Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ^_^
    пристигнаа новите каталози он лајн на Орифлејм и Авон
    па можеби ке има некој примамлив производ на попуст
     
  2. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Ако ве привлекуваат т.н "БЕД БОЈС" тогаш трпете си ги последиците од нивното однесување. Навистина неможам да разберам девојки кои се третирани од нивните љубови како последна резерва и упорно продолжуваат со нив.
    Девојки НЕ, нема логика некогу да молите да издвои време за вас. Нема логика ниту да ви се обраќа со погрдни зборови чисто од гооолееема љубов и милост ниту пак има логика да се траскате од земја за некој кој не заслужува ни да го погледнете.
    Или има?! :?:
    Т.е правете што сакате ама ако ништо друго не ги замарајте другите околу вас со вашата тешка но среќна состојба. |(

    И да, што е толку КУЛ во кажување пцовки во секоја реченица?
    Не, нема ништо кул Е*АГО! :emo:
     
    На srcekrsacka, Stoimenovska и starbucks им се допаѓа ова.
  3. milenna.torres

    milenna.torres Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    120
    Од утре нема да се читкаме ве сакам ситееее <3
     
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Ја бате, не ти сакам уопште предметни особи. Ак не ме разбираш, то се оние шо цела среќа на светов ја најдвет во некаква предметна потребштина, да не речам во материјална ствар. Некој ги нареквит матријалисти тие, ама ко ке ја окарактеризираш генерално особава ко предметна, тогаш си кажал све. Се состојт од предмет, нешо налик бездушник.

    Или пак од оние шо немет дома леб да јадет шо се викат, ама за нови шљопатици и мартини сред село - имет, дури и им се претурвет. Ил ко ке ми речит некоја - „лееее неам пари з’бов да си го попрам, ми трујат устава и ушево дур ме болит“, и глеаш после то ти твиткат нешо слика, ова-она со пераи нови. И шо сеа? Оди по чалам-улица, не ми требиш за муабет. Жими се ти викам!

    Нејќу и некој шо бар еднуш ми брцнале прст во салово. Ти свесно да ми напрајш нешо, да ти кажам ја кј згреши, да не се извиниш и да се прајш ко нишо да не било, само зарад да имаш со кој дизлезиш, кој да се кајт за глупостите твој, кој да кривиш пред мајка ти и слични матракуљки, не се исплаштат. Жими тебе, еднуш доста е! После не ми требиш.

    Ја сакам луѓе шо не се замарет со глупости, ама некој ко ке се врзит за тебе, да те поштоват как шо го поштоваш и ти - ил скрос ил дозирано, ама да е рамномерно од двете страни.
    Сакам и од оние шо се трудет да научет нешо, а то да не е кој број кондури носит Кардашијан ил со кој била Дивна на кафе а со кого се вратила дома, тук нешо поучно за мозокон и здравјено од чоека, шо ке му се најт секојпат. Да се разбериме, не мислам овде на некојси научници, тук некој шо се интересирал за себе, да си ја развиет личноста негоа и да знајт работи шо вистина би му биле корисни.
    Ги сакам и оние шо си имет самодоверба и шо не дозволиле некој падој и јадој во животот да им ја уништет. И оние шо сакет и се сакет, зш ко ке виш то ти е смисла на секој муабет, од ко ке станиш сабајле, дур легниш навечер.
     
    На Buttterfly, Lilit, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.604
    Допаѓања:
    201.928
    Пол:
    Женски
    Се чудам каде отиде светов... во неповрат изгледа... луѓето веќе ништо не почитуваат, па ни светоста наречена брак. Нема врска што носиш бурма и имаш дете. Дури, детето се користи како изговор за приближување |( зарем до толку сте очајни?!
     
    На Serafima, fallenangel, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам:
    Бев денеска излезена малку да прошетам.И како по обичај,бидејќи само низ градов имаме една улица право по неа и в центар.
    Е сега тука почнува нашата приказна.Тајно од тераса си ме гледаат цела фамилија,а пак они мислат дека јас не ги гледам.Епа се лажат. :lol: Опасна сум јас.А пак уште ако незнаат,тато мене ми викаше дека ко ќе пораснам ќе бидам полицајка! Тајно си се смешкаме преку тераса,арно ама тато негов итар ко лисица е. Секоја наша насмевка е ловит,и ни се смешкат.Браво за него! Позасрамена во живот не сум била.

    Туку остајте тоа.Денеска понеделнечки си ги видов речи си сите колеги :) А одмана така ги немав видено,нон-стоп низ град само еден среќавав. Е денеска обратно си го видов режисерот со синчето,и си застав малку да си поиграм со него :) Интересно ми е детенцево,многу е опасно.
    И само гледам од другата страна некој довикува:
    -Чаооооо друштвоо!
    Опа,па тоа ни е Хичо наш. Здравоооо Хичоооо! Оооооо АНАА еве го Андреја.Знам дека се сакате. А момчево има девојка бе,скраја да е ако ме чует,па косава в раце ќе ми е дајт.
    Јас што зборуваш бе човек.Ајде чаос!
    И Хичово,остај те тоа сеа Ана наша ни се прајт важна дечко имат.Затоа само ( името на кафиќот) таму киснит.
    Од кај му е информацијава,со кафиќов појма немам.А благе везе така наречениов дечко мој со кафиќов,е добро де,само што по цел ден е таму :) И само режисеров ми викаа: оооо па вие криете нешто па да частите?
    Е стварно ме изнервира после ова,еј немат ја што да ве частам немат ништо и ајде чао! Заврши муабетов наш.
    Туку екстра вести.Сеа се допишујв со еден грк,абе племе нивно,ми викат јас многу ги сакам фирмоците.Фиромци а? :) Е мамето твое.Македонци сме ние! :rock: :rock:
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Во моментов, токму ова..

    [​IMG]
     
    На fallenangel, srcekrsacka, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  8. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    ^F.I.N.E. - Freaked out, Insecure, Neurotic and Emotional

    Туку, СДК дека си искачам јас од кафич, поминувам покрај маса полна фраери, тие мене ми се вртат и почнуваат да ми ја пеат Авион од ДНК |( Добро бе, каде отиде светов?Немаат ли луѓево ни малку срам? :^)
     
  9. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека се потсетив на клучната утакмица со Доминикана. Тие се оние кои не прават горд народ и за кои славиме, но тие се оние кои што на некој начин не растажуваат.
    И не треба да плукаме по нив, кога не оди - не оди. Знам дека еуфоријата падна уште од кога ама јас ќе си ги спомнам тука, да не заборавиме тие се оние кои не однесоа до таму, а секогаш кога се потсеќам на натпреварот ме фаќа некоја тага, и сега кога ги читам коменнтарите кога пишувавме и пцуевме по судијата. Бива ли толку да немаме среќа?
    И сега ЛОИ би биле поинтересни, но тоа е тоа, олимписките игри останаа само еден неостварен сон.
    Едвај чекам да ги видам да заиграат на терен и повторно да не издигнат горе. Тие, нашите кошаркари. И секогаш ќе ги сакам и поддржувам, без оглед на се.

    [​IMG]
     
    На Alesii и OneDirection им се допаѓа ова.
  10. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Бев да ми земат мерка за пајаче.
    Докторот, стар, безобразен и безчувствителен.
    Требаше да се соблечам само на гаќи, али пуст срам не дава.
    Во собата имаше 3 мажи, помошници. Да се соблечам полу гола пред 3 ?
    Несакав.
    :shake:

    Започна да вика без причина, да ме навредува велејќи ми дека сум недорасната за моите години, дека сум себична и безчувствителна. Дека се однесувам детинесто, незрело и многу лигаво. Една солза се потркала по лицето мое, па го слушнав - уште па и плачеш ?!
    Се свртев накај мајка ми, со очи полни со солзи, побледната. Стоеше во еден крај, гледајќи ме, уште еден миг и ќе заплаче. Слушнав глас полн со болка :
    - Престанете веднаш ! Зарем во вашето искуство не сте сретнале девојчиња на кои им било срам, зарем на вашата ќерка не и е срам од нешто, зарем и неа и викате за срамот, кој доаѓа со годините и личноста ? Сте помислиле ли некогаш како се чувствуваат тие, сте се ставиле ли на нивно место ? Тој процес, опуштање и безсрамежливост не е лесен, а со него носи многу работи, пред се познавање.
    Докторот беше занемен, не очекуваше нешто вакво. Мајка ми се сврте накај мене и ми рече да излезам. Ја послушав. Стоев во ходникот. Го слушав монологот на мајка ми.
    - Знам какво мислење имате сега за мене, веројатно лошо, со обзир на тоа што ви се спротиставив, вас, на една угледна личност. Но, како и секоја мајка, нема да дозволам да ја навредувате ќерка ми за особина која ја има скоро секоја личност. Преслушајте се дали ова ви требаше. А сега извинете и пријатно.
    :hai:

    По пат до дома размислував - колку е силна мајчинската љубов. Иако овој факт го знам, го имам почувствувано многу пати, сепак никогаш силно како до сега. Иако возеше, ја прегрнав и и реков - ти благодарам. А таа скромно, нема зашто, тоа е моја работа.
    http://www.youtube.com/watch?v=9CkKuA86Mis
     
    На Buttterfly, Bright, innablood и 24 други им се допаѓа ова.
  11. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Сите жени делиме една слабост, добри мажи и добра храна. Јас денес ги имав двете. :wasntme:
     
    На Buttterfly, crazylady, Peppermint и 16 други им се допаѓа ова.
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ништо посебно не ми се кажува. Дремам на тераса, комшииве се караат нешто а јас им го пуштам Балашевич и си размислувам. Кога сите спијат во куќава си пронаоѓам некој мир. Ќе ги ѕирнам сите и некако ми е мирно на душата. Кога човек ги затвара очите си тоне во некој свој свет, си идеализира, фантазира, се надева, додека не потоне во сон. Убаво е да се има соништа, соништа кои секој се стреми да си ги оствари, соништа кои ни даваат сила да го поминеме утре, соништа ...

    Многу често сакам да трчам незнаејќи каде, надевајќи се дека ќе стигнам некаде, неплашејќи се дека ќе се удрам во нешто, само трчам и си држам до своето но, фала му на Господ што тој познавајќи ме ме остава да трчам зошто и да сака нема да ме сопре(читај одам со главата во ѕид), а сепак кога ќе паднам од замор тука е да ме фати и да не дозволи да го допрам дното. Тоа е она скапоценото во тој чуден однос... во тоа магично поврзување.

    Чудата наречени луѓе, секој комлициран на свој начин. Комлициран сам, комплициран со некој. Суштества разни, многу луѓе а малку луѓе, насмевки лажни, погледи тажни, секој свој а никој не е тој, тој е мој, јас сум негова, секој има некој, и да нема ќе си најде, од стареењето сам нема фајде. Љубовта е среќа, колку полна вреќа со еден куп подарочиња, за едни мали рачиња, и насмевка од детското срце мила која секогаш ќе ви даде сила, помеѓу луѓето силна конекција, и свесност дека не постои перфекција, со се што животот носи мора да се сносиме без да кубеме коси, затоа што на крајот од денот, кога ќе ги свариш случките и ќе ги отстраниш мучките, ќе сфатиш дека си еден мал дел од огромнава планета, дека имаш свое место под сонцето, и пред да потонеш во сон, за да се насмееш искрено ќе пронајдеш во тебе моќ, и ќе уживаш во прекрасната ноќ... без грижи, зошто, таму негде, над ѕвездите запишано е се...

    Бело фустанче, плажа и тој .... уште еден сон. А реалност.
    Мој, и само мој.
    Љубов и среќа во неограничени количини.
    Секогаш.

    Држте две најомилени :inlove:

    http://www.youtube.com/watch?v=l4xKGo6B ... re=related
    Ja imam nas a za svet ko te pita...

    http://www.youtube.com/watch?v=UZF0Z83J ... re=related
    O, daj okreni
    taj ringispil u mojoj glavi
    to ne zna niko, samo ti
    Bez tebe drveni
    konjici, tuzno stoje
    dodji, iz plave boce se pojavi
    bar jednu zelju ispuni
    i dodaj svetu malo boje
    cudo moje...


    Гуд најт дарлингс доста ви беше за една вечер физофирање. :lol:
    :hug:
     
    На innablood, ines.h, Johny и 7 други им се допаѓа ова.
  13. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    КЕј, љубов,романтика, километри ...и мојот нов велосипед ја обоија оваа јулска ноќ.
     
    На srcekrsacka, Shelea, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.357
    Допаѓања:
    286.452
    Маживе се бетер од деца кога се болни :devil:

    по втор пат во овие две недели го фана грло(нема ниту кашлица, ниту температура...), и ајде сваќам загриженост, па ја летна во брза помош.
    Се врати што се врати јас дремам над шпоретот, мешам супата, а он глог глог глог на екс мавна едно енерџи од фрижидерот :swear:


    Мојот поглед вајда беше убиствен, се освести што направи и почна да офка :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Peppermint, srcekrsacka, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  15. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Киреее, каде си? :?:
     
    На fallenangel, srcekrsacka и Serafima им се допаѓа ова.
  16. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    СДК дека нз што ке правам со овој мој страм .Па аман веќе неможам да се опуштам пред некој кој го имам сретнато неколку пати само.И многу многу ми е незгодно сите си праваат муабет меѓусебе а јас како здрвена само си седам и молчам како нема.Покушувам да зборувам ама најмногу 3 реченици ќе кажам.Неее не сакам да бидам вакваа сакам да си комуницирам како и другите.Божее зошто на мене ми ја даде страмежливоста?!Голема пречка ми е во се.НЕ НЕ НЕ НЕе не сакам да бидам веќе страмежлива.Кој знае што зборат луѓето позади мојот грб.
     
  17. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Сдк чуден ден денес. Посебен. Се случија мн работи ( а и добро е што прееска излегов),а и сватив мн работи.Едноставно сватив дека не вреди да се нервирам за неважни луѓе,луѓе кои што си немаат свој живот и се мешаат во туѓ (според мене најглупа работа).Каква и да сум,таква сум си се сакам и знам дека вредам и не заслужувам понижување од никој.За некои сум посебна,мн ме сакаат и почитуваат,за некои најлоша,а зошто? Затоа што се обидуваш најмногу да помогнеш,ама не најдобро ке биде онака ни добар ни лош.За тие што заслужуваат добра сум,за тие што не заслужуваат за мене не постојат и крај.
    Ке си уживам како сакам во живоот и ке правам што сакам без да ми кажува некој. :)
    И добро еве ке си имам другарки и ете си имам некаква мака и си кутам бидејки знам дека не постои таканаречена другарка што знае да си ја затвори устата. :x И вика кажи ми тајна,јас сум верна другарка на никој не кажувам. :x :o :tmi: И од одма се знае каква другарка е.Јас ако сакам нешто да и кажам тогаш ке и кажам нема потреба од овие глупи зборови.Така да вербата во другарство ми се изгуби.Сега се на прв поглед изгледа онака баш добро навечер искачаме се шалиме,се смееме,ама кога нема да можеш да им исполниш некоја нивна глупа желбаа неможеш ти се лути како да сме им убиле некој најблизок :x :puke: и кога си во мака никаде ги нема.Затоа отсега дружење со некои,ама само онака,тајни,мајни,додворување,лажење не ми е потребно.Еден личен дневник за тајни и главата мирна,нема друго решение.И другарка,дечко,сестра и веке незнам кој таму може да те навлече во невоља,да те лаже,ама само својата мајка тоа никогаш не би го направила и сега сватив колку си ја сакам.Може да вика кога ке дознае нешто,ама најмногу од се те сака,најмногу ти помага и ништо не кажува на други.И незнам како би издржала кога би ја изгубила.Мамо знај дека најмногу те сакам и почитувам и нема да дозволам никој да те гази! :* :* :)
     
  18. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Некои посакуваат луксузни одмори, некои пак палати, а други сакаат да возат бесни коли.
    Јас посакувам што побргу да бидеме ние двајца сами во нашите 60 квадрати и не барам ништо друго покрај моето ,,се,,.
     
    На thelittle17, Stoimenovska, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.016
    Допаѓања:
    81.358
    Пол:
    Женски
    Секој ден си има за цел, така да од него си извлечеме поука која ќе ни биде репер за што да и што да не правиме во животецот наш оскуден.
    Да, а јас денеска ставам потпис со лева и десна и печат доле во десното ќоше, дека маж не се пушта сам во парфимерија.
    Барем не без јасно напишан список! :!: :D
    Ма, закон е татко ми и не го менувам за никој друг татко на светот.
    Ми се јавува секој ден пред да се врати дома од работа за да не случајно ни фали нешто по дома па да докупи, а јас стварно не знам кој враг ме натера и каде всушност ми беше умот што му кажав да помине откај парфимеријата доле, која му е ептен преку улица што се вели, да ми купи безбоен лак, бидејќи мајка изрази желба да добие маникир за вечерашнава собиранка што си ја испланираа со друштво.
    И добро, речено сторено, мислам, си спуштив слушалка и си бркав работа по дома.
    И за да биде уште покомично, си иде татко ми дамлосан сиротиот и ми вели:
    - Абе сине, ти се зафркаваш со мене ? Не постои таков лак, да не некако друкчије се вика !? :fubar:
    - Тато, нема друго име - безбоен лак, под тоа име си го барам секогаш, знаат теткиците таму во парфимерија. :^)
    - Е од каде пак сега безбоен, не беше безоловен !? :?:
    :rofl: :tmi:
    Кутриот, малку ги помешал поимите - а лак, а бензин - во машките очи (богами и уши) све је исто, само њега нема. :D
    И ништо, сама си го барав, нема тука трте-мрте.
    Си завршив работа сама, мислам, не за џабе рекле старите - Сам, да не ти е срам.
    Е, жал ми падна за татета мој, па му направив ручек да се искупам.
    Како сум го усовршила тоа готвењето, лепи веќе со душа чека да ми се придружи на факултет, ехе за една цела година, па да се свинчиме квалитетно. :pizza:
    Епа, лекцијата за денес беше повеќе од доволна.
    И не гњавам повеќе, имајте убава вечер и ... това је това. :*
     
    На Buttterfly, Monna.Monna, marama и 8 други им се допаѓа ова.
  20. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Фора од типот на "ене ја, ама не се врти одма" не пали ни после пола саат...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.