[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Што време дое, да ти е незгодно на плажа без тетоважа да отидеш...
     
    На Cacy, cinderella5, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Дојдовме до заклучок...
    Теди работите за животот секогаш ги учи на најтешкиот начин...
    Па така и ова лето...
    Битно... нешто учам...
     
    На Serafima и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Јас без Фемина, ќе останев неписмена. Жими се.
    Не дека сега сум писмена, мислам да се разбереме.. Ама сум полу-писмена барем. :wasntme:
    И многу се нервирам некогаш кога ќе прочитам некоја правописна грешка на фб. Нешто ме копка од внатре. И ми оди да им пишам во коментар одоздоле. :devil:
    Иначе сега си ги читам првите мислења, и си се смеам. :D
     
    На Serafima, Cacy, simon4etooo и 2 други им се допаѓа ова.
  4. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Без секој се живее ;)
     
    На SOVRSENSTVO му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    ајде некоја од Тим А нека ми се придружи во форумски игри,да си завршиме на раат додека ги нема другиве :lol:

    Едит:Ајде победивме,можам на раат да си спијам :dance: :party: :whew: (ме прифаќаат некои жички насабајле :rofl: )
     
    На Elennaa и pamelche им се допаѓа ова.
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.728
    Допаѓања:
    17.691
    Го испратив и брат ми, ќе ми фали 10 дена, ама ајде ќе ги минеме. :D

    Туку сакав да кажам дека и во мојата блесавост има нешто добро. Собата не ми е чистена од памти век, сега у 5 решив да ја чистам, ќе си пуштам фино-лепо правосмукалка и ќе си уживам бе. После ладно тушче, па филмче мх, мх мераци. :D
     
  7. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    Епа дојде тој КРАЈ кој толку го посакуваше.Сега си си Сам,Слободен и Срекен.Ама чекај,и тебе ќе те боли како мене што ме боли,па ќе видиш.Знам дека уште ме сакаш,ама ти така сакаше.Епа сега уживај во слободата.Се Најубаво !!!!!!
     
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    101.437
    Пол:
    Женски
    Сигурни сте дека денеска сонцето изгреа на исток??Јас не..зашто рано наутро вежбав,и тоа како, вежби за стомак,за задница,предница,масажа против целулит ,и ако не го искоренам ќе си пуштам мустаќи,тогаш сигурно никој нема да го примети целулитот [​IMG]

    За разлика од вчера денес пукам од енергија.Дали е тоа зашто спиев на тераса покриена со чаршавче и со поглед кон месечината??Тешко денес на куќава кога ќе се расфрлам со чистење.Има да сјае и цакли.Само уште малку да подремам на компјутеров за едно 2-3 саати :wasntme: ако во меѓувреме не ме фати мрза |(

    Од денес решив да си бидам фина сама со себе,а не свој најголем душман.Се оди ,животот тече а јас си останувам самата на себе подршка.Далеку од тоа дека ќе ги лишам моите најблиски од мојата љубов и внимание,ама редно е и јас да дојдам на ред.И се повеќе станувам свесна - болеста е најголем несреќа, се друго се препреки и лекции...

    Толку за денес ви благодарам за вниманието [​IMG]

    п.с.ќе се поврткам уште малку низ темиве..не можам да го одлепам г.... од столчево [​IMG]
     
    На Umbrella22, Peppermint, kate21 и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Феноменот наречен Скопје во 5 сабајле е нешто што не смее да се пропушти, особено во екот на летото, кога градот и онака е празен. Мислиш му стивнал духот, заспал во длабок сон, но таму е, во дрвјата од двете страни на Јаја Паша што првпат ги забележуваш затоа што нема гужва, во прскалките на некој затскриен тревник низ кои имаш целосна слобода гол да трчаш без никој да те види освен зората, во бессоните проститутки кај мтв, во празните автобуси и повремените љубители на капката алкохол, за оние што се враќаат дома по бурната ноќ летна љубов, во асфалтот на Партизанска на кој можеш да ставиш увце небаре слушаш воз кој надоаѓа на 'рѓосана шина.

    Ниедно друго место на светот не би ми пружило такво задоволство, дури ни преценетите улички на Париз. Скопје си е Скопје. Мое и сечие, во шпиц и гужви и во 5 наутро, со вакви и онакви луѓе, уште толку поразлични приказни и спомени по секоја улица, кај што има и од пиле млеко, и симбиоза на петелско кукурикање со звук на модерен будилник, и ниви и згради, калдрми и булевари, цупкање со штикли и тропот на док мартинки, кучиња и мачиња и понекое еже. И јас во него, засекогаш, макар и во мислите.

    Полно срце.
     
    На thinkerbell, mims-89, Cacy и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Оддамна немам желба да се докажувам дека сум во право ...Едно време се залетував да докажувам нешто кое јас мислам дека е така а сега bitch, I don't care ..Ќе губам време со некој кој затерал со главата во зид....Не за џабе молчењето е злато .... ;)
     
    На anabel-a, julie77 и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  11. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Одамна не сум пишал тука, па еве видов една статија која сакам да ја споделам со Вас. Имам пишувано на тема ''Сексот како примитивен извор на задоволство и вистинската природа на сексот'' (според мене, се разбира) ... и така натаму, ама тогаш не ги напишав и позитивните страни на сексот, кои секако постојат. Демек, си ги знаеме, па што има да ги пишувам.

    Но, секако никогаш немало да напишам дека ''Сексот го храни мозокот'', како што еве откриле научниците, во што јас секако верувам. Со други зборови, сексот влијае позитивно на мозокот и на психичкото здравје и среќа.

    Во статијата има уште две-три работи кои се исто така важни за нашата среќа и со кои сум исто така согласен.

    ''Некои од нивните (на научниците - моја забелешка) препораки спаѓаат во доменот на здравиот разум, така што јасно е дека стресот е лош за размислување, како и претераното уживање во алкохол или марихуана.

    Исто така, и дружењето со негативци не делува добро на работењето на мозокот, па затоа треба да се избегнуваат критизерите и циничните луѓе.''

    Во секој случај, најлоша комбинација за нашиот мозок, здравје и среќа е да немаме секс и да се дружиме со негативни луѓе, хихихихихиии :) Ја откривме Америка и смислата на животот ;)

    Еве ја статијата во целост и Ви посакувам добро да го нахраните Вашиот мозок :P Одсега кога ќе имаме секс, нема да викаме дека се ебеме, туку дека се храниме духовно и интелектуално :D

    http://www.plusinfo.mk/vest/51144/Sekso ... ni-mozokot

    Темната чоколада е одличен сојузник на мозокот, бидејќи содржи многу хемиски супстанци кои се присутни во моментот кога „мозокот добро размислува“.

    Чоколада и сексот помагаат да се сочуваат функциите на мозокот, порачуваат биохемичарите.
    Животниот стил може да го зајакне мозокот, а вие самите можете да создадете оптимални услови во својот мозок.

    Научниците направиле список на работи кои треба да се применуваат и оние кои треба да се избегнуваат за да ја одржите свежината на мозокот.

    Некои од нивните препораки спаѓаат во доменот на здравиот разум, така што јасно е дека стресот е лош за размислување, како и претераното уживање во алкохол или марихуана.

    Исто така, и дружењето со негативци не делува добро на работењето на мозокот, па затоа треба да се избегнуваат критизерите и циничните луѓе.

    Темната чоколада е добра, затоа што содржи многу хемиски супстанци кои ги релаксираат мускулите околу крвните садови и го подобруваат протокот на крв во мозокот.

    И сексот се наоѓа на високо место на скалата за позитивни работи кои се делотворни за функционирањето на мозокот. Сексот е добар за здравјето, бидејќи ослободува ендорфин и окситоцин, кои го активираат центрот за уживање во мозокот и предизвикуваат чувство на среќа, а ги намалуваат депресијата и стресот. Сексот го забрзува метаболизмот, го зајакнува имунитетот и ја подобрува работата на мозокот.
     
    На DeMelo, SweetChild, starbucks и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. aaleksaandraa

    aaleksaandraa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    215
    Допаѓања:
    34
    Сакам да кажам , конечно утре тргам на одмор и ќе гледам да се спакувам што е можно побрзо за да можам да стасам да се видам со другарките на кафе и трач муабети :D :D .
     
  13. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    сакам да кажам дека после една доооолга година и успешно завршен проект време е за ОДМОР. заслужив нели :!: со последни сили ќе се борам денеска на работа одам дома се пакувам и ОФФ.
    драги мои ќе бидам на одмор целиии 2 неделиии јеееее. после 3 години молење колење редно време беше. ќе си уживкам по дома, ќе се излежувам ќе се видам со сите кои ми фалеа ќе шетам низ македонијава и ќе одам до милата ми црна гора. 8)
    да наполнам батерии :) а потоа со нови сили напред ;)
     
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.728
    Допаѓања:
    17.691
    Сакам да бидам како нормален човек, ова време да санам од спиење, а не да се приберам сега па да си легнам за вчера |(
     
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Мразам, мразам и мразам луѓе кои порадо би се потсмевале на секој нормален и ненормален кој поминал пред масата во кафичот кај што седеле, пред клупата на која си ги испружил нозите и воопшто им се појавил пред очи, отколку да прави некој нормален муабет, пример за филм, книга, абе било што. Сите оговараме, тоа е вистината, ама има разлика човече од некое нормално оговарање, прераскажување на настани и случки, од коментирање на секој човек што ќе помине. И наоѓање на истиот педесет, сто, илјадо мааани, како ти да си совршенсто.

    ,,Ха, ха, ха, види го како оди, како преебан,,
    ,,Леле, ха, ха, ха, сигурно дома сите стиснати се во една соба, види, мириса на манџа,,
    ,,ХААААА, се смее како коњ со ноа забине,,
    ,,ААААААААХАААХА, дечко оваа не може да си фане и сега овој ја фанал,,

    А најтрагичното е што дотичните обично ги имаат истите карактеристики поради кои им се смеат на другите. Обично тие се преебаните, спиканите во собички, со коњести заби кои никој не ги сака. Дали билдаат его, самодоверба, мислат дека се смешни, интересни... Ако тоа е твојата смисла за хумор, епа не си смешен, најискрено. Барем јас се смеам и се зафркавам со се и сешто, ама па не ми е смешно бе. Што ако оди така човекот, од кај знам јас дали нема некој проблем? Или па од кај знаеш ти дали дома јадат нешто повеќе од леб и сол па имаат место за повеќе соби? Одма судии сите, јао.

    Па непријатно ти иде кога ќе видиш како им се потсмеваат и на најдобрите другарки кога се свртени настрана и не гледаат. Побогу, седиш до неа, седиш, значи ако ти смета толку зошто ја дружиш и зошто си одвоила време за со неа да бидеш... Ама не, седи до неа и ја оговара и и се смее. И кога ќе се сврти накај нив, оваа и се смешка, ја галка, убавка она, срцка, најмногу те сакам. Мислев дека пораснавме. :o

    Боже мили. После бегале другачките, епа ќе бегаат сестро. Кога не знаеш за некоја работа што се вика затворање на уста кога иде време за тоа, ќе бегаат. Најискрено порадо дома ќе си седам отколку со вакви да се дружам. Се чувствувам како седмоодделенка, недораснато, како пубертетлика во очајна потреба за внимание и љубов.
     
    На Buttterfly, crazyinlove19, x.Daisy.x и 31 други им се допаѓа ова.
  16. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Сдк дека никогаш нема мир.Баба (таа на татко ми,неподносливата)оставила работата на 70 год :o ,е рано и беше и сега по цели денови дома ке ми дреме и дере,ама нема раат викам јас.Што не ке биде во кука.....цццц :D
     
  17. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Со Димитар се држевме за рака.
    Димитар..Димитар...?
     
    На Serafima и Lepaaa им се допаѓа ова.
  18. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Како сум си весела денеска :rock: .не сум голем обожавател на македонски свадби али ајде за атер на комшивката ќе слушам (да беше некој друг тешка работа дека ќе седев дома ќе фанев патот под нозе и да ме нема, али ајде.....)Па за некој сааат ќе се разладам на безентот и толку....ќе ми помине денот :P
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.534
    Допаѓања:
    289.018
    Постои разлика меѓу искреност, сурова вистина и сарказам и иронија употребени со цел некој да се омаловажи.
    Без разлика што се обидуваш ги игнорираш, зајадливите коментари од едни исти лица кога се упатени по стоти пат на жалост се детектираат.

    Само прилика да се чекало за да се покаже што се знае.
    Уникатни да, бидејќи не секој оди толку ниско, но не и интересни.
    Исфрустрирани.
     
    На Buttterfly, x.Daisy.x, Lov3 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Кој ќе излегувал сега на жешкото... сега ли најдовте да се договорите во овај пекол :^)
    Што да кажам јас... дома ми е многу досадно и многу осамено се чувствувам. Баба ми не ми е дома, немам со кого да си правам муабет, а тоа многу ми недостига. Ајде уште две недели одприлика и ќе треба да се запишам на факултет. Не ми се верува дека стигнав до фазата факултет. Кога помина времето толку брзо... како вчера да се запишував средно ... Ах леле, не ми се оди воопшто на факултет... после сите тие разговори со мојата професорка исто како во некое мачилиште да одам. Се надевам дека нема да е толку многу напорно и тешко како што ми претсави жената. Па ајде и за средно фармација така викаа па еве ме здрава права пишувам тука и за се имав време. Знам дека факултет е друго и не се споредува со средно, ама ако знаеш убаво да си го распоредиш времето ќе можеш се да стигнеш да направиш.
    И така да одам сега на едно смрдено кафе и да се преправам дека ме интересира како други личности си поминале на одредено место ... :^) ајде ќе си ги гледам јас луѓето што ќе поминуваат и келнерите, вие слободно муабетете си.
    Ми недостига плажата и ми недостига ноќниот живот... сите тие дискотеки, убавите момчиња со секси акцент кои не викаат да влезиме внатре и да се напиеме нешто. Ајде друго лето пак таму, да се надеваме. Има уште многу до другото лето, ова се уште не е завршено :l:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.