Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Ова е дел од градот каде владее ноќната тишина.
    Сосема малку нарушувана од звукот на штурците, но тие и онака и даваат убава мелодија.
    Раскомотена во пижами под пригушено светло, против своја волја следам кавга на двајца млади.
    На уличката под мојов прозорец, се судрија страстите и емоциите, мислите и чувствата, разумот и срцата.

    Прави што сакаш, веќе не ми требаш да знаеш! Јас си одам!
    - Застани! Не те пуштам сама да си одиш!


    ... нервозни чекори, растревожени гласови и нерасчистени односи.

    До мојов прозорец допреа само нејасни звуци и исечоци од кавга.
    Не знам како, ниту за што започнала, ама знам како заврши... со бакнеж.
    Не знам кој попушти и направи компромис, ама ако едно нешто научив е тоа дека инаетот никаде не води.

    Воздухов е преполн со честитки од љубов.
    И нека биде така...
    http://www.youtube.com/watch?v=NNC0kIzM1Fo
     
    На Buttterfly, thelittle17, tweety26 и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК добро е кога на човек ќе му се случи нешто, кое ќе му ги отвори очите уште повеќе и од кое ќе има дополнителен попрецизен поглед на нештата во животот.Ништо не е случајно во животот.Истовремено сум воодушевена и изненадена, не е дека е нешто што не ми било познато, колку од автентичноста на нештата.И сега останувам без зборови од сето тоа...А драго ми е и мило што тоа е така :)

    Колку е убаво кога на човек му е сеедно :D оти што и да се случи, него ништо живо не може да го изнервира :D

    Времето е драгоцено и треба да се внимава како и со кого се троши :!:
     
    На srcekrsacka и Serafima им се допаѓа ова.
  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.997
    Допаѓања:
    123.762
    Нешто што е во центарот на мојот свет,се патувањата.
    Да се разбереме,цел свет го немам прошетано,ама како и да е,го обожавам секое најмало патување.
    Не ги сфаќам оние кои мразат патување,мразат да тргнат некаде подалеку само зошто не им се вози,и слично.
    Обожавам да патувам со автобус,особено кога одам на одмор.Има некоја посебна магија,да да,токму така.Возбудувањето кога сите се собираме,патуваме,јас секогаш седната до прозорец и никогаш не спијам.Талкам со мислите,набљудувам,едноставно уживам.Ги посматрам луѓето,и секогаш има некоја дешавка.Некој ќе каже нешто,некој ќе направи нешто,ќе се насмееме,ќе се изнервираме........Ако сте приметиле секогаш мора да има по некој омилен и неомилен,ама секогаш :lol:

    После секое враќање,со куп импресии и она-барем да беа уште два дена : :^) Секогаш фалат тие два-три дена,дали за испит,дали за викенд,дали за одмор.......... Но нема уште два-три дена,зграпчете ги оние кои ви се нудат :)
     
    На Annath, Peppermint, blond и 3 други им се допаѓа ова.
  4. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Епа залудно пробувам да напишам еден сентиментален, значаен пост како овие погоре.

    Сакам да кажам дека имам време. Ехх имам време за се, зошто до толку се брзам?
     
  5. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    10.406
    Пол:
    Женски
    Која будала мие коса у три саат по полноќ?Јас бе јас!(*смајлишодигадвапрста*)
    Ама кога се нема време, нема се.
    Сакам да кажам дека летово ми е малку турбо, малку повеќе де, ама убаво ми е.Работа преку глава, ама јас не се давам, зимам часови по возење и се трудам да си го одржам социјалниот живот на нивоУ.Епа спиење нема.И интернетов ми недостига, не викам не ама поарно вака.Барем сум продуктивна. :D
    Стварно ама, задоволна сум од самата себе.И најдоброто од се оваа лето ми е што си ја вратив линијата.Пу, пу да не се урочам.И веќе никогаш нема да си дозволам да скренам од правиот пат, да преминам он д дарк сајд односно да си расипам линијата односно режимот на исхраната(шо излезе ова де? :^) ) како и да е, ме разбревте нели. :D (еден- два килограми минус плус не се важат) :P

    Како и да е женски јас отидов, да си ја сушам косата, да си лакирам нозете со секси црвено лакче да да, да се средувам, да се лицкам па макар и у три саат.Ама несредена не излегувам од дома. :!:
    А утре ако иам подочњаци ќе стаам краставица и мраз на очите и ќе спадне.За се има решение, не му се секирајте(ова повеќе ко на мене си го кажав).

    Ааааа и уште нешто, ветувам последно ќе е.По Илинден одам на јаааак шопинг у Солун, има да се изнауживам, а богами и да се изнатрошам. :D

    Ајде останете ми со здравје оти не знам кога пак ќе се читаме.
     
    На ivimis му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Сдк дека ете едноставно треба да прифатиме дека постојат арогантини и некултурни личности,сепак животот не би бил живот без нив......
     
  7. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.489
    Допаѓања:
    17.196
    Кај си бе убав ^_^..аа па ние сме го имале муабетот, слушам и женска сакаш да ти бидам, не ти смета. :P

    Туку сакав да кажам, колку е убаво сабајле у 6 ладен туш кога ќе удриш :mm: . Мераци, мераци. Инаку конверс патиките сум ги сакала отсекогаш, сега ради погоре споменатиот убав ги сакам повеќе :D

    Ајт, добро утро на сите, а они кои не си легнале како мене да идат да фанат креветот пошто лошо е ова што го прават. Убав убаво да ми спиеш, знаеш за роденден што сакам :!: .

    Гушки од Памела :hug: :hug: :hug:
     
    На Lepaaa и DirtyQueen им се допаѓа ова.
  8. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Lako je smuvati pa sutniti.. Budi fraerka pa nedozvoli to. . ;)
     
  9. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    СДК...Прекрасно поминат одмор со другарки и нови лица! Многу смеа, забава и моменти вредни за паметење е тоа што ќе остане од овој одмор. Импресии и многу љубов :inlove:
    Сега нова подготовка и вечер на втор одмор во вистинска смисла на зборот.
    ^_^

    Вас ве поздравувам уште еднаш. Продолжете да уживате во летото. :*
     
    На cinderella5 и pamelche им се допаѓа ова.
  10. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    сдк
    Како периодов ми е психички нестабилен, како психата ми е мавната онака ко со тенк , мило ми е што имам уште добар и јак вид за да видам малку подлабоко у нечии очии. И да , со тоа сфатив пак и пак сфатив кој е кој. Али ако секако не е касно и за оваа проценка.

    И среќна сум што имам другари и другарки што се бројат на прсти и тоа на само едната рака, додека другава ми е зафатена со
    .!.

    Имајте убав ден драги мои :*

    [​IMG]
     
    На Serafima, Mia-K и pamelche им се допаѓа ова.
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Го прочитав постот на Ариелка, и искрено се загрижив... Што ли, утре ќе ме чека мене, моите блиски, моите другарки, сестра ми, кога веќе ќе се одлучиме да стапнеме на луд камен, па да кроиме брак, да создаваме деца, нови случувања, како ќе опстоиме? Ние, генерации на збеснатилук, понекогаш тежок егоизам, несвесност за себе и околината. Да. Ќе си кажеш - абре што има врска, можам! Епа, може и не можеме, што знам? Надоврзувајќи се на постот на Трендафилка, исто се запрашав. Дали јас можам една куќа да ја претворам во Дом? Дали само раѓањето дете значи да се биде мајка? Не. Како ќе организирам цел еден нов Живот? Ништо од ова не сум го помислила ни пипнала со светлосни години напред. Се прашувам. Како, зошто, дали е тоа во ред. И застанав. Не знам. Сето тоа ќе го учам крајпатно, како фрлена во тивок оган, претпоставувам. И да. Очите отворени, со кого си и каков е.
    Кој сака нека каже, бракот е прашање на компромис и трпение. Лесно е да си отидеш. Лесно е да се откажеш и да бидеш жртва. Ама не се сите борби исти.

    Врските на сите мои познати, доживувале распади, промени, проблеми. Долги врски на парови што ги познавам, се срушиле како кула од карти. Знам за премолчени неверства, трпење неподносливи нешта, неповрзување во сексуална смисла, издржување на терсене карактери. И зошто? Си викам, зар е толку нечесна, валкана женската/машката психологија, што Љубовта ја сведува на нервоза, несталоженост, проблеми, садизам, мазохизам? Каде отиде вистинската вредност, да се почитува партнерот, да се прават компромиси, да се воспоставува релација за подолги патеки? Како издржале баба и дедо во брак толку време? Како моите издржуваат, еве сега 30 години заедништво? Поминале низ куп проблеми, живееле со стари, немале средства, сме се родиле јас и сестра ми, имавме периоди кога баба ми беше болна, немаше кој да ја чува, ние бевме мали, колку се мачеле, внимавале сето тоа да го пребродат? Колку силни се тие луѓе што веруваат во power couple? Ќе ја имам ли јас силата, и Тој, што ќе биде, да поминеме низ сито и решето и да останеме Луѓе? Да создадеме Луѓе, а не исфрустрирани суштества?

    Како? Како. И без прашалник, многу тешки времиња дојдоа за Љубовта...
    А само таа ќе го спаси светов, отиден во бестрага.
     
    На antonina, Buttterfly, bittersweet и 23 други им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...а не знам што.Денов е посебен за мене а јас одеднаш сум празна.Ми виси прстот во воздух не знам што да напишам.Драги мои и официјално почнав да ја трошам 5-та деценија од животов,ја раситнив,ако најдете кусур години некаде слободно донирајте нема да се жалам :D

    И сега кога се вртам назад си го гледам животот.Кај сум била до кај сум дошла.Во пубертетот сонував да завршам факултет да се вработам,да шетам по светот,да го најдам човекот на својот живот,да имам барем 2 деца,да имам свој покрив...и бев сигурна дека ќе биде така.Бев уверена дека ќе имам многу пријатели,ќе се радуваме и тагуваме заедно...нејсе...јас планирав ама Бог одлучи да биде поинаку.Ми го распосла тепихот на лошотијата на луѓето,невидени сценарија ,филмски морам да признаам.Само што во филмовите главниот актер се тргне и сфати што му се случува,и секако ја истера правдата.Кај мене не беше така.Јас изгубив сила,немав грб на кого да се потпрам,не знаев како...а времето тече..и дури се свестиш поминале денови месеци години.Раните се тука ги гледаш а нема такво средство да можеш да ги премачкаш да исчезнат.Не велам дека немало убави моменти.Патувањата во помладите години кога бев слободна се само мои ,Моите деца,љубовта спрема маж ми која сега признавам стана навика ...Животот може се да ми земе,ама спомените сликите ,доживувањата не може .Е така за инает.Тие се само мои и не ги давам.И не се каам за ништо што сум направила,во тој момент така требало..и не знам дали биле исправни сите мои борби...

    Сега во овој момент не планирам ништо..сакам да уживам во секој ден од Бога даден,се разбира тука се моите бубачки кои не ми даваат мир.Ама тоа сум јас,не постои друга...и тие се дел од мене сакала јас или не.Сакам да извлечам максимум од денот, да не заборавам да се смеам,да сакам,се уште со полно срце,..и се надевам со дека ќе можам на моите деца и на моите внуци еден ден,да им ги прераскажувам анегдотите од мојата младост,да гледаме албуми со слики,не на компјутер или на цд,тоа не го сакам..и искрено ќе можам да кажам да животот е убав,не жалам за ништо.

    Ви благодарам на сите вас,виртуелни пријатели што ми го честитавте роденденот :* Јас одам да го сплескам некако свечениот ручек и да ја доѕидам тортата.. :D

    Изгушкана ,и избакнувана од рано сабајле Ваша Луничка..и повелете во мое здравје

    п.с.може и некое чиченце од 40-45 год. да ми набавите да си го протерам роденденот :P
    п.п.с. сега и ова ми падна на памет! Нели сум јас овде најстарата активна феминка???Мислам да ако грешам поправете ме :D :rock:
    и повелете во мое здравје...

     

    Прикачени фајлови:

    • download.jpg
      download.jpg
      Големина на фајлот:
      11 KB
      Прегледи:
      635
    • images (1).jpg
      images (1).jpg
      Големина на фајлот:
      9,4 KB
      Прегледи:
      635
    • images (2).jpg
      images (2).jpg
      Големина на фајлот:
      7,3 KB
      Прегледи:
      635
    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      11,2 KB
      Прегледи:
      635
    На Buttterfly, bittersweet, Serafima и 34 други им се допаѓа ова.
  13. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    СДК дека веќе ми се смачи од овие што ми пишуваат на чат на фб за нивните љубовни проблеми нешто што им кажале ова она ај добро нека зборат за тоа ама не постојано што сум јас тука љубовен советник по цел ден тоа изигравам ко јас да немам па со нивните ќе се замарам.-.-
     
  14. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Сакам да кажам дека ова е многу тежок период. Не само за мене туку и за целата моја фамилија.
    Не знам што е работава ама среќата никаде ја нема. Само лошо иде.
    Ми sвони телефон во 10:30 за да ми го кажат она гомно збор "тумор"..

    Слушај тумор, макар и најлошата среќа да не прати, макар и да се караме највеќе на свет само за инат на тебе цела фамилија заедно ќе сме и заедно ќе поминеме низ ова.
    Мати, те сакаме човек. Не заборавај дека не си сама. СИТЕ сме против него.

    И солзи во очите ми идат кога ќе помислам дека и покрај сето ова ТОЈ е секогаш тука. Мојот ТОЈ.
    Ако некогаш, било кога, макар и за секунда сум била во дилема дали си создаден за да ми припаѓаш мене, сега на секоја таква мисла ке и удрам клоца в газ.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  15. angel95

    angel95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2012
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    76
    Би им ги вратила на моите сите пари што ми ги даваат кога заминуваат на службен пат.
    Би ги дала сите работи што ми ги даваат.
    Не би одела на никакво патување,не би купила ништо.
    Ми оди да ги згазам тие пари.

    Не сакам никакви пари од моите родители,зошто со нив неможам да го купам нивното време :'(
    Би ги заменила сите осамени ноќи,и таа глупава голема соба,за само да можам да имам брат или сестра.
    Да ги гушнам,да ги шетам,да им читам,и да ме викаат даде.

    Но,ништо од ова неможам да сменам.Пробав и не успеав.Жив човек на се навикнува.
    Си ветив самата на себе кога ќе пораснам,дека секогаш ќе имам време за своите деца,и никогаш нема недостатокот од внимание кон нив,да го надополнам со пари..
    Проклети да се парите... :(
     
    На thelittle17, sweet-cherry, calliope и 6 други им се допаѓа ова.
  16. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Сакам да кажам дека во животот треба секогаш да гледаме напред и никогаш да не се вртиме назад освен со благодарност за среќните мигови што поминале. Имајте убав ден феминки :hai:
     
    На cinderella5 и marama им се допаѓа ова.
  17. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    174.002
    Сите имаме некоја скриена „врлина“ со која предизвикуваме воодушевување кај другите.
    Една моја пријателка е махер за ракија,вино,алкохол воопшто.Доволно и е да ја помириса чашката со ракија и да каже колку степени е и од што е (за мене врлина,женско бре еј,а се разбира повеќе од било кое машко за „јачината“на ракијата)
    Мајка ми,со само едно залаче торта во уста,веднаш ќе ти го „изрецитира рецептот“за истата-колку и кои продукти,на пареа ли е филот(аман....мамо,уживај во тортата)
    А мм,е тоа е посебно нешто,со само едно фаќање на облеката ,веднаш одредува дали е памук во прашање или некоја синтетика.Оди до таму што определува и дали е чист памукот или пак колку % е памук а колку останато.
    А моја „врлина“.....па немам,.....всушност.....незнам.....
    Ако може тоа да се смета,е што ми е доволен еден поглед во очи на некоја личност за да и ѕирнам во душата ,во маката,......
    Врлина,да се трудам да помогнам секому-иако тоа не секогаш е добро прифатено од другата страна,па штетата оди на мој грб....
    Абе „врлина“......
     
    На Serafima, Divinebutterfly, blond и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Еве денес и Shelea има пишувано на истата тема, па сакам и јас да се вклучам.

    Првин за мажите, а потоа и за бракот.

    Ариел е потполно во право. Јас и не знам од каде тој МИТ за мажите како храбри, паметни, зрели, силни, искусни, добри родители, заштитници на жената и децата, провајдери на безбедност и сигурност на семејството и тн... Нормално, дека има и такви, ама се малку, можеби 10, 20 или до 30%. Поима немам.

    Не знам ни самиот кога станав свесен за неговото постоење и кога станав свесен за мојата машка природа, ама во моментот себеси не се дефинирам преку тој мит за совршен маж и не знам дали сум во оние 30% или не. Понекогаш сум, а понекогаш не. И мислам дека тоа е една од најголемите трагедии на сите општества кои на мажите им го наметнале тој мит и таа обврска за безгрешност и супериорност. А глупите мажи тоа и го прифатиле, па цел живот се плашат да пуштат една солза, било дома или во јавноста, или да кажат и признаат дека на мометни се слаби, изгубени, без одоговор, немоќни, незрели, неспособни за брак, семејство и родителство. Нормално, не е убаво да се генерализира, ама практиката упорно ги деманатира мажите дека се нешто посебни, или по автоматизам, само оти се мажи, дека се и одговорни луѓе.

    Е сега, дали е тоа поради односот со нивните мајки, поради детството, поради не-навремено одделување од своите родители и нивно не-осамостојување, поради општеството и културата кои мажите ги прогласиле за ''посилен'' пол, или поради индивидулна незрелост за брак и љубов на некој конкретен и поединечен маж, не знам... Знам дека досега не сум сретнал маж/машко кој ќе му се јави на својот другар, и ќе му рече: ''Тешко ми е. Ај да се видиме и да поразговараме.'' Јас ова го правам со две-три другарки кои ми се многу блиски. Го знаете она, нели, мажите не знаат да изразуваат емоции и љубов, да слушаат со сочувство и да се соживеат со болката и страдањето на другиот/другата, им е страв да покажат слабост, не знаат да разговараат за нежни, интимни теми, да кажат дека нешто не знаат и не се разбираат во нешто... итн...Хм...Треба храброст, да се покаже слабост. А вам жените тоа ви е полесно, оти општеството тоа ви го дозволува. И храброста не значи отсуство на страв, ами признавање на стравот и дејствување паралелно со неговото постоење.

    Еден друг мит е дека мажите се плашат од попаметни и похрабри жени од нив. Мислам дека оние вистинските нормални мажи не се плашат. И јас не се плашам, од проста и едноставна причина што во никој случај не може да ми биде полошо ако сум во друштво, другарство, врска или брак, со жена подобра од мене. Нели, нема логика. Е сега, велам, доблесно е кај мажите, тоа и да го признаат на самите себеси и на своите девојки, партнерки и жени, во стилот: Јас ова не го знам или не го можам, и мислам дека твојот предлог ќе биде подобар и така ќе направиме. Не е проблем ако 70-80% од одлуките се носат на предлог на едниот партнер/партенрка, ако тие одлуки се донесени заеднички и водат сметка и за двајцата, а и за децата, ако ги има, нели.

    Имам два парови кои ми се идоли за успешни бракови. Клучот и кај едните и кај другите е во два фактори: прво, индивидуално си одговораат еден на друг и се сакаат; и второ, дефинитивно оддвојување и осамостојување и на мажот и на жената, од нивните родители (макар и да биле ангели-родители), и просторно, и станбено, и емотивно, и економски, и практично во секојдневието.

    Каде сте тука вие жените? Првин и вие траба да сте релативно осамостоени, индувидуализирани и изградени како личности. Да знаете што сакате и да не се потценувате себеси, а да ги преценувате и иделизирате своите дечковци и мажи и татковци. И ним им е убаво кога некој ќе ги гушне, и ќе им каже дека ги сака, иако покажувањето и практикувањето на љубовта во ДЕЛО, преку конкретно однесување, е сто пати паважно од зборењето. Вербата во зборови, а не во дела, е уште една глупост на секое општество и култура, не само во случајот на мажите, туку во секоја сфера. И ако веќе сте отркиле дека вашиот дечко или маж, не е тоа што вие сте посакувале или што тој самиот се претставувал пред вас и пред другите, ако имате проблеми во врската подолго време...итн., тогаш, како што вели Ариел, турете пепел. Воопшто не се трудете да го промените, дополнително и подлабоко да го откривате, оти колку повеќе ќе откривате, толку повеќе ќе се разочарувате. Е сега, нормално, ќе се прашате, со кој тоа јас сум бил/била во врска, и можиби ќе ви е жал за времето, ама така растеме.Ќе си барате соодветен дечко и маж на себе, кој бидете сигурни дека постои. Ако постоите вие, мора да постои и тој.

    Има еден вроден дефект на сите нас, околу тоа како го гледаме светот: We see the world not as it is, but as we are! За глупите и манипулативни луѓе, светот е криминлно место, а за добрите и паметни луѓе, светот е нешто прекрасно и убаво. На конкретно ниво, тоа е вака: Си мислите дека и вашата другарка, другар, дечко, девојка, маж или жена, е како вас, и по автоматизам се однесувате во согласност со вашиот поглед на светот, вашите вредносни и морално норми, и вашите сфаќања за тоа што е љубов, брак, слобода, еднаквост, кариера итн. Притоа, забораваме дека многу е мала веројатноста оној другиот/другата да има исти или слични сфаќања како ние самите. Затоа, се залетуваме и пред време ги прогласуваме другите за херои и прекрасни луѓе. За мене отсекогаш е било проблем двајца луѓе вистински да си дадат шанса и време да се запознаат. Сфаќате, запознавањето на другите е проблем. Оној момент, кога двете личности доволно добро ќе се познаваат - љубовта, другарството, бракот, емоциите, или пак различноста, неодговарењто еден на друг, па ако сакате и омразата, сами ќе се родат и ќе испливаат на површина. Нема потреба од ништо да се трудиме, само треба да бидеме она што сме. Љубовта сама се раѓа!

    Се надевам, дека придонесов во оваа прекрасна дебата, за демистификација на мажите, но и на жените. Секоја генерализација е лоша, ама работата е во тоа да дојдеме поблиску до вистината за секој конкретен маж и жена, и да најдеме објаснување зошто токму тој или таа, се такви ;)

    Голема благодарност до Ариел и Shelea за инспирацијата :clap:



     
    На Shelea, Ariel, tessi и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Сакам сакам да кажам дека се чуствувам нервозно како некоја размазена тинејџерка...Варев макарони и мислев дека сум ги сваарила ги извадив си стаив зејтин,сол од страна кечап ,сирење и кромид пробувам..НЕДОВАРЕНИ ми идеше да повратам :@ :puke: ...Срамота...Све правам,едни макарони незнам да напраам :envy: ...Башка сеа ме мрзи други да праам и ќе јадам сирење,кечап и кромид :|
    НЕ СЕ ЗАЕБАВАМ.. :tmi:
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Денес си земам кученце.

    [​IMG]

    Вакво малечко бушаво топче. :wasntme: Одвај чекам. Поминаа месеци од кога ми почина мачорот.
    Ми фали кученце, маченце, што и да е покрај рибите и зајачињата.
    И ептен сум среќна, одвај чекам. :D
     
    На Serafima, sweet-cherry, la-chicka и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.