Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски

    Прво си реков за некој дечко ќе е постов... добро не зафркна сите хахахаа 8)
     
    На fallenangel, Cacy, Stoimenovska и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    ^ Барем во спојлер да го ставеше тоа долу, да не зафркнеше поубаво :rofl: :rofl:
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Трагично е кога некој во пошироката фамилија сака да диктира сѐ.
    Не ми е криво за тоа што она се обидува, жалам само што другите и дозволуваат.

    Нажалост секаде мора да има барем по едно црвливо јаболко.
    |(
     
    На ines.h, anabel-a, Lepaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.357
    Допаѓања:
    286.460
    Како само можат парите да пополнат толку многу дупки во секоја врска или брак.
    Не се живее среќно само од љубов. Хармонијата, домаќинлукот...љубовта патат ради тие пари.
    Кога нив ги снемува, се се менува, љуѓето се менуваат.

    И не е исто кога се шеткаш со дечкото без скршен динар у џеб а сепак сте најсреќни на свет, и ситуација кога после роматичната прошетка на гладен стомак, наместо кај мама и тате треба да се вратиш во заеднични стан со празен фрижидер.

    Ги ценам тие пусти пари, и тоа многу.
    Знам да си ја почастам нешто душава можеби и почесто одколку што треба, но никогаш по цена моите финансии да трпат сериозни промени.
    Цел живот учев како е да немаш, познат ми е тој терен, редно време е да ја истражам и непознатата страна.

    И не давам пари на питачи. Сопствената хуманост ја искажувам на поинаков начин без препаѓање за сиротките кои ќе немаат што да јадат вечер.
    Срцепарателни приказни и блинг блинг од насолзени очи ама ич не ме маваат у срце.
    Жалам ако му фали екстремитет на човек, а здрав прав седнал и ќе пита....мене да не ми е полесно да одам да работам.
    Туку се надевам дека за некоја година ќе се исселам од тука, се заситив у секој смисол.
    Планираме нешто екстремно, Азија можеби со работни договори на 1/2 години, а потоа назад во некоја друга западна еу земја....
    Животот е толку краток, а светот толку голем.
    Место не ме држи, сакам да патувам, да видам што е можно повеќе.
    Да учам, да се надоградувам да се радувам :)
     
    На Buttterfly, LetsTalkFashion, Hkikica и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека овие пет дена го почувствував рајот на земјата. Поубав одмор не сум имала во живот. Дружење, лудории, забава, смеење, имаше буквално од се` по нешто.
    Уште средувам впечатоци, сакам пак да се вратам во Охрид. :(
     
    На anabel-a и cinderella5 им се допаѓа ова.
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    отидов на гинеколошки преглед, цела изплашена мислев дека срцето од градиве ке ми излезе од острав и и објаснувам се на докторкава, и ми вика ајде легни да направиме вагинално ехо зошто ти сеуште немаш циклус-до пред некој месец ми беше матичен гинеколог, ама сега е приватна ме гледа ме гледа што да види, ми вели немој да паничиш не си бремена(од кого би била, кога последниот однос беше со заштита и господинот сврши во него)знаеш дека имаш полицистични јајници, особено десниот јајник -над јајникот има неколку меури и никако да покнат, и за време на овулација сето ова, а јас најнормално имам псм синдром-и само во еден момент ми вели кога овие меури би пукнале, знаеш ли колку крв би истекло :x
    за ваквиот проблем има две решенија-или да забремениш, или да пиеш таблети за контрацепција-па нели пиев Диане 35, и уште се каам зошто го пиев, и докторкава ми вели да ама ако го пиеш 1 месец само, можеш после тоа да забремениш, а утеха беше тоа што некои девојки дури и по два порагаи немаат редовен циклус :tmi: ми доагаше да почнам да рикам ЗОШТО се родив женско ;( а таа па ми вели и машките имаат проблеми, да ама не како овие :!:

    и кога веке ги спомнав припадниците на посилниот пол , да ви кажам дека се страшливци прва класа
    бев излезена во Центар, и решив да се почестам еден макробиотички оброк-пирошки со морков и ореви, и така испадна да цекаме заедно со еден дечко, привлечен беше со сини очи, и ме зирна 2 пати, а потоа јас си ги добив пирошките и нели се тргнав да јадам, ама некако ми беше непријатно сите сендвичари и клиентите да ме гледаат како јадам и се тргнав малку понастрана, и типов бил таму, само што седнав за 2 секунди стана и си отиде-изгледа дека не ми се допаднав, ама барем нешто направив а тој како машко ништо, и барем да се запознаевме ама не било пишано, ок нема врска :) и после ЗОШТО девојките се сингл-епа од вакви ко овој :fubar: јас како женско похрабра бев а тој како машко ПОБЕГНА божем ке го изедам(смајли што се крсти)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Се бара волонтер да ми пушта музика низ сцените на мојот живот. Сфатив колку совршено некои парчиња стихови или звуци би ги потполниле вистинските моменти од денот. Денес, попладне, на влажниот асфалт
    http://www.youtube.com/watch?v=rmCpOKtN8ME
    Само јас би шлапкала, танцувала...ќе оставам подобрите да пеат. Се некако подобро оди со музика нели? Предобро би било, да си живам живот мјузикл. Изгрева сонцето, музика, утринското кафе, музика, гужва и нервози на работа, попладневна прошетка со љубов, пријатели, музика, музика, музика... И наеднаш се станува магично, се подобруваат работите. А како не би, кога си танцуваш, подрипнуваш, потпевнуваш, светот е подобро место.
    Во еден рандом разговор со другарка ми, и кажав дека сметам, чувството на заљубување е најубавото чувство на светот. Изгледа погрешив или избрзав.
    За оваа вечер, како што сум сама, Нувел ваг и Танцувај со мене...како што танцував со еден и друг, и во двата онолку спуштена на земја, за да биде далеку од совршено и вистинско.
    Заминав да гледам мјузикл :)
     
    На Buttterfly, anabel-a, marama и 6 други им се допаѓа ова.
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Се‘ е спремно. Утре рано, рано тргнуваме. 3-4 дена на планина, чист воздух, мх, мх, милина.
    Јас на исток, он на југ, на море. Далечина, физичка и емотивна. Aма, август ветува многу, т.е. хороскопот. Му верувам.
    Предвреме ви ги честитам празниците, ако одите во Крушево да го поздравите од мене :P . Сакам да одам за Илинден секоја година, ама други планови излегуваат. Баш ми е жал, многу го сакам тој град.
    Убаво да си поминете кај и да сте и со кој. ;)
     
    На blueeparadise, Hkikica, Lov3 и 17 други им се допаѓа ова.
  9. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Забележав форумов врие од дупли профили.Сум ги приметила оти ги познавам луѓето.И си отвараат нов акаунт со надеж дека ќе почнат овај пат одново, помудро и поскромно со лажење.Храна им е за алтер егото, ама незнам точно за кое.Се борат со двојни идентитети.Шо ќар и да ги пријавам само време ќе потрошам од нивното и од моето.И ќе се вртиме како на рингишпил.Ти бриши ме ама јас пак ќе се запишам.Ама не ги рематетам, нека ги. :smoke:
    Си фаќам сеир во креативноста, во умешноста на создавање нови ликови и нивните измислени приказни раскажани од нивните неизживеани творци кои копнеат да се нешто повеќе во животот, па марак и виртуелно.
    Апел до дотичните,можете да го смените никот, но уникатната глупавост е она што ве прави нагласено воочниви.
     
    На gothchick, fallenangel, Annath и 5 други им се допаѓа ова.
  10. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ве молам станете, погледнете се себеси, затворете ги очите, и силно посакајте универзумот да ве цмокне со лигавите усни исткаени од ѕвездени лопати кои од вас црпат желби и ви ги лепат на усните.

    http://www.youtube.com/watch?v=6lZ_H5NisLI

    Ако мислевте дека ќе постирам линк од песна во кој се пее за остварување соништа, сте се излагале, песнава е на право место и у право време, за сите што љубат. 8)
    Дајте и еден инспајринг спич кој ќе ја придружи, и ќе го слушате само во вашите глави.

    Се ќе биде во ред. 8)
     
    На zarah, anabel-a, Lepaaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Во животот на еден маж постојат три жени. Првата девојка која мислел дека ја сака најмногу на свет но всушност бил несозреано детиште кое тогаш за подобра не знаело. Девојката која дошла во вистинско време и на вистинско место па затоа и ја земал за жена. И онаа девојка за која сите знаат но никој не зборува бидејќи останала мистерија што тој најмногу ја сакал а најмалку ја имал...
     
    На Annath, zarah, calliope и 15 други им се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    91.799
    Пол:
    Женски
    Сеуште само тој ме познава совршено, сеуште само тој ми го чита погледот, сеуште само со него тишината ми е убава. Само тој знае кога насмевката ми е искрена, само тој знае преку една пишана реченица како се чувствувам. Тој сеуште ме сака, а јас? Јас сеуште сум една размазена девојка која се надева на нешто подобро.
     
    На Peppermint, Stoimenovska, tweety26 и 21 други им се допаѓа ова.
  13. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.780
    Допаѓања:
    93.971
    Пол:
    Женски
    :puke: аман од знамето британско и америчко!напнавте..ај разбирам една маичка да имаш ама револуција стана по улициве и излозите!па и на кондури на пета позади кога ке го видам лелеееееее!толку па слепо да се пратела модата!жива среќа што морисот со британски кров е скап иначе кај ни е крајот!


    И за многу години да Ни е празников,апропо знамињата нека Ни се вее македонското денес!И нека им е вечно името на сите Илиња и Илини :) па и ние форумџииве да сме живи и здрави.. ;)
     
    На mims-89, Stoimenovska, GarpovaV и 16 други им се допаѓа ова.
  14. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    СДК прееска немав што да правам од досада па земав се шминкав, прв пат у животов мој да седнам на тенане.И леле луѓе кога се видов, поубаво и од полуматурата бев нашминкана, просто се зачудив на самата себе дека можев така да изгледам и дека знам да шминкам. :o Па оно што ти било фората, да земеш саат време да се лицкаш, да се мазниш, не ко мене едно моливче клај 10 минути пред искачање, па ќе бидам ко вештер во очине. |( И така, да си знам јас за у иднина саат време пред искачање да си почнам, за да заличам на човек. :D
    СДК2 среќен Илинден на сите нас, среќен св.Илија на тие што слават, и среќен именден на сите Илини, Илинки, Илијовци... :P :)
     
    На Annath, Lepaaa, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.732
    По штурците летото се познава. Август... баш август.
     
    На Stoimenovska, Cacy, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам со постот погоре.
    А зошто и ние не бидеме оригинални и наместо да носиме америчко и британско знаме на нас... денеска, па не само денеска сите да шетаме со фустани и маички со македонско знаме! 8)
    Ајде што ја пратиме модата америчка и копираме, ама и да носиме таква облека? Со која цел, дека е модерна или што? Веќе секоја втора купила. Големо чудо, за едно парталче.
    Ја рекламираме земјата или што?
    Јас како вистинска патриотка нема да го облечам тоа, а веќе ми се досадни типките што носеле амерчики купачи или било што. Јас ќе направам КУПАЌИ СО МАКЕДОНСКО ЗНАМЕ и ќе одам ВО ГРЦИЈА или било каде.. Пукнете. |( :P
    Фала на пажња. Чао! :hai:
    [​IMG]
    И успат Среќен Илинден, Македонци. Нека ни е за многу години! :*
     
    На SimplyElegant, Annath, Lov3 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Интернетов ми е побрз од светлината! :rofl:
    Почеток на месец, ихууу! :rock:
     
    На Glossy-girl, pamelche и Smilly им се допаѓа ова.
  18. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.130
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога мислиш дека знаеш колку се расипани луѓето ќе се најде некој да ти докаже дека не е така, дека расипаноста нема граница. За жал. Вчера бев толку изнервирана и разочарана што не ми се седнуваше едно постче да напишам, ќе извираше од него негативност, болка, тага... Па си легнав мртва уморна да поспијам, да соберам сила барем малку, додека емоционалната исцрпеност не ме изела. За физичката не ми ни се збори.
    И колку не е праведен животот, некој нема залче леб да стави во уста, некој не знае што да прави со парите, збеснува, троши колку може и не може, им го згорчува животот на другите.
    Не знам како да се помирам веќе, да не се нервирам толку, како да престанам да мислам. Тоа би ми било најдобро решение. Ама тешко е. Животот е кучка.
     
    На Stoimenovska, Hkikica, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  19. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Ако примате саркастични постови јас нескромно да се распишам за мојата преокупација, добро позната и во неколку наврати дебатирана во монолог од моја страна - човечката глупост.И само таа е вечна и иревезибилна.Изрезбана во мозоците на идиотите.Прородата ме воодушевува со својата смисла за хумор.
    Ама ова е башка муабет ... муабетот ми беше да ве натерам да се занимавате со алтернативна медицина.Одмор за сетилата и мало потсетување на по*раното секојдневие во кое се дави општеството.Отупевме.Одморете ги мозоците со на пример ваква литератува.Не сум со намера да го рекламирам, само сакам да го пофалам.Дека сум мераклија на пишан збор,штета што толку се штедам на сопствените.
    Сами бирајте дали со ова се исмеваме себеси, верувам дека животните тоа одамна ни го прават. :D
    http://komitamkd.wordpress.com/

    Ете така културно го турив во спојлер, па кој е љубопитен нека чепка.Добра ноќ :hai:
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.732
    Повторно ме нема на списокот на GQ за најсекси жена у свет за 2012. Aј,ај,мизерабле!Одам да си легнам,бјути слип е неопходен.

    А ова ниедно доба си размислувам како каврот на фејсбук после сите овие одмори не е користен за деколтеата на нашите лепотици. Лепотици зошто тој лажен морал?! Па дајте малце тело,дајте малце предизвик за многу машки ерекции,овај потреба да ја запознаат вашата душа,а КУЧКИТЕ ДА ВИ ЗАВИДУВААТ...Да му покажете на светот што умеете...умеете...Ох.. кога некоја ќе рече се гордеам со своето деколте,задник,рака,нога,прст...се прашувам на кој универзитет има завршено тој дел од телото?! А онда одам на бујна машта па си мислам што точно направила со тој дел од телото кој почнал да и предизвикува гордост...и секако,заклучокот ме води кон истото.
    И муабетот,оти бе не се турате на кавр пикчр у поза- колку долга,толку широка,м?!

    Ах уел...пивото у мене вечерва... :wasntme:
     
    На SimplyElegant, Mishela, mims-89 и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.