Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам да кажам дека ми скурчи од тоа сите да ми викаат дека нема да успеам. Преку глава ми е од тоа сите да ми викаат да не ги бркам моите соништа и да не сонувам...
    И конечно решив, ке направам се што можам, а знам колку можам за да остварам се што некогаш сум посакувала.. Едноставно го сакам тоа, плачам, и е единствената работа поради која живеам.
    Денес направив долг муабет со моите, и додека тие ми викаа дека треба да бидам реална и дека не би можела да успеам, за прв пат во мојот живот се спротиставив и реков МОЖАМ! и Верувам и знам дека ке успеам.. и почнав, сама, без никаква помош без никаква поддршка да работам на самата себеси и на остварувањето на моите соништа..


    До вчера многу често кога некој ке ми речеше премногу си добра, зошто не го ставиш ова на повисоко ниво и на посериозен план, често знаев да се извлечам велејки дека немам никаква поддршка и дека навистина не знам од каде да почнам. И сега кога ке размислам? Каква поддршка ?! Ова морам сама да го направам. Доволно што имам талент, не ми треба никаква поддршка. Се разбира ке биде тешко но ако навистина сакам, ке успеам да постигнам нешто..

    Така да феминки, јас со нови сили, почнувам да се градам во тоа што сакам да бидам..
    Лекција во животов. Никогаш не се предавај :)
     
    На crazylady и si.exs им се допаѓа ова.
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Викаат дека среќата треба да се сподели со друг. Е не! Чувај си ја среќата за тебе и во тебе. Повеќе ќе ти трае.
     
    На fallenangel, anabel-a, blueeparadise и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.722
    Овие хипстериве денес што ги викате вие младите,ме потсетуваат на оние квази интелектуалци шо купуеа класици на метар за у регал. - мајка ми.

    Крушата под круша паѓа,тоа е... Обвинувајте ми ги гените. А и ова беше откритието што ме бунеше долги години. Можеби луѓето кои ме примале дома,никад не би ме примиле по оваа изјава,ама да,сум го гледала Достоевски, Толстој (да де,најпознатите) во домови каде никогаш не ми паѓало на памет како може такви луѓе да имаат такви дела по дома. Баш не делуваа како икад да прочитале книга у живота...
     
    На sesilija и Waka-waka им се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... си гледаме Олимпијада со татко ми, пливкаше Мајкл Фелпс, па ајде да му ја учиниме таа чест и да го погледнеме.
    Изгледа малер му пуштивме, невообичаено седнати двајцата заедно во иста соба, па потоп момчето, никако да земе злато оваа година.
    Ми текнува на нашиот претставник, викам што направи бе?
    Татко ми, ноншалантно, ем смирено, со половина грам отскриен сарказам:
    - Што направи |( , се подави. Мораа да ја испуштат водата од базенот за да го најдат.

    ...
    :D

    Летните денови летаат и боженце, нека не се враќаат.
    Ми фали есен, дождец, малку студенило, кога посакувате подебела фротирка и разгледувате есенски чевлиња со кои ќе тропкате по дупкосаните скопски улици.
    Избори се ближат, без гајле, магично се' ќе биде поправено. ;)
    :D

    Оваа тешка запурничавост прераснува во константна зачмаеност, полуотворена уста, муви играат двобој пред пештерата, вас ве мрзи да ја затворите, ете дотаму ме доведува оваа затапеност поради жолто-портокаловите фази.

    Постои ли уште некој што толку силно посакува да залади?

    Ме прашаа дали сакам пар (пре)скапи патики и категорично ги одбив.
    Како не сум сакала |( ... кај ги облекувам 6 пати во годината, па и толку пари да се лупнат на едно место.
    Еден ден и да ги имам во изобилство чинам, пак нема да ги дадам.
    Оваа привремена немаштија те претвора во страшно самосвесна особа. Чисто расипништво ми се некои работи.
    Сфаќам неостварени скриени желби и налудничави каприци, ама тие суми се половина од она со што живее половина Македонија.

    Понекогаш не можам да сфатам како луѓето кукаат зашто не можеле да си купат моцарела, отколку обичен кашкавал од Здравје Радово, или пенесто суво вино со арома на смрдлива бобинка и магарешки трн, отколку фино Сковин бело.
    Мислам, која е потребата да си ја припотресуваш душичката околку толку потрошни и минливи
    работи?

    Тој кашкавал и тоа вино не се исусовите (јес да неговото беше леб, нејсе), ама нема да траат илјадници години па да им се замарам за составот и брендот и квалитетот.
    Да е здраво, да го има, тоа е важно.

    За крај, на овој сосема неповрзан муабет, на голема жалост ве известувам дека денес е срамно да кажете дека знаете / сакате / уживате да готвите.
    На тој убав чин се гледа одвисоко, со потценување, како сте сакале да изигравате домаќинка, да ви мирисала косата на зејтин. Едноставно делувате некул, смешно и презриво ви упатуваат погледи.
    Жени, свестете се.
    Сфаќам дека интересите не ни се исти на сите, ама јас не вртам очи кога ми кажуваш дека твојата најголема вештина и гордост е Скајрим трето ниво, или што код.
    За возврат само барам да не ја омаловажуваш мојата пасија.
     
    На Buttterfly, BeYourself, bittersweet и 28 други им се допаѓа ова.
  5. nela.oh

    nela.oh Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    270
    По добра генералка низ куќа денес, заслужив да си се почастам со доолга купка зачинета со морска сол... и едно ладно нескафе :coffee:

    Него, денов ми летна несвесно со чистењето, (а греота е да се жалам дека и имам некои големи обврски низ дома), ама фактот што толку време треба за да светниш еден дом во целост ме натера да се подзамислам како им е на жените што имаат еден куп други обврски.
    Јас со саати си се маткам, си чистам онака лагано, кејфски со музиче, со кафе-паузи... и оп денот летнал.

    Алал нека ви е како е справувате со деца, па ручеци/вечери, плус работа и накрај чистењето.
    Стварно е за почит.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  6. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    3.186
    Никому не му е гајле за тебе и нема да те стави пред себеси, ама баш никој.

    Освен родителите.

    Пардон ... повеќето вистински родители. :!:
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Зошто кога некој ќе не праша дали ни е добро, велиме да наместо да кажеме како навистина се чувствуваме. Многу пати сум се нашла во таква ситуација, а верувам и вие... многу ми е мило кога некој што ми значи ќе ми го постави тоа прашање, ама едноставно не можам да се отворам некому толку па да му кажам се. Не сакам да вознемирувам никого со моите проблеми, а не верувам дека некој сака да ги слуша. Слушаме зошто мораме, а не зошто сакаме :)
    Утре е денот 8) Ќе си ја земам дипломата од училиште и конечно ќе можам да речам дека завршив средно медицинско училиште. На почеток кога се запишував ми викаа тешко ќе е на смер фармација, ама ете јас бев, учев и се уверив дека ништо не е тешко ако учиш и ако знаеш убаво да си го распоредиш времето. Така ќе имаш време за се. Се надевам дека со таква организација на времето ќе се снајдам и на факултет.
    Благодарност до тој што ги измислил олимписките игри. Какви тела имаат овие пливачите :inlove: мх мх мх
     
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.434
    Допаѓања:
    103.488
    Пол:
    Женски
    Денес цел ден ми се мота низ глава, дечко ми ме провалил на Фемина, всушност па јас и не се криев, се што имам напишано е она што го мислам, но знаете како е, како кога некој ќе ви ги пронајде споменарките од детство :lol: Си расчачкав низ мислењата и што да видам, тук таму сум го споменувала и него :lol: Не е страшно, тој знае и така се и затоа го сакам многу, бидејќи ме разбира совршено добро, дури и кога ќути знам дека го прави тоа за да не искоментира нешто тукутака и да ме навреди. Ми недостига сега кога е на тоа негово машко дружење низ Југозападна Македонија :wasntme:
    Ајде започнувам и јас да одбројувам, уште три дена до официјалното спружување на троседот и неговото височество наречено одмор, а уште 10 до моренце, ех моренце, моренце..... Само си замислувам, ноџиња брцнати во песок, глава под шешир, нов дамски од ел директоре од одмор :lol: , книжуле во рака и уживанција :rofl:
     
  9. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Толку потресување и напнување за ништо . Чудно е како мислиме дека некои работи ќе не погодат а кога ќе се најдеме во конкретната ситуација чувствуваме само рамнодушност.
    Денес една другарка ми кажа дека тоа што никогаш не се отвоорам пред никого ме прави кукавица . Не , не ми е отворено срцето за никој од надворешниот свет - за луѓето надвор од мојот дом . Ако тоа што не си ги покажувам своите слабости и што не плачам на вашето рамо за секакви глупости ме прави кукавица, тогаш да веројатно јас сум најголемата куаквица што постои.
     
  10. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Не можам да купам среќа, но можам да купувам книги. А тоа е една иста работа. :coffee: :)
     
    На Buttterfly, Annath, kate21 и 25 други им се допаѓа ова.
  11. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    За момент бегаш, се одвојуваш од тоа што те следело дома, но еднаш кажав и пак ќе кажам, каде и да одиш кога се враќаш проблемите пак те чекаат каде што си ги оставил.
    Јас успеав оваа недела да избегам од проблемите барем за момент. Првиот ден беше тешко но потоа забораваш се исклучуваш и уживаш во убавините.
    Оваа недела ме опушти и се изнашетав. Ги искористив убавините на градот, и местата кои му даваат посебен шмек.

    Пред моите очи се појавија многу нови работи кои едвај ги перцепирав сите, но сепак уживав во нив, макар и на кратко.
    Охридската пастрмка која ја вкусив покрај самото езеро чинеше богатство за мојот стомак.
    Мартинито испиено покрај езерото исто ми ја заслади душата.
    Сето тоа со личност со којашто можеби ќе започне нова романса, а можеби и ќе остане онаму каде што застанавме..пријатели. Но како и да е, јас секако ќе го ценам затоа што внесе промена во мојот живот.

    Шетањето покрај пристаништето немаше крај, на коешто пак крстарењето покрај бреговите на градот му заврши крајот неосетно. Несакајќи да престане можев да уживам на бродот со часови.
    Разминав илијадници луѓе во чаршијата кои за момент ме зададоа вртоглавица и ме хипнотизираа.
    Бегав од пустите змии кои секоја година се на истото место, и бегав од оние играчките кои летаа во воздух и пак се враќаат. Но и тоа ми донесе моменти за паметење.

    Мали поклончиња купени од душа и со срце за домашните ми дома кои со широка насмевка и фала ги примија.

    Нов ритам, нов живот се ново кое ми го смени животот за една недела. Колку толку ги наполнив батериите па можам слободно да му кажам добро дојде на август.

    Од утре ме чека пракса за којашто мојата одговорност не ја заврши дури пред да заврши јуни, но сега кога размислувам добро е што е почетокот на август. Ќе ми се пополнат деновите.

    И јас едвај чекам да залади, да фати малку дожд. Не сум го почувствувала одамна.
    И со душа го чекам септември. На некој начин се гушам овде..

    Убавина на којашто едвај и се нагледав.
    Можеби сте(сум) виделе многу поубаво, но сепак треба да го цениме пред се нашето.
     

    Прикачени фајлови:

    На Strumfeta93, anabel-a, cinderella5 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Се молам за чудо.
    Цел ден го поминав виткајќи се од болки. Храбри насмевки кога ќе ме гледа мајка ми, и кажувам дека ништо не ми е. Фатив нешто низ дома за да не сети дека уште сум болна. Само в болница да не ме носат... не!
    Сакам да седнам и силно да плачам. Ама изгледа затоа што немам јадење во мене, сета вода ја исповратив. Солзи немам повеќе! Уште да дехидрирам ми фали...
    Жешко е во собава а јас се тресам од студ. Ладна пот ме обвива. А да заспијам, само ноќни мори ќе ме следат.
    Се молам, да чујам познат глас. Некому што некогаш сум значела а сега повеќе не. Или нешто слично. За да не се загрижува, а да може да ме утеши. Да ми се јави и потоа ќе глумиме дека ништо не било.
    Се молам за чудо.

    Ова ќе ми помине, па ќе ми остане само депресијата. Зошто јас?
     
  13. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ах бе, со свој камен по глава кога ќе се удриш боли. Жена ко жена, ќе корпираш упорно одредена индивидуа, и кога после 2 месеци гледаш дека женска си фатил, не признаваш ама по малку те боли. Епа болииииии. Ако, на свадба ќе си играме, важно е да се одржуваат добри односи без разлика колку некој бил грд :lol:

    Туку, упорно ме под**нува животов со плановиве. Ако ако животу, не ти го заборавам ова.
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  14. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Пари, пари, пари...
    Аман бе луѓе, парите ли ве родија?
     
    На kate21, Alesii, wolf4e и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Врнииииии! Врниииииииии! Врниииии!
    Врни, дожду, врнииии! :rofl:
    И немој брзо да прекинеш. :!:

    Ми го крена расположението. :mm:
    Многу убаво се чувствувам, поготово кога има невреме.
    Некако сите дома, на купче.. :wasntme:

    [​IMG]
     
    На 1209, Alesii, anabel-a и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Ете дојде и тој месец август. Како мала се нервирав зошто ќе имав само уште еден месец слободен за да си играм на улица колку што сакам. А сега несакам да дојде август зошто знам дека ќе морам да почнам да учам :(
    Како и да е сеуште е топло надвор, сеуште е лето, сеуште има надеж за одмор.
    Убаво е чувството кога мало девојче ќе ти заспие во скут во кола. Ми беше жал да ја разбудам кога стигнавме, али морав, кутрото тоа :D
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Некои работи звучат многу пострашно кога ќе се кажат на глас...
     
    На Alesii, Elennaa, anabel-a и 7 други им се допаѓа ова.
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Една калинка што чекам да узрее во октомври ме враќа во детството. Една калинка што чекам да зарумени во октомври, ме потсеќа на животот на кој се радувам. И на вештицата Јована. На сочни колкови на девојка во цутот на младоста, како да ја распукала сувата земја и се дигнала високо кон сонцето и ридовите, како да ги мери и сака да ги достигне.

    Можеби после една деценија еве ја, ги издала своите гранки од соседниот двор кон нашиот и рипнала преку оградата. Абре да ја гледаш и да се радуваш. Се сеќавам баба ми даваше да јадам, црвена, била добра за крвта, еве и вкусот сум го заборавила.

    И нејќам да спијам, зашто спиење? Едвај чекам да се разбудам, а не сум ни заспала.

    http://www.youtube.com/watch?v=0Ad1i1VnhBY
     
    На Mayyya, Strumfeta93, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  19. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Бегајќи од жештиниве се изгубивме.
    Денот е долг, истоштувачки.
    Ноќта уште подолга. Го апсорбираме секое ветре, небаре утре ќе не лади.
    Долги, непродуктивни рекла-казала муабети...до бескрај.
    Ред кафе, ред цигара., редови многу, многу.
    Секое утро се будам ветувајќи си сама на себе дека нема веќе не спиење.
    Кој доаѓа, кој оди, торби ваму, таму ... како перон со изгубени патници.
    Ме умори летово, ме умори.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    [​IMG]
    Ах,тие родители..
     
    На CIA, Hkikica, Monna.Monna и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.