Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lattie

    lattie Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2011
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    СДК дека едвај чекам да дојде време за на факс да се запишам да откачам една тешина од мене па уште и да влезам со студентски да отидам во тоа Скопјето, во дуга околина, со запознавање на нови луѓе, нови пријателства,повеќе друзење да се отргнам од ова лицемериево да ја смена средината уфф со нетрпение чекам, но сеак имам проблем ќе ми фали многу многу ама најмногу моето љубовче незнам како ќе издржам без него ;(
     
  2. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841


    Бравооо со среќа :*
     
    На gingerchild му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Ги има оние кои се раѓаат големи.. и оние кои ги освојуваат височините. Јас не планирам да седам со скрстени раце, планирам да се искачам по тој пат без оглед колку е стрмен.
    Зошто на крај глетката од таму горе е прекрасна.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Како е можно да згасне еден живот што се уште не започнал...? Што уште не се соочил со вистинското значење на поимот живот...? Ете, тој ЖИВОТ не е праведен. На едно невино суштество му ја скратува можноста да биде дел од овој свет. Го лишува од најубавиот период од животот, детството и сите оние убавини, но и проблеми кои ги носи животот. Колку и да е сурово место за живеење секој залужува да помине низ него, да чекори по оваа земја. ;( ;( ;(
    Сепак на крајот страдаат невините. За жал тие се оние кои плаќаат за туѓите грешки. :(
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    -пополека се смирува тоа мачење што се нарекува стомачен вирус, благодарение на диа стоплекот-му благодарам на тој што го измисли и на Алкалоид што го произведува :)

    -незнам зошто, ама последниве денови ми се заврте во глава менопаузаразговарав со една докторка и ми вели рано ти е на 27 години да рзмислуваш за тоа -немам баш редовен циклус, и си закажав на гинеколог да видиме што е проблемот а тоа што имам промени во расположението од крајност до крајност(смеење без причина и плачење без причина) не е нормално, нешто не е во ред со хормоните-изгледа од хормоналната терапија што ја примав, и треба време додека се си дојде на свое место
    и морам да и спомнам утре на гинекологот оти вака на психијатрија ке завршам(се случува во ПМС искуство од минативе месеци) а МЕНОПАУЗА е еден вид на казна за секоја девојка/жена оти циклусот е тоа нешто што те ослободува, т.е. го ослободува телото, а гледајки бројни примери околу мене се НЕИЗДРЖЛИВИ здравје кога ке дојдам до тој период има да се тргнам од сите па барем ке ги поштедам од нервоза и стрес :!: тешко е да си женско, и машко да си не е лесно(последно време свакам некои работи) ама пак сакам да сум женско-иако поголемиот товар во животот го носи на свој грб ама има и позитивни страни :)
     
  6. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Ми застанала некоја мува на лап, и мрдам со глувчето демек ќе ја избркам |( :D забегана ...од жешкото ми е .
     
    На srcekrsacka, Divinebutterfly, Cacy и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Mia-K

    Mia-K Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    740
    Допаѓања:
    322
    Пол:
    Женски
    СДК дека сајтов е навистина прекрасен!ПОЗДРАВ до сите корисници! :***** :D
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DivineGoddess

    DivineGoddess Активен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    16
    Па... Да! секако дека нашата цел е една. Сепак стратешкиот пат до таа цел ни е попречен од цело јато ноеви кои брзаат да си купат наочари за сонце и се разбира грешката се предава на брзиот развој на производството на чевли за по дома. Како и да е, Македонија чека. И во истовреме си пее :

    " Ако некогаш дојдеш
    на Балканот врел
    сакаш нејќаш ќе пројдеш
    низ овој наш мал хотел...

    .. Повели во хотел Македонија
    еднаш минуваш,
    и не заминуваш.... “
     
  9. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.820
    Допаѓања:
    25.519
    Пол:
    Женски
    Мојата реченица е Јас сакам...
    Но секогаш останува само на тоа.
    Уште од малечка,изрзував желба за се и сешто, тоа сакам најмногу, ова сакам најмногу, пет различни јазици започнав да учам и се откажав, брзо ми спласнува еуфоријата, но после секоја спласната желба, јас повторно нешто сакам, нешто ново планирам.
    Сега дали нешто сакам? Плановите ми се небројливи.
    Сега сакам да заминам од дома месецов, да оладам главава подалеку од проблеми, да одам кај баба ми во село. Кога веќе не можам да одам на одмор, со Него сакам да ги исполниме сите замисли,за мини излети,возење во кола без некоја определена дестинација...
    Сакам, контактот со најблиските да ми биде на пауза.
    Сакам поинакво секојдневие, барем еден месец. Имам време за оваа промена, имам и услови, но немам храброст. И пак останува на само, Јас сакам...
    Но, како и секогаш колку повеќе размислувам, толку повеќе се премислувам, затоа ќе оставам импулсивноста да ја игра главната улога. Ќе пробам да не си го замислувам цел месец однапред.
    Како ќе се чувствувам наредниве неколку дена, така и ќе делувам.
    Всушност се се сведува на еднo нешто, а тоа е - Сакам само да си ги соберам парталиве,да заминам без да се свртам назад.
    Тоа е мојата моментална потреба.

    [​IMG]
     
    На lunicka, teddybear, Mishela и 6 други им се допаѓа ова.
  10. rainbow16

    rainbow16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    22
    Сакам да кажам дека ми здодеа да слушам од сите околу мене дека им е здодевно. И мене ми е, па што?
     
  11. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Не успеав да ви пишам пред да заминам на одмор ама сега го имам целото време да си седам и да ве читкам 8) . Седум дена преубаво си поминав, не дека беше лудо ама сфаќам дека и на други начини можам да уживам. Еден душек ми го правеше најголемиот ќеф, никогаш не сум имала, а сега кога имав прилика зошто да не си ја остварам и таа желба. Овие денови барем осетив како е да се живее одвоен од родителите и сфаќам колку е тешко да се биде домаќинка |-) . Сирота јас од септември, одвоена од дома, сама на себе, тежок факултет и уште еден куп филозофии ме маваат во последно време. А уставари сакав само да ви кажам дека убаво си поминав на одмор. Радиото одамна го имам исфрлено од употреба, а колку само може да ти го направи ќефот. По дома си денсам на That Man и си уживам. Сите што ќе одите на одмор убаво да си поминете, не се ни сомневам во тоа.
     
    На Mishela и anabel-a им се допаѓа ова.
  12. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Точно пред една година се зачленив на овој форум,
    запознав многу прекрасни виртуелни суштества поточно луди жени,кои на моменти се нервозни,на моменти смирени.Како и да е сите сме тука да си помагаме колку што можеме повеќе.Да не ги заборавиме и мажите кои се бојат на раце,и тие се прекрасни,се обидуваат да ни помогнат на нас жените.Можеби некој ќе рече што бара маж на женски форум?!Но не е така тие тука се од голема корист,и јас лично им се заблагодарувам...
    Тука научив многу работи,научив да не ги гледам работите онакви какви што се,научив да читам меѓу редови,да бидам смирена и се описменив :lol: :!:
    Ви благодарам на сите кои секогаш сте тука за мене,
    Ваша ,
    Ammy.Lee
     
    На Serafima, Divinebutterfly, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  13. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Скролај надолу ....

    Згрешив и тешко ми е . Најмногу ми е криво тоа што повредив и никогаш можеби да ми прости. Ќе зборуваме , ќе правиме муабет , ама длабоко во потсвеста никогаш нема да ми прости. Знам и тешко ми е. Душата ми плаче , ми се кине срцето , но времето не се враќа назад. Повредив затоа што сум едно глупо суштество без чувства кое невнимава што зборува и... да , боли кога некој ќе те удри. Не можам да го попуштам и јас одма враќам , но јас со зборови. Веднаш оставам лузни. Што да правам , а ? Не сакам ни јас. Ама , то е то... Ете, се случува ќе рече некој. Ама не можам веќе ништо да трпам. Премногу сум под депресија, под притисоци, под стресови. Некаде мора да се истишиш и баш во некои моменти кога некој упорно те прашува за нешто за што не сакаш да зборуваш , те напаѓа , ти се дере и ти мора некако да изреагираш, да се одбраниш и да издејстуваш да те остават намира. Не ми помогнаа. Затоа сум ваква. Извини не вреди да ти кажам . Ти од стално си таков. Ама ако има срце и очи кои плачат секој ден. Ќе видиме до кога. Сакам да ме нема, да не постојам. Ко ќе излезиш навечер на тераса ќе речиш дека некоја ѕвезда сум јас, ама ти таков си. И да умрам нема да плачиш. Ти си целосна спротивност на мене. Имаш чувства , ама никогаш не ги покажуваш . Жалам што ве замарав Феминки. И така од овде ништо не можете да сфатите. Ама морав да се истишам некаде.
     
  14. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Полека почна се да ми се мести,многу сум срекна и исполнета!
    Почнав да го сакам утрото,ме потсетува на мирис на турско кафе и на татко ми лажгото,што не лажеше колку е саат,за да станеме порано! :D


    Cдк еден ден сакам да си имам бавча,ептен ми е мерак да си кинам домати и пиперки,и да си правам салата! :D :rofl:
    Tуф што ми станало денес,будалеста многу сум! ^_^
     
    На Serafima, teddybear, Lepaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Колку ми е промашено оваа лето,пеколно.Бел ден не видов.Прво проблеми кои самата си ги направив,после оваа гнојна ангина која ме нападна како мачка за очи и маки мачев со неа.6 дена немам јадено и не се чувствувам гладно.Млеко пијам и од тоа живеам :tmi: И здравиот човек има 100 желби,а болниот само една,.- да оздрави. :clap: Навистина.Сега седам дома и седам и седам и седам....
    И се надевам дека навистина ке се случи нешто интересно оваа лето по кое ке се сеќавам на лето2012 :lol:
     
  16. wildness

    wildness Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    23
    Подобро ми е од вчера, вчера ме фати ептен некоја депресија. Сега не сум среќна, да се шетам по дома со насмевка од 6 до 6, али е подобро од вчера. Малку си уживкав денеска, решив денеска да биде оној ден, кога ќе си пуштам музика, кога сум сама дома, кога ќе правам само она што јас сакам да правам. Си исклучив мобилни, на фејсбук не се уклучувам, само феминка. Сега ќе си зготвам ручек-некое јадење кое до сега не сум го пробала, па ќе си се најадам убаво. После ќе си гледам Keeping up with the Kardashians и ќе јадам мафини, со чоколадно млекце. Вечер ќе излезам да се прошетам, како јас, така и моето куче. Вечер, пред да заспијам, ќе си поседам уште малку на фемина и ќе пропишувам неколку страни во мојот дневник. Чисто за релаксација.

    Денов, цел таков. Уживам. Без правила. Никој не ме бара, не се замарам со ништо. Се надевам така ќе остане до крај.

    Ви посакувам и на вас убав ден и провод. :)
     
    На Elichka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elichka

    Elichka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Луѓенца, која е поентата на љубовта?
    На болката, на животот?
    Деновиве сум падната во филозофски мисли и морам да ги изнесам подалеку од дневникот и главата. Тесно им е таму, ќе експлодираат на погрешно место и во погрешно време.
    Ај да почнам...
    Прво со љубовта.
    Која е поентата? Секој пат исто.
    Се вљубуваш, пеперутки, бакнежи, прегратки, очи насмеани, смс, романтики, караници, оладување, болка, солзи, депресија.
    Па после преболување, заборав, флертување, вљубување и пак одново! |(
    Се додека не го најдеш оној со кој ќе заглавиш во уличката наречена БРАК.
    За вистинска љубов сега си ја сметам само на семејството, двете другарки и на миленичињата. Не дека Ф не ме сака, ама не знам, знам дека еднаш ќе заврши. Сеедно. Или не. Nevermind.
    Измешани ми се мисливе околу љубовта. И таа е измешана. Се е измешано. Изгледа од жешково е. :wasntme:
    Кој пробал знае.
    Доволно е.
    Имајте убав ден :*
     
  18. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    СДК дека пак сум redhead :)
    Колор шампон,бејбе ! xD :D
     
    На Elichka и blaa им се допаѓа ова.
  19. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    Кое чувство е да се спружиш на плажа, на сонце од 3 сатот и да го прележиш денот до зајдисонце... Безделничиш, а се чувствуваш ко да си извршил којзнае каква задача бре, цел. Ама то безделничење те враќа дома среќна, насмеана. Дали ќе да е сонцето или звукот на водата, џагорот на луѓето или пак таа летна свежина што ти ги полни ноздрите, нешто од тоа или пак се заедно те исполнува, те обзема.

    Не сакам гужви, не одам на плажа да водам кафе-шеми скоцкана ко за на модна писта мислиш (не ја гледам поентата на таа честа навика во ова време), сакам помалце фрекфрентни плажи, чиста вода и некој со мене, ама добра дружба.
    И тоа, минималистички средена, еден партал на мене, крпа, неизбежно шише вода, лежење до бескрај, музика, и печење се дур не осетам дека ме гори, па што, ќе издржам уште една ноќ, ќе се шлакам со кремишта, ама не се тргам од сонцето...ми годи.
    Свиткан долниот купач што повеќе, небаре танга носам и секогаш се помал и помал го виткам, ма баш ми е гајле, демек не виделе скоро голо газе. Кој не видел нека гледа, а жените бар ќе си имет занимација-озборување на полуголата. Не си го сакам бел, вака пола-пола уште поглуп ама ај појќе ми годи.

    Не дека не ме акнува желба понекогаш за добро ладно нес или ајскафе сред куба, на тоа сонце, ама ретко тоа, ради кејфот а не за шемата.

    Ах, лето, го обожавам... Охридов пак, најмногу... :inlove:
     
  20. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    [​IMG]

    Ми треба ова ;(
    Ќе ги плеснам парите за глупости а не нешто паметно да си купам !...
     
    На srcekrsacka, Special.Someone, Lepaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.