Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Приказна раскажана од збор до збор..Многу прашања но без одговоор..Ти ми требаш да се утешам да си помогнам сама неможам.. :|
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Cдк дека јас сум од оние типови, се прават во последните 5 секунди, а не минути :!: . и Hикогаш, ама никогаш не вадам поука од тоа, а плус и нели дека се ситно,па што се 5 секунди бре,па кај се такви, уште мора да бидат и пропратени со непријатни ситуации, значи уште толку и толку стрес и стрес..
    фала богу, и денес имав среќа и си го спасив дебелиот газ, како и секогаш, ах лудо ах, еден ден кога оваа ванземјанска среќа нема да те служи, акни си ја големата глава од зид и размисли си :headbang:
    Tака да, луѓе вршете си ги работите на време за да не му ја мислите.
    A не се сеќирајте лудо си ја исфрли цела негативна енергија, ма циганската сум ја направила со Kомшиката без срам и перде 8) . Kога таа нема срам да пушта отров, зашто па јас да глумам дама, нели е така? :?: Tатко ми во земја потона, а јас уште толку и толку, како змија :D
    E ми стапна на пичкин живац драга.. леле се осеќам со постов како Cрцекршачка :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На cinderella5, moliv4e, Lepaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Љубов е кога момче ти ја чува панделката во странство се до наредното видување... Еее, а кога ќе биде тоа душо? Зарем ќе те видам јас тебе пак ? :( Далеку сме многу, а ти ми си сродна душа. Те пронајдов и те изгубив. Ама знаеш што ќе те видам во иднина, морам да те видам!
    Што сум станала ваква плачка не знам, рано е за ПМС, ама што да правам... си се чудам како сум можела да се приврзам со некој толку многу и ете да мислам секој ден на него... не сакам да се заљубам, тоа е мнооогу лошо... па дека е далеку уште полошо ќе биде...
    Брат ми ми купи едни колачиња, сега морам да ги дегустирам и да си се тешам дека некој ден ќе си го видам детето и ќе ми ја врати панделката хааххаа :l:
     
    На pamelche и Alesii им се допаѓа ова.
  4. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Сдк дека се чудам и неможам да се изначудам. :o Можам само да кажам дека се наивни и глупи ништо друго.Вчера ај си реков малку ке прошетам со другарките во парк.Бевме 4 девојчиња.Ги сретнавме најголемите "фраери".И овие моиве глупи другарки што не планирам веке да им прозборам отидоа со нив и не оставија мене и дргарка ми.Доагат фраериве кои што се 8 години постари од нас и овие одма ај ке
    идеме со нив.Ми викааат на мене "срцка неам време да губам време со такви глупи како тебе ке си одмие со дочко ми. " И јас останав ваква :o :o .А се глеа дека само ги користат.И само една дугарка остана со мене а другиве....И вечер ми се јавуваат во ниедно време ми цвиздат на тел како ги откчиле да им ги местам братучедите мои :o и јас и вратив исто така како што они ми рекоа и ајт создравје не ми треебаат више,нека кршат глава ако сакаат.Неможе да се поверува колку се наивни и глупи,па што личи бре да се трча по машки само да се муваш со нив и да бидеш главна фаца и тоа на 14 години?? Абе свашта,не ми се збори повеке.. :fubar: :tmi:
     
    На Lepaaa, Cacy, Alesii и 2 други им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Послушајте ,но пред слушање погледнете некаде.Било кој објект кој го дава вашиот одраз ќе послужи.Погледнете се.Моментот е неповторлив,тоа сте вие.Ќе јурнат можеби слики како дим од цигара пред вашите очи-девојче,девојка,жена,старица.Она што било и она што ќе биде.Убави слики,но полесно е го држиш моментот за коса и полека да галиш,додека лизга низ прстите како тело на глуварче...тоа е вашиот момент,еден од неброените,тоа сте вие.Уживајте во својот лик.И тогаш пуштете ја песнава да се разлева низ вашиот дом и вашето тело...

    Се сеќавам кога првпат ја слушнав.Девеесет и шеста,седма...студентскиот плоштад во Белград,поточно книжарата Плато.Музиката се разлева по улицата (а тогаш е најмоќна)се меша со вревата,победува,ги разбранува сите сетила,а во исто време се стои мирно пред нејзината гласна убавина..и тогаш запознавам некого со неа.И понатаму може да се оди ..ама не е потребно.Сеќавањата се тука да поминат само.Она што останува сме ние сега, овде, тука.Не таму....

    http://www.youtube.com/watch?v=53a_yC4o ... r_embedded
     
    На Buttterfly, teddybear, Lepaaa и 6 други им се допаѓа ова.
  6. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Редно време беше да сменам локација. Не можев да дишам, се угушував... И как гром од ведро небо ГРЦИЈА :o Идам Грција!
     
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ве читам, некои ме расположија, некои ме растажија. Колку сме сите борци.. дали во ситуација на разделба, дали во ситуација на успех. Животот ни приредува секакви сцени. Се бориме за опстанок, за Љубов, за парче среќа, за идина, за поколение. Некои ги пуштаме иако биле дел од нашиот живот, а не им се лутиме за изборот зошто не создале.

    Јас константно учам покрај вас. А вие ми покажувате колку сте силни, сакате, посакувате, грабате, љубите, плачете, се изборувате. Постоите комплетно.. многу судби се собрани овде. И јас ќе ви кажам колку и да е патетично, сите сте херои..
     
    На Buttterfly, Divinebutterfly, antonina и 32 други им се допаѓа ова.
  8. m.i.s

    m.i.s Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    319
    Сакам да кажам дека до денес 3 години и 8 месеци сме заедно со дечко ми. Нека ни се множат :D :*
     
    На Lepaaa, Springy и Johny им се допаѓа ова.
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    ...another day in paradise!

    Денес бев главен шизик на ризик кој се радуваше на единствената зрела крушка, која за инаeт беше на повисоките гранки. Лакомоста моја нема крај и пошо секогаш сум била палаво детенце кога видов дека катерањето по дрвото нема да ми помогне, забодев едно столче на и така нерамната површина. Се клатело или не, посегнав по мојата крушка имајќи си проблем со столот, сувите гранки, височината и комшијата кој зјапаше во моите гаќички. И заврши среќно, како и секоја бајка, го остранив црливиот дел и си изедов осминка од жолтата, вкусна крушка.

    А да не ви кажам колку среќно се превртував во креветот и со душа чекав да ми мине поспаноста за да се разбудам и да видам бел ден, а видов уште поубаво: летен дожд како паѓа во дворот и градината, додека моите седнати на терасата уживаат во глетката и свежината на животот. Како да сме родени меѓу бели завеси, разиграни од ветерот и така далеку од прашината на градот се будиме во измиен, нов ден. На рамно со годишните времиња!
    Мирис на риба и компири, гласот на спортскиот коментатор, распосланиот тросед и веќе сервираното лепче.

    Музика во мојата соба, Брижит Бардо над мојот кревет и јас седната на мини библиотеката меѓу перниците со мојата омилена - бордо боја. Јамички на лицето, сликата од мене и него. Ти кажав ли колку се радувам на животот што следува со тебе? Ја вакумирам целата младост и убавина за следниот пат кога ќе те видам.
     
    На Buttterfly, antonina, zhap4e и 11 други им се допаѓа ова.
  10. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Се изнаскокав, се изнатрчав.
    Се испотив солидно. Согорив некоја калорија.
    Да одморам и бегам под туш, па на чај у комшии.
    Вечер некој плиток и бесмислен филм со мачорот, и толку за денес. :emo:

    Не е ништо страшно, знаете, кога се ќе ви се испомеша. Барем јас веќе ништо не ставам на срце.
    Мојата среќа не зависи од ничија спојка ниту разделба, од ничија среќа или несреќа.
    Не ја кратам долгава, и бушавава коса. :wasntme:
    Што и да се случи, не можам да се издепримирам, и да почнам да мислам дека се' е ужасно, без решение.

    Некогаш нештата се решаваат на потешкиот начин.
    Ич не му ја мислам. Никој не ме лишил од љубов, тоа е најважно, не? :sun:
     
    На teddybear, cinderella5, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Друштвеното кафе во лето ми е најслатко.
    Тогаш кога конечно после подолг период сите ќе се собереме на купче, ќе се изгушкаме, па ќе си ги раскажеме сите летни случки, сите згоди и незгоди, интересни приказни и љубовни авантури.
    Ќе се смееме на глас небаре никој не не слуша, додека вкусуваме слатко турско и ја впиваме квечерината. Тогаш времето пребрзо поминува и секоја минута ни се чини како секунда.

    Туку, денов е мелем за душата.
    Исполнет со мир, обоен во спокојство.
    А секоја меланхолична песна кога е во дует со дождот, звучи поубаво...
    http://www.youtube.com/watch?v=F2Cm_4573fs
     
    На Buttterfly, mims-89, teddybear и 14 други им се допаѓа ова.
  12. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.792
    Допаѓања:
    6.697
    Се уморив веќе од солзи.доста ми е и мене.не направив ништо лошо па вака да ми враќаат.секој ден се надевам дека работите ќе се подобрат ама ништо од тоа.само нови разочарувања.барем еднаш работите да тргнеа на подобро па и јас да почувствувам што е тоа среќа,да почувствувам дека некој ме сака.во мене има една празнина и чисто се сомневам дека некој ќе ја пополни.само сакам да има некој покрај мене што ќе ме сака,ќе ме гушка ,ќе ме теши и ќе ми биде безрезервна подршка.САМО САКАМ ДА БИДАМ СРЕЌНА
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    И Селин Дион незнае да пее, се додека не ја отвори устата.
    Се што е ваше ќе си дојде, немат потреба од брзање.
    Со сила убавина, не бидува :geek: не дека не се знае, само се заборава, ама животов бидејки некогаш знае да биде премногу фин, знае да врзе една воспитна за да му текне на човек за ова што претходно го кажав.

    А и многу ама најмногу сакам парфеми :angel: :inlove: а исто и времево го сакам кога е вакво :rain: и вакво :sun: Уживанција, само некогаш ми смета кога не ми е денот :D
     
    На cinderella5, Divinebutterfly, malechkata и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Calypso

    Calypso Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    75
    Сменив работа. :d:
    Кога газдата решил да дава облека на вработени по набавна цена, знам каде ќе ја оставам платата и ќе бидам во тек со сите попусти. :rock:
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.627
    Допаѓања:
    43.254
    Пол:
    Женски
    Ретко дремам попладне, ама сега си оддремав толку слатко што се чувствувам поживо отколку кога имам убаво проспиена ноќ.

    Сакав да кажам дека почнува да ми здосадува летото, јас го сакам и уживам во него, ама добивам носталгија за џемперче, кожна јакна, шлапкање по ѓолчиња, шушкање на лисја...незнам за вас ама мене нова година секогаш ми започнува во септември, секогаш тоа ми е нова страна од книгата, почеток на нов период, работен и исполнет.Се радувам на новото цимерство од септември, колку ги обожавам тие две девојки, мислам дека живеењето со едната до сега ме направи подобра личност, а сега и со двете, се плашам да не станам екстра добра :P

    И некако се чувствувам чудно, како нешто да ме мачи, да ме попречува, знаете она кога се ви е пуно и рамно, а пак има нешто што ве кочи, а поима немате што е тоа...се надевам нема да излезе нешто лошо.

    И така први август уште малку роденден на мајка ми и љубовта.Неговиот роденден секогаш ми го означува крајот на летото и потоа годишнина, четврта.
    Чудо е во првата година, две се ти минува бргу, а сега излегоа четири, а мислам дека со него сум цел еден век.И топло ми е околу срцето кога мозокот ми ги вади на тацна сите складирани спомени...а во мојот случај се ептен бројни, зошто јас помнам се, дати, слики, лица, мириси, шумови, песни, искажани зборови и разменети погледи, безброј потребни и непотребни работи.Дури некогаш се прашувам дали се од тоа се има случено.
    Убаво е да си складираш се така во меморија, корисно е, ако еден ден останеме без сите оние чувари на спомени, да прокопаш и најдеш некој вреден за насмевка...или тага.

    Простете ми за неповрзаниот муабет, имав потреба од таков.
     
    На Buttterfly, cinderella5, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Сдк да остана уште малку време.Колку посакувам да не заврши август.Нее,неможам да ги погледнам во лице.А и по малку се плашам.Ама сепак ке бидам храбра и ке се соочам со нив.Си викам и тоа ке помине,полесно ке биде,ама самата си давам лажна надеж.

    Џабе е веке,кога еднаш ке погрешиш готово е.Иако беше одамна,пред 5 години,сепак јас сум таа истата личност.Не сум се променила,но сватив мн работи,научив мн од споствените грешки.Можеби само спомените останаа,но сепак ете ке се повтори тоа што несакам.Мн се каам,се би дала да го вратам времето,бидејки еднаш кога ке оставиш лошо мислење,џабе е се,иако е пред 5 години и тогаш бев мн помала,но никогаш не се заборава.

    Зошто луѓето погрешно разбираат? Зошто не дозволат да им објасниш?
    Знам сама сум си крива ,јас да не го направив тоа немаше да дојдам до тука,ама ке се трудам колку можам се да поправам и да заврши овој кошмар.
    Причаната за ова? Мојот инати гордост.

    Но сепак после :rain: доага :sun: .Ке се обидам се да поправам,да средам и ке продолжам да бидам таква каква што сум,без преправање.Знам дека не е мн голема вина,сепак тогаш бев само 9 годишно девојче што сеуште не знае што прави.

    И да многу им благодарам на тие личности што иако ме измамија,сепак ме научија на многу работи.И понекогаш си велам дека е мн добро што се појавија тие личности во мојот живот.
    Од денес Ема ветува дека ке биде храбра,смирена и решителна и нема повеке глупости да прави,сепак веке сум голема и не треба такви глупости да првам.И да ветувам дека ке бидам таква каква што сум,природна и ке се однесувам така како што ми одговара на моите години........ :)
     
    На Special.Someone му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Ми пружа бесконечна љубов...И јас него..
    Живее за мене....И јас за него..
    Плачам јас....И тој со мене...
    Јас си лежам..Тој ме бацува...



    Никој друг не е како него...Моето куче :inlove:
    Малку е цел реферат да напишам за него...Ништо не може да ја опише љубовта спрема негооо. :l: :l: :l: :l: :l:
    Ептен си го сакаммм :hug: :hug: :hug: ..Душа мојааа :inlove:
     
    На Glossy-girl и pupi.girl им се допаѓа ова.
  18. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Сакам барем еднаш во животот на некого да му е страв да ме изгуби мене.
    Ама, ќе си дојде и тоа, со тек на време.

    Во моментов имам прилика да уживам во мојот многу возбудлив живот, поради повеќе причини.
    Мозокот ми е на сите страни, имам премногу обврски и случувања и промени - не знам која информација побрзо да ја складирам во мозоков.
    Ова е дефинитивно моето лето на промени.
    На почетокот мислев дека ќе бидат само негативни, ама испадна дека сите биле позитивни и тоа сѐ уште не можам да се свестам колку многу.
    Ми се исполнуваат некои од моите најголеми животни желби, една-по-една, без јас да бидам ни најмалце свесна за која било од нив.
    Животот уште еднаш покажа дека е полн со убави изненадувања на секој чекор - па, затоа воопшто не се сомневам дека и тоа што го пишав на почетокот на текстов нема да се исполни. Ќе се исполни и тоа за побрзо отколку што очекувам или мислам.

    Убав е животот. Те става на крстосница и ти само треба да решиш по кој пат ќе тргнеш - а, ако размислуваш правилно, тоа не е воопшто тешко.

    Чиста сметка - долга љубов. ;)
     
    На Elichka и cinderella5 им се допаѓа ова.
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.490
    Допаѓања:
    17.198
    Извини, само си го кажав тоа што ми лежеше на душата. Сега ми е многу полесно.
    Секогаш од твоите викови кога плачев со мајка ми и брат ми, ти велев дека ќе плачеш и ти тродупло.
    Ич не ми е жал сега за твоите солзи, ич. Сакаше да го слушнеш тоа што го мислам за тебе, ете го слушна, сега сакаш лути се сакаш не, мене ми е полесно на душата.Се срамам од тебе сега, а порано те сакав најмногу на светот, ти беше мојот херој. Сега не, пораснав и сватив некој работи. Мајка ми и брат ми се‘ се што имам и што ми значи повеќе од животот. Те молам само нив немој лошо да им правиш. Можеби грешно мислам дека тетин и вујче ме сакаат повеќе, ама барем повеќе љубов ми покажале од тебе. Да сакаш некој не е да му дадеш пари или нешто да му купиш, нека ти е јасно. Повеќе хармонија има во овој дом само кога ти не си дома, се смееме барем ако не повеќе. Извини што некогаш имав добро мислење за тебе ТАТО.
     
    На LilBaby, Alesii, Hkikica и 5 други им се допаѓа ова.
  20. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    За да се расфрли умот на сите страни и да не се мисли на проблеми не требаат пари. Барем тоа е бесплатно.
    Денес денов ми се види како напорен. Ако сум на диета ја прекршив по 5-6 пат летово. Се изнервирав ! Си каснав повеќе од се ! Се што стигнав, благо, еурокрем , пепун , леб :tmi:

    И бидејќи немав сили да истрчам го зедов точакот и возев цели 2 сати со 5-6 минути одмор само :rock: Баш пред тоа врнеше и беше свежичко, таман за излегување надвор и уживање во убавините на природата. Виножита се изнагледав денес. А богами и фатаморгани . Се сетив дека годинава само брат ми знаеше од цел клас што е фатаморгана . Батали физика , во учебникот на прва страница ми имаа напишано : Кој видел аир од физика , па ние да видиме ... Какви пораки , хм ...

    Си возиш точак и воедно имаш панорамско разгледување на местото каде живееш.
    Бавчи, мирисот на јаболката , ммм. Си скинав едно од којзнае чија бавча и застанав под дрво. Најпрвин го набљудував и ми заличе на срце. Ми издвои насмевка едно јаболче. Ми фалеше една личност :$ Се присетив на некое време пред година две кога еден романтичар ми рече: Би ти го дал и единственото јаболко што го имам сега ( тогаш беше јули , имам добра меморија како што гледате) :D А бидејќи јули е тешко да се најде јаболко, па свака му част. Какви романтичари се вртеле околу мене , а јас дури сега сваќам ]:) Сите нудат милку чоколада, цепат дрва, даваат јаболка ... Све за љубав :D Се изнауживав што е важно. Не толку далеку од градот, но далеку од собраќајниот метеж и проблемите.

    Идам дома и ми мириса на тиквичка во рерна од рецептот на Ана. Ммм превкусно нешто. Мама готви вечера . Трпезата намесетена. Никој на неа нема... Вака така дојде брат ми , ама тато го нема. Гледам филм и еве го доаѓа татко ми. И мене и на бато ни дава по едно [​IMG] :hug:
    Не знам што му дошло така. Не се сеќавам кога последно ми купил така чоколадо да не изненади. Ми се разубави денот. Не е се во парите. Можеш да му дадеш на некој да купи мерцедес , ама ако му го знаеш вкусот купи му го ти. Посреќен ќе е, ќе има повеќе спомени. Исто е со чоколадите, исто е со се...Не баш убаво ми почна денот. Секој ден има и убави и лоши моменти.
    Во животот треба да се ужива. И така никогаш на проблемите им нема крај.
     
    На Buttterfly, Hkikica, CIA и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.