Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.490
    Допаѓања:
    17.198
    Чувството кога ќе си соблечеш ролерките е неописливо. Аххх...
     
  2. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Сакам да кажам дека и јас ќе мрчам со Lilit!
    На вас нека ви е среќен Илинден ама мене не ми е .Не,не.
    Било празник сите негде отидени јас дома седам и се нервирам како ќе да се помине зимата.
    Сите пари фрли ги по сметки за вода за кабелска за струјата која е зае*ано висока и ја покачуваат на секои 6 месеци и на крај ќе немаш за храна,ќе неможам да одам во школо кој ќе ми плаќа мене слободна??,грујо да не дојде да ми плати,тој ни на жена му не и купил ни штикли а па он тука мене ќе ми ветува триста работи.Да разјасниме не сум ни за вмро ни за сдсм,едноставно кога ги гледам како се првоцираат ми личат на мали деца и па оној грујо да даде господ јајца да земе да снесе |( не му беше доста за старите да даде бесплатен превоз сеа и бесплатно да се лекуваат :fubar: а за што?? за едни мочани гласови ??
    Надвор и тоа ко мене се мршти,гледам идат некои облаци од водно ќе да фати некое невреме но,кога барав да врне не барав да грми пука и струја да ми снемува на сред гледање south park |(
    иначе јас решив ќе да се шишам па сестра ми нека види малце што е менување на стил.
    се навикнав веќе да си легнувам во 7 насабајле и да станувам во 4 по пладне и јадам само еднаш .
    Честит илинден на тие што не се замараат со вакви ствари како мене |(
     
  3. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Цело време се обидувам да напишам пост, а да не е сложен и лесно да ја разберите мојата болка, ама кога се работи за љубов олку голема-ништо не е едноставно...

    Откако се вратив од неговите прегратки, се тешам со песните на Џибони... ;(
    Колку само многу почна уште сега ми фали, не па за месец/два.
    Знаете, она чувство кога сте жедни, па ниту литар ладна вода не ја гаси жедта?!...е така сега мене ништо не ми ја гаси тагата, ништо не ми ги спречува солзите!
    Знам и свесна сум дека не е крај на светот, ние сме заедно, ама далеку еден од друг!
    Срцето не престанува да ми трепери...сакам да легнам и да го преспијам овој период. Сакам да се разбудам во мај и онака пролетта ни е омилена и на двајцата! Сакам да се будам покрај него пак, сакам сакам сакам! Многу сакам! Ама никој не ме слуша мене... :tmi:

    Ахх... :l:


    http://www.youtube.com/watch?v=mwoh8FU6 ... re=related
     
    На anuskaNESTLE, manja666, lovely91 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Осаменоста е богами нај лошата работа која што може да му се случи некому. Имаш многу луѓе околу тебе но пак се чувствуваш осамено.
    Луѓето ни се потребни,злобни се,завидливи,лоши,но потребни ни се.Без разлика дали се работи за лоша или добра вест мораш да ја споделиш со некого.
    Што ќе ти се пари,кули и палати ако немаш со кого да се чувствуваш убаво.Зошто би ти биле пријателите доколу се со тебе само кога имаш повод да ги почастиш?
    Не за џабе рекле "И староста е убава ако имаш со кого да ја споделиш"

    Можеби е малку касно ама јас ќе си кажам,нека ни е за многу години денешниот ден.
    Отидов јас да се припремам,вечер ќе се пие на именден :D
     
    На lovely91, cinderella5, Hkikica и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Е овој пат сакам да кажам нешто за фејсбуков.
    Како се стигнува совршена слика за 200 лајкови,ма не ајде 500.
    Значи стегнато газуле,напрчени усни и гради.И топац! Летат лајкови и коментари од сите страни.Туку му се чудам на народов,имав школска која беше "мирно" девојченце.А сега и ги гледам сликите на фб и си се крстам со лева рака.
    Ај батали тоа.Туку идам сега од една продавница и поминувам покрај една перална,носев тексас шорц и маичка.И нели во пералнава сите машки се,и поминувам и само слушам : Авион,авион она мора да е авион!
    Ништо не им реков,поминав заминав.Ги гледам,и пак си продолжуваат. |( |( Се потргнав така гадно ме изнервираа и викам:Трактор,она мора да е трактор! Да,да трактор сум! ]:) ]:)
     
  6. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    На сите си им верен пријател,се додека имаат корист од тебе..
     
  7. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    У недостиг на романтика, едно питање...кај има бе еден ваков?
    [​IMG]
    Види бе, медењак!
    Упорност и прецизност.
    Тап! Се` на маса. Да се знае дека вредно работи и поради втората смена, нема да е во можност да и’ посвети внимание. Ах бе, свестрани момак.
    Дасефатимеок?
    Пожртвуваност. Дури и политички определен ќе стане за неа. Цел глас плус!

    Алавјутуок? Мња.
     
    На la-chicka, Springy, cinderella5 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Животот беше поубав без турскиве серии. |(
     
  9. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    ^ Ист беше,пред тоа ги имаше шпанските :D
     
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ТИ БЛАГОДАРАМ Господе семокен што ми ја прати црвената тетка ^_^
     
  11. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    СДК дека само што се вратив од село,и за некој ден на одмор идамм :) :) :)
     
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сакав само да кажам дека вишокот килограми се најмалечок проблем од можните проблеми кои може да ги има секој човек. ]:) Не се ништо непобедливо и нивното губење не е неостварливо. Им објавив оддамна битка, победив и ќе победам пак!
    Другото што сакав да го кажам е дека му благодарам на Бога што ми овозможил да живеам во едно хармонично семејство каде што можам нормално да живеам и со многу добри услови кои не може секој да ги има, па понекогаш и си дозволувам луксузирање.
    Горда сум што имам татко кој од негови 17 години направил многу важен животен чекор и на некој начин почнал да си ја обезбедува иднината. Среќна сум со тоа каков е, како си ја гради кариерата и е успешен вработен човек, а и прекрасен сопруг и татко. Често пати се зафркавам викајќи:Кај ќе најдеше мама подобар маж или кај ќе најдевме јас и сестра ми подобар татко.
    Горда сум и на мајка ми која преживеала многу работи, исто и на сестра ми која е мојата малечка што ја чувам како сопствените очи. За овие три личности би убила и животов би го дала. :talk:
    Да имаш здраво и нормално семејство денеска многу значи, да имаш едно скришно и сигурно и безбедно катче каде што ќе можеш да си ги изразиш слободно сите емоции е од непроценлива важност. :)
    Среќна сум што имам такво катче, за разлика од некои кои немаат такви услови и таква среќа.
     
    На Buttterfly, Primavera, nela.oh и 10 други им се допаѓа ова.
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Многу често ми се случува да сакам сите работи што тежат во мене да ги извадам, да ги преточам на лист хартија или виртуелно, овде- ама во таквите мигови до мене е само перницата и танкиот чаршав.
    Да, ноќите често ги поминувам будна, а зората ја дочекувам заедно со комуналните работници- јас на тераса, а тие на улица, само има разлика меѓу нас. Тие од што мораат- на работа се, а јас?
    Јас не знам, можеби од немир, можеби од немање обврска, можеби од разгаленост :wasntme: ?

    Тогаш најмногу размислувам за мојот живот, за луѓето во него, за се`.
    Одамна тоа го правам без цигара, некако сфатив дека таа не решава ништо, само очајниците пушат демек да ги смири (лезет луѓето не ги ставам тука), а јас одамна не сум очајна, јас само чекам.
    Цело време нешто чекам.
    Вербата не ме напушта, само заморот ме совладува.
    Се надевам дека ќе бидам од оние кои чекајќи- дочекале, а не од оние кои чекајќи- умреле.

    Мојата искреност до сега не ми донела ништо добро, ама мене ми е жал што не ја употребувам дури и повеќе- колку луѓе има на кои сакам да им изнакажам дека се` знам, дека не се толку паметни колку што мислат, ама пак ќе кажам, си треба чекање, треба да дојде правиот момент за да се дејстува.

    Неодамна прочитав една таква мисла- дека единствено нешто што му фали на човек за да ги оствари неговите планови е трпението.
    А него е многу тешко да го задржиме, посебно со целото лицемерие и сакамдабидамсаркастичен личности, кои место сарказам имаат наталожено еден куп фрустрации и мислат дека ќе ги прикријат ако понижуваат луѓе кои понизно признале дека не знаат нешто па прашале за истото.
    Така само ги вадите уште повеќе на виделина, толку ли не ви е јасно ;) ?

    И не знам зошто, ама многу ретко пишувам кога сум расположена, изгледа реализмот влијае на мене.

    Ви кажав ли дека чекам?
    Само се надевам ќе бидат убавини, а не солзи.
     
    На Buttterfly, kate21, BoaVista и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Опасна работа е потсвеста, ко ќе ми текне што сум сонувала вчера, завчера,вторникот, понеделникот, саботата, смешки во боја |( играчки си играт со мене потсвеста :devil: секоја ноќ филмови гледам, а Стивен Спилберг може вода да ми носи :fubar: |(
     
  15. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Mе фаќа серка од прекумерна употреба на сарказам од луѓе што очајно сакаат да се истакнат.
    И од девојки што носат кратки маички, а стомакот и спојлерите им кипат на сите страни.

    А, Охрид е фин. Освен што лежалките се поскапи од 80% од летувалишта во Европа. И што коктелите се просто кажано, ужасни!

    Стварно не знам што да кажам друго.
    Вие арни сте, гледам. Останете така, па се читаме при крајот на летово.
    :d:
     
    На antonina, Strumfeta93 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... имав можност подетално да ја прегледам домашната колекција на книги на мојот Хуго и се запрепастив.
    Какви скришни убавини се кријат таму, фини грижливо сочувани колекции и изданија кои не сум ги сретнала досега. ^_^
    Човек едвај да дочека да ги споиме моите и неговите книшки, ќе ја имаме најубавата домашна библиотека во светот на која ќе поставиме натпис - не позајмуваме никому, ви благодариме на разбирањето. :D

    Ама сериозно, кога ми земаат книга, како да ми земаат делче од мојата душа.
    Да се некои сериозни и фанатични вљубеници во овие антимодни аксесориз, кои вистински сакаат да читаат и умеат да чуваат и да се однесуваат со почит кон нив, би ги позајмувала на драго срце, дури и би давала препораки и сугестии.
    Но, моите ми ја разнесуваат библиотеката од чист чалам, требало да ѝ помине некое типче дома, па сакала да се покаже интелектуалка пред него. |(
    Носи се жено кај што не треба, таа книга е купена со пари грижливо собирани месец дена!
    Што е поважно - ја нема веќе во продажба, каде јас сега да ја откопам биографијата на Шербеџија? :(

    Па кога ќе ѝ отидам в куќи и ја гледам книгата моја некаде зафрлена, покриена со два прста прашина или најлошото - превиткана на половина и така зачмаена и заборавена, што се направило дупка кај превитканото, сакам да ѝ влепам една врела.
    :@

    Каков бес ме надвладува тогаш, па имаш ли малку почит?
    Ако не го сакаш, не го земај.

    И ете така, има луѓе што се нервираат кога им ги мрдаат шминките од редот, други алиштата, трети чевлите, четврти штипките и тенџерињата, јас сум таква само за книгите.

    * * *

    Се смеев како ѕвекната во автобусот на враќање назад. Си мирисам на љубов, парфем кој не се купува никаде со пари. Тој сјај во очите којшто го има вљубената жена е неспоредлив.
    Колку повеќе сакам, толку повеќе ми дава од себеси.
    Љубовта ме прави едно 10 пати подобра личност отколку што сум.
    За него, за себе, за сите.
     
    На Buttterfly, antonina, monni.t и 30 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.732
    ^
    Да се надоврзам на Трендафилка,што би рекла Покојна Милева,во пеколот има посебен круг за луѓето што зимаат книги и никогаш не ги враќаат!!!
    Тој што ми ја зел Ана Каренина со тврд повез од колекцијата,ќе го молам во набрз можен рок да ми ја врати! И уште неколку книги кои дури и не се ни сеќавам на насловите,ама знам дека една од Кундера ми фали,Смешни љубов! И од Тагоре ми фали втората стихозбирка Гора! Е така да знаете!

    И мал оглас. Се бара дечко со колекција со книги како дечко и на Трендафилка,за да се земиме и да си ги спариме книгите и заедно да си изродат уште многу мали книгичиња. Фала!
    Шифра. Интелектуалка!!!
     
    На Buttterfly, antonina, kate21 и 13 други им се допаѓа ова.
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Мислам дека е време за еден одмор како што доликува.Неколку дена надвор од дома.Исклучена од мобилен,мсн и фб...Шта чеш,само на тој начин можев да комуницирам со оние луге кои ми се драги но се далеку од мене а не можам да ги гледам секој ден.
    Сакам настрана од сите трачеви-кој што јадел кој со кого спиел и какви гаки имала денес Ким Кардашијан.Ко божем да ме интересира.
    Да не се фалам ама периодов ми оди одлично. :) Иако го спомнував одамна ова сепак ме радува.
    Многу ми е убаво.И се надевам дека ке трае долго време.
    Мислам дека и го најдов она што го сакам,на еден начин исполнување на сонот.Нема место за паника...
    Само ке речам:Нека гори љубовта во мене :inlove:

    Одам офлајн.Имајте пријатна вечер и секако со задоцнување:Честит Илинден на сите :hai:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.627
    Допаѓања:
    43.260
    Пол:
    Женски
    И јас да се придружам на револтот.Пред месец и нешто и ги позајмив двете најубави и најсакани книги на една девојка од тогаш и реков сто пати дека си ги сакам книгите,а таа си отишла фино лепо на одмор и треба да ја чекам дополнително уште некоја недела.Аман од таквите.Да знаете јас со тешко срце си ги давам книгите, толку грижливо ги подредувам, ги бришам, гордно ги гледам на полицата, не сум јадела за да си ги купам и сега некој кога ги зема не му текнува да ги врати.
    Па имај разбирање бе човек јас не сум ги купила за да изигрувам библиотека, сум ги купила затоа што сакам во секој момент да ми бидат на располагање ако сакам да ги прелистам, прочитам или едноставно вдишам, вракај ги штом ги завршиш, за да заслужиш повторно да ти позајмувам.
     
  20. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски

    Ни да позејмуваш ни да ти позејмуваат :^) веднаш штом се врати трк кај неа и земи си ја зошто можеш да на јадеш во најблискиот контејнер за рециклирање хартија... ццц значи како може толку неодговорни личности да има. Многу ме нервираат такви луѓе |(
     
    На Artemission му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.