Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.357
    Допаѓања:
    286.458
    Денес посетив еден мемориум центар на американските војници загинати во првата и втората светска војна.


    Илјадници парцели и уште поголем број имиња на исчезнати лица запишани на зидините на целиот објект.
    Се почуствував како дел од некој американски филм :$ .
    Тишина, зеленило...и едно огромно знаме кое се вееше на среде како потсетување на причината поради која лежат таму толку многу децении, далеку од останките на своите фамилии.

    Неколку работи сепак пријатно ме изненадија во сета таа тага која владееше таму.
    Колку само беше одржан цел тој комплекс. :x
    Кај некои од починатите забележав звезди наместо крстови. Добро е што и во тие моменти на хаос се запазила религијата на секој паднат војник.
    И она што ми падна најмило беше што на неколку места забележавме цвеќе.
    Иако тоа беа 3 од вкупно илјадници, сепак внуците, ( правнуци :^) ) не си ги заборавиле корењата и своите предци. Допатувале од усвет за да го положат тоа цвеќе...
     
    На Buttterfly, bittersweet, CIA и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    За прв пат во овие три години студирање, јас стварно сакам да учам иако се уште е лето! :D
    Разлистувајќи го материјалот, се фатив самата себеси со насмевка на лицето! Ееј, за првпат, после толку многу незадоволство и досадни, напорни предмети! :D
    Многу ми е интересен предметот што допрва треба да го спремам за септемвриска сесија и верувам дека со лес ќе си ги спремам тие 700 и нешто страни! ( :^) )
    Сега сфаќам дека оваа претпоследна година, 4та од студиите ќе биде интересна. Се‘ е сумирано, се‘ е стручно, се‘ е битно за понатака, за еден ден здравје Боже кога ќе почнам да работам.
    Воопшто не згрешив кога бирав професија...ме исполнува фармацијава, ме исполнува максимално!
    А тоа е најбитно, нели?! :wasntme:
     
    На Buttterfly, Adi888, pupi.girl и 15 други им се допаѓа ова.
  3. leilla

    leilla Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    146
    Сакам да кажам дека редовно ја читам темава и тука се некои од најквалитетните мислења.
    НО, сакам да кажам дека некои членови почнаја да ја мешаат оваа тема со темата „Што би му кажале’’.
    Не сум модератор, ни нешто друго ама уживам да ги читам убавите, инспиративни, квалитетни со труд напишани мислења, мислења што вредат, па би ве замолила да се запази малку редот :)
     
  4. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    ^ Сакам да кажам пријави на извичникот штом сретнеш такво мислење и ќе биде префрлено.
    А за редот во право си дека треба да се запази :)
     
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека:
    [​IMG]
    од една гледана точка вака би изгледал животот кога си низок пример како мене :$ :lol:
    :rofl: :rofl:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Турболенциите во главата што ги имав пред 2 недели искрено беа поради многу прашања и потпрашања, баш оние кои ги постави Шилеа. Рој мисли, барам одговори од животните случувања на најблиските, се убедувам дека можам да ја имам таа енергија која ќе ме направи способна, вредна и добра - за себе и за другите, најмилите.
    ... И мислам дека прашањето не е веќе „Дали се плашите од темнината?“ туку „Дали се плашите од иднината?“.

    ~ Меѓувремено, август си дојде, мојот омилен летен месец. ах!
     
  7. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    И што ако не се сликам покрај фонатана на плоштад ? Не сум шема или ? :^)
     
    На CIA, Alesii, Monna.Monna и 2 други им се допаѓа ова.
  8. LGBT

    LGBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    108
    Прекинав низа од скоро 2 месеца без самоповредување. Мали гребнатинки, но значајни. Не знам што друго очекував, пак немам начин да се справам со кризите.
     
  9. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Болно е навистина кога ќе се прекине толку долга врска.Целото детство што би се рекло ти поминало со еден човек за на крајот тој воопшто да не знае да го цени тоа...
    Бев покрај неа знам колку е тешко,она не сакаше но воопшто не ја ни прашав дали смеам туку веднаш ги повикав нејзините две најдобри другарки и јас и отидовме кај неа малку да ја разведриме.Храбра е навистина,прв пат ја гледам вака.Ќе биде среќна знам,она заслужува некој што ќе и пружи се и ќе знае да ја цени.
    Туку ајде и јас да не ја рчкам таа тема.
    Денес цел ден ми помина во смеа па во себе си велам само на арно нека е. :lol:
    Сабајлечки на интервју за работа си влегувам прва во салата за состаноци и седев сама едно 15 минути.
    За тоа време така си направив еден филм дека јас работам во таа фирма па си се врткам со столчето така гордо...
    Но сфатив нешто што долго време го барав во себе...јас себеси се гледам само на такво место,во убава фирма со задоволителна плата и како седам на удобна фотелја.Да имам преголеми амбиции но верувам во себе.
    Туку...одам на разговорот и ме прашуваат дали би прифатила работа подалеку.А јас така гордо викам аа не треба за тоа добри услови инаку не ми одговара... :D :D :D
    Цел ден се прераскажуваше ова и сите се смееа слатко на мојата дрскост. :lol:
    Воопшто не жалам особено не одкако им го видов изразот на лицето на двете госпоѓици што ме прашаа.Зарем мислеа дека само они се горди и арогантни,епа им покажав дека и јас можам да бидам како нив. :D
     
    На AnaKarenina, Foreveryoungiwannabe и MacaLove им се допаѓа ова.
  10. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    СДК ќе бидам добро, ветувам...
     
  11. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.696
    Допаѓања:
    6.623
    Многу сум избедирана денес и се некои лоши мисли ми доаѓаат на глава, а што е најлошо незнам ни зашто. Ми треба да отидам на одмор малку, да си ги тргнам мисливе и да одморам од се иако ќе ми недостига форумов. И одвај чекам деновиве да се видам со едно девојче кое никогаш доволно не го ценев, а навистина вреди како личност.. многу ме израдува што рече дека сака да ме види. :)

    Пак ќе си ја тераме шемата во Њу Ејџ, ама убаво ми е местото и да можам секој ден би идела, многу ми е смирувачко кога ќе си седнам на тоа перниците и ќе ја слушнам тоа музиката. Преска 2 ипол саати окапав со едно чајче ама супер си поминав, а и муабетот и личноста ептен ми годеа. Барем колку толку ме расположија, и ме оттргнаа од се што ме мачеше во моментот.

    Ах,незнам ни јас сама зашто воопшто си се лажам. :| Знам дека сево ова е зашто ми недостига премногу и очајно ми треба покрај себе, па затоа сум ваква. Знам, веќе и вас ви станав досадна. Да е тој сега крај мене и да ме гушне, ништо од ова немаше да има. За крај, да ве поздравам со една преубава песна...

    http://www.youtube.com/watch?v=umVkXtZh ... re=related
     
  12. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Сакам да кажам дека морам ама стварно морам да се исончам макар и да не пливам ама морам да отидам барем 2 добро ајде 3, е аман де 4 дена :lol: на плажа покрај езеро .
    да си сплетам една плетенка или да си ја направам косата во растурена пунџа и да си терам на плажа.
    Мора боја да ме фати,мора еден чоколаден тен да фатам и да ја баталам пудрата .
    Со години немам отидено на езеро се сеќавам последниот пат кога бев беше во далечна 2009 година и од тогаш немам мрднато на езеро.
    СДК 2: сакам да ми падне фарбата ,да се види убаво лешник боја не ја сакам веќе костен :shake:
    СДК 3: имам потреба од друштво полно со позитивна енергија а не сите што ги имам намќори а па дечко ми најголем |(
    СДК 4: ми здосади веќе да сум висока метар и желба за растење сакам долги нозе ко на манекенка :)

    СДК 5: јас решив.одлуката е донесена. Од утре ќе почнам да пијам по 2 литри вода и така јадам по 1 пат на ден и ќе ги правам вежбите.таа вежбата што си ја правам треба по 100 пати да се повтори ама јас за инает на комшиката и нејзиното куче кое постојано брка мачки и не ми дозволува да спијам ќе ја правам вежбата по 600 па нека пукнат душманите ако сакаат. :)
     
  13. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Кој нема да ти возврати, а ти постојано го караш?
    Кој ќе те гледа секогаш со мили очи, без да чува во себе лоша мисла?
    Кој ќе ти биде најголемиот пријател?
    Кој би го жртвувал животот за тебе без двоумење?

    Кој, ако не твоето куче, кое те сака и повеќе од себе.

    За моето душиче Д.... :f: .

    [​IMG]
     
    На sweet-star, stylishh, kate21 и 22 други им се допаѓа ова.
  14. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.479
    Пол:
    Женски
    Или ко шо прочитав некој цар шо напраил, празно непотпишано плико. И јас би играла така доколку некој биде доволно дрзок на поканата да стави, поклон во плик :lol:
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Ми се јавува сношти една братучетка сакала да испрати по маж ми нешто за сестра и.И се договоривме да се чекаме на половина пат.Излегувам јас навреме,ама таа по обичај касни..и да го скратам вреемто си ги закачив слушалките од телефонот си слушам музика,размислувам како животот е убав,како приците цвр..добро баш не ги слушам да цвркаат,ама се во тој стил-животот е убав ,јас сум во хармонија со природата,моето тело е мој храм,мојот ум е јак....бла,бла,бла....и ми приоѓа девојка и гледам нешто зборува.

    Не ја слушам заради слушалките,се обидувам да ги симнам,се збунувам,ми паѓа телефонот која почнува чудно да ме гледа...и во тој момент слушам -имате ли упаљач??
    Јас-НЕ ФАЛА :o

    СДК мразам кога луѓето доцнат :tmi:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    Не е возможно колку себични луѓе постојат или пак можеби сега си го покажуваат вистинското лице?! :x
     
  17. zlatnaa

    zlatnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2010
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    57
    Денеска почнува мојот викенд :rofl:
    Сакам да кажам колку е убаво кога на некој ке спојат празник :rofl: :hai:
     
  18. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Како што се ближи денот, се` потешко и потешко ми е...
    Па нели ова е тоа што го сакав? За што се борев толку години? Што градев?
    Да, така е, ама сега не е исто. Деновите ми се избројани, одам на слепо, оставам вреди работи позади мене, работи за кои вреди да се живее.
    Еве веќе 5 дена не спијам, не јадам, а зашто - ни јас не знам!
    Тоа што го барав - го добив, еве го, еве ми ја шансата.
    Само се плашам да не биде нож со две острици, па да си го повратам мајчиното млеко, и тоа низ нос!
    Дали вреди да ризикувам, да си го ставам животот на коцка, да одам на се` или ништо?
    Дали вреди да изгубам се` што имам, по цена на успехот?
    А што имам? Имам ли јас нешто вредно за губење?
    Што и да имам,колку и да е, мое си е, јас ќе си ги сносам последиците.

    Ќе вложам се`, т.е. веќе вложив...
    Спремна сум на тоа, свесна дека можам да изгубам се`, дури и животот, но и свесна сум дека доколку успеам, ќе добијам многу. Ќе го добијам тоа за кое сонував, ќе добијам се`!!

    Во делот кај градите, од левата страна, треба да имаш срце а не зрно грашок.
    За да превземеш ваков чекор, да го одиграш овој потег, треба храброст, не?
    Дали јас имам храброст? - Да имам!!

    Шах - мат !!

    :l:
     
    На Trnche, pamelche, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    [​IMG]Сите ние имаме приказни да кажуваме. Само зависи дали се ПРАЗНИ! :fubar:
     
  20. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Татко ми реши да си замине и да не остави.
    Вака е најдобро.
    Тензијата ќе стивне, нема да има караници.
    Ќе се гледаме за празници.
    За одмори.
    Не ми се верува дека во животот дочекав ден кога татко ми ќе не остави.

    Работите кои никогаш нема да ти ги простам, секогаш ќе прават да те сакам се' повеќе.
    Се' би дала за тебе и за мама.
    Вашата љубов не може да умре сосема, имате две деца.

    Чудно е како животот на човек може да се сврти триста и шеесет.
    Среќно. Ти посакувам да си ги излечиш раните што луѓето околу тебе ти ги создадоа.
    Знам дека си разочаран од најблиските, но ние не сме најблиските од кои треба да се разочараш.
    Ние никогаш не ти го свртевме грбот.
    Ни кога плачеше, ни кога беше на работ на смртта, ни кога викаше, ни кога пцуеше.
    Ние секогаш бевме тука.

    Се ми е измешано, дури не знам што да ти кажам.
    Не те осудувам, воопшто.
    Не сакам да се мразиме поради другите.
    Ти благодарам за сите работи кои ми ги пружи.
    Tолку.
     
    На Buttterfly, zarah, la-chicka и 22 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.