Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    Зошто понекогаш запознаваме луѓе кои можеби ќе ги видиме само еднаш!? А тие намерно или не, ќе ни остават толку силен впечаток што ќе не натера со денови па и недели потоа да размислуваме за таа случка разглобувајќи го секој момент и фантазирајќи. Да, фантазирајќи за што би било кога би било. Можеби и никогаш не ќе биде. Но мислите не престануваат, фантазиите продолжуваат, работите не се менуваат, а времето поминува... Но, понекогаш и другата страна треба да ги мрдне коцките за работите да се променат, но таа стои така, не мрднува. Така требало да биде, ваљда. Уште еден погрешен во низата. Уште една надеж падна во морето пробаднати. До таму било. Една грешка во многуте. Грешка што се повторува, не оти е премногу слатка туку оти јас не учам од сите гршки. И тие се повторуваат повторно и повторно солзите течат, раните болат, срцето е повторно на стар и погрешен пат, по кој знае кој пат. Пак истата лекција, без запомнување. Надежта дека овој пат нема да биде исто владее со мене и јас повторно и се предавам. Се потонува по кој знае кој пат. Повторно истата болка, истите рани печат. Зошто!? Зарем јас нема никогаш да бидам потполно среќна!? А не барам многу. Само вистинска љубов. Да се почувствувам сакана, да сакам вистински...

    Само Господ знае зошто ни се случуваат некои работи, зошто во животот ни влегуваат луѓе кои без збор не повредуваат, ме прават ништо а сепак не повредуваат. Или сами се повредуваме. Кој знае...
     
    На lovely91, CharmedGirl, Hayley и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Аааааааааааах ;(
    Некој слободен за муабетче?!
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    И ајмо четврт ден настинка и ковање за кревет.
    И дури повеќето се по излети на зелено, единствено зелено што Каљопа гледа пред очи се хм...културно да се изразам „отпадоците од носот“ во паломата. ТМИ. Грозна сум, нели? :?:
    Ако, пак ти смеј се ко зелена кога ќе те дават во ладна вода, ништо не е. Fun, fun, fun, fun...
    Е сега тие нека ми ги плаќаат лековите и нека ми купат нови јајници. Ахам.
    Вечер чекаме слики. Богами да појдеш во природа по хеланки е прилично настан за овековечување.
    Аха, дури пишувам им се спрема да им заврне. Само весело.
    Пих, што злоба испаѓам. Ко демек зашто другите да уживаат ако ме нема мене. :D

    И ко шлаг на тортата, во предлози за пријатели ти се појавува професорица од која цела година си имал двојка само затоа што не си и’ бил по ќеф и не си и’ се клањал на кажаното.
    Ах, лепотица, колку само муабети си спуштавме и какви погледи си разменувавме. Убитачни.
    Ако постои Диктаторот во вистински живот, тоа беше таа, само малку помаженствена.
    Да ја аднам, да ја израдувам празнично? :wasntme:

    Празник, м?
    И ко за празнично расположење, имаме рекорд во пливање, прв од позади, и имаме намуртени фаци оти Грујо се` еден те ист говор држел на секое. Е, ако де, јас никогаш не сум го ни слушала.
    Сепак најголемата иронија моментално ми е пред очи.
    Нели, нема поадекватно обележје од знаме кое симболично се вее во аголот на телевизорот во чест на празникот и хероите, а низ остатокот на екранот е распостелена турска серија, м?
    Па уште да беше и 500та епизода, ќе ја отеравме симболиката в крај.
    Живели!
    За многу години и помалку исперени мозоци.
    Мало морген.
     
    На MandyLane, Lolipop23 и blaa им се допаѓа ова.
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Американски форум: Поставуваш прашање, потоа ти одговараат.
    Израелски форум: Поставуваш прашање, потоа тебе ти поставуваат прашање.
    Македонски форум: Поставуваш прашање, потоа долго се дискутира за тоа колку си глуп.
     
    На Plavusa.17, Acerola, Lov3 и 11 други им се допаѓа ова.
  5. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Колку помалку очекуваш,толку повеќе добиваш.
    Колку повеќе очекуваш,толку повеќе се разочаруваш.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.732
    Честит Илинден?! Не е честит! Не е!
    Тактички,тактички. Ова знаеш народ ќе скрене пажња Грујо држи говор три саати, Ѓорѓе уште толку, оној Вељановски уште толку,па не ни останува време да се секираме бе.Од први поскапа струја,со време да си почнеме од лето,па онда во зима за 50 посто ќе им покачиме, топлификација мора да плаќаат,а имале,а не, сега со повисоката струја,ма ЌЕ ОБОЖАВААТ да ни се вратат,дури и ќе не молат за очајното парно.
    И најголемиот гаф...нема евтина струја... НЕ-МА! У превод драги мои,тоа значи од страт 50 посто покачување,а изненадувањето за покасно е,100 посто покачување во зима. У превод,дали ова утро ве чешаше аналниот отвор без да знаете зошто?! Не а?! Или ок,ако ја земеме у предвид коа секој нормален човек спие, па ти си пушташ машина за перење,готвиш у три сабајле. Па секоја нормална фамилија заштедуваше разумна сума на пари од припазување скапа-евтина.
    И мудриот човек ќе заклучи мудро,па јас ќе се греам на дрва или на нафта. Мхм,енергенси,економија, профит,дерење на човечки кожи.Топли се ти со дрва,повели...

    Само прост народ може да сака влада која НЕ донесува системски решенија. Туку хидроцентрали ќе се градат,чунки остваруваат. Да,на грбот на народот додека тие правеа скулптури. Епа сега ајде да играме стратешки,продај бронза,плати сметка!

    Добро бе,стварно толку отрпнавте?! Не се секирате ич онака?! Не ви паѓа на ум зошто е сето ова?! Мислите дека така треба и мора?! Онака верувате у шарената лага дека имаме најевтина струја у Европа?! А у Европа повисоки плати,трајно решение за греење,гас до сите домови и топла вода?! М?! Не го мислите тоа?!

    Не е честит! Сакам турско уште 100 века! Илинден,комити,дрн,дрн,јариња.Се прашувам на што дроги се тие луѓе што стварно им дошло до тоа?! Сакам од тие! Лицемерие! Македонците се под македонско 20 години,и е неподносливо!

    И оваа прилика ја користам,откако срекнав пажња,да ја замолам девојката да ми се симне од ку*ац, што веќе долго ми се беси (по твитери :!: ,алудирајќи на мене и тоа колку ја иритира моето битие,зборено воопштено,а сите знаат за кого е,а знам дека и тука ме чита). Па и да бев маж,не ќе да можев толку. Прво, со своите 165,плус штикла,те 175, ќе те згазам фигуративно,во смисла на вербално,а ко второ, си невоспитана и безобразна,површна,која дури не е ни хумористична,ами шлакната која не ја занима реалниот живот,ами маштовити идеи. Ок е да го чуваш детето у себе,ама коа детето у тебе не му дозволува на возрасниот у тебе да порасне,си имаш проблем. Не,сериозно,симни ми се, да не те закачам...а ќе те,губам трпение,веќе долго време мина,а во задно време не сум позната многу по толерантноста која ја имав. Не друго,туку сфатив дека не ми се исплати...Направи си услуга и прифати дека си подпросечна, полесно ќе созрееш.

    Едит.Си го забораив линкот.
    http://off.net.mk/lokalno/makedonshtina/poskapuvanje
    Ние само знаеме да си твитаме духовито за еден многу,многу,МНОГУ реален проблем. Духовити се да, дали ме охрабруваат,не,дали го решаваат проблемот,не. Дали имаме прогресивна и аналитична младина,не... Епа на здравјееее... да сме живи и здрави...за да можеме повеќе да ринтаме.
    Дали можеме да го решиме проблемот,о,да...
    И дали верувам у млади луѓе кои се утепуваат од одење де ваму,де таму по белиот свет,под заклира и изговор,од својот факултет?! Не,апсолутно,зошто кога ќе се вратат сфаќам дека се истите морони кои отишле. И ништо не научиле од тоа. Обично кога одев надвор,ги гледав подобностите на живот кои ги имаат таму,ме фрустрираа,а и многу се трудев да научам за она кое го бараше од мене факултетот,макар што тие *збиранки*,верувајте се поводи за пиење и шетање по белиот свет,под спонзорство на компании кои веруваат дека младите умови се образуваат...Аха...да. Им помагаат да склепаат лажно,шарено сиви и да си речеш,леле ама посветен млад човек... Млатење празна слама...(како што сфатив дека човекот кој многу патува,не значи дека ги шири своите хоризонти...навистина не,тоа е психолошка конституција која останува непроменета категорија. Нека се качи и на месечината...нема да ја сфати вредноста на животот. Кога се враќа и зборува само за романтичните нешта,без да гледа дека тука живее у романтизам всушност, е глуперда пар екселанс... За деликатесите,зачините,монументите,тоа и само тоа,кое не велам дека е лошо,напротив,прекрасно е,ама не носи мааалку горчина,се сомневам дека е човек.Инсприрано од прашка летна романса (романса со градот де,такво оргазмично опишување јас и тие луѓе околу мене,не сме чуле,не,не) дрндана веќе недела дена,без престан...беше интересно,сега е...мммх.)
    Туку да,младите,твитањето и друго. Одлични сме,на пат да станеме како нашите родители кои ни око да им трепне си ја минаа транзицијата. Туку така си е,како старееме,личиме на нашите родители...
     
    На Buttterfly, bittersweet, 1209 и 21 други им се допаѓа ова.
  7. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Се плашам да не го запалам станот.
    Имам готвено до сега, сакам да готвам ама никогаш не сум била оставена сама повеќе од неколку часа.
    Конечно моите отидоа во странство, и сестра ми исто и имам 4 дени празен стан.

    Се фрлив на готвење ручек, без посебна причина.
    Имам храна во фрижидер за 10 дена!

    Уште да оди се по план и на дечко ми да му се допадне ручекот, за да вкуси дека стварно знам да готвам. И понатаму да им пренесе на цело друштво.
    Тоа што на одмор не планирам за 10 машки да правам макарони не ме прави лош готвач. :wasntme: :!:
     
    На Ognenija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Не можам да сватам како некој што ме сворил не ме ни сака како своја родена керка,ни како човек не ме смета,а некој што не ме ни знае која сум,што сум ми помогна мн во животов,да не беше он немаше сега жива да бидам и мн сум му благодарна. :)

    Тоа беше едно многу судена зимска нок каде што бев сама и немав кај да одам,ама еден човек така случајно ме сретна,не ме ни знаеше,првпат ме виде и ми помогна многу.Таа зимска нок беше мн студена опасна,беше некаде 1-2 часа по полнок.Тој беше мн добар човек,тоа му се познаваше на лицето,а јас бев само едно наивно 13 годишно девојче.Не ме остави на ладното да седам и ми даде бесплатен чај и ме понуди што сакам за јадење,ама неможев ништо да јадам.Ми раскажуваше толку внимателно за некои случки во неговиот живот и ми даде шанса да му објаснам како сум се нашла таму,што барам таму,каква мака имам и многу учтиво збореше,а знам дека денес никој не би го направил тоа.Толку бев исплашена,ми беше страв и на него да верувам,ама кога видов дека он е виновникот повторно дома да бидам сватив колку е доббар.Мн сум му благодарна и еден ден кога пак ке одам таму ке му се заблогадарам за се,бидејки тој е човек спремен на секому да помогне,човек со добра душа..... ;( ;( :)
     

    Прикачени фајлови:

    На moliv4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Денес баш се осеќам среќно,без причина...Утрово бевме до манастирот Св.Илија заплаливме свеќа,сега се собравме сите на маса.Што да кажам,не ме интересира ни политика ни ништо,важно е да имаш до себе луѓе кои те праваат среќна и то :wasntme:
    Честит Илинден Македонци!! :party:
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Шо ми е интересна рекламата тука на почетната на Феминка наша,што ја поставија, со кафето, таман се замагли, ја забришувам :D Ме развеселува :D :wasntme:

    Ах мојов компјутер од него човек да не може музика да си слушне |( таман ќе пуштам и на средина се гаси |(
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Јас и тој, Маврово, зеленило околу нас, спа, уживанција, заедничко бањање и триење грбови :$ ....или поинаку кажано-совршен викенд на повидок! :wasntme:

    Едвај чекам....
     
    На teddybear, Lepaaa и femina90 им се допаѓа ова.
  12. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Чувството ко претходната вечер ќе се настегаш вино и колачи, и кога ќе застанеш на вага после неколку саати, а она ти покажуе пола кило у минус. :rofl:
     
    На cinderella5, nela.oh и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.732
    Никако не можам да укапирам како човек со постови како на Несреќен,уствари е несреќен. Мислам оно стварно е несреќен што е удрен на пример,ама постовите толку му се богати со либидо и похотност,па дури и во форма на евтина поезија,тоа да се начудиш,колку е само хепи! :D
     
  14. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Порано секогаш уживав во август последниот слободен месец, месецот на мојот роденден, на нашата годишница , но годинава не е така не му се радувам, не сум среќна, роденденнот ќе го прославам сама, годиншина нема да славам, и сите други месеци ми се слободни... Како целиот свет да ми се сруши, се да ми исчезна, сама сум никој покрај мене, знам дека ќе биде подобро само ми треба време, а тоа најмногу боли. Сеуште во потпис ми поминатото време заедно време е да го тргнам! Со солзи во очите го пишувам овој пост иако знам дека ќе биде подобро, знам дека и јас повторно некаде и со некого ќе бидам среќна али живот тоа е ништо не е вечно!
    Уживајте во моментите на сегашноста, иднината е ептен нептедвидлива!
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    после макотрпен пат и сите запотени мишки што ги осетив на Aеродромот, стигнав кај моето дебелко.
    :D :D
    Oвие 2-3 ден ќе си уживаме, и ќе планираме каде да му ја здувнеме, Cкопје се гледаме за некој месец :)
     
    На JuLleE, LivingGlam, cinderella5 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Денес е фамилијарен ден, иако е четврток. А четвртоците и вторниците би ги шкртнала од календар.
    Погоден беше денов за во двор кај баба ми и дедо ми под дебелите сенки на дрвата и штурци во тревата. Ја гледам баба ми блеска од радост внуците и дошле. Не дека не има во голем број, ама само за нас по порачка го направи омилениот десерт, чоколаден колач.

    Сите собрани на куп, раскажување случки, доловување слика од одмори, тетка ми со брчки од умор, татко ми прегрнат со мајка ми и насмеани под влијание на пивото, дедо ми низ нива да ни набере по некое јаболче петровка и некоја круша, јас и братучетки муабетиме, скара, пиво, музика.. ние заедно. Дедо ми вели дека ова било среќа и дека ова го потхранувало за да живее, сам се наметнува одговор на прашањето зошто живеам. Баба ми го гледа и му вика стари, не филозофирај.

    За некоја година им се ближи златна свадба.. педесет годишнина, педесет!!!
    Се прашувам која е дефиницијата за успешен брак како нивниот што младите не можат да ја сфатат. Тие велат дека сеуште се сакаат, а секој ден се караат за тоа кој ќе појде по леб, зошто цревото за вода било пуштена во погрешна алеја или зошто се влегува во домот со обуени чевли.
    Не дека сеуште го имаат истиот сјај во очите како пред дваесетина години, или се држат за рака.. но секогаш кога си одиме ги погледнувам низ задниот прозор од автомобилот, тука се еден до друг, ни мафтаат и ми ја снемува грижата за тоа кој на кого оставам да се грижи.
    Тие и на осумдесет и пет си легнуваат еден до друг, стануваат насабајле со изгрејсонцето пијат чај на тераса и муабетат.
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.998
    Допаѓања:
    123.766
    ....Ми фали едно дождливо попладне и добар сон...Ако има некаде по Македонијава пратете некое облаче,ама баш онака големо,да трае и трае....

    Сакам мир и тишина.
    Отсекогаш ги критикував моите зошто направиле куќа на бааги тивко место,каде до скоро немавме комшии,и секогаш трчкавме на друго место со сестра ми за да бараме дружина за играње.Ама ете денес благодарна,ја барам таа смиреност,зошто ич не е убаво да си во центарот на градот :@ ,да не можиш да дремнеш,а проклето ти треба сон, приморан да го слушнеш буквално секој муабет на оној кој ќе ти помине под прозорец |(

    И секогаш истото,ние луѓето сме вечно незадоволни.Ако било вака,зошто не така,а кога ќе стане така-поубаво било онака :^)
    Се нервирам некогаш зошто и јас сум таква,ама ете гледам дека од време на време се подобрувам и јас :wasntme:
     
    На anabel-a и M.a.r.i.l.y.n им се допаѓа ова.
  18. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Некои луѓе не заслужуваат да бидат наречени дел од семејството ...Колку и да е близок роднина , колку и да вели дека те сака кога во најтешкиот момент си поигрува со тебе не заслужува ни едно добро утро..
    И се ќе помине , се ќе се среди но само солзите и горчината ќе останат и ќе се запаметат ...Е тогаш тие луѓе дали ќе имаат лице да се појават пред тебе ...се очекува дека не , како што не знаеле во лошите моменти да бидат со тебе и да ти понудат помош така и во убавите моменти не треба да бидат присутни ...
    Парите доаѓаат и си одат а семејството останува ...за секој нормален човек ама не и за вас .... :x
     
    На anabel-a, Artemission и Emche-kremche им се допаѓа ова.
  19. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Сите на крајот од месецот им е слаб интернетот,ама само мене ми е слаб на почеток на месец. |(
     
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Hе е животот секогаш благо наклонет кон тебе, се некогаш нешто ќе фали, а не може со ништо да се пополни, или може?
    Eдна ситница може да ме расплаче, друга пак од срце да ме израдува.

    Драго ми е што можам да најдам утеха кај некоја личност, утеха кога ми треба највеќе, кога горам од бес, кога ми доаѓа да ме снема од планетава, кога ми доаѓа да кажам милион работи, но од немање храброст викам на цел глас испомешано со солзи затоа што ми е дојдено преку глава, и затоа што не сакам да сум безгласна буква, не сакам и нема да бидам никогаш.
    Hо не го можам секогаш тоа пред него. Mе воспитал така да треба да имам страв да го кажам тоа што го мислам, да го кажам тоа што тој не го гледа, или нејќе да го види и признае.
    A преку глава ни е на сите.

    Aх, колку очи треба да се отворат кога го бираш животниот сопатник . . .
     
    На BlackSwan5 и anabel-a им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.