Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Конечно да здивнам малку кај мама и тато.
    Уште само неколку дена на работа и потоа на плажа! Прв пат фамилијарно :)

    Трендафилка ме замисли некој ден со постот дека не е спремна за заеднички живот со нејзиното либе.
    Не верувам дека секоја влегува спремна во тие води, но едно знам-тоа е огромен чекор во животот. Си правам ретроспектива на настаните, може ќе изгледа клише или не знам што, но, вистинскиот живот започнува токму со тој скок од една во друга димензија. Излегувања, пијанки, журки до изгрејсонце наспроти ручек, садови, алишта, чистење... Е јас живеам и во двете димензии паралелно :lol: со тоа што спиењето е доведено на, што би рекле на енглески, капл оф аурс.
    Се оддалечив од суштината на постот.
    Life flows by, and you flow with it.Or you don’t. Move on and move out.
    Поздрав! :hai:
     
    На Buttterfly, bittersweet, Libera и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Witchy-style

    Witchy-style Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    701
    Допаѓања:
    3.981
    Пол:
    Женски
    СДК лошо време, лошо расположение.Абе времево сите планови ми ги уништи, само врне и грми.Кај ќе излезам сега? АЈде белки ќе престане :?: :^) :( :o
     
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Ајде повелете на крофнички и честенка :wasntme: .

    [​IMG][​IMG]
    Имам нов пријател :inlove: .

    [​IMG]


    Кој е заинтересиран за во зима за санкање, нека каже :) .
    Ќе има дружба ^_^ .
     
    На sweet-star, Libera, stylishh и 32 други им се допаѓа ова.
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Cдк колку глупави детски песнички се прават во денешно време тоа е чудо, а уште поголемо чудо е тоа што децана појма си немаат од пеење, ама ајде синче ја ти една песничка.
    Cега случајно слушнав на тв едно девојче рикаше нешто- A дада Aна, сака банана, и одма фамозното
    [​IMG] пред очи. Mислам поглупа реченица, амин, само детево песната да не си ја пишувало.. :D
    ги замолувам родителите, да не си ги трошат парите, да не си ги брукаат и форсираат не талентираните деца, фала богу имаме прекрасни песнички од 90тите, па не ни пречи да си ги слушме, а во иднина и да им ги пуштаме на нашите деца.
    Kо мала на една касета под елка што ми ја ставаше мајка ми, сум се радувала бре, песнички за мерак,уште ги памтам, да сум сега дете, искрено попрво на фејсбук ќе дремам него новокомованиве песнички да ги слушам... лошо лошо... Kаде отиде талентов не ми е јасно
     
    На Alesii, innablood, Divinebutterfly и 7 други им се допаѓа ова.
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.448
    Допаѓања:
    91.787
    Пол:
    Женски
    Кога и да поминам покрај една куќа во маало со сестра ми, таа вели- Еј коњ! Си мислев се шегува или евентуално за момакот од таму вели дека е коњ :wasntme: Арно ама вчера поминувам гледам бел коњ, а момакот е далеку од принц :rofl: :rofl:
    Денес сама по дома, кафето не ми е слатко, ниту пак појадокот. Дедо го молам да касне нешто, а тој само ме задржува во соба за да си помуабетиме. Ми го донесоа и внук ми да го чувам, па си туфкаме сега од досада. Денес не сум баш расположена за муабети. Него му се зборува, му се игра, а јас едноставно немам трпение за тоа.
    Утрово ме разбуди фиксиот и разговорот ми изнуди насмевки. Се јавува некоја жена, ја бара мајка ми. Ми треба БББББ од с. Б. била по потекло. И почна да си кажува која е, што е, чива е. Убедена е дека со мајка ми играле џамлии ама не знае изгледа дека мајка ми повеќе сакала да чита книги и да ја средува школската библиотека.
    Се надевам ќе се јави подоцна, па ќе си се најдат кои си се. Битно женичката си беше возбудена, сеќавањето на детството разбудило кај нејзе емоции и потреба од разговор со некој со кој можеби поминале низ истото.

    Одам да туфкам уште малку, се надевам ќе се приберат поскоро моиве.
     
    На esperanca, lunicka, Peppermint и 3 други им се допаѓа ова.
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.196
    Мора, мора да почнам да бидам како секој нормален човек.
    Да си легнам најкасно 1-2 да станам 11-12 наспана. Не вака ќе си легнам у 8 сабајле и ќе станам у 8 вечер. Само ради тоа чекам да почне школската година, да се ставам во ред. Денеска мани што ептен жешко, па и се тропа, брат ми се спрема за на одмор. Легнав сабајле у 6, станав у 10 ипол. Јее, колку сум отспана, па и баба ми ми вика нели ти беше ногу спање до 10. :^)
    Него не ми беше тоа зборот. Сакав да кажам дека 10 дена ќе сум без брат ми, колку се радувам што ќе видам малку мир, толку и ми е тешко. Со кој ќе се карам вие 10 дена, освен со татко ми (тоа не е ништо ново), со кој ќе се шалам, ќе се бориме. :D Не дека се многу 10 дена, ама не сум навикната. 3 дена беше во Скопје а мене како 2 недели ми се учинаа, не е исто бе со него и без него. Колку и да се караме, да се тепаме тешко ми е без него, го сакам повеќе од животот. :l:
     
    На esperanca, Lepaaa, GarpovaV и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Кога е досадно и чистењето по дома е интересно .. :lol:
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Знаете овие денови многу размислувам за животот. За тоа колку полесен може да биде животот, но сепак не е. Синоќа не можев да заспијам од тие проклети мисли за животот.
    Значи зошто? Зошто мора да е тежок животот?
    Зошто луѓето морат да страдат од секакви болести? Зошто морат да ја трпат болката кога изгубиле некоја драга личност? И зошто мора да се помират со таа болка, да живеат со неа? Зошто мора да глумат дека се храбри и да шират насмевки, а внатре срцето да и плаче?
    Пред неколку дена бев за Скопје со една братучетка која има рак на дојката и веќе 5 години оди на терапии и такви ми ти глупости, а во вторник ќе и кажат дали е излечена. Знаете што и рекол докторот? Дека ако не е излечена ќе и извадат се, баш се. И зошто баш сега? Се омажи зимото и сега кога треба да има деца и да живее среќно со маж и.. Ме прашуваше мене зошто животот така ја мачи, а јас молчев и не знаев што да одговорам.. само молчев.
    И пак се прашувам(и сигурно уште долго ќе се прашувам) зошто животот не е полесен? Зошто едноставно не шетаат сите со искрени насмевки на лицето, без болести, без смрт, среќни, весели..Сите да се среќни и да не чувствуваат никаква болка во душата. Тоа би било прекрасно.
    Тоа е.. Како што кажав и претходно. Мора да се помириме со тоа што се случува и да трпиме секаква болка.

    Него јас моментално сум среќна. Утре заминувам на одмор со љубовчето и ќе поуживам 6 дена, а кога ќе се вратам веднаш роденден ќе славам. Се што се случува е прекрасно, но не ми беше зборот за мене.
    И така..
    Имајте убав ден. :*
     
    На Justice и Adi888 им се допаѓа ова.
  9. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Драг господине тренеру, јас не се запишав на пливање за да покажам колкава кондиција имам, се запишав за да ДОБИЈАМ кондиција! Така да ако насред базен застанам и испаничам, ве молам смирено,на крај краева ќе фатам уплав!

    Секогаш кога ќе помислам на пливање се тресам, мислам само на тоа дека повторно ќе се изморам и ќе престанам, ќе ми откажат нозете. Уште ми вика да јадам повеќе. Ај ќе пробаме на твој начин, а и начинот на татко ми. Ја наполнив куќава со храна со јаглехидрати, конзумирам повеќе вода, понекогаш со лимон.Исто вежбав на Орбитрекот едно 25 минути, колку да се подготвам, да ја зголемам кондицијата. Еве сега ќе изедам една-две банани, и за два саати кога ќе пливам да имам малку повеќе енергија. Знам, нема се да биде океј уште денеска, ама морам да си кажувам Ајде Елена, можеш ти. Не паничи, само испушти го воздухот, па земи, па испушти па земи...
     
  10. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Џе сте пи*ке? Стиг'о Тарзан! :D

    Е море Тарзане, секогаш кога кењам, излегува спротивното. Марфи бе, Марфи.
    Овие неколку дена запознав личности колку што немам запознаено цел живот. Пријатни, мили, фини, абе од мерак. Значи само од град до град каков менталитет различен владеел, па то чудо.
    Кај нас што се рачуна ко изигравање госпожа и спонзоруша, за други било сосема нормално.
    Си имавме Срби за комшии, а бре знаат како да те третираат ко човек и со почит.
    Да беше кај нас во град, јас и другаркава досега ќе бевме етикетирани ко први курви и спонзоруши.
    Кај нас некој да ти отвори врата и да држи дури да поминеш, да ти пренесува куфери и да ти пружа рака за да се задржиш при најмало сопкање, па то смеење ќе паѓа: Види го папучарон со курвана.
    А уште па згора и само неколку дена да ги знаеш, а да не ти дозволат ништо да платиш?
    Готово. Курвештии тешки, којзнае колку сме се исплескале со нив за да израмниме сметки, пу пу.
    Е, кога уз смеење им кажавме дека тоа е размислувањето кај нас, се плеснаа по чело и се прекрстија. Даме и госодо, кај нив машкото да прави така општо за женско, без никакви намери или чувства, биле џентлменски манири што според нив секое машко требало да ги поседува. Чудесии.
    Згора на тоа, не се снобовски ориентиран народ, си го имаат и балканското да си пивнат, да си каснат салатичка и да си акаат сеир. Абе перфекција.
    А јас искрено ги замислував ко турбо-фолк народ што само крева мишка. Оптичка варка. :D
    Во тој случај, се селам јас кај соседиве на север и ќе си пееме: Нишка бања, топла вода... :D
    А зад мене ќе ја оставам онаа што најмногу одговара на нашиов менталитет: Ја у село не се враќам, за мотику не се фаќам...и понатака ја заборавив.

    Е сега назад во реалноста, се полетала рано сабајле Каљопа во фустанче да носи кеси и да ваѓа пари за тетка си, ко за беља - ветар! Не знаеш дали да држиш кесите или фустанот да не ти летне нагоре, па да изиграваш Мерлин Монро сред центар полн со љубоитни, искривено-насмеани фаци кои едвај чекаа да дувне посилно, за да ми ги видат гаќите.
    Ах, во вакви ситуации посакувам да носам некои волнени, домаќински, со кафеав исцедок на нив, за после да не им текне да се завртат, не па да буљат ко женско да не виделе. А демек па виделе. :D

    И од понеделник најверојатно ќе си работам по цел ден. Бедни парички, ама мои ќе се.
    Барем ќе сум своја, нема да чекам на никого и никој нема да ми префрла. Ќе си земам и кученце, барем тоа ќе ми се радува кога ќе си идам дома. Не ко глота да се осеќам, сегде среќни фаци се бараат низ гужва да се изгушкаат, на сите им дошол некој да ги пречека, а јас сама се влечам со 300 торби и дома да ми отвараат врата без поздрав, ко од пазар да си идам.
    Кое бедно чувство, у пм. |(
    Не барам Ивкова слава, ама па и не ми треба никој за лепе очи само.
    Ако, екстра. Огромно фала им на сите, се виде колку ги боли стапот и молим лепо, никого веќе не сакам да видам. Ниту пак сакам да ширам патетики.
    Ех, мал милион нови видици ми се отворија, нека гние минатото у материне, јас никогаш во живот не сум се осеќала поживо и попозитивно. 8)
     
    На mims-89 и cinderella5 им се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.227
    Допаѓања:
    56.914
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам право, изминатиов период не беше еден од најлесните во мојов живот, ама му се наѕира крајот некако...

    Ама не сакав тоа да го кажам, тоа е пропратна информација. :D
    Сакав да кажам дека добив еден прекрасен комплет книги на подарок (16 се, човече :o ) и заборавив на сите проблеми. Среќна сум ко мало дете, сакам да излезам на улица и да гушкам рандом луѓе. :D

    Ако одиме по логика a minore ad maius, го најдов начинот за создавање подобар свет. :!:
    Подарувајте книги, ќе има многу посреќни луѓе на Земјава!
     
    На Buttterfly, rossonerka, bittersweet и 33 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.668
    ДЕЧКИ ШТО ПИЕТЕ?!
    КОНЕЧНО ДИЈАГНОЗА! Убава! (ок де...не е убава,дијагноза ко дијагноза,ама од сите можни,таа најпосакувана беше |( )
    Абе цела клиника да дојде нозете да ми ги бацува,кретенчини тешки,два месеци да не можат да дадат дијагноза,абе да не се фалам,ама од прва кога ги ѕирнав резултатите реков што е!ХА!!! Ама да не ликувам, битно добра завршница,пациент малку измачен,ама инфузија ќе го опорави! Море камен од срце ми падна утрово! Се осеќам као земја во чорапи да сум имала 2 месеци,сега нозеве и пајдушко ќе ми заиграат!
    А сум сонувала еден глупав сон ноќеска и ете...потсвест ми сигнал дека може да поспијам од денес раат!
     
  13. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Аман веќе аман да се нема другарки на ова време, се само од корист.Кога им треба нешто те барат а кога имат друг е тогаш што ке им си ти?!Ма ајдее и сама да останам веќе не се замарам , па подобро сама отколку лажни пријатели.Нема потреба да излегувам не излегувам дома ке бидам.Барем знам дека сум со некој кој ме сака.Јас за сите да гледам да се добро и покрај тоа што ме повредивте пак замижав ајде пак тука сум да помогнам пак се јас епа веќе преку ..... НИШТО ВЕЌЕ НЕ МЕ ИНТЕРЕСИА.И сама дома да си бидам за август па што не ми е гајлее отколку вака само од корсит да ме баратее.
     
  14. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.572
    Пол:
    Женски
    Лето...ден после ручек,градот е тих и успорен...одам во летно фустанче...задоволно смешкајќи се,се гледам во излогот на продавниците...ветарче во коса....чувство на спокој,безгрижност и среќа...го вдишувам длабоко мирисот на асфалтот вжарен од сонцето и пулсот на градот кој полека се буди...пиење кафе со другарките и трачарење ... невин флерт со погледи....

    сдк ми недостасува ова...многу.... :nod:
     
    На kravce, Johny, marama и 6 други им се допаѓа ова.
  15. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Денес размислував кои делчиња од мозаикот на чувства ми фалат, и фалат многу. Многу надежи, многу соништа ми се сменија во главата, многу планови се изреализираа, многу и не. Едно приметувам секогаш си ја носам со мене таа блага тага. Присутна е и во среќните моменти. Кармички ме следи. Затоа еден постар фотограф ми вели, Ирена таа блага тага во тебе, е твојата точка на кретаивност. Убаво е да ја имаш секогаш во мали дози. Дури и онаа твоја меланхонија е симпатична и креативна. Можеби и навистина е така. Деновиве ми се празни, зошто беа претходно исполнети со нејзе. Ама се вратив во нормала. Мозокот си го оптеретувам со милион работи, и онаа потрага по што како, пронајди се сам колку и да звучи дебилно, присутна е кај мене, и едно засигурно знам, во таа потрага знам дека секогаш си се имам себе, не можам да се ослонувам на други. Никој не покажува некоја сигурност дека ќе биде за тебе, кога најмногу ќе очекуваш некој да биде со тебе може да се заврти и замине. Ме очекуваат многу нови чекори. Засега надвор од нашата МКД. Се надевам ќе успеам стабилно да ги направам, и кончено да успејам во она што го правев и за кое работев сите овиее години.

    И Ливинг, во право си секоја подарена книга мене ми донела среќа. Убаво е кога човек може да се радува на книги, на нешто ново, неочекувано, особено оние кои знаат да ги ценат. Честитки да уживаш комплетно со нив!

    Туку на линков во позадина е слика од мојата изложба во Чифте Амам. Радости..

    http://fotosojuz.mk/?p=1493
     
    На Bozica1980, Divinebutterfly, blond и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Колки вистина крие сликава...
     

    Прикачени фајлови:

    На Johny, Hayley и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.668
    На Annie.mk1 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Убаво луфтирање си правам дома :D Нема поубаво од тоа да си ги пуштиш песните LOUD! и да си правиш малку караоке дома :music: :sun: : Чисто онака малце нервозата да ја избркам :)

    [​IMG][​IMG]
     
    На Lepaaa, Annie.mk1, Beauchamp и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    СДК ме гуши градов упм да фати. Досадно, глупаво, празно, нема со кого да се видиш муабет да си направиш. Тоа па тоа цело време.

    Ах, сакам некаде да одам, било каде, само не овде. ;(
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Нема ништо поубаво од грч ладна лимонада во вака топол јулски ден. И тоа после попладневна дремка, во вдлабнатото место на каучот. :wasntme:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.