Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Не дека јас сум паталец по романтика, ама, знае да го дефинира некој тој поим денес?
    -Ги гледаш ѕвездине?
    -Да.
    -Ај сега доста романтика, слекувај гаќите.

    Мојата перцепција е искривена, што кењо ситуација ме мава од тој романтичен гест што некој кој си го сретнала вчера ти посветил тресогазејуча песна полна со зборови ко „бесна, секси кучка.“
    Ако зборуваме за keeper, тоа не е тој.
    Всушност, постои ли воопшто?
    Абе, сега годат комплименти ко опуштена, слободна и со секси газе, ама утре на лудиот камен нема да стои некоја која ја опишал со такви карактеристики, свесна си за тоа, не?
    Но сега битно е да се зголеми бројот на трофеи, оти утре медаља ќе доделуваат за него.
    Младост - лудост, старост - мудрост. Не секогаш.
    Кога ќе размислиш, во младоста се крои староста.
    Брчка плус и седа коса не носат почит ако не си ја стекнал при оформувањето на своето јас.

    Тон прекриени лузни. Секоја измината секунда ги покрива со слој плус, но пак наѕираат.
    И ти реков, драга моја, да не се мачиш да ги покриваш, иако ја правам истата грешка.
    Виде нели, колку беше лесно да се откажеш, но лесно ли ти е сега секое утро кога се будиш со трошка одмината надеж за која цврсто се држиш?
    Јас и понатака ќе те оставам сама да размислуваш, иако ми е мило што гледам напредок.
    Стегни ги забите и бори се. Ти ја гледам искрата во очи кога само ќе ти спомнам дека можеш да успееш. А јас, можеби ќе извлечам некоја лекција и поука од тебе. Ако сум била доволно слепа да не научам од сопствени грешки, може ќе научам од твоите, од неутрален агол, демек појасно се гледало.
    Ако тоа е она што ти тлее во срцето, go for it. Не давај и овој пат да ти згасне сјајот.

    И заладувањево за 8 степени, на арно ќе е. Ќе се проветрат запржени мозоци.
    Мојов се препржил, па сега лежам во полураспадната состојба, со кафетини и фервекси околу мене, затрупана со паломи и по некоја импресија од невозможни филмови.
    Ќе ја одгатнам реалноста некој ден.
     
    На Libera, Serafima, crazylady и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Сакам да заминам некаде далеку, сама, и некое време да не се враќам. Не сакам да има никој со мене, потребно ми е да сум сама и да нема никој познат околу мене, да имам малку мир, време за себе, да не размислувам за ништо и никого, да правам што сакам, кога сакам и како сакам, да се изолирам од светов околу мене и да се одморам од се. Можеби е себично, ама јас не се чувствувам така.
    Сакам да не се секирам за ништо, да не му ја мислам многу, туку да правам како што ќе ми одговара во моментот без да берам гајле за причини-последици и слични работи.

    Друга работа, не знам што им е на луѓево што се опседнати само со пари. Од што им е умот само во пари, не гледаат ништо друго. Знам, времето е сапо, пари ни требаат на сите, ама тие да ни се главната преокупација не е ни најмалку убаво. Убаво рекле дека човековото око е ненаситно - колку повеќе има, толку повеќе сака. Никако да се наситат за пари, а ги имаат доволно, но или ги трошат за џабе или скржаво ги стискаат да не потрошат некој денар и чекаат на готово од некој друг и како и да е, кукаат. Не можеш ни обичен муабет да направиш, а да не се спомнат пари и муабети од типот - гајле му е,има пари, прави што сака; јас да имав пари колку него, мајче ќе плачев и тн. Па пријателе, наместо да кукаш, направи нешто со тоа што го имаш, искористи го тоа што го имаш, можеби не е многу, но барем е твое и ќе си задоволен, можеби и послатко ќе ти биде.

    Трета работа што ме нервира отсекогаш, особено деновиве е мрзливоста. Не можам да сфатам, како млади луѓе, здрави-прави, се толку мрзливи што мака им е да испешачат 1 километар. Навикнати цел ден од кревет-на маса-од маса-на кревет, само легнати, со компјутерите в скут или со мобилните на уво, секаде одат со кола, на плажа одат и седнуваат во некој кафич, да им речеш да се прошетаме малку мрза им е, точак имаат, ама го чуваат за нов, за да бере прашина, пешки нема шанси да ти дојдат, а да ги викнеш за на трчање ќе те направат будала. А не им е мака на секое излегување да седнат в кафана и да се најадат и напијат и после ќе ти кукаат дека се здебелиле и имале мозолки, па ќе се шлакаат со 300 чуда, па имале стрии, целулит и испукани капилари, па имајте, ко сте мрзливи, имајте, гајле ми е! И многу ми е глупо кога ќе ни речат мене и на сестра ми - леле, како не ви е мака да вртите по 2 саати на точак, па и да трчате. Е не ни е!

    И така, крајно револтирана, си спуштам цртани филмови и чекам да дојде 6 часот, па да одам да возам точак. 8)
    Се извинувам за долгиот пост, но морав да кажам.
     
    На Serafima, Divinebutterfly и anabel-a им се допаѓа ова.
  3. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Постојано давам совети дека не треба да се оди во екстремни крајности и конечно забележав дека моите мислења се многу контрадикторни. Знам што е добро за другите, а не знам што е добро за себе. Како е ова можно? Нели сите имаме нешто заедничко, а тоа е дека сме луѓе. И јас сум човек, дишам, чувствувам, се борам... Зарем не би требало истите закони на овој универзум да важат и за мене? Зошто постојано пробувам нешто да променам? Да си докажам самата себеси дека грешам?
    Колку е чудно ова. Сакам да си докажам дека грешам, дека не сум во право. Сакам да си покажам себеси колку малку знам, а постојано среќавам луѓе кои не знаат ни дел од тоа што јас знам. Каква иронија. Јас сум убедена дека има многу дупки во моето знаење, знам дека ќе учам се додека сум жива, но исто така чувствувам голема потреба да бидам несебична, да му кажам на светот што знам, да им помогнам на другите да живеат подобро, додека пак јас самата, свесна за што е правилно а што погрешно, како од емоционална, така и од разумска гледна точка постојано грешам.
    Што се случува со луѓето? Што се случува со мене? Зошто е толку тешко да се најдат истомисленици во денешно време? Ајде, не мора истомисленици, нека бидат луѓе со целосно различни мислења, но барем да не измачуваат истите прашања.
    Се чини светот престанал да размислува, луѓето живеат, да, живеат, го чувствуваат животот, си легнуваат навечер и инстантно потонуваат во светот на соништата, додека мене разумот ме спречува да им се предадам целосно на животот и на чувствата, ме измачува, не ми дава мир.
    Колку е иронично тоа што знам дека можам и јас да живеам поинаку, дури мислам и дека сакам да живеам поинаку, а сепак не преземам ништо.
    Зошто?! Можам однапред да ја видам иднината. Таа се состои од уште повеќе прашања. Само прашања, без одговори. Исто како и сега, исто како и лани ова време...
     
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.522
    Допаѓања:
    174.002
    Среќна сум,што да правам......Извини,ама тоа е вистината...
    Целиот спрат е со куфери,алишта кои чекаат да ги ставам во куфер,купаќи во дневна,козметика на трпезариска маса,јас во градник и шалвари.....Се пакувам ....одиме за некој ден,...на мореееее.....
    Скромно летување,без сите тие термини кои се почесто ги слушам -ол инклузив,ултра ол инклузив,бре,бре,бре.....
    Малку ми треба за среќа,не сум мегаломан(моментално де,незнам во иднина што ќе ми фркне)
    Син ми се врти ,ме гледа и ми вели-мамо ма,тргни се од таму,климата во глава ти дува...сонце мајкино.
    Му велам,еве да напишам два-три реда само и одам да допакувам.Сигурно си е сигурно.
    Ве сакам,поздрав.
     
    На anabel-a, blond, Serafima и 8 други им се допаѓа ова.
  5. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Кога не се чувствуваш добро барем изгледај најубаво .
    Нов фустан и високи потпетици , малку шминка и спремна сум . Спремна за да си ја погазам гордоста .
    Ќе ме болат нозете , ќе ме боли душата , целиот пакет изгледа убаво а внатрешноста е празна и боли .
    Ама затоа лажната насмевка е тука како одбрамбен механизам , кога се чувствувам најлошо изгледам најсилно , самодоверба зрачи од мене . Откако ќе заврши се ќе си дојдам дома и ќе плачам , ќе успеам да се приберам и пак ќе започне нов ден . Се поминува па така и ова...сепак на крајот сите нешта ќе бидат во ред .
     
    На anabel-a, julie77, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Многу лошо се чувствувам после ваква вест. Без разлика дали е познат, непознат, стар, млад, ваков, таков... не е убаво. Таман ќе попројде време од една несреќа, се јавува нова неубава вест. Аман веќе. Кога бев помалечка моите ме поштедуваа од ова. Не знам дали добро постапиле или лошо. Можеби сега ќе ми беше подруго, помалку стресно.
    Не можам да заспијам навечер. Само лоши мисли ми се вртат низ глава. Штом се стемни, одма почнуваат филмовиве.. и ај избркај ги. :/
     
  7. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Значи една ситница колку може да ти го промени расположението. Кој хејтер и кој мрчатор сум у пм. Ќе ве хејтам и ќе ве мрчам до бескрај и назад - сите што немате изграден карактер и што цел живот кукате и се вртите во круг за еден ист проблем. И веќе ништо не ќутам, мразете ме и вие, хејтајте ме ама не можам бе луѓе. Јас сум ЈАС и тоа никогаш нема да се смени, за правдина секогаш ќе се борам, за моите права ќе се борам и каде што има неправда ќе бидам најгласна, нека ве боли ама не ми е гајле, и мене ме боли. Сите проблеми со кои сум засегната сакам да ги решам, ама некогаш не е до мене. Затоа сите што не знаете да ме почитувате не ми требате во близина. Јас мајка Тереза нема да изигравам, и јас имам граници, принципи и чуства. Не сум најдена на патот да се однесувате како сакате. Молам, пријатно.
     
  8. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    си ја сакам мајка ми и тоа многу :)
    ме носела у стомак 9 месеци ме доела,ме ранела,со мене се влечеше по болници сите овие години,кога ќе фатам температура а она на работа ми се јавува на секои 5 минути.
    Точно е понекогаш знае да ме инервира ама што да и правам си ја сакам не за џабе ми е мајка.
    Кога ќе ме види дека негде имам рана и дека ме боли знам нејзе душата и се кине.
    Во 3 попладне оди во продавница да ми купи леб за да јадеме со сестра ми она по тие 50 степени оди и се си мислам дека ќе и се слоши. :worried:
    СДК ЕДНА Е МАЈКА :)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    -Убава, време е да те пуштам. Сакам се да ти дадам и се да ти земам. Ама не можам. Затоа и те пуштам. Друг ќе те има а јас сум те научил да сакаш. Тоа е. Живот. Еден ден може и ќе кажеш дека сум ти бил само отскочна даска. А јас ќе знам дека лажеш. Најди си некој што ќе те слуша кога ќе се дереш и паѓа во несвест кога ќе ги облечеш глупите фустани што јас никогаш не сум ти ги разбирал. А јас ќе најдам некоја што има слика а нема тон и цел живот ќе пробувам да ја сакам. Не е тоа битно. Слушни ме сега. Едно е важно. Немој да се мењаш за никого. Затоа што ти мојот свет го направи кога беше ваква и го сруши затоа што остана иста. А да бидеш нечиј свет не е мала работа. Затоа убава, не се мењај. Крши срца, лажи ги, од инат затоа што го немаш тој што го сакаш...
     
    На thelittle17, Divinebutterfly, beached и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Пристигна денес покана за свадба, на мајка ми прв братучет се жени.
    На поканата пишува "Поклон во плик". Стојам цела зачудена од дрскоста, и ја погледнувам мајка ми која низ смеа ми вели :
    - Сега сакаш за инат да им купиме нешто, нели ? :D
    - Ти си дефинитивно мојата мајка, луда жено.
    Мајка ми се смее и ми вели да одам кај татко ми, тој бил полуд од неа. А татко ми, како мало дете ми вели:
    - Веќе најдов подарок. Сет со лажици и вилушки, мајка ти ги има горе еден куп неотворени. Зашто тоа, го прашувам. - Па никој не сака да добие нешто кое може да си го дозволи сам, а и прилично историски подарок е, типично свадбарски. :|
    Ах, фамилијо моја луда. Колку ве сакам, вас и вашите луди идеи, иако веќе навлеговте во 50-ката.
    :hug:
    [​IMG]
     
    На fallenangel, Divinebutterfly, Stoimenovska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    Понекогаш мора да се ослободите од старите чувства за да отворите простор за нови... :)
    (Една глава со толку многу лица)
     
    На Stoimenovska, cinderella5, Peppermint и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    ..Срамота е ова со отровиве..Безобразлук...Не можам да сфатам..Стварно не можам да сфатам :@ ..Искачам надвор ќе се задушка нешо моево куче,одма сум под стрес..Да не лапне отров да не ми умре..Што ќе праам после?Не можам опуштено да шетам со него..Дома кога ќе дојдам одма 2-3 карбо во случај да не лапнал нешто..СРАМОТА Е ОВА СРАМОТА.. :@ Тоа може и дете бре да си игра во трева,да го фати отровот и после рацете у уста...Не дај боже и тоа да се отруе,имаат ли тие мозок,бре?Плус тоа што додека намерно фрлаат отров за да се отруе некое куче или маче притоа знаејќи дека со тој отров може да се отруе детенце тогаш тие се потенцијални убијци и треба да подлежат минимум казна затвор од година дена..


    Да,знам дека треба маска,ама ако е пуштен не и кога врзано си шета со газдарицата поред него :rock: Башка мојов не е агресивен а не ни поднесува маска ;( зашто да го малтретирам,а не убаво да си шета поради такви МАЛОУМНИЦИ? :fubar: :fubar: :swear: ..Уффф колку сум нервозна :@
     
  13. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Се започна пред точно шест години, една најобична вечер, во еден најобичен град. Една топла ноќ, покрај мирното езеро се случи љубов. Спонтано, искрено и лудо помеѓу две најобични лица кои тогаш станаа посебни. Прегратки, искреност, внимание и посветеност какви претходно не сме искусиле, взаемно разбирање и поддршка што до тогаш не сме имале. Безброј моменти на среќа и задоволство, периоди на кризи, успеси и падови, бурни караници и театрални смирувања, заеднички живот, летувања, зимувања, излегувања, концерти, долги ноќи и утра поминати заедно, бескрајни телефонски разговори, изненадувања, солзи и насмевки...

    Израснавме и се оформивме како личности заедно, толку различни, а сепак слични. Не можам ни да претпоставам во кој правец би оделе нашите животи доколку ги затворевме очите пред вистинските чувства, но знам дека линијата по која се движиме сега е токму онаа по која сакаме.

    После полноќ поминуваат шест лета откако за прв пат паднавме во стапицата наречена љубов.
    Жар и страст кои и денес горат исто како првиот ден.

    Вечерва излегувам за да го поделам и овој ден и сета љубов со него, повторно.
    Го сакам она што ми се случува, те сакам тебе најмил мој.

    [​IMG]
     
    На Buttterfly, sanjalica, palavoto.devojce и 48 други им се допаѓа ова.
  14. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    Дали има некој за разговор? :worried:
     
  15. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    chocolate ако се луѓето некои заебанти во ред,сфати го како шала...
    Меѓутоа ако не се ја да сум на твое место,поради нивната дрскост би им однела многууу убав поклон..На нејзе некое ланче од бижутерија,а на него некое алкиче од бижутерија..Се на се поклонот до 100денари :rofl: и у посебен плик за да испадне дека на двајцата им давате пари :rofl:
     
  16. Elichka

    Elichka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Скролај надолу ако си среќен. :)
    Комплициран е животот. Комплицирано е кога си тинејџер, кога си под притисок. Кога те фаќа некарактеристична емоционална фобија. Тешко е кога се стегаш како од поларен студ за да не заплачеш. Слушаш некои песни кои сега му го сфаќаш значењето. И, не. Не смееш да заплачеш затоа што тоа за тебе е слабост. Слабост која не смее никој да ја знае освен дневникот кој ги знае сите твои тајни, и перницата која без противање ги впила сите твои тајни солзи. Навечер врели бродчиња се спуштаат по твоето лице, а веќе со појавувањето на новиот зрак ја клаваш новата маска на среќна и задоволна личност, а нималку не си. Пробуваш да ги насмееш другите, се смееш. Самата знаеш колку вистински се смееш. Најчудно е што некогаш немаме баш вистинска причина за тага. Можеби текстов не излезе како што требаше, ама мислите денеска ми се измешани. ;(
     
  17. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Колку убива чекањето.
    Зјапам во телефон и во компјутер по цел ден, надевајќи се на абер.
    И следува момент кога стигнува нов мејл, срцето ќе ми излезе од гради, отворам цела растревожена и што да видам - покана за некаква си игра на фб. |(
    Ништо.
    Пак чекам.
     
  18. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    И ете јули е при крај ....Чекањето излудува дефинитивно ...Се приметувам дека веќе секојдневно последните години само на тоа мислам ...Мислам дали ќе биде успешно , дали ќе биде се залудно , дали солзите се залудни или пак се има цел ... Едно време бев толку полна со самодоверба дека се ќе биде ок а сега , e сега кога се наближува јас сум во хаос и психички и физички ...Едно време барав некој да ме разбере , сега веќе не ...Тешко е кога парите одлучуваат ... :worried:
     
  19. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Живот...
    Малечко си и не ти е важно ништо.
    Зрееш како едно јаболко, ја гледаш околината од височините и ја учиш неа. Го гледаш сонцето, ги гледаш сите убавини околу, но сепак ништо не ти е јасно. Понекогаш па и се плашиш да не паднеш. Ветерот знае да дува многу силно, па дури и да те отргне од гранките. Но додека си малечко и зелено јаболко, тогаш си најцврсто прикачено за гранката. Па, ни тој силен ветер не може ништо да направи.
    Подоцна стануваш поголемо јаболко. Од едната страна каде грее повеќе сонцето, повеќе се заруменуваш, а од другата побавно. Некои додуша и созреваат рамномерно, но многу ретко. Ама пак тогаш е таа опасност од падот. Се повеќе стануваш претешко за гранката, па ни таа не може да те држи. Некои јаболка и многу и убаво си го поминуваат животот. Растат заштитени од се, ги прскаат, ги одгледуваат... но на некои кутрички никој не им обрнува внимание. Растат, а потоа паѓаат и скапуваат во коренот на дрвото.
    Откако ќе узрееш и ќе бидеш убаво зрело и црвено јаболко, повторно постојат две опции. Или паѓаш и скапуваш или доаѓа одгледувачот, те кине и од тебе прави нешто убаво.
    Така е и во сечиј животот: или - или.
     
    На bittersweet, anabel-a, blond и 5 други им се допаѓа ова.
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.696
    Допаѓања:
    6.623
    Спремна сум за излегување, и чинам ова ставањево на туш го испраксирав па сега не пропуштам излегување без него. :) Ама ми треба бре одмор од шминкава, па макар било тоа само маскара, туш и сјајче. Инаку, знам дека супер ќе си поминам.. ќе си направиме муабетче за мерак. :)
    Туку јас некако сепак сум тажничка, уште два дена ќе дојде милиот ама што знам... во исчекување сум и тажна сум што сега не е до мене. А кога ќе дојде знам дека пак нема да бидам исполнета.

    Збунета сум некако. Незнам што чувствувам. Дури некако се прашувам дали да го направам тоа сега или за неколку месеци, или дали воопшто да го направам? Дали навистина го сакам? Милиони прашања ми се моткаат низ глава, ама кога ќе помислам на него по илјадити пат, сфаќам дека сите патишта ме водат кон него, дека го љубам и сакам тој да ми биде првиот. Можеби многу драматизирам, но незнам. Најчудно е што сите веќе се откажаа да ме премислуваат, и сега почнав да размислувам што навистина ЈАС сакам, а не тие. И искрено, не сум сигурна што сакам.

    Кога ќе се врати, ќе седнеме на еден муабет. Но знам, знам дека јас лично никогаш не би го оставила. Како и да е, да не ве заморувам веќе со глупости, на форумов само тоа го дрвам веќе еден месец, убаво да си поминете вечер сите што излегувате.
    Ве поздравува Блу :*
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.