Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски



    Девојко незнам за колку долга врска се работи и жал ми е што нема да можам да те утешам колку и да мислиш ти дека времето лечи се не е така јас во мојата 4 годишна врска се скарав со мојот ради една личност која измисли мн афери за мене и него не би да навлекувам по далабоко во ова и зато јас и он се скаравме и од ове 4 гоини не зборевме 6 месеци не му се јавував не му пишував и бев полна со омраза и сакав да му се одмаздам токму како тебе, мислев дека сум го заборавила и дека веќе не го сакам случајно додека седев на една од клупите во бисер со другарка ми помина тој и сватив дека сеуште го сакам тој ме погледна и после неколку минути ми се јави и ми рече те молам да разговараме не дозволувај другите да не разделат тоа што ти го кажале не е вистина и благодарение на тој ден кога јас прифатив да разговараме сеуште сме заедно затоа не ги потиснувај својте чуства која и да е причината седни и разговарај со него можеби ке најдете решение
     
  2. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Не знам зошто за да продолжиме понатака, чекаме амин од бившиот/ата...
     
    На Lepaaa, Magnolija и kravce им се допаѓа ова.
  3. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк имав многу за кажување и пак си кажав "Не е моментот за сето тоа да биде кажано." и си ги ставив дланките на усни.
    А моментот беше тој, вистинскиот.
    А јас го пуштив да ми помине пак низ прсти,по малку несвестно-парализирано од стравот во мене.


    Како ли јас да пораснам :?:
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.119
    Допаѓања:
    67.121
    Пол:
    Женски
    Конечно утре почнуваат Игрите, едвај чекам. Не се сметам себеси за некаков си љубител на спортот, ама Олимпијадата ми е прирасната за срце, единствено нешто што можам да седам и да го пратам цел ден, без разлика на спортот. Не знам зошто, ете ми се родила некоја приврзаност. Знам кога ги гледав на 16 години, си викав ехеееј после по 4ри години, па којзнае кај ќе бидам, колку многу се 4ри години, па потоа пак уште 4ри години... И еве сега на 24 години, си викам којзнае што ќе биде до 28... :)
    Многу, многу се радувам. :) А посебно за пливањето. Хух.

    Денес ништо од вечерното излегување, со мм демек на ручек отидовме, па се заседнавме, се запивме сред бел ден во едно кафанче, ај уште едно, па уште едно и... :lol: Па после нели се по ред да ги завршиме домаќинските работи и си летна времето. :)
     
    На Lepaaa, Bozica1980, strangewoman и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Lide-Lidija

    Lide-Lidija Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Сдк дека токму сега сватив колку е тежок животот.Пред голема одлука сум си и навистина не сум сигурна што сакам,што е најдобро за мене.Сакам да мислам и со срце и со ум,а неможам чувставата ме водат.Како и да е,мислам дека подобро ке биде животот да го поминам со некој што го сакам и знам дека ме сака,отколку со казни дома и со изгубена доверба кај родителите.Ама пак од спротивна страна си викам што ако не најдат и ке дознаат мајка ми и татко ми?? Тогаш бетер,којзнае дали жива ке останам од тепање. :?: ;( ;( ;( Сепак ке бидам решителна и ке се обидам да застанам на свои нозе,а не да зависам од родителите............ ;( ;( ;( ;( ;( ;(
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.666
    Могуќе е. Не знам,ако мнозинството вели така,ќе се инфилтрираш,навика е ако веќе сите викаат така. Помеѓу брат и сестра и слично,ок,да,разбирам,природно. Ама на другарка ми да и речам,мама ми рече... што ми рече мама?! Да се дружам со тебе?! :D Еве да речеме дека е до крајот,па е дел од дијалектот,начинот на изразување,ама еве во Скопје,не викаме така и кога некој ќе рече,мама и тато пред друштво, сите се гледам као :^) ,хм... А и имам читано, до душа искуствено и издржало вода (ете со исклучок ако во некој крај се вика така,па ок,попримено е), кога некој раскажува за своите родители имаат инфантилни и несигурни елементи,несозреани и независни од своите родители. Се уште се доживуваат незрело и детски... Така што... Не знам,за мене,а и повеќето кои ги знам чудно е мама и тато и старата и стариот (ова па ептен, сум губела цела една слика за личност заради тоа. Како ги третира родителите така ќе те третира и тебе,независно дал си другар/ка или дечко/девојка). За жал, тој однос си трасира какви личности сме или ќе станеме. Ете во овој случај,нека е исклучок,не се работи за истата ситуација,па во случајов хоу хард филингс.


    Он ди адр сајт... права родителска љубов...коа на татко ти му ѕвониш со најубавата верзија на песна со твоето име,И...И! ти купува кока кола лајт зошто си на диета! :!: :D
     
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека поболна депилација во живот не сум имала. Поцркав.
    Веќе не стапнувам таму. Бикче, крема, било што, ама депилација на препони - не!
    Дај нека излезе некој тренд со внатрешни плетенки „таму“ да се шетаме. Боли у пм. :D
     
    На Cacy, Lepaaa, Butterfly15 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.196
    ^

    Мислам дека го сванав муабетот. Ако не :tmi:
    Кај нас тука е чудно некој да рече „ми се јави мајка ми“, бидејќи никој не зборува така овде. Дијалектот ни е таков што не дека не ни дозволува, туку чудно е. Ако речам така ќе ме гледаат како од Марс да сум падната.
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Ај да се изјаснам и јас на прашањево:
    (колку што сум забележала) ако речеш мама, тогаш се смета дека твојот соговорник ја познава твојата мајка, а ако речеш мајка ми - дека не ја познава. Не знам зошто, ама ова ми има логика, или бар така сум навикнала, па така и го практикувам.
     
    На Monna.Monna, Doozy, blaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    СДК дека сум уморна , неодспана и неможам да заспијам...Цел ден трчи на плажа, на ручек, се шетам цел ден а не сум спиена ич...Вечерав околу 8 часот и си викам ајде ке си легнам во 9 да се одморам , секако сабајле треба да станам во 8...Си заспав така слатко јас и кога наеднаш БУМ...Од памет се извадив, во 1 часот после полнок музика ( некои дечки очигледно попиле мало више ) пеат викаат....Лелеле полудев :@ и видов дека небива да заспијам , си реков ај ке станам, си пушив цигарче и еве ме на Фемина си читкам неможам да заспијам...Се мислам воопшто да не ни легнувам оти веке 4 ке ме фати... :)
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.666
    Ај да се збереме на охридски самит и да го разрешиме прашаево,мојт?! :D Се молат Ливинг и Хипица да го организираат,ние сите ќе дојдеме и ќе разговараме по прашањево,а поверојатно е дека ќе цугаме коктели и ќе се бањаме во езерото. Ние скопјанишчана безобразни, ни мама,ни тато, и ќе ви мочнеме во енѕероно и така правдата задоволена,универзумот у баланс.Mоже и да направиме една контемплација по ова прашање колку да ја задржиме поентата на самитот и да има за што да се правдаат парите! :D

    Еми,можда и грешам, јас ви кажувам како некаде звучи,не се фатив за дијалекти и навики на мнозинството и плус,она што сум прочитала од аспект на психологија,што не значи дека е релевантно,ете во вакви исклучоци.
    Не ми било севте да слушнам и како се потсмеваат на таа сметка...

    Ај бе самит да праиме?! :D
     
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Како првенец у електротехника и скроз одличен ученик од почетокот на мојата ученичка кариера, единствена награда која у животов ја имам добиено е тоа признанието за електротехника, и толку.
    Добро, и пофалниците за некои проекти у кои сум била вклучена, ама тоа е друга прича.
    Што ми е муабетот. У моите долги години поминати коо најбитен дел од образовниот систем - ученик, и покрај добриот просек ниеднаш никој не ме пофалил и не ме истакнал и мило ми е за тоа.

    Не можам да ги сфатам овие што се борат меѓу себе кој да биде првенец на генерација, кој да си ќари стипендија, бесплатна шетка у странство и слично за вложениот труд.

    И јас мразам математика.
    Се успивам за први час.
    Бегам од часови.
    Се контрам со професорите кога треба и кога сум во право.

    Па еве пак ги имам вашите оценки.
    Муабетот ми е за оние гикови кои стално се тука за професорите, у типот јас ја прочитав и научив лекцијата што денес ја предавате два дена претходно за да бидам спремен да ве импресионирам.

    Мислам, еден куп медали и потценување на некој шо се бори за двојка не ви личи, а особено не им личи на професорите кои по просек го одредуваат понашањето кон учениците.
    Јас сум вадела и кецови, бре, и уште вадам, и ќе вадам, па пак ја сфаќам материјата, ја учам еднаш и ја знам за цел живот оти ме интересира мене, мене лично, не оти сакам да импресионирам некој глупак што дошол да ми ја предава.

    Јас сум дојдена на час за да научам, немам симпатии кон професорот од типот, професоре ви донесов јаболко, закон сте, не сакам ни пет минути подолго да ги трпам нивните полемики за тоа како не знаеме квантна физика и ова до сега сме требале да го знаеме.

    Еби се, (образовен) систему.
    Толку.
     
    На Monna.Monna, pamelche, CharmedGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.571
    Пол:
    Женски
    Дали ќе ме фаќа некој вирус?Се чуствувам како машина за перење.Ама наместо прашок за перење,и ваниш за отсранување дамки,сум ставила по една доза,бес,тага,каење.И програмот тргнува,2 круга на лево,3 на десно...пауза...и конечно центрифуга...мислиш процесот завршил..како да не...повторно ист циклус ....2 круга на лево,3 на десно.....ми останува само да чекам машината да се расипе,запчаникот да заглави,да се конечно се смири и застане...
     
    На Cacy, la-chicka, blond и 3 други им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.227
    Допаѓања:
    56.914
    Пол:
    Женски
    Немат проблем, ќе ја земам мама да частит сокчиња и слатко. :D
     
    На Lilit, Lolipop23, sesilija и 2 други им се допаѓа ова.
  15. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Да да секое чудо за 3 дена. Па и ова беше чудо, но траеше повеќе од 3 дена. Како и да е почнуваат луѓето да сфаќаат некои работи, тоа ме радува :)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Две жени пазар, три панаѓур :lol:
    На крајот на краиштата, мажите не можат да носат фустани, но ние можеме да носиме панталони.
    Знам понекогаш многу зборам :D
     
    На Gordana10, Annie.mk1, Cacy и 6 други им се допаѓа ова.
  17. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...my life is fucking crazy 8)
     
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк си легнав во 3:30 со насмевка и не можев да заспијам од убавината што ја чувствував на душичката се вртев на лево,малку на десно, малку од жешко,малку од милост,нежност,среќа.

    Прекрасно е чувството кога знаете дека сте сакани или на некому сте му мили и не ве заборавил, сеуште ги памети ситните нешта, моментите минати заедно во минатото и дека сака да создава нови со вас.
    Синоке иако знаев дека нема да се видеме подолго време поради оправдани причини сепак се чувствував пријатно и низ муабетот сфатив дека сум сорзеала од времето кога почесто се видувавме и разговаравме.

    Тој е личност поради која се чувствувам исполнето, почитувано, личност со која сум имала
    убави-преубави моменти и се надевам на уште поубави бидејќи сфатив дека сеуште си значеме еден на друг. А тоа ме прави уште посигурна во некои нешта.
    Можеби не сме во врска но човек кога знае дека има нешто што го спојува со другата личност а тоа е заемно тогаш зборот "врска" не значи ништо. Чувствата се тие кои не повразуваат.



    Јас се чувствувам убаво!
    Исполнета со верба.
    Почитувано.
    Незаборавена,дел од нечии мисли.
    А времето што треба да се мине одвоено се надевам дека ќе помине брзо и лесно. Вреди да се верува во тоа знаејки дека постои можност за убави моменти во иднина.

    Би сакала да се испратевме и видиме пред заминување но патуваме во различни денови и никако не бива,но муабетот од синоќе беше доволен со оглед на ситуацијата за да си кажеме-без кажување некои нешта.


    Убаво е кога знаеш дека некој мисли на тебе.
    Убаво е !
    ПРЕУБАВО !

    :sun: :sun: :sun: :sun: :sun:
     
    На Lepaaa, Trendafilka, Mayyya и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Знаеш дека си сакан кога се будиш и до креветот си наоѓаш чашка вода и во неа тазе обран босилек... Да не те јадат комарци и да не те плашат сеништа :lol: Мајка ми е сонце што грее. И плус ми направила кифлички и ми оставила порака на фрижидерот дека оди "у живот". Прекрасен петок.
    Уште попрекрасни средби и соништа. Ивана ми ја прифати идејата да го натераме Шурбе да ги донесе DCD во Скопје. Универзална сала за нивната езотерија ќе била мала. Ама ако. Идеите треба да циркулираат, нели. Си направив список на утрински задачи. И се чувствувам потребно. Корисно.

    Депилирано тело и те како дава чувство на сигурност, особено ако забележиш дека целулитот го снемува, после купови километри извозени на точак. Му готвам мусака на мојот драг, го чекам после работа да ми првне со крилцата и да ми дојде на гости. Ќе си ги споиме креветите и ќе чекаме ноќ. Сакав да го водам на лимонада вечерно, ќе глумам некоја Убавка од предземјотресно Скопје, ќе му подарам ружа за на точакот, и ќе го терам да играме на песната Рандеву! Да, сам свој фантазер сум си и ми е фино. Телевизор не сум вклучила можеби со недели. Само читам списанија, весници и тук таму некоја виртуелна пдф книжурајка. Немам време за стресот и бесот на овој свет. Имам време за Нас, за моето небо што не познава гранични предели. Богами ни патокази. Пратени два мејла, пуштени палци за конкурсот и испратена сестра во туѓина.

    Сакав да кажам дека му давам шанса на оптимизмот. Макар потоа и плачела.
    Знам дека доброто - со добро доаѓа.
    Се’ друго е залудно потрошена мисла.

    Убав петок имајте.
    Ш.

    http://www.youtube.com/watch?v=gWvurnpKjE4
     
    На Buttterfly, De-lovely, Monna.Monna и 13 други им се допаѓа ова.
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Претераа со труењата на кучињата. Може кучешки живот не е човечки ама е ЖИВОТ! Какви дебили само постојат!
     
    На spellbound, AnaKarenina, Aleks96 и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.