Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Ах, животецу, очаен си веќе, патетичен! Се навикна да ми задаваш удари од кои ќе паднам на земја, така? Епа веќе не! На секое твое разочарување што ми го плескаш во фаца, јас ќе ти плеснам нов предизвик! Колку повеќе с*ања ми приредуваш, толку повеќе јас ќе те силувам со нови, поагресивни предизвици! Не само што ќе те силувам, има јако да те изе*ам у здрав мозок како ти мене до сега, па и дупло!

    Можам да ја играм оваа игра до бескрај, веќе се навикнав, така да повели. Па ќе видиме на крај што ќе победи, дали твоите бедотии или мојата упорност. Мислиш дека ме правиш ранлива и кревка, но всушност ме направи карпа! Одамна помина времето кога заспивав плачејќи секоја вечер.
    Војната започнува. Bring it on, bitch :devil: Да видам што друго имаш да понудиш што веќе не сум го добила од тебе :punch:
     
    На Monna.Monna, marama, cinderella5 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Синоќе, по полноќ, седејќи во тишината, добив одговор на многу животни прашања. Одлучив за многу работи, веќе нема да дозволам да се случат работи кои само ми ја крадат насмевката и потоа не ми ја враќаат, дека кон некои луѓе ќе се однесувам баш онака како што заслужиле, ќе се вратам на времето од пред неколку месеци кога неможев цел ден да престанам од смеа или пак да се радувам и на најмалата ситница која ми ја подаруваше животов.
    Лицемерни луѓе - во изобилие. Ко од нив да ми зависи среќата :@ Ама не, нема веќе вака. Си реков...КРАЈ!! Па уште и ми велат.. ''Oо, си се променила многу бе девојче..‘‘ - Не не, не сум се, само престанав да се однесувам како што вие сакавте.

    - Ништо од вчерашниот дожд, пак иста приказна, пак топлово игра голема улога.. инаку денес со другарки ќе возиме велосипеди, малку рекреација и исклучување на мозокот од животни проблеми..
     
    На Sara123 и honorthyself им се допаѓа ова.
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Епа драги мои, ваша Шилејка, ќе оди на крајот на светот за Љубов!

    Новости, вратоломности. Чекори напред, кон иднината. Момчето мое ќе оди во далека земја на студии, па после тоа му се придружувам и јас.

    Да не ве паничам, само сакам да ви кажам дека мора да се борите за она што го сакате!

    Конечно, ми падна камен од срце, но и на веѓи еден куп мисли. Што ќе биде, како ќе биде. Тука ќе сум, па ќе одам. Се надевам дека срцево ќе издржи, а кога не издржало?
    Во меѓувреме измешани емоции, Пенелопевска ситуација, многу брзи потези прави Животов, нели? Не се жалам, ова беше крчкање на многуте одлуки кои мадро се чуваа за убави времиња.

    Значи, сега сум на испит, а потоа кон нов свет.
    За Љубов живееме, ќе успееме! :inlove:
     
    На Buttterfly, Rubiii, Annath и 29 други им се допаѓа ова.
  4. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Се одморив за сите пари.
    Овие 11тина дена ми беа мелем за душа. Си поминав преубаво. Бањање, сончање, уживање.. Тоа е живот.
    Се сеќавам како мала сакав да бидам морска риба и да живеам во морето, да не морам да си одам дома. Истото го посакувам и сега. Колку сакам да се повторат овие 11 дена.
    Некој да ми рече дали сакам да останам цела година на море, најрадо би рекла да, ама на крај, секогаш ќе го имам тоа чудно чувство на топлина кога ќе го здогледам Скопје од височините. Знам дека се враќам дома, каде што сум сакана, каде што се чувствувам сигурно. Убаво рекле нема место како дома :!: .
    И какво и да е, ова е само наше Скопје :)
     
    На lovely-girl, Lepaaa и Monna.Monna им се допаѓа ова.
  5. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Само еднаш во месецот посакуваш нешто и во истиот момент ти е одбивно, се нервираш без особена причина и урлаш по луѓе без никаква причина , ги сакаш па истиот момент ја `мразиш` нивната близина :D сакаш еден тон благо иако знаеш дека тоа ЌЕ ТИ ШТЕТИ :@.
    Не можеш да го гледаш дечко ти, затоа што знаеш дека не можеш да го добиеш од него тоа што ти треба :D затоа што меѓу ножјето ти е црваво како во ратот 1914.

    Посакуваш кратка коса иако имаш ПРЕУБАВА долга .Ја фрлаш целата гардероба надвор од плакар плачејќи како НЕМАШ ништо ново, или уште по бетер немаш што д а носиш, ги мразиш проклетите гајќи кои се како оние на баба ти до цицки високи се заради таа влошка :lol: и тој смотан ПМС.
     
    На Abby му/ѝ се допаѓа ова.
  6. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    .... пак ке почнам да си работам во Авон , ке си праам порачки, па и ке имам нешто гратис за мене ;)
     
  7. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.436
    Допаѓања:
    103.499
    Пол:
    Женски
    На работа, на само еден работен ден од официјално одмор, во вистинска смисла на зборот, чунки многу се уморив 8) . На некое локално радио идат македонски шлагери, климата ја исклучив и уживка во мирисот на летен дождец, ме потфати и мене малку додека се враќав накај канцеларија :rofl: Дожд не сакам, сакам летен дождец, ете ваков, малку топол а уствари милина ти е на кожичката откако ќе се потсуши на памучната маичка :rofl: Сакам летен дождец, многу сакам. :rofl:
     
    На Lepaaa, Srekicka и anabel-a им се допаѓа ова.
  8. SimplyElegant

    SimplyElegant Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    779
    Пол:
    Женски
    Какво место стана светов? Каде ли отиде младинава?
    Дванаесет годишни девојчиња имале по минимум 3 муватори. Остај тоа, па имале зад себе и некоја врска. Ај тоа и не ме зачуди толку многу. Ама на 12 год. веќе да доживеале неколку пијанства. Е тоа веќе... Страшно :o
    Па имаат ли тие деца родители... Имаат, ама исто како да ги немаат.

    Колку и да не сакам да рзмислувам за иднината сепак од време на време ме фаќа страв во врска со оваа тема. Дали за одредено време кога и ја би имала деца ќе биде ваква ситуацијата или уште полоша? Какво ќе им биде опкружувањето? И ред други работи...
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам.
    Е жими се најмило ич не убаво да живееш во зграда а ни најмалце не,во зградава кај што живеам јас.
    Добро бе,овие комшииве мој осет ич да немале,осет нула! Компир.
    Станале од сабалје во 6 сатот ми брмчаат со бурмашини леле мале.А ноќеска до 12 по полноќ истата песна.Страшна работа ми се комшииве,страшна.
    Tуку сабалјево ме разбуди дождот,мислам градот.Незнаете како врнеше.Уживав во глетката,иако мразам дожд.Но,овој пат ме потсети на едно убаво време.
    А времето еве го сега,сонце огреа.
    Никогаш незнаме што носи времето нели?
    А викаат и дека секогаш после дождот иде сонце.
    Но,кога го заборавив моето пријателче,или мојата прва детска љубов,ајде така ќе го наречам.Гледам сега на фб,и не им верувам на очиве.Ми манал лајк на една слика после толку време.Ауф.Мене ништо искрено не ми значи,тој си има девојка.Ама па незнам.Кога видов ги почуствував преперутките во стомакот,а друг сакам што ми се дешава девојки?! Што е со мене.
    А и уште нешто,ако Бог ме казнил сето ова да биде вака тогаш така нека е,од пишаното не се бегат зарем не?!
    Таква ми била судбината.
    А другите,сигурно,ќе ме познаваат како девојчето со неизмерна тага во очите.
     
    На Sara123 и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  10. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Секој дом, велат, има свој специфичен мирис кој само домаќините не го чувствуваат.
    Можеби, но битно мириса на дом.
    Безбедно, топло катче со спомени во секое ќоше. Сентименти и по некоја солза. Може и радосница.

    Сонував дека мајка ми ме заборавила некаде во друг град, па си појдов дома пешки со најјакиот можен стајлинг: проѕирна маица, шорцеви и екстра детал - црно-бели чорапи со народна/селска шара, натегнати до пола нога. Е ај?! Која машта, која потсвест... |(
    А кога пешки стигнав од непознатиот град, и’ појдов лута на мајка ми и настана трета светска. Смее таа таква фешн икона да заборава во друг град! :D
    И таман дури траеше тензијата во сонот, почнав полека да се будам со мирисот кој се ширеше од кујната. Мириса на супа и ред други намирници кои ги спрема за ручек.
    Таа е тука, таа никогаш не би ме оставила или заборавила. Иш, глупав сону. И ти и чорапите! :fubar:
    Штом ја отворив вратата од собата, се стрча да ме бакне во чело ко да не ме видела со години.
    Ах, душа таа. Признавам, ми годи. :lol:
    Се осетив ко мало детенце дури сонливо ги нишав нозете на кујнскиот стол, а таа ме потпрашуваше:
    Сакаш мама да ти даде ова да јадеш? А сакаш она? А сокче?
    Ах бре, мајчице, можам и сама да си земам што сакам.
    И не, не сакам да ја гледам таа грижа во твоите очи. Ценам што пробуваш да ме убедиш дека се` е во ред, ама не сум дете да не сфаќам, можам да ја сносувам тежината, верувај во мене.
    А јас ветувам дека заедно ќе се избориме, ќе видиш. Речиси и да нема место за грижа.
    Само јас и ти си осанавме сега, кога секој друг ни сврте грб. Па што? Знаеш дека секогаш сме си тука без оглед на се`, немој ни за секунда да помислиш дека овој пат ќе биде поинаку. :hug:

    Имајте убав ден и барем мал дел од него посветете на оние кои највеќе ви значат.
    Поубаво од срца кои бијаат во ист ритам и иста фреквенција на мисли - амин.
     
    На Buttterfly, teddybear, Annath и 37 други им се допаѓа ова.
  11. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Чувството кога читаш книга и јадеш лубеница додека надвор врне дожд и ги слушаш капките како паѓаат на прозорецот... :mm:
    ...отидов да си дочитам :hai:

    [​IMG]
     
    На Buttterfly, teddybear, M.a.r.i.l.y.n и 8 други им се допаѓа ова.
  12. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Cекогаш слушав ако си позитивен ке почнат работите да течат позитивно,а ако си негативен нормално само негативно ке ти биде се,но дури сега почнав да верувам во ова и поубаво ми е :f: :D

    Cе секавам дека ова ми го кажа еден бивши,поздрав до тебе :d: :D
     
    На marama и pamelche им се допаѓа ова.
  13. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.516
    Допаѓања:
    4.019
    Пол:
    Женски
    Нема да биде лошо ако заврне пак таман се израдував дека ќе врне и ќе освежи 3 мин и толку -.-
    И да сакам да кажам дека едвај чекам да идам на одмор да се изнапливам да уживам малку да се тргнам од Скопјево зошто ми е дојдено тука од се преку глава.
    И да им кажам на младинава дека ако си искочил во населба на шетање или седење во маало не мора да се облече фенси фустанче и да бидеш нашминкана со кило пудра и сенка . Мислам девојче 13 години имаш не 23 . Олабавете се малце ...
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.436
    Допаѓања:
    103.499
    Пол:
    Женски
    Ме растажи, и јас се потсетив на мајка ми. Ах мојата мајкичка, иако честопати ја карам знам дека се прави од љубов кон нас, кон мене и сестра ми, а ја карам бидејќи сите наоколу и го зеле умот а таа им дозволува. Мајкичке, знам дека ти е тешко, и двете сме ти далеку а ти си остана сама со својата најголема мака и мајка му и татко му на маката :( Нема ништо побесценето од мајка, од мојата мајка, од твојата мајка, од сите мајки на светот. :* за сите мајки на светот.
    И ветувам веќе не ве напнувам во темава, ама се осеќам некако....осеќајно :lol:
     
    На cinderella5, Lolipop23 и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  15. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.559
    Допаѓања:
    3.186
    И толку од моето мачење за да заспивам порано и да станувам порано.
    Пред 4 дена не спиев цела вечер и цел ден за да си го нормализирам спиењево, кога ете, само таа вечер сум се наспала ко човек, а сега пак истата прича, не можам да спијам до 5-6, убаво 2 дена станував до 12 и 30, денес станав тоа време, али пак заспав и еве ме, во 15 се разбудив!!!! :devil:

    Бесна сум со немајкаде, оти не ни сонував убави ствари. Си го сонував дечкото како се маткал со некоја, а после тоа почнал и да пуши цигара!!! Тој не пуши, а се надевам дека не се матка настрана!
    Мање битно ова, ќе си прашав во Сонови што значење има.

    И аман веќе со овие глупиве портали! Сега на некој му излегла змија од славината на чешмата! Кога беше тоа дека змија имало од школката, страв ми беше да си се измочам нараат! Да, да, погледнував на секое да не има нешто! Абе да ви се плукнам на вестите што ги давате! :@
     
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    аман бре, ова град паѓа ли??? :?: :?: :?: :?:
     
  17. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    На Lepaaa и marama им се допаѓа ова.
  18. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    И додека да се соземеш од гласното смеење, веќе на патот гледаш ти паѓа нов мрак низ кој мораш да поминеш. Назад не можеш да се вратиш, а во место попусто ќе стоиш. Си велиш уште едно искушение, а тоа веќе ти се потпишало како лузна таму некаде длабоко, таму некаде каде ги криеш сите неисплакани солзи, сите неподарени насмевки, сите тајни. И во моментот ти се чини како нозете ти ослабуваат, чувствуваш потреба да побегнеш, да ги изгребеш рабовите на твојот кревет а потоа сфаќаш ти не сонуваш, ти навистина го живеееш тоа.

    Ги голташ сите горчини и во целата несреќа и самиот не си веруваш додека се бодриш да продолжиш понатаму. И знаеш дека ќе продолжиш, дека ќе преболиш, само не знаеш како и не знаеш кога.

    Како ехо ти се враќаат сите лаги, сите оние лицимерни зборови и сите вистини пред кои мораш да се покориш. Ги слушаш, попусто се обидуваш да пееш некаква мелодија. Tаа нема да помогне. Звукот е јак, и тој не доаѓа однадвор, тој доаѓа одвнатре. Тој е тука каде и да појдеш, што и да правиш.

    Некој чуден трепет во нозете те поколебува да го направиш следниот чекор, но срцето што таму лево чука те потсетува дека сеуште живееш и покрај сите горчини и покрај сите болки. Но, и животот ти се чини мачен, далечен, непознат...

    И така ќе оздравиш па пак ќе се разболиш, ќе се насмевнеш и пак ќе се растажиш, ќе успееш и пак ќе паднеш.. А потоа и обратно..

    Во очите пак ќе собереш бар малку сјај, мала искра колку за да му докажеш на светот дека сеуште и ти се надеваш на нешто... Во нив луѓето не ќе пронајдат колку пати си паднал, но твојата душа си знае колку рани морала да закрпи...

    Се што треба е да ги отвориме очите. На крајот од темниот тунел да ја видиме светлината. Да станеме свесни за нејзиното постојано присуство. Таа е тука цело време. Наше е да се насмевнеме , насмевнеме од срце. Да ги запееме омилените стихови, да играме на омилените звуци, да ги сакаме луѓето околу нас, да правиме се што за нас причинува среќа, радост.

    И да се сетиме... Секое лошо поминува.

    Светлината не чека на крајот од тунелот. :)

    :hai:
     
    На fallenangel, Adi888, teddybear и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Леле што убав мирис ми доаѓа од кујна. Е многу сум среќна кога ќе си зготвам нешто сама, а уште па и ако не е утнато...абе мераци.
    Ручекче зачинето со бело винце, и капки од дожд. :mm:
     
  20. wildness

    wildness Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    23
    Блазе си ви на оние кои што имате шанса да се оттргнете малку од дома. Не дека барам да одам на некое посебно место, само во последно време ми се идподешаваа толку работи, се изнаслушав на се' и сешто и сега сум потполно збунета. Незнам и во што веќе да верувам, сите со различно ме лажат. Ми треба одмор од се', едноставно одење на некое мирно место, да го пуштам умот на пасење, и да уживам во тишината и смиреноста. Тоа е она што највеќе ми треба сега.

    Како и да е, се решив да одам на неколку дена кај баба ми и дедо ми. Таму секогаш успевам да се релаксирам, и ако ништо друго да сменам околина. А и супер е чувството кога баба ќе зготви нешто, па ќе замириса цела куќа, нели? :)

    Се трудам да си го направам денов убав, вечерта да ми остави убав впечаток, утре изутрина како што кажав одам малку кај баба ми и дедо ми. Незнам колку ќе можам да пишувам, нема интернет таму. :| Но доброто е што од се' ќе се исклучам.

    Ви посакувам убав ден и на вас мили феминки. :)
     
    На fallenangel, moliv4e, CIA и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.