Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Кога гледам женско пливање си се тешам, можеш да бидеш популарна а да имаш т.е. немаш гради ејј којзнае можеби јас некогаш ќе станам популарна зошти ги имам најмалите 8) 8) 8) И фала ви еуро спорт што уште толку ми ја зголемувате самодовербата. Стави си поголем градник и шибај, кој нема напред има назад If you know what I mean :d:
     
    На Stoimenovska, BeYourself, Nati.P и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Среќна сум ауу и тоа многуу, :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
    да можам би врескала од радост, полека полека сите коцки се враќаат на свое место, вечер одам на концерт на Харис Џиновиќ.
    се надевам ќе поминам феноменалоноо, ќе пијам пиво со лимон, ќе си купам наши кикиритки и ќе си пеам, ќе се обидам да фатам место во првит ред :rofl: :rofl:

    Дечки морав да ја споделам среќава со вас.. ве сакам и се враќам скоро дома :*
     
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.494
    Допаѓања:
    17.210
    Пу бе ми отидоа плановите :D Си ја легнав у 12 си станав сеа и нишо од мојте планови преска шо си ги запишав. Ај другпат ќе биде можда. :D
     
  4. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Петок..
    Се сеќавам колку пред неколку години му давав значење на овој ден.Следуваше викенд.Се спремав за излегување.Кога бев втора смена на школо,знам дека ми беше нај тешко. Уште на часовите правев планови што ќе облечам за вечерта и како ќе го искомбинирам. Доаѓав дома и одма се бањав,ја правев косата,полека се шминкав и бев подготвена. Излегував и се вртев наоколу за да здогледам некој симпатија.А кога ќе ми пуштеа некоја омилена песна,е тогаш бев влезена во нај тешкиот филм.

    Денес се е сменето.Ја нема мојата еуфорија за познатиот петок. Сеедно ми е дали е петок,среда или недела.Ако јас сум расположена и имам пари во џеб секој ден знам да си направам да ми биде убаво.

    Порано,мајка ми,ми одредуваше време до кога можам да останам за излегување,бев точна до минутка. Денес можам да останам до кога сакам но не е исто како претходно.

    Пораснав еј.
    :d: За старите добри времиња. За детството. За тинејџерските години. За првата љубов.За првите слатки солзи. За животот
     
    На Buttterfly, thelittle17, ilovecupcake и 30 други им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.018
    Допаѓања:
    81.359
    Пол:
    Женски
    Ииии би петоооок. Аналогно на тоВа, уште еден викенд на подок, м? :?:
    Како да ми :o:стана рутинско ова „одбележување“ на почетокот од викендот со четкичето од црвениот лак во рака.
    Да, уште додека траеше и школската година, секој петок имав црвени ноктиња, па впрочем, по тоа и ме знаат многумина. :$
    А летово некако викендите ми минуваат онака, исто ко да не биле, дури и станува монотоно. :yawn:
    А кога ќе ми текне како со душа ги чекав петок и сабота, па и обавезно часовите во петок ми беа омилени, ууу каква коинциденција. :wasntme: :lol:
    Турско без шеќер, овоштија, музика за душа и моите црвени ноктиња - добитна комбинација!

    П.С. Цигарче, не препишав, часна плавушанска реч - него, ракче да не си, гледам и тебе носталгии те фаќаат !? :lol:
     
  6. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Како може летнава атмосфера да те замае, да те опие и внесе во сосема нов свет.
    Летните љубови велат се најубави, најслатки и најмногу се паметат.
    Пробано, видено, докажано! :inlove:
    Никогаш не сум била волку сигурна, а сигурна сум дека овој летен одмор ќе го памтам со сите подробности, детали, минијатури и навидум за некои - непотребни ситници. Го знам точниот број на непреспиените саати, одземаните воздишки и украдените погледи. Ладното крајбрежно ветре во 5 часот на сабајле, гласно испеаните легендарни песни што секогаш ќе ми мамат насмевка на лицето од типот: „Еј ти текнува летото 2012...?“ и лудите фотки, блицот што штракаше секоја втора секунда.
    Мирисот на езерото, млекото за сончање... мирисот на сонцето - да!
    Едноставно мирисот на летото.
    Е овие парчиња од сложувалката секогаш ќе сакам да ги составувам одново и одново и одново, без да ми се здосади... и да си се потсетувам на целокуната слика на Легендарното Лето 2012. :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
  7. nennsy.densy

    nennsy.densy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    305
    Некои луѓе многу лесно забораваат се што си направил за нив. :^)
     
    На wildness му/ѝ се допаѓа ова.
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Ме фати с`ска денеска да сум сосема сама.
    Сакам да се одморам од секого. Премногу различни индивидуи ми се намножија во последно време, премногу шарени карактери, премногу солење памет, премногу изигравање жртви, кревање галама и премногу изигравање Мајка Тереза. И никој не се менува освен на зборови. И пак се` е исто.
    И трае, трае, трае... Баш ко мечон помеѓу Федерер и Дел Порто.
    Епа доста е.
    Знам да повлечам линија кога настаните ќе го прејдат прагот.
    Денеска ќе сум си јас и собата. Мојот свет.
    Ќе си се избањам и средам со моите сто ритуали, па после кога ќе му млатнам ширум отворени врати и прозорци, свеж воздух, салатичка и еден нес, музика, книга, филмче, може и документарец.
    Форуми ли ми форуми. Мх! :lol:
    Знам да си најдам забава и сама, во малите нешта.

    Петок, па што?
    Ќе си го посветам себеси. :sun:
     
    На Johny, marama и cinderella5 им се допаѓа ова.
  9. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Спиење попладне е рамно на потење ко да си бил у теретана.

    Јеа. Спиев саат и нешто, се будам, жива вода и директ под туш. Со новиот фанки гел за туширање од киви, ми се разбудија сите сетила. Цел дом ми е прегрнат од мирис на печени макарони, кашкавалот завива, а во мене се буди стрвникот. Ама не, ќе си го чекам мачорот, да дојде и да јадеме заедно. Го викнав на гости да ми го поправи компјутерот, а он си кажа најотворено - епа сакам макарони за вечера!Речено сторено, љубов моја.
    Вчера бев на именден кај водолијана, и купивме црвено сортно вино, а на етикететата пишува дека е бело. Епик фејл! А не беше евтино. Се изнасмеавме. Одмор, и планови за истиот, тапшаат у место. Ја се помирив дека нема да можам да одам со нив, а ни со мажов ми, пошто ете, се случија милион промени, па веројатно сама ќе треба да одам на неколку дена некаде, освен ако не излезе варијантата да идам кај Сања у Хрватска. Ме избодрија за далечинава што ќе ме изеде додека он е во туѓина. Но, шансите не се испуштаат, а богами и Љубовта треба да се изјача! Се разочарав во еден момент, признавам, кога увидов дека сега, веќе, секоја има свој Живот. Онака, баш, измазнет од сопствените желби, побуди, влијанија. Не сме истите. Не. Сме се размениле со искуства, и сега само можеме да бидеме индивидуално свои. Она што реално, кога имаш 19 и не е толку забележливо, зошто сакаш да припаѓаш во толпата. Не знам дали се освестив зошто едноставно е така, или сум застуденила релации?
    Може е и двете, во комбинација. Знам само дека ми недостасуваат, веројатно моментите кога си бевме Ние, Жените, неоптоварени од плата, смени, промени, умор...
    Ама ете. Се расте, се менува човек, си прави планови во својот Универзум, се прочистува од некои детски ставови, и веројатно тоа е она што мене, на прагот на моите 25 ме растажува. Она, кога знаеш дека го имаш детето во себе, а мораш некогаш да го замолчиш со леплива трака за уста.
    А можеби едноставно и се разијдуваме во некои погледи, и тоа е се’ што треба да знаеме. Близината ќе се менува. Од периферија, до центар и обратно. Фази. Тоа е она што ме става во думи речиси секогаш.

    Сфатив, дека промените го прават човекот динамично суштество, инаку би станал едноличен ко амеба. Само, работата е што тие работи треба да се издржат, да се прегрнат, во спротивно ќе пропаднеш во анализи како јас, па после ќе ти светне - c'est la vie !

    Утре е нов ден, плус тоа. Ќе одиме на шопинг со мачорот, ќе си одберам подарок за роденден предвреме, сакаме да си направиме и една утринска гимнастика со точаци до парк, така да, времево што поминува, колку и да не сакам, трча пребрзо! Да. Време. Живот.
    И тука сме, едни за други, покрај се’. Добро е да се знае.
    Гушнете си ги најдрагите, чисто онака. Да проструи близината.
     
    На Stoimenovska, Mrs.Cuper, Peppermint и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Се прашувам дали скромноста е доблест? Дали посакувањето на нешто подобро, поубаво, поскапо... на крај ќе те направи лоша личност или токму тоа е патот кон успехот, секогаш на целиш кон повисоко???

    Кога сум веќе овде да ви раскажам за еден детски сон. Никогаш не им барав многу на моите, не сакав скапи телефони и какви ти се’ не знам технологии, летни одмори и зимувања, роденденски журки, автомобил....
    ’Најскапото‘ нешто што сум го посакала е да ми купат велосипед. Од мала, кога го совладав малото точоче со тркалца, посакав да ми купат поголем велосипед. :)
    -Ајде, ако ја завршиш годината со сите петки, ќе ти купам! ми вети тато. Јас целта возбудена бев фокусирана само на тоа. Кога го даваа сведителството право дома оттрчав да се пофалам. Таа вечер не спиев, мислев дека утредента кога ќе се разбудам долу ќе ме чека најубавиот bmx... сигурна бев дека ми спремал изненадување. Ама ништо, ни сабајлето, ни деновите што одминуваа... :(
    Наредната учебна година повторно истата приказна, огромен труд и напор, за да не потфрлам во школо, за да не го разочарам... Ама пак останав со празни раце ;(
    Сонот траше уште долго, некаде до средношколските години, од bmx се претвори во брзинец :$ ... ама за жал тоа и остана, еден неостварен детски сон... кој секоја вечер се губеше во дното на чашката во рацете на тато. :(
    Можеби пак и длабоко во себе, јас не го посакував толку тој велосипед, колку што и неговата симболика, дека сум била добра и послушна ќерка. ;(
     
    На Buttterfly, nela.oh, fallenangel и 26 други им се допаѓа ова.
  11. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Живееме за да се жалиме. Дечко ми вака, дечко ми така. Сте сме прашале дали е до нас? Доколку двајца ни се пуштаат , сигурно ќе му ја летнеме по фраерот со мотор, кола, кој има топ стил и е најгласен во докажување колку е он најак. Ќе паднеме на она "ја колку жени сум е*бел" фраер сум. А оној кој е малку потивок можеби малку е понеубав од првиот но е спремен среќата и љубовта да ни ја понуди на дланка некако не го регистрираме. И после мажите ова она. Сами креираме п роблеми кај што ги нема.

    Истото е со мене . И сега кога до добив оној кој и кога му е ладно го зема џемперот од себе и ме покрива кога спијам мирно во автобус . Кој ми ја носи торбата кога ми е претешка , кој ме бакнува насекаде подеднавко. Кој ме милува, кој ме зема за дланка и се дере на сиот глас ОВА Е МОЈАТА ДЕВОЈКА.

    Кучка сум. И жалам. Ми фали. Се молам . Спремна сум , те сакам назад. Сфатив дека многу вредиш, дека те сакам, дека сакам и јас да те гушнам , да те стоплам кога ти е ладно..




    Чисто онака сфаќам дека некој никогаш нема да разбере , нојас разбрав, љубовта не е само лигавење, глумење, има и побитни ситуации, кога е тешко да те насмее, да те подржува, да сака да си среќен па дури и далеку од него.. Е тоа е љубов.


    http://www.youtube.com/watch?v=AxJxUFoR0Es&feature=related
     
    На crazylady, glow, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. SmilerGirl

    SmilerGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Се прашувам зошто секогаш јас да се нервирам? Зошто секогаш јас да се грижам за другите и јас да бидам повредена? Зошто секогаш мене да ми прават лице и да ме лажат? Зошто ?
    Зарем јас сум толку поразлична,зарем јас немам чувства,зарем јас не им помагав секогаш кога треба,секогаш бев тука за нив...
    А тие така ми враќаат... :|
    Ама ако,јас сум крива.Не требаше да бидам толку наивна,требаше да бидам себична како сите други...
     
    На wildness му/ѝ се допаѓа ова.
  13. wildness

    wildness Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    23
    Форумов почна да станува како мој дневник. Се чувтсвувам слободно да напишам нешто, си кажувам искрено се што ми лежи на душа, баш е опуштачки. 

    Како и да е, денеска поминав еден многу пријатен семеен ручек. Се собравме многу, братучеди и братучетки, тетки и чичковци, вујковци и вујни. Секој со секого си размени по некоја мака, ведрина и случка. Баба сите ги прибра, за сите најде место и за секој среди да има полна чинија. Уште кога почна да готви утрово, тој мирис кој се ширеше низ дома, ме правеше како малечко детенце, постојано да гледам во саатот и да чекам да пристигнат гостите за да можам да пробам. А баба како баба, знаете, додека готвеше ме гледаше и се потсмевнуваше, па ќе ми дадеше по некое залче од се' да пробам. И навистина, интересно помина целата ситуација. Се видов со луѓе кои ги гледам, искрено, 2 пати во година, па бев среќна и исполнета. Разговарав и зборував со несекојдневни луѓе, како да не поминеш интересно. Дури и едната братучетка која живее овде, ме повика вечерва да излезам со неа, да се запознаам со нејзината средина. Договорена сум во 10 часот, па подобро сега да побрзам, да не закаснам и да почнам да се спремам, за да не оставам лош впечаток уште од прв пат.

    Посакувам убава вечер на сите, се надевам и мојата ќе помине добро. :) :*
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Нека завршува летово, кој ќе го вовлекува стомаков до септември.. :roll:
     
    На Mimi123, zvezdakoska, nela.oh и 15 други им се допаѓа ова.
  15. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    So, this is it.. this is what I wished for.

    Да, се молев барем еднаш да видам море, оти џабе одевме кога бев мала кога не се сеќавам.
    Па девојќи, надевајте се, верувајте и љубете. Ах, да, молете се!
    Господ кога-тогаш ќе ги чуе вашите молитви и ќе ги оствари.

    Ќе ми недостигате, ама верувам и таму ќе ми биде интересно. :wasntme:

    BeYou is sending you love!

    Сега, ви пожелувам добра ноќ, одам да си грабнам еден сон од перницава, оти за неколку часа треба да станам.
     
    На zarah, Lolipop23, pamelche и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Добро бре што култура ќе беше , што осет ќе беше :^) ...Наместо да те праша како си ,што има , што нема после толку време она зошто те нема на фб |( ? ... Додека одговарав дури смешно ми падна . :lol:
    Па кејф ми е може од кај знаеш ...што фактор во животецов наш стана фб -во ....
     
    На pamelche и Special.Someone им се допаѓа ова.
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Во склоп на моиве годинки,и купувањето на ПРВАТА антирид крема во животецов мој,деновиве почнав да живеам здраво и да се хранам никако...

    Елем,јадам аронија и брусница,глодам разноразни корења,пијам свежо цедени сокови,(кои патем ужасно ме мрзи да ги правам),грицкам семенки,брстам некое разнобојно лисје се наливам со некои :puke: чаеви и слични ѓаволштини-и таман ќе помислам дека сум ослабена,здрава и ја живеам втората младост-ќе ме згази комбајн или нешто полошо...

    Веќе си го гледам епитафот-Живееше како прасе,умре како зајак


    [​IMG]
    Гладна сум...многу...и му завидувам на машкиот род што не се мачи со вакви глупости...
     
    На fallenangel, Trendafilka, glow и 4 други им се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    91.799
    Пол:
    Женски
    Петок, нова фризура, пазарење со сестра ми и ноќно кафе во двор ние три.

    Д. ми вели: Дојди со мене.
    Ј: Каде?
    Д: Било каде. Некаде каде што ќе можам да се будам со рацете испреплетени околу тебе и носот забутан во твојата бушава коса.

    Се поздравивме, му посакав среќен пат и останав сама на автобуската. Одеднаш почувствував раце на половината, се свртев и ме бакна така што ги избројав сите ѕвезди на небото иако беше ден. :lol: Го направи тој момент филмски и љубовен, ме остави и си отиде.
    Август за мене секогаш претставувал љубов т.е обновување на љубов. Дали и оваа година ќе е така?
     
    На creshicka, thelittle17, fallenangel и 16 други им се допаѓа ова.
  19. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    305
    Абе мора ли секогаш кога се сликаме со дечко ми,ако е ова нашата фотографија јас да испаднам како ова овде лево?Ич не сум фотогенична ама ич :tmi:
    [​IMG]
     
    На k.i.m, Cacy, Stoimenovska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Ии така Блаа си удри еден ладен туш на жешково. :D
    Mr. Brownstone до даска, Блаа трза со сунѓерчето и денса „у ритму музике“, си потпевнува, потписнува дее :wasntme: , пенџерчето ширум отворено. Кој помина по пат којзнае шо си помисли :^) а можи и си подѕирна :tmi: .
    Ма шта речи, коју послуку порати? Браво Блаа, најјача си. :fubar:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.