Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Па, пријателке, баш и не ни требаше овој муабет, м?
    Не ти требаше "reunion" кога красно си мислеше дека е отидено со виорот, нели?
    Знам, знам, перфектно те сфаќам.
    Сепак, јас и ти, дури и во тандем, немаме доволно разум. А баш си бевме госпоѓи, кажи? :D

    И те молам, немој да велиш дека ти ми завидуваш. Јас ти завидувам тебе, ти ја имаше храброста самата да си ги раскрвариш раните, додека јас моиве упорно ги стегам со стари крпчиња пред кинење.
    Мхм, тотално ти го разбрав празниот, насолзен поглед кој проба да го камуфлираш со насмевка.
    Нема потреба да криеш дека не минува ден, а да не помислиш на некои работи, и дека не минува час, а да не те облазуваат студените морници од кои се плашеше.
    Слободно исплачи се на моето рамо, кога и да сакаш.
    Мило ми е што ја имаш таа доверба во мене. А јас ветувам дека нема да ја изиграм, оти би било исто ко да се изигрувам самата себе. И ти самата велиш дека сме сосема исти, зар не?
    И за ова сме исти, само што јас сум експерт за камуфлирање, па се` кај мене ти изгледа така лесно.
    Ако, само ти црпи сила и инспирација од ова што ти го приложувам, за вистината има време.
    Знаеш, и воопшто не постои личност, освен јас, која вистински знае што се случува со/во мене.
    Некои тоа го би го сметале ко манипулација кон другите, но тоа е моја одлука, одлука која сум ја донела за да не ги повредам. Но вие не го ни знаете тоа бидејќи сум го прикрила изигрувајќи зелена, кога всушност перфектно сум размислила за се` и сум одлучила да се направам дека не сум забележала, за да не се повредите повеќе од веќе постоечкото.
    И не ме прават тие работи воопшто жртва, напротив, среќна сум што го имам тоа неприметно позитивно влијание врз вас, без ваше знаење.
    Некој ден ќе ти кажам и јас се`, а засега мудро ќе молчам за да можеш самата да се справиш со себеси и да спознаеш што навистина сакаш.
    Знаеш, што и да се случи, другава „госпоѓа“ секогаш ќе е тука за да се задржиш на неа. :hug:

    И од филозофското катче назад во реалноста, бубрезиве ме кинат од работа. Алал. :^)
    Ќе си опнам некоја ретардирана комедија, а после ќе спијам за сите пари.
    За друго - друг пат.
     
    На Johny, marama, Lepaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    После се што видов, после се што пројдов, после сите места каде бев и сите луѓе кои ги запознав, после се што добив и се што изгубив, сфатив што треба човек да прави кога го нема она што го сака. Да не прави ништо. Затоа што кармата на овој свет е таква, да кога ја вложуваме целата енергија во нешто, добиваме малку, а кога не правиме баш ништо, добиваме повеќе од што сме можеле да замислиме. Има само една вистина. Кај луѓето палиш само кога не се трудиш.
     
    На x.Daisy.x, anuskaNESTLE, marama и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Никако не ми излегува од глава тој келнерот од вчера. Со сестра ми додека бевме, се смешкаше. Згоден во најраните 20ти, очи сини ко небоно. Сто пати ако не ни помина на маса, да праша уште нешто дали сакаме, па ова, па она. И така сестра ми си појде до тоалет, и дојде до маса, да ги собере чашите, и ме праша од кај сум. Му кажав, и ме праша дали сум често во Охрид, дека блиску било. Тој скопјанец, преку летово само работел во Охрид. Ми ја комплиментира косата, колку ми била убава. Обавезно да сум поминела пак, ми рече, и си замина. Душа.

    А да си појдам јас сама на одмор во Охрид дека плановите за Словенија пропаднаа?
    Не ми дава душа сега да си заминам, фамилијава од цел свет августов тука ќе е. Конечно ќе си го запознам мојот мал братучед.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    СДК многу ми е мило што постои вакво виртуелно катче каде што секој може да си ги искаже маките. Некогаш некој бидува осудуван, некогаш одобруван, некогаш се гледа на него со неверување или презир, ама важна е можноста што можеш да си кажеш се' што ти лежи на срце. Ова особено е важно за некој кој што нема со кого да разговара за некој проблем, нема каде да се обрати и спасот го гледа единствено тука. Некому му треба само утеха, некому да му се дотера паметот зошто прави нешто непромислено, некому само малку хумор за да се расположи итн. Овде има се', за секого по нешто.

    Мене лично форумов ми дојде како можност за големо олеснување. Искажав се' што чував и собирав во мене со години и навистина се чувствувам посреќно. Претходно бев толку депресивна што немам работа, пари, што чмаам дома по цели денови додека сите работат, а и поради сите години поминати по болници со тешки маки, молби по фондови за средства... Немаше крај на тешкотиите, а мене сето тоа јако ми се одрази и ми се закануваше сериозна депресија. Но веќе ништо не ми тежи толку. Се зачленив овде во вистински момент и сега сум благодарна за тоа. Никогаш не ни помислив дека еден форум може толку да влијае на вистинскиот живот во смисла да го подобри, но факт е дека сега сум пооптимистична личност. Се смеам, уживам во животот, маките ми изгледаат многу полесни откако ќе ги споделам тука. Откако се искажав, многу ми е полесно, и благодарам за поддршката од оние кои ме разбираа што сакам да кажам и ме тешеа, бидејќи го поминале/поминуваат истото.

    Еден утешен збор од непознат некогаш значи многу повеќе од оние зборови на нашите блиски (другари, другарки), од она нивно „ај бе па и ти, не се секирај“, кажано само ради-реда, само колку да престанеш да им зборуваш за твоите реални проблеми, кои ним ништо не им значат, зошто моментално нив животот им е супер и не можат да се замараат со тебе и да губат време да те тешат. Еднаш веќе го кажав сево ова и се заблагодарив на оние кои ми напишаа по некој утешен збор кога ми беше тешко, а сега уште еднаш го кажувам, зошто навистина ми значи. Благодарам :*

    Едит: rici.aaaaa, имаш ставено забрана за лични пораки, па еве ќе ти вратам тука. Фала на прашање, добра сум и фала за поздравите во темата ’Специјален поздрав до...’. Мило ми е што ти се допаѓаат моите мислења :*
     
    На Peppermint, Johny, blueeparadise и 2 други им се допаѓа ова.
  5. wildness

    wildness Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    23
    Многу е глупаво чувството кога се доверуваш на некој, сметаш дека ти е добра пријателка, сметаш дека сте блиски. Некое време си среќна, си мислиш дека посовршено од ова неможе да биде, кога потоа дознаваш полека полека дека целото време не си гледала нешто, а тоа е лагите, негативните работи, кои дури сега излегуваат на виделина, сега ги дознаваш. Се чувтствуваш глупаво, измамено, осамено. Како се да сакаш одеднаш да престане, да се затвориш во една соба сама, да седиш сама со себе. Тоа чувтство, кога си осамен, веќе незнаеш дали нешто погрешно си направил, во што е проблемот, каде е грешната одлука ? И тоа никој не го знае. Исто како веќе да не припаѓаш на тој свет. Едноствавно не сакаш да си никаде. Сакаш одмор од се, од сите глупости, сакаш да свртиш нова страна, да почнеш одново. Сакаш тоа да ти помине, но незнаеш како. Нема од кого да побараш помош, тотално си изгубен и неможеш на никој да се довериш. Збунет си.
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  6. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    "Судбини во песни преточени,песни во срца напластени...Ставени како во срмено ковчеже, за да го отворете секогаш кога копнежиѕе,мераците и јадовите ќе бликнат во вас и ќе затреперат во грлото. Ние се раѓаме со нив,живееме,љубиме,страдаме и тие како златни капки ја оросуваат душата наша и вријат како в нескротлива чаша..." Така пишува на песнарката стара која со генерации ги будела среќните и помалку тажните чувства кај сите нас и многу пред нас. Песни во кои е опеана љубовта,болката,загубата,момите убави...

    Народните песни!
    http://www.youtube.com/watch?v=E4lgLB7y4_M
    http://www.youtube.com/watch?v=Jiz0zpL2ed8
    И многу други...
     
    На ceca-1 и Johny им се допаѓа ова.
  7. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    Сакам да кажам дека стварно сум разочарана од луѓево.Слушам и не можам да им верувам на ушиве. |(

    Има една жена,тука в комшии кај нас живее мајка е.Пред неколку години беше мажена со еден маж и си имаа едно девојче.Арно ама,мажот и умре пред околу 2 години.Ај што не го жалеше и уште првата година се омажи со друг.Туку сега имаат дете со него и девојчево од првиот брак е постојано тука со баба е и дедо е.Со нив живее сега.А таа среќна со новиот маж и детето. :geek: Па не размислува малку за девојчево од првиот брак?Како и е нејзи? Плус тоа единствен спомен од првиот маж и е. Баш сега ги слушав.Девојчево нешто ќе каже и таа веднаш и вика.Еј баш жал ме фати за девојчево.Секакви мајки има!
    Можда претерав со осудувањево,можда и не е така како што изгледа,ама не е убаво за уши...

    Туку конечно малку се дише надвор.Си седам во двор,си јадам сончоглед,си пијам сокче.Си уживам. 8)
    Убаво ми е!
    Ај да ја искористам приликата,да ве поздравам сите и да ве гушнам најсилно. :hug: :hug:
     
    На MoonChild му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    СДК ќерка ми е заљубена :D :D :D Гледам деновиве чудно ми се однесува,со посебно внимание се дотерува ,кисне со саати на телефон..дури и почна да ме прашува за модни комбинации...и денес не ми даде ѓаволот мир ,од околу ја потпрашав..секако не признава ама црвенилото на образите ја предаде... ја гледам и уживам во нејзината заљубеност...

    Пораснува брзо...а љубовта сакам да и биде нејзино мото.Да пушти да ја сакаат и да сака.Не заради некоја глупа причина од типот-сите,па ај и јас,туку чисто за себе.И да ја памети оваа прва љубов,зашто таква тешко дека ќе има повторно.Убаво е да научи што значи чиста,искрена,детска љубов.Ако тоа го научи нема да го одучи,особено ако е со цело чисто битие. :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Buttterfly, bittersweet, thelittle17 и 26 други им се допаѓа ова.
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    викендот во Охрид беше интересен-со двете девојки од медитација(едната докторка, другата преведувач)
    морам да напоменам големи медитаторки и секако пеачки на песните од медитација а оваа преведувачката +спортски тип ептен трчање, по натпревари браво за неа
    и така, стигнавме на автобуска, и отидовме во еден млечен ресторан за преведувачкава да касне нешто а и да се одмориме малку, а во мегу време докторката се пазареше со еден таксист-и рекол 200, а по таксиметар испадна 260, и на крај ни наплати 200-дури и број ни даде секако и име
    куката беше супер-на едниот кат беа малку стрмни скалите (што ми претставуваше голем проблем, ама и (боса почнав да одам) бев како Горги Колозов во приказната-не си ги трошам чевлите јас си правев педикир и си ги лакирав ноктите на рацете, а тие се одмараа, а потоа не можев веке да издржам и заспав, се спремивме, јадевме и на плажа, а после секоја на своја страна-преведувачката на трчање, докторката на медитација, а јас на прошетка во Охрид (докторката ми обезбеди превоз преку на нејзина пациентка роднини ни беа соседи) се исплашила да одам сама-божем некој ке ме украдеше :P а за вракање требаше преведувачката да помине да дојдеме заедно, ама јас се кажив во автобуси се вратив-се чудам како ја погодив куката во таа темница, а и кога дувна еден ветер-смрзнав на раминиците, и бев многу гладна-мислам дека сета храна што ја купивме, ке ја изедев од Тинекс
    а кога ке ми текне што се случи таму
    ги оставивме куферите, и почнавме да пазариме, и некоја од персоналот, цело време не следела а јас носев кеса со вода и кола-кола од Скопје-и дали е отворена или не, дали ја чувам сметката, а беше уште од пред да тргнам купенататко ми ми ја купи, дури шефот сакаа да го викнат да пропаднам од земја од срам, е што ми направија пу јзк да им е
    следниот ден, уште од 6 часот медитација па пеење-а јас си спиев и се чуствував баш ко некоја самовила , па и така беа поставени креветите ко да сме три самовили-сестри :lol: нешто каснавме и на плажа, ама не на најблиската, туку на плажата кај хотелот Инекс Горица-едвај стигнавме до таму, и ко за беља, почнавме да се зиркаме со еден така убаво исончан тип, згоден, ама имаше девојка до него :envy: а ние трите една до друга и докторката ми вети дека ке ме части сладолед ако влезам во вода-да попливам, пошто ладно бше, и не знам да пливам и ај влегов па после си добив сладолед
    а најсмешно е кога ми се одеше во тоалет-морав да поминам кај фрижидерите со сладолед од страна за да прашам каде е тоалет, а 6 машки еден до друг-прво не ме сватија што сакам да кажам, ама кога викнав :D и те како ме сватија и едниот ми се извини :!: истот беше и со чуварот пред тоалетот имаше и повелете и благодарам :!: и ми наплати верувале или не 20 денари,потоа се вративме во куката, ручавме(макарони) малку одмор и во Охрид, секоја со своите обврски-јас си купив сувенир, а преведувачката менуваше пари за во Битола а потоа сите три на палачинки-ама палачинки не како во Скопје туку 2 за 100 денари а не како тука една на 4 пати виткана( мојата беше со еурокрем, банана, шлаг пена и јагода прелив) и заборавив да спомнав дека имаше митинг СДСМ, и кога доагавме накај Охрид, докторкатата за милиметар ке си ја удреше главата од рампа во спуштање, ама за срека не се случи :whew: ме исплаши. Како и обично , следуваше вракање во куката, и медитација пред спиење
    последниот ден исто-медитација и пеење тие, јас си спиев-ама новите соседи што требаа да престојуваат во нашата соба беа малку чудни и кога се појави девојка и само рече-какво е тоа пеење во 6 часот наутро, и докторкава се извинуваме се спакувавме и договорот бил сопствичката да јде во 9 часот, и да одиме до плажа а после откако ке се вратиме да може да се истушираме -па после испадна дека не може, ама јас не се бањав па се избањав дома сепак докторката се снајде и се истушира-браво за неа. Не за џабе се вели , тоа што не сакаш ке те снајде-цело време се дистанциравме од дечки, а на плажата кога ни дојдоа 5ца со шишиња пиво во раце и стоеја над мене
    а кога ми се одеше во тоалет, преведувачкава ми рече зошто да доагам со тебе, па не сум ти мајка :fubar: само и одговорив дека ова и е многу попознат терен отколку мене, а за следниот пат веке се снајдов сама-со прашање до Стамбол се стигнува
    и уште девојкиве ми велеа да одам погоре со лежалката-каде погоре, кај еден од нив во скут ли :fubar: тие две барем отидоа во вода-малку се спасија, а јас со стомачен вирус и од ладната вода болки во стомакот, мислам ке полудев од тоа што ги слушав дечкиве, а нели лежи под сенка и одмарај аха сигурно. Пробавме и ГОМЛЕЗЕ-убаво нешто-Охридски специјалитет, потоа следуваше средување, сремање,резервација за такси-синот на сопственичката(не најде и минатата вечер па не донесе) едната со комбе за Битола па од таму пак за Охрид, и од Охрид за Албанија, па за Белград, а јас и докторката за Скопје-гужва, хаос на автобуска, додека влеговме и седнавме, а ми се слоши па ЕДВАЈ до стража издржав, и квикито и свежиот воздух ме освежија -КОНЕЧНО доцна вечерта стугнав на автобуска, тато ме пречека, и домче-кога ги извадив сите парталчиња, козметика, сватив колку сум преморена
    во пижамчиња и во кревет на спиење
    се сликавме пред да заминеме, за спомен

    п.с. сватив дека ми треба пауза од медитација, и дека 1 месец нема да одам, а богами и сватив дека докторката и преведувачката не се такви какви што изгледаат,(фини, мили) и се познава докторката има големи проблеми со нервите , за жал
     
    На pamelche, TeddyGrey, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. A.z.r.i.e.l

    A.z.r.i.e.l Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    0
    Ајдее што не ќе прочита човек :rofl:
     
  11. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    На секој чекор дволични, лицемерни, влезени во филм. :@ :@
    Ај побрзо нека помини празников, па и јас конечноо да се одморам, оти многуу се уморив, нелииииии :wasntme:
    :rofl: :rofl:
     
  12. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Кој ме спомна :D тука сум ! :tmi:
    разни маки ! :rofl: и болештини .ЕКИММММММ Лечам болести разни ЕКИММММММММ :D
     
    На fallenangel и blaa им се допаѓа ова.
  13. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    ^Кучињата лаат,караванот си врви.

    Би било добро кога луѓето малку повеќе ќе поработат на своето однесување и своите проблеми отколку да се грижат за другите,какви се,колку се паметни,како се изразуваат итн.Ни тие што паѓаат од смеење не се совршени,најверојатно не се ни близу ама да покажуваат со прст кон некого е најдоброто што го можат.
     
    На thelittle17, Monna.Monna, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Се учам деновиве да научам да пливам
    со гума :tmi: :$ :$
    се учам и велосипед да возам, сега за сега добро ми оди, малку оцрнев, комарци ме испоизедоа :devil: :devil: ама нема врска,
    Среќна сум конечно донесов некој одлуки, сватив кој, зошто и колку го сакам и кој е вреден да се борам, се враќам за недела дена
    Се читкаме дечки :*
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.224
    Допаѓања:
    140.003
    О, боже.

    Периодов се видов со еден куп другарки, со кои редовно и немам многу време да се видам. Главно мажени, со деца, и сите до една - несреќни во бракот. Интелектуалки, занаетчики, со кариери, бизниси, добар изглед, средени, во младоста сите горди и тинтрани од мажите, а денес... која немала секс со мажот со години, која мажот ја вреѓал, која не чувствувала страст, која е во брак само ради децата, која е пред развод... и што повеќе слушам повеќе се разочарувам. Особено интересно е тоа што кај повеќето причината е иста - патолошката приврзаност на сопругот со мајка му. Ама не кај сите, мора да се признае. Дури и кај оние со навидум најсовршени бракови - внатре е труло. Болно е тоа што немаат ни желба да ги оправат работите, веројатно изморени од постојано докажување и сите обврски кои ги носи животот. И после секој таков муабет јас сум истоштена, затоа што се ставам на местото од секоја од нив, и имам нагони за повраќање. Едно, затоа што ми се другарки и ги сакам, а друго затоа што не заслужуваат.

    Се прашувам дали ние жените сами сме си криви за таквиот третман. Дали се случува затоа што сме го допуштиле тоа, или затоа што појма сме немале дека си имаме работа со таков човек? И дали патолошката приврзаност на синовите со мајките е ендемична појава за балканов, или ја има и на други места? Едно знам, дека нема, никогаш нема да дозволам мојот син кога ќе порасне да биде така приврзан со мене. Да ме плукнете ако сум таква!

    И не, не би останала во брак ако немам редовен секс, или не дај боже ако муж ми ме навреди со некакви погрдни зборови. Соврешенство нема, проблеми има секаде. Ама ако ситуацијата не е прифатлива за мене, не верувам дека би останала во приказната.

    А децата се друга приказна. Ако се разделиш страдаат по другиот родител, ако не се разделиш страдаат поради лошата атмосфера. Како и да земеш, големи се шансите да бидат емотивно оштетени. Зошто? Затоа што двајца недозреани се толку себични што мислат само на себе и никој друг.

    Жени, поточно девојчиња! Мајка ми ми викаше - отварај очи со кого си, и во право била! Отварајте и вие, тоа ви е аманет од тетка Ариел! За ДОБАР брак, треба претходно да сте имале СОВРШЕНА врска. Ако уште во врска сте имале проблеми и сте затворале очи пред нив... турете пепел. Нема поента. Врската и сама оди, без многу трудење, ама бракот се гради, и бара посветеност и енергија. Ако не сте спремни, или ако тој спроти вас не е спремен, подобро не влегувајте во таква авантура. Ај што ќе страдате вие, и вашите семејства, туку и некои невини деца. А само од една работа во животот нема назад, тоа се децата!

    Кога пријателите ми се несреќни и јас се унесреќувам!
    А баш би сакала наместо со О, боже, муабетов да го почнев со О, хепи деј!
     
    На Buttterfly, antonina, bittersweet и 34 други им се допаѓа ова.
  16. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    У пичку матер и животов и се.

    Ако имаш пари ќе шеташ летово. Ако не, ќе одиш само на викенди, а дали и тоа. Па можело ли се да се врти околу тие пусти пари.
    Уште една работа. Како тоа вие мажите се нарекувате посилен пол, а од дома не излегувате ако жената не ви каже која кошула треба да ја облечете за до било каде. Ебати тоа сојот.

    А, и уште нешто. Од кожа ќе си испаднам, се мразам себеси што после толку време пак расположението ми влијае од тоа дали ќе го видам него или не. Што убаво ми беше порано, за ништо не се замарав. Како стигнав до таму да ми влијае еден маж на тоа јас како ќе сум?

    И јас сум за отепување. Не знам дали е до тоа што ми расте умник и што ме боли цела лева страна од фацата што сум целата изреволтирана, но ..

    Па и умот. Што ќе ми доаѓа, арно ми е и без него.
     
    На thelittle17, zarah, marama и 10 други им се допаѓа ова.
  17. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    СДК деновиве уживам во глетки.
    Уживав во прекрасните изведби на шаренилата на небо, кој не е под Крушево, не знае какво задоволство пропушта кога ќе го истегнеш вратот, за да ги видиш стотиците параглајдери кои уживаат горе во синилоно, браво за нив. :bow:
    Уживав врвејќи по асфалт, а гледајќи низ длабочината на зелените ридишта и шумички, тек тук по некоја златно жолта нива со сончогледи. :f:
    Уживам гледајќи едни мали слатки црвени образи кои дополнително го шараат лицето и муцето со розови тонови од слатка лубеница.
    Уживам гледајќи ги моите како со малце срам сеуште се подбуцнуваат и уживаат во љубовта на двајца средовечни(или речиси), додека татко ми прашлив во рацете ја прегрнува преку половината, а таа демек се лути му се мушнува под рацете на кратко. По само пет минути делат држава и прават криви дрини :lol:
    Денес, се загледував во оние негови маслинести очи, уморни и поразеленети, полни со љубов и страст. Нив ги сакам само за себе, секој ден ми ја разубавуваат душата, и тогаш кога од петни жили ме нервираат ]:) :lol:
    А бре глетки, пејзажи од чувства...
    Емотивно лето!
     
    На antonina, bittersweet, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  18. 2036

    2036 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    75
    Штотуку се враќам од шопинг и сум многу разочарана од тоа што го нудат нашите продавници.
    Некој цветни кошули, фустани, секој втор ги носи |( Немам ништо против цветниот принт, ама досадно е веќе. Морнарските маици кои порано ги обожавав, одбивни ми станаа. Па уште искомбинирани со црвено. Убава е комбинацијата со црвено, ама сите кога се запнале со црвено како да не постојат други бои.
    Се едно исто се продава, и после ќе имало униформираност, нормално ќе има (секоја чест на
    исклучоците).
     
  19. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ќе кажам пак,и пак ако треба "Јас поубаво лето не сум имала"!
    Пред да почнам со факултетот ќе си направам една рекапитулација на сите ситуации кои што ми се случија летово.
    Собрав многу искуствa од многу ситуации. Повторно сватив една работа "Јас не зависам од никого".

    Поминав уште еден прекрасен викенд. Многу ме израдува една пријателка која ја немав видено една година,ми кажа "Ау жено колку си ослабела".Aбе ми доаѓаше да си каснам од газенцето.

    Зрачам со позитивна енергија деновиве. Искрено,самата јас,никогаш не сум можела да кажам дека сум одлично друштво за секого,но летово го постигнав и тоа.

    Ќе ви открија уште една тајна.
    Давид вчера ми пиша порака од Америка:
    " Се надевам дека имаш убаво лето,ми фалиш премногу,од кога се разделивме не мислев дека ќе дојде денот кога ќе ти го напишам ова.Се слушаме и се гледаме во наредна прилика."
    Мене Давид пак ми остави надеж за нас. Meне Давид пак ми донесе бура во животот со пораката.

    Се надевам ќе ми продолжи животот со вакво темпо. Не би сакала да се случи она познатото "Многу арно не е на арно".
     
    На thelittle17, ViktorijaMari, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Од глаата си патиме. :)
     
    На Monna.Monna, Serafima, blaa и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.