкање... :D Колку толку ќе ви пишам од Германијата, ама поактивно ќе се дружиме за 3 месеци. :D А сега поздрав од Виена, и бидете ми умни, живи, здрави и весели. :*
     
    На Buttterfly, sweet-cherry, LivingGlam и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Дечки еве ме и мене, стигнав здрава, жива, супер ми е по цел ден на плажа, уживам ептен малце фатив боја :D комарци ме испоизедоа :devil:
    Ми недостига Македонија, ми недостига домата :rofl: сестра ми, мајка ми :doh: ми фали и Петко :$
    а по малку и господин Х :tmi:

    ми фали и форумов, ми фали да пишувам нон стоп, да ве читам... :hug: :*
     
    На RIRIFENTY и Serafima им се допаѓа ова.
  19. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Леле ама сум запнала за едно те исто цел ден.Отупев веќе со размислување ,дилеми трилеми божем ако размислувам повеќе ќе знам последици од ако направам вака или онака.
    Главоболка добив 3 пати а решение ниту еднаш,зашто едноставно нема .
    Да можеше друг да реши место мене ,не.
     
  20. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Не го сакам топлово, иако цело зимо плачев да дојде лето, сум погрешила. Сакам кога ќе станам, да погледнам низ прозор и да видам снег - се да биде бело... И да.. правењето снешко сеуште ми е омилен ритуал во зима. Сфатив, подобро ќе се смрзнувам од студ, отколку вака телото да ми пука од топло. Да ги облечам оние мои омилени чизмички :$ и да го вдишам зимскиот чист воздух, ДА СЕГА.. ТОА МИ ТРЕБА! Не го сакам летово, воопшто, сакам зима! Лето, оди си :devil: !!
     
    На Elichka му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.