Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Многу убав старт на неделата- СЕ УСПАВ |(
    Само да не продолжи и утре истата приказна оти ќе ги начукам сите неоправдани. :|
    Пракса денес ..ај па најредовна сум, за еден ден пауза, гајле ми е :wasntme:
    Одам да си ги завршам мојте обврски.

    Имајте убав ден. :*
     
    На Divinebutterfly, angel92 и Beauchamp им се допаѓа ова.
  2. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Бррррррррррр се смрзнав бре.....
    Како да се фатам за работа после убавата недела незнам.Убав ден СВ.Архангел Михаил нека е напомош,и со нови сили понеделнички кон нови победи.
    Убав ден феминки и успешна недела :)
     
    На Serafima и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Еј! Добар јутар! Овај ало ало де! Ама не она здодевното „ало“ од рекламата за Уан :D

    Сонував дека сум се разбудила во друг свет.

    Ммм не! Не се сеќавам што сонував вечерва, кој да знае? Јас сонувам постојано затоа што ако немам сон, се немам себеси. И можам комотно да направам, фала, чао, пријатно.

    И ми текна нешто. Зошто цајканите ја проверуваат возраста со лична карта? Кај некои луѓе тоа бројче на години навистина не е компатибилно со нивните постапки, однесување, начини на комуникација ниту на резонирање.
    Некој има 15 а размислува ко 30 годишен. И обратно, некој може да има 40 а да размислува сеуште како 15 годишен. Онака дај му камионче и играј си мило, играј. Тапши тапши. Грешка некоја во развој ли е, средина ли е, не знам што е ама да се оправеа малку луѓево? Па за срамота е.
    Ако кажеш извини не значи дека ќе ти падне круната. Ако кажеш отворено што си мислиш не значи дека некој ќе ти посвети по некое куршумче. Ако отворено ја решиш ситуацијата и му челиш на проблемот, не значи дека некој ќе те акне со даска по глава.
    Абре од мали не воспитуваат - кажи што те мачи, прашај си отворено - нема глупаво прашање има само глупави одговори, кажи кои ти се желбите, кажи што мислиш.
    Хм изгледа кај некого го рипнале тој дел па аздисуваат на постари години, не знам. Битно кај мене таквите луѓе имаат едно големо минуВче по предметот зрело и возрасно однесување. Кога ги гледам таквите си велам - опааа се вративме во времето кога бевме во градинка ли а? И кога Маре и шепкаше нешто на Дафина и потоа те одминува со онакво шмизл раче со Дафина фатена со другото раче и ти прави - ПИХ! И ти ја гледаш ко теле у виножито.

    Изгледа сум глупава јас или некој друг се труди да ме прави глупава? Не знам :) Ова ко муабетов на Марјан. Хех! Битно на ваквите би им ја одземала личната карта. Ти имаш толку години?! Абе ај - мрш назад у основно! ЗПО - уште еднаш :D

    И што е најтрагично со ваквите се среќаваш катадневно, со некои дури мораш и да соработуваш, а некои можеш комотно да ги игнорираш - за среќа. Мене повеќе ме нервираат оние, за кои некако немам на избор.

    Нејсе. Знаете што? Le beaujolais nouveau est arrivé! Во случај да не забележавте дека празникот на првото, младо вино помина. Со други зборови сакав да кажам - однесувајте се возрасно во најважните моменти од вашиот живот, и имајте недела слатка и опојна како вино.

    На здравје! ;)
     
    На Sparks, Divinebutterfly, sesilija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Добро утро девојки.
    Почеток на седмица.Понеделник!
    Стаил кредит и ми се јави.Најубаво од се е тоа што ме разбуди во најубавото спиење.Тој отишол на факс па да ми се јави.Да ми посакал добро утро и да ми кажал да станам и да учам.. :lol:
    Нема врска,му опростив.Сепак,убаво ми е што баш неговиот глас ме разуби и ми предизвика насмевка на лицето. Понекогаш баш знае да ме разнежни...Мил он :P

    Сега ке се дружам со чајче и добра музика. Најдобар старт на седмица.Понеделнички убаво утро...
    ах ах ах ! :$

    http://www.youtube.com/watch?v=sG8QgSzY3nI
     
  5. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Денес, по многу време, баба ми ми ја миеше косата. Последниот пат беше кога бев малечка и кога бегав кога ќе ми дојдеше време за бањање. Сега, јас, голема крава, со коса, не коса бре, косиште огромно, морав да се наведнувам од повисоко да не ми се допираат краевите со кадата. А небаре тоа лошо е.

    Падна смеење луѓе. Ми фалеше вакво смеење. Уште и‘ ги чувствувам прстите меѓу моите коси, толку грубо ми го растресе черепот, што сега сум малку замаена.

    Ех колку ја сакам таа жена. Нејзиниот надимак за моето кратко име, ми е најомилен. Затоа што ми е од неа. И ако си го извади од нетрпение последниот нејзин заб од горната вилица, и ако нејзината и шлапа и шушка кога збори, пак ми е најубава.

    Вчера ме прашува за онаа рекламата..
    - Спарк што е тоа лајк? Онаа бабана цело време пее лајк лајк.
    И пробувам јас да и објаснам.
    - Тоа бабо е на нашки, ми се свиѓа, ставаш лајк на се‘ што ти се свиѓа.
    А таа
    - А сине, не се разбирам јас, многу новини %*&%#(&‘$# (пцовка)
    - Епа бабо, лајк е мачка со опашка.
    - А добро.
     
    На Strumfeta93, MandyLane, la-chicka и 7 други им се допаѓа ова.
  6. cinderella5

    cinderella5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    3.018
    Пол:
    Женски
    сдк
    look at me mum i`m dressing like a.. i just wanna party party partyyyyyyy
     
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Убаво е кога најмалку очекуваш и нешто добиваш.

    II награда – Ирена Мила: „Game“ (Македонија).

    Среќна сум, истовремено и исплашена за одредена ситуација ама знам ќе му помогнам.

    Денес прва работна задача во друг град. Трема имам. Ама шизик на ризик, што биде биде...
     
    На JuLleE, La.Reina.Del.Sur, Neytiri и 22 други им се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Еве денес е понеделник, а јас имам слободен ден, така да се’ ми се чини логично ем наопачки, слушам Pocket Symphony од Аir, пијам горко ко ноќ кафе и ништо не ми се прави.

    Денес треба да одиме во O la la на колегијално хиперсахаризирање. Да шизнеме и да уловиме некој килограм плус, ко со ласо. Од инает и желба. Срциња од чоколада, мус од ликер и бела чоколада, торта од орев, јаболко и морков со прелив од ванила, сонциња и стапчиња од какао, огромни чаши кафе со крем и чизкејк со карамела и укравчиња од вишни.
    Ех.
    Ох.
    Ух.
    Ах!

    Оргазмираат сите сетила, низ букви!

    Виното вчера си ја рече вистината. Гледавме филмови и Филмови. Топли и ладни разговори. Радост на заедничкото зреење или стареење, кој како милува да рече.
    Гледање вести со татко и мајка во 11 не ми е некој спорт, но ајде, да направиме исклучок. Домаќински муабети. Желба за внуци. Викам - рано е, рано ми е, рано ви е. Се зажелиле за тоа.
    Нека ми склепаат уште една сестра, им викам : :lol:
    Си напишав песна во меѓувремен флерт.
    Па ви ја подарувам.
    Љубете денес, и утре, гушнете си ги живите и драги луѓе, простете им на непријателите.
    Некогаш, уморот е само поради стравот...
    Гушкам во радоста на Air, на воздухот, баш.
     
    На Neytiri, Strumfeta93, ines.h и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Само се обидувам да останам позитивна......
     
    На Serafima и zhap4e им се допаѓа ова.
  10. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Животов е напиток,но горчлива е течноста..
    Се лажеме.
    Обврските ги оставаме да тежат за утре,а ризикот го одбегнуваме од страв.
    Страв од загуба или страв од солзи.Неможеш да изгубиш нешто,што немаш.Освен да бидеш поразен,но тогаш ќе ја имаш вистината.
    А вистината можеш да ја сакаш и мрзиш,но таа е света. И само твоја. Никогаш,никој нема да ти ја одземе.Тогаш ќе знаеш што ти треба,а што сакаш.
    Се е релативно.Јас,ти,денов..времето.
    Дур да трепнам поминал денов,седмицава,месецов,годинава. Но,неможам да се помирам да ја гледам баба ми кај што старее. Не сакам да прифатам дека наскоро ќе дојде денот,да се разделам од мајка ми и татко ми,а тие ќе се уништени.
    Се нервирам кога тој ќе ми рече дека можеби за две три години ќе си оди оттука,а јас толку многу работи уште не му ги имам кажано гласно. Успешно се контролирам,но желбата расте. Потреба ми е да му признаам,а знам дека тоа е моментот кога можеби ќе го изгубам засекогаш. Споемните ѕидат спомени.Е тогаш нема назад,зато уште се потпирам на тоа дека има време. А време нема,ко шо гледам. Местото е овде,времето е сега за дејствување.
    Имам доволно, за да се будам ведра и спокојно да му се восхитувам на кафето,но и тоа е релативно.
    Неможам ништо друго,освен да се заблагодарам на вишите сили и да посакам да трае.
    Љубовта е една,нема друга верзија..
    Чувствувам горчина за немоќните,бездомниците,за сиромашните,за болните. Јас можам да спасам еден,но тоа не е доволно.Човек кој умира има потреба само од уште еден ден повеќе.
    Чива казна е злобата ? Она што е лек за се',не се допира,ниту се гледа..
    Јас можам да продолжам до утре,од почетокот до крајот..но морам да станам. Отворам прозор да излезат мисливе на сонце, да се ослободам.
    Носам лузни. Од смеа,но и од солзи..
    Одам да љубам,тоа го правам најдобро..и да им кажам да останат со мене засекогеш,дека ми значат.
    http://www.youtube.com/watch?v=Vbg7YoXiKn0
    :l:
     
    На x.Daisy.x, L-enna, la-chicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    СДК ... не си сама. Никогаш не се искажувам, колку и да ми е животов на раб на пропаст чувам во себе. А за другите сум тука рамо за по плакување во секој момент, не др и сакам да сослушам и да помогнам со совет или мислење. Не ми е тешко, тоа го знаат голем бр на личности. Сфатив дека колку и да се отвориш некому, не вреди, никој ни знае ни ќе знае како ти е навистина ... и од себичноста која денес владее во секоја пора од животов никој верувам не би се нафатил да ти помогне, додека добар дел би правеле сеир на твојата мака. Меѓутоа оној кој навистина може да те сослуша и да ти помогне е некој кој не го познаваш и кој случајно или не ќе го сретнеш на твојата животна патека ... Е тоа е тогаш вистинското. Затоа и тука на форумов открив такви личности кои иако лично не ги знам, исто како да сме се знаеле цел живот.

    За сите нив со почит од мене ... :)

    http://www.youtube.com/watch?v=I5fccFtK ... re=related
     
    На Loritaa, Strumfeta93, MandyLane и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    СДК дека се заљубив пак.Срцето ми е излечено спремно да сака :$
     
    На cinderella5, crazylady, IndieGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Многу пати кога не сум пред компјутер ми надоаѓаат некои мисли кои што сакам да ги споделам, но потоа ми се губи мислата, кога ќе седнам да пишам.

    Знаете, мене инспирација за размислување не ми доаѓа кога лежам во креветот или зјапам во една точка, ами кога гледам луѓе како се движат, како одат некаде, или кога јас патувам некаде, со луѓе.
    Не сум некој пушач, некогаш може да не запалам цигара и неколку дена, ама во утрата кога е сончево, а јас сум сама дома, седнувам на тераса, палам цигара и додека ја пушам пиејќи од кафето- размислувам за мене, за луѓето околу мене, моите постапки, нивните- ги гледам луѓето кои брзаат некаде и се прашувам многу пати дали биле правилни некои одлуки, размислувам за неизвесноста од иднината.

    Во близина погледот ми оди на едно мало црквиче, еве денес гледам многу луѓе- палат свеќи за празникот, одат со некаква надеж (некои одат да се рече дека биле на црква), а од страна човек кој што чека да си замине тој што ја запалил свеќата и веднаш ја гаси, и ја враќа за повторно да ја преработат :devil:
    Тоа ли е побожност, така ли се станува божји слуга?
    Слушнав дека кога луѓето носеле животно за курбан, пола го давал попот во црквата да се зготви, а пола си го земал тој и владиката :o

    Такви работи ми ствараат револт, некогаш се нервирам кога гледам како луѓето ради ред одат во црква (или само на празници) и таму не почитуваат ни литургија ни ништо, гракаат како гаврани, се мавтаат како муви без глави, а потоа се прават побожни.

    А дали јас, која длабоко во мене си верувам дека има некоја сила што ме штити и понекогаш одам да се помолам, да запалам свеќа за оние кои што ми се драги, за оние што заминале од мојот живот да не ме мачат веќе, и за се` да биде добро- дали јас ќе горам во пеколот што не одам на вакви празници, што сум за абортусот, и што имам роднина за кој што знам дека е геј и му давам совети за неговата врска со партнерот?
    Дали е лошо да не ги осудуваш луѓето, туку да пробаш да ги сфатиш?

    Но јас не можам да трпам неправди, затоа некогаш ги нервирам луѓето, ама по некое време ми доаѓаат со зборовите дека сум била во право.
    Се изнервирав вчера, да ви кажам право- толку време сакаше љубов, толку време се жалеше дека немало некој да ја сака, и кога конечно се појави таква личност- била од неубава фамилија :o , баба му била не ти знам што, немале пари.
    А детето вредно, со визија, работливо, ама не- треба да ги осудуваме луѓето затоа што не се родиле во кадифе.
    Оди си со тие батките, рекетари во залез- тие се подобри и од подобра фамилија, м?
    Само после кога ќе ми плачеш нема да ми биде жал- затоа што и сама виде како те гледаше со љубов и ќе излезеше од кожа кога беше покрај тебе.
    А ти сето тоа го отфрли.

    И пак да се вратам на цигарата.
    Ова го мислев додека ја пушев првата :D , додека со втората мислев колку сум сменета.
    Навидум се` е исто, можеби и другите околу мене мислат така, ама јас знам дека не е.
    Знам дека не сум онаа мало девојче кое се вознемируваше и плачеше кога ќе се појавеше опасност, не бегам од проблемите- сега се соочувам со нив.
    И полека учам да ги препознавам луѓето и да бегам од лошите.

    И веќе не се правдам за моите одлуки, не се правдам за моите постапки- затоа што знам дека нема потреба, бидејќи и јас не го барам тоа од никого - секој нека си го носи неговиот крст, ама пред да покаже со прст кон некого нека си размисли за него, за неговите постапки.

    Леле ова испадна долго :lol: , ама ако, одамна не сум се искажала.
    Сакав да ви кажам да бидете свои, ама не како поговорка, пробајте да го правите тоа што вие сакате и да не мислите што ќе мислат другите за тоа, затоа што нема потреба некој друг да даде благослов, освен ако за вашите желби не дава тој пари :D
    Е тогаш е битно :lol:

    Имајте убав ден (мислам дека по ова некој ден ќе ме откријат сите викаат чао, поздрав, а јас ова :tmi: ) и се додека чувствувате во вас дека се` ќе биде добро, така и ќе биде.
    Најважно е да се има тој внатрешен мир.
    А јас го имам. :angel:
     
    На Mygirl, Strumfeta93, caroline.costa и 10 други им се допаѓа ова.
  14. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Не за џабе народов наш мил смислил толку голем број поговорки, поуки, изреки, мурдости, туку за да ја истераат ѓаволската мака од луѓето адекватни со couch potato. Ете за да не се чувствуваат оние луѓе противтежа на potatos-иве, како ништо да не направиле во врска со истерувањето на духиштата што синтетизираат тумори на малограѓанштина и затуцан, заостанат и мувлосан менталитет, се осмелиле да дефинираат некои животни поими и принципи.

    Зашто кога овцата заостанува од стадото, никој не ја почекува да ги стигне. Ама ние не сме овци мајко му стара...

    И ете така, демек човечки било кога некој ќе се зацапа во Шит да се зацапаш и ти обидувајќи се да му помогнеш. Ако де, газењето у ср*ње е еден од факторите што те става во ист кош со останатите хомо сапиенси. Ама пак го има она: џ’ст тинк позитив...
    Гледај на работите како што навистина се:
    The glass is always half-full.
    Ама и секој човек има различен диоптер на очите па дали ќе го види тоа навистина во вистината. Еве јас на пример носам наочари, тешко мене...

    Него, сума сумарум на гореспоменатово е дека ако некоја персона нема ни една стрица од животниот гајд/рул – бук, сеедно, хумано е човекот да се потруди да напише една, две, три... илјада? Да создава нешто по мерката на убавото, како за другите, повеќе за себе.

    И нели е жално некој да го плукне тој труд од зборови за животните норми и вредности, ама онака здраво да го из’рка од петни жили дали зашто е туѓо, вредно... којзнае. И кога го читав погорниот пост на Пирамид и мене ми дојде една мисла, кај некои луѓе најверојатно е прерипната таа фаза на воспитување и социјализација од мали години. Ноу одер експланејшн... Туку дај им лижавче и бујрум, сви те воле! А кажи им не на нешто, одма те гледаат коцкасто, петоаголнесто и низ колку ли не аглишта.

    И така сви те воле додека стоиш ко штит пред нив, чат-пат зацврстен од нивните „фала,фала“ и „ај те молам“ секојдневни фрази, а кад се круг окрене и ти ќе речеш „може ли...?“ е тогаш штама, магла, пустелија и уште 365 други метафорични зборови. И тогаш ќе си застанеш така вчудоневиден, со едно црвено прашалниче над главата и ќе се чешкаш што, како и зошто.

    Е тогаш заслужуваш една воспитна и врела, па да се завртиш 360 степени и да ги отвориш очите. Зашто изреката излегла од жив и искусен човек: „Fool me once, shame on you; fool me twice, shame on me!“
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Само при здрав разум да останам и се` ќе истрпам...
    Убаво викаше мајка ми - Само Господ паметот да не ти го земе.

    Се трудам, мамо, се трудам!
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]
     
    На Doozy и zhap4e им се допаѓа ова.
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Денес дефинитивно не ми е денот. :rofl:
    Прво, се струполив по скали, во школо. Значи си одам јас така, по скали, и си викам: Еее, добро е, не те боли веќе прстот од ногата, уште малце па скроз ќе ти помине, и ќе можеш скроз нормално да си одиш. И кога! Само да трепнам, бам трас бас трус крас штрас ШЛАП. Доле сум, ќен ју си ме? :wasntme: Остај тоа, па уште еден другар се струполи по мене, и ми вика: Јас те бутнав? Јас сум крив? Не бре, јас сама од себе така по навика. И си викам ај да станам.. кога, нејќе нешто.. Сега десната нога сум ја превиткала, леле мори мајко. Така сум си седнала на скалите, чиниш уште малце ќе почнам да просам. И така.. си станав по некое време, и пак сега кривам. |(
    После, на час, за малце ќе го изедев стапот. Професорката си мислеше, јас дека зборам со една другарка. И прво ме окриви мене, ама среќа другарката рече дека јас сум невина. :wasntme: Ама што е најинтересно, знаев со кого збореше, ама нејќев да искочам уште од одма издаица, а пак од друга страна нејќам јас да нае*ам. И дрш недај.
    И најпосле, ми се одлепи ноктот, и ај да го дупнам брзиот лепак со една игла, и си ја забив меѓу месото и прстот. |(
    Како и да е, доста само се жалам. :hai:
     
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.588
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека денов на дрво -среда 23.11 некако ќе ми ја поремети неделата и викендов бидејќи паметните саботата ја ставиле да се одработува, фак, барем да работат бутициве по градов да прошетам да испазарам троа, имате ли сознанија дали продавниците ќе работат во среда?
     
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Торта од тета и чајче од сестра ми. Се чувствувам разгалено. Свинкана со ќебето пред компјутер, ѕиркам во бавча и ми фали летото затоа што имаше се и сешто во неа. Сега е празна, само земја и по некој паднат лист од дрвцата.
    Него друго сакав да кажам. Сакам кога ве читам расположени од сабајле, некои постови ми изнудуваат насмевка. Ако порано добро утро ми беше кафе, сега ми е СДК па кафе. Ама жени кога на иста страница ќе ми се погодат 2,3,4 долги текста скролам, па во текот на денот се враќам еден по еден да ги читам. Некако одеднаш ми доаѓа многу :lol:
    Љубовта ми се јави се фрцкал во одело, а би сакала и јас покрај него во ф`стан :wasntme:
    Убав ден :*
     
    На Strumfeta93, zhap4e, teddybear и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Зимава ни тропка на врата и тоа како. Магла, ладни уши а од телефон трешти грчка песна па ме потсеќа на лето, плажа и море... Е тоа е демотиватор :(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.