Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Убаво е утрото . Посебно е убаво кога не си наспан и мислиш не ти се спие и се ти е супер . Се надеваш дека денот ќе ти биде супер се како што треба ќе биде и нема да ти се спие до кај 1-2 навечер а кога ќе дојде тоа време заспиваш како бебе . Доколку не ти поминал денот како што сакаш ќе се испоизнервираш и ќе заклучиш дека си најголемиот дебил и баксуз што може да постои на светов и ќе заспиеш во 5 и ќе ти текне дека треба пак да стануваш за 3-4 часа и ќе ти отиде се у курац и наредното утро и така ти е уништена цела недела . Затоа се надевам дека наскоро значи нај наскоро ќе тргнам и се ќе биде магично :)
     
  2. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Ти кажав јас уште тогаш. Само ти не слушаш. Ти кажaв дека ова нема да заврши добро. Не може, сфаќаш. Едноставно не може. Што е битно кој колку сака, кој колку без кого не може. дали си ти луда по него или он е луд по тебе. Тоа е исто ко Русија и Америка да станат едно. Би биле најсилни на свет ама сепак си стојат на своите страни. Америка е запад, Русија исток. И тоа не оди заедно. Така е и ова твоево. Ако си на запад остани таму, ако си на исток остани на исток, но немој да сонуваш за тоа како некој од запад ќе дојде ради тебе на исток или обратно. Некои луѓе во животот се створени да се сакаат а да не бидат заедно. И треба да се помириш со тоа и да се заљубиш во нешто пореално. Заљуби се во работа, во Скопје, во книга. Не во дечко. Ти кажав, ама ти никогаш не ме слушаш ќерко...:)
     
    На zhap4e, marama, Springy и 2 други им се допаѓа ова.
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.500
    Допаѓања:
    17.235
    И така, добро утро.
    Не си верувам самата на себе дека во 11 станав, браво за мене. Легнав најрано што можам ова лето, дури сабајле во 4 ипол. Денеска верувам дека ќе ми биде интересен ден, само ако не пече волку туку нека залади малце, нека дувка ветерче. Ќе поседам малце на комп. па ќе гледам тв, кога ќе подзалади ролери да возам ќе одам и то. Вечер на улица ќе поседам со другарките и па рано ќе си легнам :!: . Ајде имајте убав ден :*
     
    На Lepaaa, Glossy-girl и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Што значи да си практикант, а што значи да си шеф?
    Ти носиш блуза од 350 денари од Мана, а она ја носи потполно истата блуза 3000 денари од Мотиви.

    :lol:
     
    На Buttterfly, mims-89, Divinebutterfly и 9 други им се допаѓа ова.
  5. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.466
    Допаѓања:
    22.962
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки :)
    Да си се пофалам јас дека многу ми е убаво. Конечно прво лето да сум заедно со дечко ми цело време, и тоа во Франкфурт :D Пред некој ден бевме на базен, прекрасно беше. Дружба со колегите Хрвати, еден куп Македонци, смеа, забава. Другото се е и повеќе од одлично. Чувствувам дека повторно се заљубувам во него, и убаво ми е. :P
    За некој ден ќе земам плата, здравје, и ќе ги опустошам сите продавници, доста беше цел месец стегање :D
    Инаку, ова исто така ми е и прво лето, а да си легнувам и станувам во нормално време. Ама кога се мора за на работа, што да правам? :D
    Ајде останете ми со здравје, па се читаме во наредна прилика :*
     
    На Lepaaa, Divinebutterfly, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.574
    Пол:
    Женски
    Многу ги сакам оние излети кои ги имаме само ние домашните.Најубаво ми е така.Се прашувам дали јас станувам несоцијална или едноставно уживам кога сум сама.Кој ќе ме знае,и така сите дигнаа раце од тоа да ме дефинираат. :D Шлапкањето во реката,свежиот воздух се за мене блажество.Сакам почесто вакви денови..да легнеш и низ гранките на дрвото да го ловиш синилото на небото...и одеднаш таму горе 3 млазни авиони ,два одат речиси во пресрет,белите трагови им се пресекуваат.Такво нешто немав видено до сега.. :inlove:
     
    На zarah, Divinebutterfly, Lepaaa и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека станав потполно зависна од песнава,неможам едноставно да престанам да е слушам.
    Со неа заспивам со неа се будам :$ :$ :$
    http://www.youtube.com/watch?v=TOrnUquxtwA
     
    На simon4etooo, zarah и Pirana им се допаѓа ова.
  8. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Очигледно е дека недостасува оригиналност.
    Се мрчи, па после се мрчи за тој што мрчи, ма некој друг мрчатор мрчи за оној што мрчи за оној што мрчи.
    И тоа некако ни стана секојдневие.
    И не, не зборувам само за форумов.

    Туку, не знам што ми текна, ама да си кажам дека ми е преку глава од оние парчиња облека со американско или британско знаме. И после ти си бил патриот. :fubar: А замислете што е најтрагично - и јас си имам бикини со америчко знаме, ама жими се, единственото такво нешто во мојот плакар. Од страв да не ме нападне некој грк, оти таму само македонско знаме ми фали. :wasntme:

    Туку, и јас не можам да се сфатам. Сега мрчам за ова, а само што си кажам дека такви ми се купаќите. Е ај де. Пу пу, само пмс да не е. Не сакам да ми дојде циклусче и да се сунчам цел одмор.

    Ај, ај.. да не ве замарам со глупости, оти нешто друго асално изгледа нема да кажам во постов..

    have a nice day & keep on smiling!
     
    На zarah и Lov3 им се допаѓа ова.
  9. nennsy.densy

    nennsy.densy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    305
    Надвор гори 40+ степени, а таа облекла чизми и тера мода о.О
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.065
    СДК ... ај пробајте и видете кои приоритети ви се по ред важни ... Бај д веј многу сте биле вредни овие два дена ... се изначитав и изнаскролав постови. ;)

    Мини тест на Сигмунд Фројд со кој најискрено ќе си ги видите кои ви се приоритетите во животот.
    Во вашиот дом истовремено се случуваат пет работи. По кој редослед би ги решиле.

    1. Ѕвони телефонот.

    2. Плаче бебето.

    3. Некој тропа или го извикува вашето име на влезната врата.

    4. Сте ги оставиле алиштата да се исушат и започнува да врне.

    5. Сте ја заборавиле чешмата во кујна а лабавото веќе претекува.

    Скролај малку подолу за да ги прочиташ одговорите.














































































    Одговори:


    Секоја точка претставува нешто во вашиот живот.

    1. Телефонот = Работа

    2. Бебето = Семејство

    3. Вратата = Пријатели

    4. Облеката = Пари

    5. Чешмата = Секс
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Ајде ако сакате сите по едно срценце на феминава наша, да дојдеме до 100, да и го покачиме рејтингот. :up:
    http://kliknime.com.mk/portali.html
     
    На Aleks96, BeYourself, Divinebutterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека од денес сум на строга диета
    па да видиме кој ке победи јас или вирусот ]:) :lol:
    не ми помогна ни Линекс ни Диастоп па се решив на ваков чекор, белки ке има ефект :worried:
     
  13. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    СДК дека животот можеби ми пружи втора шанса. :)
    Дознав некои "финти" кои оваа година би ми помогнале со стипендијата и за уште нешто многуу поважно.И тоа сосема ненадејно.Како Господ да испратил ангел чувар за мене. :D
    Само уште да се уверам во точноста на информациите,па ќе нема како мене. :P

    Некогаш ми е баш убав и мил овој живот. :D :*

    П.с за некое време ќе има частење. :D
     
    На zhap4e и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  14. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    :hai: Добар ден феминки :)

    Сдк ми се гади од прости и некултурни луѓе , невоспитани дечишта од три години кои знаат да зборуваат вулгарности и да ти кажат триста збора за да те навредат и тоа такво однесување го научиле благодарение на нивните прости родители |( и најтрагично е тоа што кога ќе му подвикнеш на детево да се смири велат е па ти дете е тоа што знае :^) молам не знае???ако било дете тогаш нека земе играчки и нека си игра како секое нормално дете а не да зборува се што треба и не треба па дури и тоа што не доликува возрасен човек да го каже .
    Посебно не ми се сфатливи родители кои нон стоп си ги фалат децата е моето најубаво ,најпаметно ...ми иде роднина и ми вели еее го виде ли мој Игорче на фб ,слики објави ,облечен е во одело за келнер :^) жено никој не ти го потценува детето ама ти претеруваш во фалење на своите деца а во потценување на другите ,толку си проста што не ми е јасно како можеше да ми ја направиш дека сум сликана во фустанче што си го носам по дома а ја гледаш сликата од апсолвент |( :fubar: :swear: и тоа сама си чепкаш во мојата соба,го испофали син ти во одело за келнер а другиве сме облечени ко партлаковци :fubar: ... е добро де и јас се сликав како апсолвент па што,не објавив слики на фб па затоа имаше реакции од типот абе ти заврши на време со факултетот или имаш уште многу испити... |( ај бркајте си работа и да се мажам на фб слики не ставам себично ќе си ја чувам радоста за себе и нема да ја делам со никој .

    Среќниот човек не зборува за својата среќа сета убавина и радост што ја носи во душата се гледа во сјајот на неговите очи....ако сите реално биле толку многу среќни и радостни како што се запишани многу постови на форумов ... ако навистина си поминувате убаво на одмор нема зошто да дел од времето кое треба да се помине во друштво ,на плажа , да се мине на форумов,на фб твитер...ако толку многу реално сме среќни и го доживуваме најубавиот одмор тогаш би се оттргнале од виртуелниот свет и би уживале во реалноста.
     
    На Trendafilka и Sara123 им се допаѓа ова.
  15. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Нели? :D
    [​IMG]
     
    На Aleks96, Stoimenovska, CharmedGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.574
    Пол:
    Женски
    Е не сакам да дробам и мрчам ама некои работи ме вадат од такт.Конкретно зборувам за покондирените тикви.Не,не, не е тоа театарска претстава туку сцена од секојдневен живот.И тоа фалење до бесвест.
    Искрено ме потсетуваат на ретко виден животински свет,кој заборава на појавата на најзабавниот дел од покондиреното тикванисување-појавата за загадувач на нашиот мил јазик.

    На работа некогаш имав многу вакви покондирени тикви,кои одат на краток -кофи брејк притоа турско обично никогаш не конзумираат ,нели не е фенси,или им преседнал вкејшн-от зашто околината била дрти до бол...

    Наравоучение-секој новопечен фенси јапи би морал да се научи да се изразува на повеќе јазици истовремено и тоа вери урџент.Обично преку ноќ се научат...

    Ова навистина е вистинско тикванисување...зашто гледаш како уживаат во својот новоговор-кој ги подигнува над нивото на обичните смртници,далеку во нови висини....

    Ова се однесува на моја подалечна познаничка која ме инспирира со нејзиниот телефонски позив..во стилот -леле,ти уште не си на одмор...леле..пак ли во Охрид ќе одите...таа која до пред една година не ја знаеше разликата меѓу пасош и лична карта |( така некако отприлика...

    Ама ми помина мене пмс-от што ми е денеска :talk:
     
    На marama, Peppermint и Johny им се допаѓа ова.
  17. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
  18. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    :hai: Женскии.
    Еве ја и Ади после неколку дена, свежната, одморена, наспана, расположение така така, али се трудиме се да биди добро,стварно ми требаше многу одморов многу добро ми дојде, ве читкав по малку, колку шо можев.Убаво размислив за се што ми се случува во животот, знам дека светлина има секогаш на крајот од тунелот :)
    Се ќе помини добро, само јас треба да сум позитивна и да продолжам понатаму :)
    Многу пати животот ме турна на колена, но еве пак станав и пак сум таја истата насмеана Ади од порано.
    Одам да прочитам шо има низ форумов и шо сте напишале во овие 5 дена. :)

    Имајте убав ден и убав викенд, уживајте на топлото сонце :sun:
    Ве љуби Ади :* :hug:
     
    На Lepaaa, pamelche, tessi и 2 други им се допаѓа ова.
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    5.396
    сдк дека сум жива здрава читкам колку што имам можност немам од каде да се уклучувам. Се надевам сите сте ми ок расположени и среќни како што ве оставив :lol: Брачниот живот е ок е сега малку работиме на бебуле но ќе биде и тоа поздрав до сите и ве гушкам :*
     
    На Serafima, Lepaaa, teddybear и 2 други им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.637
    Допаѓања:
    43.331
    Пол:
    Женски
    СДК е значи колку мразам кога некој не си стои на збор и не се држи до планот, значи стварно, амн од такви луѓе.Требаше вечер да се собереме и да прославиме роденден на другарка ми, и се беше планот за во петок, јас си имам се испланирано секој ден од викендот го направив според нивен план,а сега и ѕвонам и таа ми вели, преместивме за утре :@ Добро кога планираше да ми кажеш?Вечер пред да излеземе?Е утре не одам ни на диско ни ништо, па нема јас се да ги преправам плановите заради нив.Точка доста ми е.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.