Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    25.505
    Пол:
    Женски
    Знаете, кога не сте при себе, зошто сте пивнале чашка-две(...) и среќавате битни луѓе пред кои пробувате да изгледате нормално, но подзамижаните очи и заплетканиот јазик ве оддаваат. Пробувам да се сетам како изгледав, но не можам...
    Но еј, животов ми се руши на секое поле, јас се секирам за еден впечаток.
    Еве, нема веќе.
     
  2. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Некако нема голема корист од форумов во последно време |(

    Замрен е!
     
  3. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Тука е супер, сега ке одам на плаза.. поздрав до сите :)
     
  4. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    BrandShop? продавница за дизајнерски прачиња во Мк
    Хм? До толку неписмени бре...
    Продавници од ваков ранг треба многу да поработат на внатрешниот ентериер а не само да ги наредат како на пазар производите , особено тие нивни дизајнерски чанти (дури и да се такви) од пред 10 сезони. Во ист ранг miss sixty со Tom Ford ili Gucci. И многу ме интересира тие Made in Italy торби што се блага верзија на чантите на Hermes кои чинат по 1000 $ а се продаваат по 100 евра од кој бренд се ...

    Незнам дали се оргинални тоа неможам да го дискутирам тука , меѓутоа има некои работи кои не се совпаѓаат, а за тоа како треба да изгледа една продавница која продава таков вид на роба ... секако не како оваа на BrandShop.
    Незнам дали воопшто некој купува од тука?! :^)
     
  5. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк ми недостасуваат неколку личности.
    Нивното присуство, муабетите со нив, смеењето, слободата да си кажам се што ми падне на ум...
    :|
     
    На kate21, Cacy, ozbilnazena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ако до пред некој ден викав голема работа ќе идеш ваму - таму, и немаше никаква енергија во врска со сите тие работи, сега си велам Ирено глупа си! Голем дел од популацијата во МКД и во светот не можат да излезат од земјите и да видат нови убавини и култури, ти можеш и успеа сама. Е сега грабај ги сите тие работи, уживај ги, обележи ги.. не секој ден можеш да заминеш кај што ќе посакаш. Па и во секое црно има и бело. И така ќе почнам да се спремам за седумдневно патување за Португалија, и има да уживам..

    Денов топол, ми иде да си излезам од кожава, дишењето отежнато, сакам есен, очајно..

    Туку цело време читам дека форумов досаден ви е, замрен, е, една работа лето е, друга работа не знам зошто цело време оечкувате некој да биде за вас кративен и интересен, еве за пример почнете вие да бидете креативен за некој друг, ако некој вас ви привлеков внимание и вие привлечеете на друг, безразлика на кое поле, не очекувајте туку дејствувајте..
     
    На Buttterfly, glow, mims-89 и 20 други им се допаѓа ова.
  7. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Ете така, завршив и јас со чистење. Море, какво чистење, генералка му направив на станов. Од 9 саат па до сега. Oh yeah :whew: Па кога сум фатила правосмукалки, па прашини бришење, па чистење тераси и тоалети, па перење две машини алишта, туф туф... Грбов и рацеве ми знаат, ама си се радуФкам сега дека ми е толку чисто дома :clap: (А не за друго, утре моите доаѓаат, па си викам да зачистам, нема смисла. Си чистев и сама додека бев де, ама сега удрив ептен темелно, да ја израдувам мамичка, па да си рече каква домаќинка има од ќерка ;) Ме знае таа што ѓавол сум, ама ајде :lol: )

    Па после фино лепо си се избањав, си се средив, се нашлакав со млека, креми и триста чуда и сега така миризлива, си пијам ладно нес и се тегнам пред лап топов 8) Ми се пуши цигара со кафево очајно :smoke: Ама не, ќе си излезам на тераса, дома нема пушење никако, па поготово не на вакво чисто и миризливо :!:

    Вечер ќе излегувам и ми се јави желба да се исподотерам, ма да блескам бре :D Ми се носат штикли, а не смеам ... И како да се дотерам кога не можам да облечам штикли? И така се’ паѓа во вода. Ќе си се облечам лајт и ќе одам на пиво, баш ми е гајле. Маичка, фармерчиња, сандалче и цепам. И ќе си се намирисам со новиот Bvlgary :rock:

    Толку имав да кажам. Останете ми со здравје :hai:
     
    На Stoimenovska, anabel-a, Giovanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    Е многу сум вредна денеска. Домаќинлук на ниво. Наполнив цела земјена тава со едно од моите најомилени летни јадења. Полнети бабури и тиквички и сармички од лозов лист. Ја гледам мајка ми само се вртка околу мене и задоволно нишка со главата :D

    Водам инает на сета мрза околу мене што се спопаднала. Да не ме прифати и мене :devil:
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    "Јас во диско, она таму. Јас низ маало, она таму. Јас на одмор, она таму. Бог да чува, упорно девојче. Невидено нешто. Една вечер се враќам дома, ми седи пред зграда. И толку беше. Си реков, е сега ќе ти објаснам за сите пари. И реков: Добро, што сакаш од мене? Сакаш да бидеме заедно? Не може да бидеме заедно. И не е дека мислам дека не си убава. Преубава си. Ама кај можам јас да бидам со некоја како тебе? Јас на другарите прв сум им зборел да бегаат од девојки како тебе, да не се заљубуваат, да не засакаат, сум им се смеел кога трчале по нив, сум ги сметал за клошари. И сега јас со тебе? Да се заљубам, да те засакам, и после што правиме? Ти кога тогаш ќе сфатиш дека можеш да имаш и подобар од мене и ќе ти станам досаден. А јас? Јас после треба цел живот да те сонувам и да те гледам како си среќна со друг а јас сум те научил да сакаш. Многу бараш девојче. Ајде, ташната во рака, насмевка на лице, и оди си дома. Засакај некој друг бе убава, засакај некој друг..."
     
    На zarah, x.Daisy.x, Monna.Monna и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Саде домаќинки на форумов :D

    Туку, сега ме потсети дека не си направив ништо за јадење, немав време од што се зафатив со чистење :D Ај да земам и јас да каснам нешто, зошто мислам дека ќе се онесвестам. Ништо освен кафе немам ставено во уста од сабајле :tmi:
     
  11. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.448
    Допаѓања:
    91.789
    Пол:
    Женски
    Оптегнати секој во друга соба, се натеруваме кој ќе вари кафе, а пустото сите мрза не фатило. Мајка ми вели - јас сабајле варев, сестра ми - јас вчера варев, изгледа сега јас ќе морам :rofl: Ќе го пиеме :wasntme:


    Сабајлечки пак се враќавме во минатото, во спомените. Вчера сестра ми нашла во село неколку слики од татко ми, па споредувавме која што има од него. Јуху јас сум ги собрала поубавите нешта :wasntme:


    Него сакав да кажам дека немам што да облечам. Имам милион пара обувки, а гардеробата ми е на 0 :worried: Арно вели мајка ми- Абе убаво е што си купуваш чевли ама со што ќе ги носиш?
    Веќе не купувам :wasntme:
     
    На tweety26, Alesii, lunicka и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    СДК дека ми треба некоја феминка од Кичево, дали има такви на форумов?! Ако има ја замолувам да ми пише ЛП :)
     
  13. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Откако сестра ми замина на одмор, а на мама и заврши одморот па почна пак на работа, обврските околу домот и грижата околу тато и кутрето, ми припаднаа мене.
    Изминативе денови ми беа долги, исполнети со мал милион обврски.
    Чистење, перење, пеглање, готвење, пазарење, вадење цвеќиња, миење садови, шетање на кутрето... Што би рекла мама - женска работа секогаш има во домот.

    Деновиве немав време за себе, рано станував, а доцна легнував.
    Единствена пауза ми беше пред компјутер со слатко турко во рака. Па малку здивнував од обврските.

    Денес конечно станав наспана, затоа што некој ми го исклучил алармот.
    Гледам - алиштата здиплени, садовите средени, терасата исчистена, цвеќињата навадени, а доручекот ме чека на маса. Гледам и се чудам, кога одеднаш ми светнува сијаличка во главата - денес е сабота! Мама е дома! Па ми олесна малку на душата и конечно добив малку време за себе.

    Комшиките ми велат: Ана, ти изгледа си спремна за мажачка, кога ќе те мажиме?
    А јас си велам, каква мажачка бре жени, до тоа не ми е дојдено.
    Дома перницата ми е најудобна, а како мама друга нема :wasntme:
     
    На thinkerbell, cinderella5, sweet-cherry и 12 други им се допаѓа ова.
  14. DirtyQueen

    DirtyQueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 мај 2011
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    179
    Пол:
    Женски
    Епа, многу ми е тивко дома, ми фали брат ми неописливо многу!
    Едвај чекам да се врати, да си го гушнам,да си го бацам ;( Дури почнав дома и тренерки негови да носам, да си спијам во неговата соба.
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК добро е човек да има луѓе во животот кои му мислат лошо, бидејки тоа што тие прават е да го научат човека да не биде како нив, му помагаат подобро да се изгради себе си како личност.Поради тоа сум им благодарна.

    Човек пред да се осигура во веродостојноста на нештата, би требало прво да ги провери, а после да им пресуди.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Сдк дека секој втор коментар во мн теми е коментар со излечени коплекси.А и мн теми се непотребни.Некои си лечат комплекси како ниските девојки не се секси,како не се убави,како високи не е им стојат штикли,како дебелите неможат да си најдат дечко............и ред др работи.Па убаво да ве рашам сега.Што тоа ви значи?? Нормално ние сите има работи кои повеке ни се допагаат,некои помалку,ама таквите зборови не се потребни.Гледајте вие да се дотерате како сакате,да се облечете како сакате,а не ги глејте луѓето.И ете какви сме ние луѓето,бетер од животните,тие се прекрасни суштества за разлика од нас.Никој не е совршен и има свои мани,некој е повисок,некој понизок,некој подебел,некој послеаб. Несакам да се правам светица,само ви го кажувам тоа што го мислам и мислам дека не е штетно ако го кажам.Толку од мене............ :x :x :x :o :o :tmi:
     
  17. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.511
    Допаѓања:
    4.018
    Пол:
    Женски
    Значи како што доаѓа време за уписиве за факултет ми иде да се самоповредам . Цело време се мислам те овој те овој никако да се одлучам и осеќам последен ден ќе ми текне на кој .
    Башка топло е не се диши аман . Нека дојде веќе 3 август да идам на одмор зошто ќе пукнам овдека не се изджрува веќе а и башка тоа ми се плива .
    И да кај е досадно па нека има барем нешто интерсено од олимпивскиве игри на МТВ1 гледам тенис што цело време го гледав а на еуро спорт со точациве -.-
     
  18. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    http://www.youtube.com/watch?v=I0O_FKFE2xo


    Баааааааааааш така! Полудечу! ;(

    Ах, колку посакувам да бев сега средношколка, па кога ќе дојдеше лето самото тоа да ме асоцира на распуст. Абе да се знае, да се изнаспиеш, изнашеташ, изнажуркаш итн.. а не вака, обврска до обврска. Сите другарки ми заминаа на одмор :( а јас морам да седам во досадново и празно Скопје. Досадно ми е, досадно :( дури ми иде и да плачам :D Ми се прави нешто, ми се шета, ми се бања, ми се глупира! А вака освен за спиење и другите морални обврски немам време ни да отидам на сладолед :( значи како минуваат годините се зголемуваат и обврските. Па каде сум била со тој памет кога чекав да пораснам, ам? :?:

    Дај бе некоја слободна феминка од Скопје да се дружиме, ама после 10? Ама очајно ми е досадно, помагааааааааааајте! :D
     
  19. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека ќе ја избришам "другарка ми од фб", ма каков фб и од мојот живот.... (ако се лажеме)

    Не можам веќе, ќе си пукнам... Кај ми го зема бившиот дечко, во кој знаеше дека ми значи нешто, кај и правев муабет, за да не го растурам нашето друштво, кај ме болеше душава кога ги гледав заедно и се враќав на тоа дека јас бев на нејзино место пред неколку месеци, сега госпоЏата ги избришала сите слики со мене од фб....

    И, памет за друг пат..... Сестра ми вика ако била на мое место ќе ја избришала од пријатели, ама не можам срцето не ми дава.....


    Уфффф ќе си умрам..... :|
     
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Базен, дремење по лежалки среде најголемата жега, ни стана навика со љубовта. Можеби и најквалитетно потрошено претпладне, попладне и исончани раменца.
    Дома штом дојдов, сама, шетам разгаќурена, исправ алишта, оладив тело и го измив од хлор, го испратив него на ручек кај тетка му, јас си купив Граѓански, го читам,читам и ме фаќа црвецот дека таму би просперирала како колумнист, си се занесувам, нели, ама бесплатно е да се сонува, макар на глас! :lol:
    И да, нема ништо послатко од млака кока кола, во неа три четири коцки мраз, ноџињата у вис и мир.
    Си пуштив Wild Nothnig, прекрасен бенд од Америка, кулирам, машината центрифугира, мешето ми е полно и исончано, деколтето исто така, имам пеги на носот и дамки од кафе на пешкирот, ама се’ е некако симфонирано, наместено, наредено... Моиве киднале накај село на ден два, да одморат душа, сама си седам, си пишувам, си го држам егото во рака, си го местам, ко од глина, растопено е, не бара ништо, самото по себе си е раат...
     
    На anabel-a, la-chicka, starbucks и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.