[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Убаво е кога два дена по ред ќе ги поминеш со твоите мили другарки.Позитивно се чувствувам. :)
    Вчера на сладолед и шопинг,а денес цел ден останав кај една другарка дома,повеќе од 5 часа сигурно беа.
    Де плачевме, де се смеевме,де се жалевме од дечковците...за на крајот да дојде ред да се тресеме од страв поради некој манијак. :lol:
    И тоа не беше се одејќи накај дома ме изминува некој постар човек којшто може да не речам дедо да ми биде,и мене ми вика: "ууу лижавче слатко уф уф"
    Јас останав :o :o :o И кога се завртев да го вреѓам..."стар вампир еден како не ти е срам на годините бе старец еден..." :@ Уфф какви вампиришта има од такт ќе те извадат!
    А на крајот он ми ја даде јаготката на шлагот па така добра кавга имавме што мораше да заврши на кобен начин... :@
     
  2. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.905
    Како ли јас ќе заспијам? Комшиите се без осет, треба луѓево да научат комшиски бон тон. Ај барем се смеат не се караат овој пат . |(

    Може ли некоја феминка што ја има посетено пицеријата Балила во Капиштец , да ја ѕирне темата Романтични ресторани и да ми помогне малку. :)
     
  3. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Ај без навреда и галама молат се форумџувките да престанат со цензурирано Е :swear: аго !!! Е*аго напорно е и станува неинтересно во секој пост пцовки да има е*аго ја претеравте.
    Во генгста стил -
    Не е кул ! Не е ич кул !!!
     
    На Aleks96 и DeMelo им се допаѓа ова.
  4. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Волку рано оддамна немам станато(07,00)..Ама тоа е кога ме разбуди моето кутре..Леле кое идиотче е...Ама убаво ми е бе,ептен убаво..Браво за него што ме разбуди...Кога станав видов празно небо без сонце :D ..изедов пола лубеничка , сега еден ладен нес и пред фемина..најубава варијанта...мммм...
    Колку е убаво летото па и животов :inlove: :*
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    101.437
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Нема да ме зачуди и ова да ми се случи ,тастатурава тропа,тресе и тврдоглава е.Неколку пати треба да притиснеш одредена буква да се "фати".Моево милениче ќе ми откаже послушност :D

    Јас не знам,какво е тоа непишано правило кога не сакаш никого да сретнеш,сите можни непожелни лица ти излезат на патот.По пат,до маркет, меѓу тезги .Неугледни шорцеви,коса врзана,папучи некои на нозе не беа пречка да си ја остварам мојата недефинирана желба за чоколада...о,зошто судбо клета,баш во такво издание сретнам се живо...[​IMG]


    Човек кога има време во изобилство,се бави со травијални и блесави размислувања.Наместо да си [​IMG] и [​IMG] како другите жени од мојата генерација јас се бавам со ова.Си го анализирам бракот,во последно време тоа ми е хоби,како изгледа тој.Па да објаснам...значи ние функционираме како прекинувач за светло...палиш,па гасиш,па пак запалиш,па повторно угасиш...па тогаш непрекинато палиш и гасиш брзо...па пак запалиш да свети долго...па угасиш...и чекаш така ....ама те мрзи да се мрднеш и повторно да запалиш...ете...тоа е тоа...кога подобро размислам поубаво што не дадов споредба со вибратор,ова пали,гаси кај ли ќе ме однесеше [​IMG], :$


    Денес е недела,убав ден,бог ни го дал за одмор.Семеен ручек ,сите околу маса,палачиники треба да правам,инаку изгубив на карти од ќерка ми.Кој ѓавол ме тераше да играм на правење палачинки.И како ми се случи да изгубам ма? Јас никогаш не губам на карти :doh: Амa пилето порасна и ја надмина кокошката...е тоа е тоа...природен процес...

    Феминки имајте убав неделен ден,уживајте со најблиските тоа е најважно.Ама вие го знаете тоа паметници сте ми мои.Ако успеав да извлечам барема мала насмевка од вас со постов ,не беше залудно мачењево да го истипкам... :*
     
    На Buttterfly, JuLleE, tweety26 и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Недела, будење во 8, по навика. Ама најубаво будење, со неговиот глас и цмок во образ.

    Мириса на свежо печени пиперки, надвор веќе некој се разбудил и готви за семејството. Недела ми е баш таков, домашарски ден. А јас, сум на работа, да речеме. Но, тоа е што е. Си држам радост во мисла, вчера си направив многу фина прошетка пешки по градов мој. Во Лаика на џин тоник со Фиши, после тоа во Менада на џез јуриш со Иван и Владимир. Пиво од нога, изгорени раменца, малку поезија напишана на салфетки и скриена назад во купот салфети. Како што и самиот Владо рече - браво Ана, сега некој ќе си порача фурнаринки, и ќе добие ем храна, ем твоја поезија!
    Перформанси де, од ноќен вид. Малку зачинети со разговори за флертот, перформансот, музиката во секого и никого, приказните што зрачат од луѓето, лагите што живот значат за луѓето... И така. Три точки, па продолжен дискурс. Не сакав да станам толку рано, ама имав и некои чудни соништа, па можеби и е подобро што еве, будна сега, си бирам музика, пијам горко кафе и го спремам денов.

    Ми фали само едно четврт бурече со месо и јогурт, ама решив, деновиве лабавко! Салата, месо без леб и мноооогу течности. Плус, пливање и точаковозење треба резултати да дадат, а не да се враќам на нулта позиција. Си го градам телово, небаре храм. Па добро, само и во него можеме да се молиме вистински.
    Како што милува Владимир да ми рече - Ана, ти секој ден експлодираш од емоција. Секој ден си во различна улога на себеси. Не се уморуваш?
    Ех, да се уморам од бивање себеси... Се случило. Милион пати. Како да настапуваш пред светот а аплаузот не е искрен. Но, такво време дојде, мораме да играме за да стигнеме до личните придобивки.
    Кој вели дека никогаш не се глумел себеси, лаже...
    Сите имаме улога на овој свет. Само прашање на време е кога тие улоги се судираат со реалноста.

    А реалноста, каква и да е, сам си ја градиш. Како едно огромно сценарио. Внимавајте како си го пишувате. Бришењето некогаш е тежок процес.
    Ете недела е, а јас во философии запаѓам. Не е на арно. :lol:

    Ајде одам да се истегнам пред да се заробам на работа после.
    Цуфки, Шилејски!
     
    На tweety26, Springy, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.217
    Пол:
    Женски
    Легната во 5, а веќе во 7 зетко ѕвони дека се вратил од одмор. Е добро де зетко нели можеше да се наспиеш па да се јавиш? :wasntme:

    Комшииве ука бука, кршат бетон, ќе се асфалтираат повторно улици.

    За мене не е алкохол. Се вратив и му пишав на момакот од маало што го меркам. Уште нема вратено, осеќам дека долго ќе се каам :$

    Ми се јаде месенко. Не верувам дека ќе ја убедам мама баш сега да ми замеси. А да пробам? Може да ми успее? :wasntme:

    Имајте ми убав ден. :)
     
    На tweety26, anabel-a, Alesii и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    ПОстара за една година си сум роденденец ми е .

    И рооол рооол многу сум радосна со неговиот поклон :$ :!: :D .
    Башка да не збораме што некогашен симпатија ми честита ,IM TEEEN GIRL ама само на збор инаку далеку сум од тоа тин.
     
    На Hayley, tweety26, Divinebutterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  9. girl1985

    girl1985 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    2.122
    СДК Среќен роденден Ines.h :clap:

    СДК Што убаво ни беше сами изминатиов период, сега ќе треба долго време да помине за пак да биде вака :)
     
    На ines.h му/ѝ се допаѓа ова.
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк а владава да смисли некој закон за притворање на мувиве што секое утро ме будат. :^) :D
    Во 5 сабајле сум земала тепалка за муви и си трчам по собата со полуотворени очиња :D .

    Синоќе пред легнување излив на емоции, ама од убаво.
    Ем ми фали, ем знам дека му е убаво, па се тешам временцето бргу ке помине.
    Му пишав едно пораче пред легнување и накај 3 сабајле го осетив мобилниот како вибрира и автоматски си ставив насмевка на лице. Малку сонлива но искрена. :)
    Убави зборови прочитав.

    Убаво ми е,можеби премногу се залетувам, па ризикувам од тоа да треснам на земја убаво.
    Али ако поубаво да ризикувам отколку да се чудам што ќе било ако било,нели ? :?:

    Чекам убав мамин ручек а алиштата и куферот ме чекаат мене да ги средам и утре пат ме чека, а пред пат ќе мора да се оде на заболекар, ме дотолчува болката од забот, само се чудам кај најде сега пред патување баш ;(


    Ве поздравувам јас а за некои 12 дена ќе ве гушкам, бидејки знам дека ќе ми фалите :hai: :*
     
    На MandyLane, 1209 и anabel-a им се допаѓа ова.
  11. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405

    Драга ти симнувам капа многу добро кажано :bow:
    Жалното е што ги има многу и се уфилмани дека се нешто многу посебни, се ижувљуваат, а несвесни за тоа колку бедни се во суштина.Коплекс и исфрустрираност убаво кажа.


    СДК дека ништо од викендот за Битола , парите од ФЗО уште не ги префлиле, тешко на тој што зависи од оваа **** држава.
    Утешна награда ке идеме до Матка, мал пикник скромно - домашни сенвичина, карти, ние тројца , свеж воздух и многу љубов. :inlove:

    Имајте убаво неделно попладне, ако сте во можност подалеку од пеколново Скопје..
     
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Бре, кога ќе прочитам некои прашања и мислења по форумиве, па уште ко ќе се пропратени со некојси (х)умор што умрел пред Тита, дури и мојов, и така мал коефициент на интелигенција, оди во минус.
    А и што па да не? Кога Сораја се трти на насловна „Јас сум најзгодната риба на Балканот“, дотука ти е јасно колку е се` ојдено у материне, па лево.
    Рибо, може во градите и забите ги пополни шуплините, ама во црпката не можеш.
    Или може е само до мене. Може се` си функционира беспрекорно добро, ама јас наоѓам опашки.
    Или што ми велеше мој професор: Сите наопаку, ти терсене.
    Е терсене бе лепотан, кога мене ме испрашуваше 3 часа по ред, по цели 40 минути да анализирам, а на други од ракав им ги вадеше петките, со тоа што ќе одговореа на прашање од типот: Кој ја напишал Касни-Порасни и за што се работи во неа? Седи, браво, 5. |(
    О, леви ташак задовољства да не требаше да ти го почешам?

    Ах, минало.
    Отидов да си го гледам „Викенд на мртовци“, оти баш таков беше викендов. :D
     
    На cinderella5, Monna.Monna, Springy и 3 други им се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Р пресреќем ми пишал готово е, зема виза! Се женам нареден петок. Келн добува жител плус, а Р ќе се буди и заспива покрај својата љубена. Нема веќе од она во самотијата ниедна убавина не е совршена. Сега ќе ја дели.

    Си ја прелистувам книгата, чекам С да се разбуди да пиеме кафе и да се разделиме, тој на работа јас во Битола, вечер во Хераклеа на Леб и Сол, се радувам. С ноќеска ја испеа за првпат песната за настапот.. ми се допаѓа. Не е премногу, некоја мирна поп-џез варијанта. Сакам да препее и неколку песни од татко му, особено мојата “Мојата серенада“ ептен ќе се радувам.

    Со време научив да живеам со се'. Еве сега и со помислата дека пак морам во туѓина за некој месец и да барам излез. Непозната во непознатото. Ах ме измачуваат тие мисли. Сите бури ги преживеав се надевам и оваа и ќе го пронајдам тоа што го барам, ќе создадам и се надевам дека татко ми ќе биде горд на мене за првпат во животов како што треба.

    Чујте ја песнава прекрасна е..

    http://vimeo.com/moogaloop.swf?clip_id= ... autoplay=1
     
    На cinderella5, Annie.mk1, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Нес и кока кола за освестување, веќе е еден попладне, а јас неможам очите да си ги отворам. Напорна работна недела, топло и спарно време, се е некако безживотно.
    Кукав за работа, ја добив и сега се прашувам дали навистина ми беше потребно ова. Не озбилно,зошто сакав да се вработам? :^) За да не го лежам дома цело лето, да. А септември ќе ми биде хаос, факултет + работа, дали ќе го можам јас сето тоа? Па човек сум, сакам и да излезам, да прошетам, да се дружам ... А јас уште на почеток го имам само она, работа - дома.
    Ватевр, ми треба само еден слободен ден за да си го средам подочњаков.
     
  15. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Знаете, не било се така црно како што понекогаш замислуваме со сопствените умови. Кога најмалку очекувате да се случи нешто, токму тој момент тоа веќе се случило. Долг изминат период состојбата ми беше за нигде. Искрена насмевка беше луксуз за мене. По толку голема бура од лоши мислења и ставови, поддршка имав само од најблиските - семејството и пријателите. Работите постепено се менуваат и средуваат, но се во свое време, место и ред. А ја знаете онаа поговорка: После дождот секогаш доаѓа сонце. И навистина било така, дури сега се уверив во тоа, многу доцна. Во тие лоши денови единствено мислите ми летаа само по песимистички работи. Замислете бев толку голем оптимист, што сега не е така...Уште пак се прашувам како некои работи се променија, за кои мислев дека никогаш нема да бидат пак исти..и сфатив.. трпеливост, да да, времето ги лечи раните само бидете трпеливи. Пред две недели светот ми беше целиот црн, сега кога работите се средија малку од малку животов ми е пола-пола. 50%-бело, 50%-црно и сето тоа ми го исполнува животот=ЦРНО И БЕЛО..
    Како што вели Калиопи: НЕМА РАЃАЊЕ БЕЗ ПАЃАЊЕ..
    http://www.youtube.com/watch?v=1bk4f6j4v7I

    Ај сега чао.
     
    На sweetyy1, kate21, Monna.Monna и 6 други им се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.217
    Пол:
    Женски
    Ми фали дедето со коњ и приколка кој по жешките летни денови викаше - Бостаааааааан, ајмо бостааааан! Секогаш ни текнуваше дека сакаме од кога ќе ја помине нашата куќа, па боси трчавме по него.
    Денес ја довлеков од продавница и мака ми е што ич не е убава. Убаво си купувам динче секој ден ама сега силна ќе се правам лубеница ќе носам до дома.
    Сепак месенко ќе се јаде денес мх, мх... Топли пишии со сиренце и една со шеќер за десерт :lol:


    Него не знам дали да се радувам или да плачам што сите ме прашуваат дали сум полнолетна. :^) :worried:
     
    На lunicka и Sara123 им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.820
    Пол:
    Женски
    Не знам што е работава во последно време, ве сакам, бацки, мили, душо, леле се срциња бре. |(
    Уф љубов само, нали тоа е битно да се шири. Јеа рајт.
    Мимс, тешко е на почеток, ќе се навикнеш, се наоѓа за се време. Не се секирај мила. :* :*
    Ај да не дрндам многу, да си ги фатам домашните работи, па да поучам малку и после на работа.
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Колку подоцна во ноќта се гледате, толку помалку во денот те почитува...
     
    На Hipster, stetoskop, cinderella5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Да не те фатија твоите на прозор со едната нога надвор? :rofl:
     
    На la-chicka, cinderella5, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... просто човек да им "завидува" на оние кои виделе, слушнале, вкусиле, осетиле ... искуства, работи, луѓе на нивоууу :emo: ... Е, тоа не го може секој. :wasntme: Останатите нека се чудат |(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.