Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Незнам зашто, луѓево (поточно другачкиве мои) мислат дека ако немаш дечко, немаш проблеми. :^)
    За нив проблем е ако не им се јави дечкото, ако се искараат за нешто ако не го виделе 2 дена... |( Оф мори мајко, тоа ли се проблеми.
    Да не почнам да раскажувам јас за моите, прво дома шворц сме, неплатени сметки не се бројат веќе, на одмор 4 години не сум била, додека они во Грција и тоа по 2 пати одат, за мене одење на базен се живи радости...Фрижидерон празен внатре само сирење, патлиџани, кечап и една праска скапана...Што и да видам по бутицине само гледам така од излог, што ќе прашувам цена кога со 100 денари во џеб сум...Еве заштедив некако 600 и нешто денари, пола веќе отидоа, со другиве пола се чудам што да купам, незнам што попрво ми треба...Него ај остај пари како пари, идат доаѓаат, идат доаѓаат, него и здравјево никакво ми е.Хемоглобинот низок, многу низок, ми се врти ми се темни по дома...Главава деновиве ужасно ме боли, од денес и грлово ме фати, сред лето... |(
    Ај си се тешам и здравјево ќе ми се оправи.
    Ама и карактеров и односиве никакви ми се.Со мајка ми и татко ми само се карам, се` се они во право, се јас сум крива, јас сум лошата, а сестра ми ангелот по дома...И со други се испокарав, за чисти глупости и тоа...Се јас не сум во право.
    И така...
    Летово полошо не можеше да биде.
    Ќе искочиш, фино лепо ќе те откачат заради дечкото, дома во 10 саат се враќаш како малине деца, и само на компјтер дремеш, ли дремеш, ли дремеш...Еве сега прилика ми се укажа повеќе да прошетам зашто дотичните дечковци не се тука, пак по нивно да биде, каде они што сакаат да излегуваме, јас која сум бре да кажам што и како треба...
    Мислев лани летото ми беше лошо, сега е бетер, догодина којзнае што ме чека.
    Ајде веќе нека се залади, нека дојде Септември, со душа го чекам!
     
    На JoxyTheFreak, x.Daisy.x, Sanniii и 33 други им се допаѓа ова.
  2. Lide-Lidija

    Lide-Lidija Активен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    Сдк дека неможам да го дочекам утрешниот ден.Колку што сум возбудена,срекна,нетрпелива толку сум и исплашена и изгубена,ама нормално е,ке помине.Преска гледав мн албуми со слики,кога бев помала кога идев на одмор со родителите и др. ;( ;( Уште сега почна мајка ми да ми фали,ама со тек на време ке помине.Се прашувам што ли ке ми донесе животот? Што ке се случи? Сега слушам тажни песни што ме потсекаат на родителите и плачам,ама како и да е ке помине.
     
  3. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    [​IMG]
     
    На cinderella5, Cacy, Lepaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Cрце ми се пара кога ја слушам мајка ми како офка, и се жали на болки.
    Aко можев јас да ги превземам нејзините болки, само она да ми е здрава и жива.
    Tешко ми е кога ја гледам така омалаксана. ;(

    И овој па татко ми, досада жива. |(
    Jа потпрашува од време на време, таа едвај збори, и гласот и е сведен на нула, тој ја потпрашува по 6 пати нешто за на крај и рече `Hе те разбирам ништо`.
    A што треба да разбереш, не сфатив.

    Cи немал трпение ... ние трпението со тебе го изгубивме, ти најде за трпение да збориш, при најмала тежина туку ќе се развика дека не може да го направи тоа, еб*м ти човекот, низ нос ќе ти го спотера тоа што го направил.
     
    На cinderella5 и Juicy03 им се допаѓа ова.
  5. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Нели филмовите беа според реални ситуации од животот? Според нив, вистинската љубов те чека веднаш зад првиот агол и луѓето се кој од кој попоштени. Просто човек да посака да западне во некоја неволја па да почнат авантурите!... Ма дај! |(
     
  6. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Прв пат вака да ни се лоши односите со татко ми. Стресот и нервозите си го прават своето. Ич не сакам да го гледам ваков. Постојано е на работа, а тоа малку што е дома постојано нешто стресно и лошо се случува. Се гледаме премалку ,а стигнуваме да се скараме.

    Многу сум блиска со него, многу го сакам,ама лош е периодов. И за него и за мене. Ми е страв се ова да не му се одрази на здравјето. Не знам што да правам. Стварно не знам. Како и да свртиш не чини.

    Вечер треба да одам на едно досадно и исцрпувачко кафе. На повидок е тоа дека ќе гледам една непожелна личност скоро секој ден. Се надевам тоа нема да биде така.

    Многу никаков период, а толку го чекав и се надевав дека се ќе биде убаво. Многу е лошо кога нешто очекуваш и не се остварува. Само ваквата карма да не се протегне и есенва. :|
     
  7. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Досадна сум оти не пишувам во безвезни теми.Досадна сум и што мислам дека се безвезни.Треба да сум поредовна во безцелните муабети.
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Не сум нормална кого гуглам :lol: Никогаш не би помислила за себе дека ќе го правам ова. :D Си се смеам сама со себе, и се разбира ја избришав историјата :!:
     
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Денес на гости ми беше братучед ми од Охрид.
    Колку се нажалив, луѓе. Морам бар на еден ден да отидам до крајот на распустов.
    Ми фали мирисот на Охрид, светлата, езерото.
    Ми фали чаршијата, џагорот, климатизираните маркети, намрштените фацички во некои локалчиња.
    Ми фали да слушам охридски, ми фали муабетот со братучед ми, ладната соба за спиење, уличката и децата со кои пораснав.
    Многу ми фали родниот град. Многу. ;(



    Ќе ти донесе животот толку многу што на врата ќе им дојдеш на твоите и ќе ги молиш да те пуштат дома.
     
    На Stoimenovska, L-enna, Cacy и 2 други им се допаѓа ова.
  10. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Многу работи имам да кажам ама не ми се зборува ,не ми се пишува ...но едно ќе кажам колку и да боли понекогаш мора да се откажете од тоа што го сакате ...

    Да немаш една причина да останеш покрај тој што го сакаш е доволна причина да заминеш и да престанеш да се бориш за таа врска да успеее.
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Виртуелната комуникација нема врска со реалната .
    Си ја гушнав сестра ми најсилно што можев,толку ми недостасува . Се преселувам кај неа периодов додека е тука . Мораме да ги повториме некои работи,да јадеме заедно на најомиленото место, да одиме на шопинг заедно ,да тресиме глупости и да се смееме до ниедно време......
    Еден месец кај неа ми летна ,мора и тоа да го повториме .Не ми треба ни дигитален фотоапарат ,ќе си купам друг пат има време,само шансите за да поминуваме повеќе време заедно една кај друга стануваат се помали и помали, па затоа додека се може да го искористиме максимално времето.
    Еден месец во друга држава,друго место,други луѓе ми треба тоа .
    Не штедете за време поминато со најсаканите личности ,тоа е бесценето.
    Време поминато со најсаканите личности ,нема ништо што исполнува повеќе од тоа .

    Јас сум среќна и исполнета денес , бидете и вие ,не само денес ,секогаш :f:
    http://www.youtube.com/watch?v=4ecGNmWLZmE
     
    На cinderella5, julie77, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  12. k.r.i.s.t.i

    k.r.i.s.t.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    50
    Сакам да казам дека преку глава ми е од мајка ми и нејзиното брецкање дека сум го одбрала погрешниот маж за мене!Ми доаѓа да ја задавам ко ќе ги преврти тие очите :@ :@ :@ :@ :@ :@
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.672
    Уживајте во вашиот апсурд и аутизам.
    Некој е посвесен од тоа што мислите. Некој бидува манипулиран зошто мисли дека му е правено добро.
    Мазната површина ја гледедаме низ мазната безживотна површина на очите. Можеш да излажеш некаде на некое место дека Лилит е некаква или никаква,ама не можеш да ме излажеш што ти мислиш.
    И да, дестинациите ни се кратки. Се надевам дека ги вадите круните од нафталин гланцајќи ги со паста за заби.
    Најдоброто од себе го давам на најдобрите до мене. Ако ме инспирираш,добиваш целосен пакет,на взаемно задоволство,ако продорно погледам една шуплина полна со лаги кои лебдат, ќе можеш да ме позборуваш како не таква која другите ја перцепираат.
    Мислам дека и сте поголеми актерки од тоа што мислите и би сакале да бидете.
    На крајот,луѓето ги ценам по можноста да ја прифати одговорноста за своето постоење во секој момент, па дури и тогаш кога крева кочници на удолнина,а прикочува точно кога е во рамнината. Хазардерство сакам, ме прави жива,но стојам зад секоја случајна променлива по него.
    Ако имаш нешто да ми кажеш,кажи ми, не прави како да ме обожаваш,а од друга стана не знаеш што и каде,кому си кажала. Среќа имам добра меморија,а и лесно поврзувам ситуации...
    На моменти ме потсетува на смешна југоносталгичарноста на петнаесетгодишник. Сака нешто кое никогаш не функционирало совршено,а некој трпел срања.

    За подобри времиња.
    Се разочарав многу пати од некои личности тука, но уште толку пати и го поправив мислењето. Многу пати и згрешив со крути зборови со цел да изнесам поента. Еднаш згрешив за една личност, зошто ја запознав во погрешно време и услови. Несакајќи можеби повредив некого зборувајќи за нешта кои ги доживувам во реалноста,а ми пречат,па случајно навредив, зад се тоа,стои извини. И ми било криво. Искрено.Но никогаш никого не сум му се обратила од лицемерни и лажни намери како многумина. Форумов е сериозен,колку што може да биде. Да,можеби дискутираме и сето тоа,но кога откинуваш парче душа и некој си дава големо право,па мислам дека следен чекор е да го избришам подот со него. Земјината топка е мала. Не е навидум ситуацијата од скоро кога сите слатко се изнасмеавме, уствари слично.

    Мене ми е капини и коктел. Мене ми е љубов...целата. Од темето до прстињата на нозете. Знам каде одам... жално е што барате ѕвезден момент на место каде што не треба.
    Сакам да сум чисто.
     
    На Buttterfly, Stoimenovska, Monna.Monna и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Некои луѓе кога ќе се заљубат се заљубени. Некои се опасни. :)
     
    На FortuneTeller.xD, cinderella5, wolf4e и 7 други им се допаѓа ова.
  15. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Во сите беспотребни нервози и ненормални болки во стомаков од најмилава ми тетка која ме послуша и дојде порано, единствена радост ми се внука ми и белото крзнено двомесечно топче кое треба да го донесат дома за некое време. ^_^

    Мало убаво кученце, хибрид од две прекрасни раси.
    На местото на старото куче доаѓа ова.
    Предноста е тоа што е мало и што ќе имаме можност ние да го научиме на некои ствари, за да немаме големи проблеми потоа.

    Уфф, пресреќна сум! :sun:
     
    На cinderella5, starbucks, innablood и 4 други им се допаѓа ова.
  16. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    СДК дека ова ми е најдосадниот и најмонотониот распуст до сега -.-'
     
    На Stoimenovska и ana-girl им се допаѓа ова.
  17. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Ух жештинава ме убива :whew: Некако ми е спор денов, незнам што сакам. Вчера се напумпав,готово, спремна да бидам најдобра, да не дозволам да ме совлада стравот. Како што пишав во предходниот пост, си ја наполнив куќата со јаглехидрати, почнав различен животен стил :?: И што се деси...? Во последен момент aj чикенд аут |( Му реков на тренерот дека дека сум многу изморена, и побарав да седнам. Не ме сваќајте погрешно, цел час пливав (со помагало) ама кога беше ред да пливаме вистински, се исплашив. Што ако повторно се згрчам, неможам да го слушам како ми вика да ги пуштам пловките :shake: Фала богу човекот не е намќор, да, знае да викне, ама барем ми дозволи да седнам, а и малку се шегуваше. Јас не очекував да ме пушти, тој нормално не дава ни до ВЦ да отидеш, ама океј е :rock:
    Држете среќа да испливам како што треба во понеделник, неможам вака цел живот...

    Ај идам да изедам една банана, јаглехидрати, јаглехидратии!
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  18. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.693
    Допаѓања:
    6.613
    Преуморна сум во моментов, зашто ич не сум наспана а денес го поминав цел град ама конечно си купив купаќи, уф, немате поима како ми олесна! Сите продавници ги поминав, и накрај, пак во Лиска си најдов. Си се снабдив и со апостолки, масла, креми и остали ствари за сончање, шорцеви и маичка за на плажа :) енд ај ем реди ту гоу. Депилацијава ќе ја ставам за на 3ти негде, таман да си бидам мазна ко бебешко газенце за одмор :wasntme: .

    И таман срцето ќе се враќа таму негде ии одвај чекам да го видам, тогаш ќе бидам најсреќна и исполнета, иако и сега си се чувствувам онака добро. :) Незнам што ми стана преска, му пишав дека сакам да го гушнам и тажни му изнаставав :D и уште не ми вратил, цц, вол еден.

    Како и да е, деновиве ме дрма некоја инспирација за пишување љубовни текстови, иако повеќето ми се со тажна содржина и смрт на крај, незнам зашто, ама тој ми е стилот, на крај скоро секогаш завршуваат со некој вид на разделба. А не дека така се чувствувам во моментов. Исто, сега сум сконцентрирана да чепнам и некои поосетливи теми и што претставуваат табу, како хомосексуалноста, т.е јас се ставив како главниот лик кој е вљубен во девојка.. за тоа пишував вчера.. и го објавив текстот на форумов, па ако некој сака нека го читне, очекувам и критики :)

    Ќе пишам нешто и за братучетка ми и спомените кога бев мала.. ех. Инаку, да не ве заморувам веќе, имајте убава вечер и среќен пат и убав помин на сите што набрзо ќе одат на одмор. :*
     
    На Elena-97 и pamelche им се допаѓа ова.
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.353
    Допаѓања:
    286.378
    Он:Moже ли да одам со xxx во Кино?
    Јас: Е кај смеам да речам не де, кога толкав маж така културно љубезно си праша.
    Е оди де, секако дека можеш, што ме прашаш.
    Он: е како така да не прашам, ние мора за се да се консултираме заедно...


    Он: Ако сакаш дојди и ти, пладневна проекција е.
    Јас :swear: А јас сум пладне на работа, еве сега се спремам да испаѓам.
    Он: Штета баш xxx сака да те запознае.
    :puke: :puke: :puke:



    Некогаш самите непотребно си правиме склети, и уште пострашно отвараме неконструктивна дискусија...само оти не сме изброиле до 10 и не сме ја исконтролираме потребата да се истуриме.
    Еве јас сега до 11 ќе бројам и ќе бидам пуна со разбирање :emo: .
     
    На Peppermint и pamelche им се допаѓа ова.
  20. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк човек ако не сака и ако не е сакан е никој и ништо.
    Тело без душа.
    Без љубов човек нема живот, се е празнина,шуплина.
    Тоа ти е како да живееш а да не дишеш.


    Јас сакам, и чувствувам потреба од тоа да бидам жива.
    Се исполнувам полека, барем така се чувствувам.

    Само да помине некое време..е тогаш мислам дека .... и ќе дишам со полни гради.

    http://www.youtube.com/watch?v=HQB9ISqm ... re=related
     
    На crazylady, Alesii, starbucks и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.