Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    8.640
    Кога ќе ти се појави во маичка од Супермен и ќе си го гризнеш јазикот, ќе се штипнеш, за да увериш дека не сонуваш. Утринско гушкање пред огледало додека ти ја душка косата. Неговите усни на мојот пулс.
    Суперхерој, со кој имаме ист омилен сладолед, иста крвна група, хороскопски знак, исти омилени бои и пиво. И спонтаност.

    Убаво ми е, а по дифолт кога некои коцкички добро се местат во реалниот, го запушташ виртуелниот живот.
    Ама не заборавам да свратам да прочитам до каде сте со реализирањето на желбите, туркањето на кариерите или решавањето на љубовни проблеми.

    Имајте убаво неделно попладне :hug:
     
    На Buttterfly, bittersweet, anabel-a и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Јас, јас сум тука во моментов...
    Немам, не знам, не умеам нешто да кажам...
    Луѓево се толку површни, што и сами си немаат појма... Зарем би му верувале на некој што буквално на секоја личност и се обраќа со Лепотице, Душо..бла бла.. А веќе следниот момент упатува злобни погледи кон истите тие "душички?"
    Кога еден од нај добрите другари, кој има долгогодишна врска апла и се пушта на најверната другарка од неговата девојка? Кога сваќаш дека живееш во некој замислен свет кој нема врска со реалноста? Кога луѓето не си се доволни сами на себе, кога се чувствуваш изгубено, кога размислуваш да прекинеш нешто во еден момент, во другиот не, кога сваќаш дека нешто не е како треба, кога се разочаруваш од нешто за кое долги години си сметал и верувал дека е нај совршеното нешто на светот, кога седиш сам и сваќаш дека повеќе од половина од работите околу тебе се проклета лага и лицемерие... Летово скоро и да помина, сите мислат дека алкохол, дрога и такви ствари се всушност она нај доброто што може да го извлечат од младоста, изгубени души.. Кога во дискотека гледам девојчина на 15-16 годишна возраст како се влечат пијани како гасеници, та може која било будала да ги собере и да си го прави ќефот...
    Кажав, се е лицемерие, на никој не го интересира дали мене нешто ме боли..устври ги интересира, само за да слушнат некој интересен трач... И гледаш се се врти во круг, дечко што ја игнорира својата девојка која како јагненце се притаила во него мислејќи дека тој е нејзиниот заштитник додека самиот он буља во пи*ките кои глумат главни фаци на вечерта, девојка која глуми поштеност а изгорела за вечерта да ја помине макар и со нај верниот другар на својот дечко....
    Се е едно големо НИШТО. Јас моментално си сум збунета така, сама дома на +50..Размислувам и тоа ме упропастува моментално.
    Луѓево не се она што мислат дека се, само не успешно пробуваат да ги одиграат своите улоги во нивниот замислен свет, притоа повредувајќи се околу себе за да ја постигнат целта.
    Па нека сум проклета ако сум старомодно, единствено задоволна со мали ситници и една личност покрај мене..
     
    На Monna.Monna, innablood, Serafima и 7 други им се допаѓа ова.
  3. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Сдк дека ова со отворање на нови дупли теми веке нема смисла...Па почнете да отварате тема како на пример
    Дали да мочам....Да или Не...Помошшшшш Феминки

    АМАН ВЕКЕ :@
     
    На Aleks96, Divinebutterfly, CharmedGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Синоќа бев на Д-фестивал во Дојран на кратко. Ја фатив само Соник кога пушташе музика и жими се многу е добра. Миксеше песни, пееше во живо, дури и играше на сцената, затоа што цело време да се стои позади миксетата е премногу мејнстрим. :wasntme: И многу пофалби за Дојран, од ден на ден се повеке прераснува во туристички град како што треба да биде. Well done! :) Имајте убав ден, еве една многу позната песна од неа.

    http://www.youtube.com/watch?v=1AIu7SqX ... re=related
     
    На Beauchamp и iloveyou29 им се допаѓа ова.
  5. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    СДК дека форумов почнува да станува како Гламстик.И тоа иде на лошо.
     
    На Aleks96 и blaa им се допаѓа ова.
  6. wildness

    wildness Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    23
    Луѓето се многу неблагодарни и без никаков почит.
     
    На anabel-a и julie77 им се допаѓа ова.
  7. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Моментот кога сите планови ти одат во вода и сфаќаш дека можи ќе се тргни по нов пат.... :tmi:

    И сама незнам што да правам...Неможам да верувам како порано,неможам ни да се надевам ко порано.За жал реалноста е посилна од мечтите и фантазијата :doh:
    Животот ми се менува од ден на ден...
     
    На green.eyes, Adi888 и julie77 им се допаѓа ова.
  8. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Чудна работа е како тоа може некој да се труди планини да ти помести и пак ништо а некој со еден глуп потег на уште поглупава песна и најобична насмевка може да ти постане хистерија... :)
     
    На anabel-a, Smilly, blueeparadise и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Ми се допаѓа еден дечко. Го знам од многу одамна, ама дури сега се сетив дека ми се допаѓа. Сум немала симпатија повеќе од една година. Ех, се сеќавам кога порано имав по десетина симпатии одеднаш. Веќе сум заборавила како да им пријдам. Но собрав храброст и го направив првиот чекор! Му пратив покана да играме Song Pop на фејсбук! Му водам 14:12. Да му пратам Love Songs или е премногу рано за second base? :D
     
    На marama, cinderella5 и Smilly им се допаѓа ова.
  10. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Ние луѓето сме многу чудни суштества.
    Копнееме да бидеме сакани, а ги одбираме погрешните кои воопшто не нѐ сакаат; копнееме да сме успешни и независни, а не мрзи да ги разгледаме огласите за работа или да се потрудиме за една 6ка на факултет; копнееме да имаме добри пријатели, а ни самите не сме ...
    За среќа, остана еден мал дел од човечката популација на земјава кои не се такви.
    За среќа.

    Имав една другарка од Германија. Прекрасна девојка, пријателка со сите, насмеана, ведра, со големи желби и амбиции, прекрасен глас, многу убаво умее да пее.
    АМА, знаете како сите си ги покажуваат роговите после одредено време.
    Епа, ланското лето, после 8 години непрекинато дружење си ги покажа роговите.
    Испадна дека е огромна лицемерка, лажга, искористувач, спонзоруша (да, иако живее во Германија) и огромен подлец.
    Тоа на страна.
    Следно што се случува е ова: си фаќа некој дечко, сељачиште до коска, две години помал од неа, набилдан, залижан во косата - абе што, убавец! :wasntme:
    Ама, ок, таа таков посакуваше, а нели непишано правило е она: „Внимавај што посакуваш, може и да ти се исполни.“.
    Пред да продолжам со тоа морам да кажам дека пред две-три години, истата, имаше прилика да биде во врска со човек кој е прекрасна личност, добар, внимателен, културен, паметен, згоден, убав на фаца, привлечен - е, ама немал мускули, не бил набилдан.
    И таа го одби со изговорот дека сака да ѝ е пријател - ама остана и без пријател.
    Ок, бидна тоа и помина, а сега низ која тортура поминувала: дечкото, кој патем е 20 годишен пиљиштар, ја остава да седи кај него дома со мајка му, баба му и прабаба му во некое си затуцано Охридско село, додека тој шетал по градот со другарите (!), притоа таа дозволувајќи да ја навредуваат со секакви погрдни зборови и фрази кои се срамам да ги изговорам, а не пак да ги напишам. Месец подоцна, типот и раскинал, а таа останала да го оплакува со надеж дека летово ќе се смират.

    Што се случува?! Образована и убава девојка, која цел живот живее во урбана средина, во една од наааааааајнапредните земји на светот, настрана нејзиниот карактер, можеби во моментот кога се расипа кон мене и фалела сексуална активност ( :$ ), да падне тооооолку ниско?!

    Не, не можам да разберам многу работи и дефинитивно не можам да ги разберам луѓево.
    Да одбиеш некој кој би го дал светот за тебе и отворено ти го кажува тоа, иако сѐ уште не си му ни девојка, а да прифатиш да бидеш понижувана од некој трет и уште да сакаш да продолжиш да го трпиш тоа за некој кој пет пари не дава за тебе - не, тоа не чини, никако!

    Па, јас плачам за некој нормален и просечен на изглед, ама да ме обожава од земјава до месечината, а тие што таквите ги добиваат не ги ценат.
    И после се расипувале машките за кучки - е ќе се расипуваат додека постојат такви како неа, што не знаат да ценат!

    .....
     
    На Monna.Monna, Miss.Ricci, calliope и 4 други им се допаѓа ова.
  11. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Понекогаш е многу досадно :yawn:
     
  12. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Пред точно 17 години,на овој ден 29 јули,мама била невеста.Убава,преубава.А тато младоженец.Со плава косичка и сини очи,мхм презгоден!
    Се отвори вратата,а тој се појави со шише црвено вино и бомбониера во рака.Сеуште згоден...
    Сеуште толку вљубени...Ах!
    Црвено вино...ја би бело,но двајцата се вљубени во црвеното.Special Selection 2004,PINOT NOIR.Ми се допадна.Сакам старо вино.Па и црвено.
    Sweet obsession,преслатка,го избрав mocca-vanillia,(па зарем поинаку би избрал вљубеник во ванила)јас знам дека со црвено оди црна чоколада,но што можам.
    Им го пуштив Френк Синатра,и ги набљудував додека танцуваа опиени од виното,или од љубовта.?
    Ги почестив со сочен бакнеж во образ.
    Куцам по тестатурава,потпивнувам од виново,додека тоа вешто го прелива чоколадото во мојата уста.
    Совршен начин да се прослави годишнина од бракот,зар не?
    Но,познавајќи го него,ќе ја изведе и на вечера.Сеуште е истиот кавалер...

    Така,си се топам во фино спакувано,љубовно попладне.
    :l:
     
    На Buttterfly, Monna.Monna, teddybear и 21 други им се допаѓа ова.
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.485
    Допаѓања:
    17.196
    Дочкото е од мојот град, му се поклонувам. :bow:

    Ја напишал сам и сам си ја искомпонирал. Првпат кога ја слушнав ја слушнав во живо, ја испеја со толку чувства, солзи му текоа додека ја пееше, неможев да останам рамнодушна и мене ми потекоа. Едвај ја најдов на јутјуб. Сега ја слушам, очите ми се полни солзи, не дека сум некој лигавеш да плачам и цимолам на песни и филмови често, ама овде неможам едноставно. Верувам дека татко му е горд сега на него. :bow:

    http://www.youtube.com/watch?v=GLlawp_9E5g
     
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Чувството кога некој ќе те праша кое одделение си. :headbang: |(
     
    На gingerchild, anabel-a, Mishela и 6 други им се допаѓа ова.
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.620
    Допаѓања:
    43.222
    Пол:
    Женски
    СДК се вратив.
    Сте се заборавиле со пишување, неможам да постигнам да се изначитам.
    Како сте ми?
    Јас одлично, фала.
     
    На Doozy, Divinebutterfly и cinderella5 им се допаѓа ова.
  16. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Сакам малку да ви раскажам за мојот претстој во Берлин, посебно во поглед на стекнувањето на нови пријателства и другарства.

    Првата фаза ми беше фазата на осаменост, изгубеност, непознавање на јазикот, па дури и мала исплашеност...Тие први неколку месеци додека се запишав на постдипломските ми беа особено тешки. Од Македонија пред да заминам за Берлин, на се' мислев, само не на тоа дека ќе бидам осамен во град од 3,5 милиони луѓе. Никој не познавав. Дури неколку пати и плачев од осаменост. Ми требаа било какви луѓе, само за дружење, за споделување, за шетање... И полека ги наоѓав.

    Втората фаза ми беше и почна после учењето на германскиот јазик до ниво на студирање и после уписот на универзитетот. Се мешав меѓу луѓе, се охрабрив, го проучив Берлин, посебно неговиот научен потенцијал. Запознав луѓе од најразлични држави, религии и култури. Почнав луѓето да ги индивидуализирам и да ги ценам, прифаќам или одбивам, во зависност од тоа дали имаме слични интереси или не, дали ни е пријатно да се дружиме или не, и до кое ниво на (интимна) искреност ќе одиме.

    Берлин има огромен социјален живот: научни конференции, политички дебати, културни настани, библиотеки и музеи, промоции на книги, концерти, изложби и други музички настани, ноќен живот, приеми и коктели, Берлинале ...и така натаму.

    Никогаш никаде не отидов за да бидам виден, за да глумам интелектуалност или елитизам. Ниту пак некогаш се криев или срамев ако некаде сум бил. Бев на концерти и на Цеца и на Дара Бубамара, и на Синди Лопер и на Шакира и на Берлинската филхармонија :D

    Поентата ми е, како што одминуваше времето мојата самодоверба брзо растеше, запознавав луѓе, некои ме сакаа, а некои не, за пријател и другар. Некако како да си го најдов местото во Берлин :)

    Третата фаза беше последната фаза, фаза на стабилизација. Почна после завршувањето на студиите и чувството дека нешто постигнав во Берлин. Се одомаќинив во Берлин. Берлин стана МОЈ град. Моја слободна територија. Од никого не се плашев. Имав и имам прекрасни пријатели/ки и другари/ки, кои ми го разубавија животот. Ги сакам и ме сакаат. И ми недостигаат сега... :(

    За пријателствата и другарствата во Македонија, пред и после Берлин, во некоја друга прилика :)
     
    На Monna.Monna, anabel-a, Aleks96 и 12 други им се допаѓа ова.
  17. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Искинати хеланки, по некое трнче во нога, разбушавена коса, насмевка од 6ка до 6ка без посебна причина, тивко, топло ветре и мозок на пасење.
    Придушено светло и мирис на застарена кујнска дрвенарија, мирис на шеќер несмасно слеан и стопен на рингла, мирис на топло кафе и мекици. Мириса на досадна неделна вечер. Мириса на љубов.
    Вкусот одамна се изгубил, но мирисот останал тук и таму да надразни по некоја бразда.

    Романтичниве филмови се лепешки у боја.
    Сакаат да кажат дека може да бидам дури и проститутка, но сепак еден ден магично ќе се појави мојот лепотан кој ќе ме прифати ко таква, од што ме сака ќе ми ги растерува муштериите и упорно ќе трча по мене макар имала и сида?
    Where do I sign?
    Мхм, ме чека. Ме трефнаа будалите да одам да ми гледаат на кафе. Без некој посебен интерес го слушав толкувањето на знаците. Ми рекоа да се пазам и дека ако не затруднам за 1-2 години, ќе сум имала преубав живот. Кој јунак ќе ме оплоди бре мајче? Промаја?
    Па упорно ми покажува „Види, види каков маж ќе имаш, гледај само како ќе те држи во раце, цело време гушната и ќе имате сложен живот.“
    И мене сестро да ми платиш да ти гледам, и Бред Пит ќе ти кажам дека ќе ја остави Анџелина за тебе.
    Битно не умира Каљопа со 10 мачки. Со 11 можеби. :D

    А сепак да си фатам џаде во проститутски води? Некако приказната во филмот арна ми се виде... :?:
     
    На cinderella5 и Magnolija им се допаѓа ова.
  18. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ако во животот некој човек ми е херој, тоа е татко ми. Без размислување тврдам тој е најдобриот татко на цел свет. А јас сум татино злато, нема потреба да се кажува тоа. :lol: И како растам, и како во врската се повеќе и повеќе откривам од другата половина, постојано си потврдувам дека навистина несвесно бараме партнер кој е сличен со нашиот татко. Зошто нели мојот татко е најдобар, па ако мојот партнер е како него, и моите деца ќе го имаат најдобриот татко. Така некако одеше еден ланец што го читав, ама и не е битно, зошто некако вистина е тоа. И знам дека се би направил за мене, и јас би за него, веднаш би ја зела сега неговата болка и би ја носела да можам без размислување ... ама не можам, и тоа е штета.

    Туку, животот е прекрасен, знаете La' vita e bella... со сите срања измеѓу, кога имате макар ситница за која вреди да се држите и која ви го полни срцето тогаш вреди да се разбудите наутро и понекогаш да ги тргнете проблемите на страна. Кога играте боси на песок... ни една болка не постои освен убавото чувство на стапалата.

    Пресреќна сум. Четврта година како сме заедно на одмор, а ова лето трет пат како киднавме од скопјево, и замислете, оваа недела била среќната, го синхронизиравме спиењето заедно. Секое утро кога едниот ќе отвори очи отвараше и другиот. И денот не можеше да тргне на лошо. Значи, со секој изминат ден сфаќам дека сум пресреќна. Можеби понекогаш ме плаши тоа што ненормално многу ме познава, тоа што да ме погледне одма знае дали ми е нешто, дали ме изнервирало нешто, или сум среќна од ич ништо, се сноси со секое мое лудило, ме разбира и поддржува, бескрајно ме сака, и што повеќе да барам од животот? Дури и предоволно ми е тоа што имам некој што ми го гали стомакот кога имам добиено, што со истиот некој сакаме претежно исти работи, а и да не многу лесно наоѓаме компромисно решение, што не ме излудува и што стои покрај мене цело време. Кога сакам на пример да направам нешто а тој види дека се мачам, веднаш ми помага. Мислам, не можам да речам ништо лошо ... имам некој што би сторил се за мене, и за нашето нас, и истото би го сторила и јас, па се чувствувам дури и пребогато. И не можам поинаку да се чувствувам кога срцето ми е полно заради него, зошто го сакам повеќе од се на светот а исто и тој мене. И кога седеа со брат ми во иста просторија, и толку добро кога се сложуваа верувајте ми, за малку ќе заплачев. Не можам да го објаснам тоа чувство ... само ќе кажам дека е прекрасно, да имаш некој да те смее и во најтешкото, некој кој пред спиење ќе ти шепне те сакам и ќе те баци во чело. Ништо друго не е потребно, само сакате светот да запре во тој момент и да ги слушате само тие две срца како бијат, две а како едно, едно а толку совршено...

    Се расприкажав, а ако ми верувате во вц не сум отидена, си дојдов пред пола саат, да ги изнагушкам децава, ваму таму и одма овде се закачив, па викам ај ќе ги поздравам, па ај просто ми се прошири постов. :D

    Ве гушкам и вас и се надевам дека уживате во летово ... барем јас што од секогаш мразев лето, на некој чуден начин оваа година почнав да го засакувам и потполно да уживам во него без да се замарам.

    Одаааааааам да скитам, останете ми поздравени, од утре појЌе ќе ве дружам.
    :)
     
    На bittersweet, cinderella5, kravce и 15 други им се допаѓа ова.
  19. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Зошто не е барем малце поедноставно во животов? ...барем малце, м? :wasntme:

    Цел ден истото прашање.
    Убави беа тие времиња, кога бев преисполнета и кога со задоволство пишев пост за тоа што ми се случува во животот.
    И пак ќе си напишам накратко, ама незнам од каде да почнам и како да скратам.
    Ништо не ми се случува што би поттикнало насмевка на вашите лица дур ме читате.
    Зошто?!
    ...затоа што или е стварно сложено или јас го тупам од што немам друга занимација....незнам! :smirk:

    Тупела или не, го чекам 2ри. Не за да славам Илинден или пак да одам на некоја најака журка или незнамтишто, туку за да го испратам него во тој град, па после две недели и во Србија.
    Роденден, исто наскоро, тој таму, јас ваму, пак сама.
    Има љубов во нас на претек, ама зошто, за преку телефон? ... :shake: јас сакам него да си го галам и да си го љубам, па најнежно пред 12 да ме гушне и така 10 минути, пет минути пред 12 и пет минути после 12. Така си честитаме роденден...
    Незнам како се‘ ќе опстане, се плашам од исходот и воедно сум сама... Само него го имам како најблизок во животов, покрај мајка ми.
    Тригодишна врска си го прави своето, другарки имам ама не искрени! Зарем сака некој да те гледа цело време насмеана и среќна?
    Им сметаше, ме викал срцка пред сите! Де бре, де! |( Глупо им било. Пх! Мене ич не ми е.

    Како било, можам и сама. Сега ќе се радувам и ќе дишам слободно, без кнедла дур го имам, а до година ова време, здравје Боже, со него покрај мене, ако ја поминиме годинава, частам!

    А, ќе ја поминеме, верувам! :nod: :l:
     
    На bittersweet, cinderella5, Noemi и 11 други им се допаѓа ова.
  20. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    кога бев мала бев исполнета со другарки кога пораснав и се омажив по толкуте разочарувања со другарки се плашам да се зближам со некој све ѕид има помеѓу луѓето не сум ваква личност :( неможам да живеам без друштво ама со последното другарство многу ме погоди по 8 години дружење на крај во неа да ти се криело завидливост, љубомора да знаев ќе се преправав секој ден дека не сум среќна со животов и сеа многу се имам затворено во себе со сите сум онака а сакам да имам некој близок до мене како дива се чуствувам :envy: многу си се мразам бе
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.