Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Хахахах си ја погодила песната за туширање жими се xD

    СДК....3 денааааааа,побрзо нека поминааааааааааат ! :)
     
    На blaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. nennsy.densy

    nennsy.densy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    305
    И повторно се борам со комарци, ах колку се досадни....[​IMG]
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сум го добила комплиментот на годината: „Кукло ;) црна си ко Гадафи!„ - Просто не престанува да ме изненадува иновативноста на шизициве во градот :clap:
     
    На Buttterfly, faye, Sanniii и 14 други им се допаѓа ова.
  4. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Иако сум дел од денешнава младина,не се чувствувам како дел од неа,потточно не ни сакам.
    Цела фама се дига околу тие прости лајкови и социјални мрежи,сега секое 13 годишно девојче слободно може да влезе во дискотека,да облече високи штикли,да „смува“ секој втор.
    Ех колку би сакала да живеам во времето на мајка ми,на татко ми.Тогаш немало никакви фејсбуци,дискотеки,шминки.Тогаш сите,од 7 до 17 години излегувале надвор пред зграда,играле со топка,ластик,разменувале сликички,поштенски марки.Сите биле обединети,немало толкава омраза,љубомора меѓу децата.
    Тешко ми паѓа на душа кога ќе видам некоја стара слика од другарка со помислата дека таа сега е пропадната,пуши,пие.Но не е се до нив,до нивните родители е.Не знам како можат да дозволат нивното дете да пропадне пред нивни очи.Зарем не би сакале еден ден да го видат своето дете,здраво,право,како достигнува некој голем успех,без разлика дали во спортот,политиката,уметноста или пак нешто друго.И да,старите се во право кога велат:Ех,тие стари добри времиња.


    И длабоко во мене јас сум сеуште едно дете од 13 години,без разлика што прават и мислат моите врсници :)
     
    На La.Reina.Del.Sur и pamelche им се допаѓа ова.
  5. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Очајно сакам нешто да се смени во мојот живот, но не знам од каде да почнам?
    Доста живеев во минатото, сфатив дека некои луѓе подобро е да ги избришеш од меморија, но како?
     
  6. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Ее, додека ги гледам овие жениве на олимпијадава, такви згодни, едни затегнати..леле.. многу ме мотивираат да почнам пак со вежбање како порано, чисто да го зацврстам телото..^_^
     
  7. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.500
    Допаѓања:
    17.235
    Хах, ова исто како јас да сум го пишувала. Добро е има некој на оваа возраст кој мисли и сваќа исто како мене. :lol:
     
    На anamariia.x3 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    И така овој ден фино си помина... Јас ве читам цело време, две минути не направив пауза од Фемина, а сега реков и еден пост да пишам за денов мој денешен. :D
    Денес целден останав дома, цел ден од горе до долу се шетав низ куќава со шише леден чај од брусница, тато ми го направил и го ладел во фрижидер, па ми го даде кога станав, читал во весникот дека било здраво! :) Душа голема е... Ни фали дома, глупаво е вака што само за викенди сме заедно, ама шта чеш, работата му е во Скопје. Чим мама се навикнала, ќе се навикниме и ние! Од септември здравје, друга прича! Сите тие заедно Визбегово, а јас во станчето со цимерката. Што да правам, далеку ми е Визбегово од факултетот. Ќе се гледаме, битно ќе ги имам тројцата до мене!

    Со љубовче, како да сме еден до друг...исто! Така сме си се расприкажале на телефон, уште кафето ни фалеше! Цел ден на телефон... Болничок е, 39 има температура, ми вика ми фали гушка и одма температура кренав! :D Отсекогаш така ми кажувал колку му значам, барајќи да го гушнам или само ќе ме бакнел на чело...

    Ништо друго важно, навидум досаден, но со љубов од сите страни, исполнет ден! :)
     
    На anuskaNESTLE, Springy, cinderella5 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Заборави ги, едноставно.Не вреди човек да си го помине животот размислувајки за оние за кои знае дека му мислат лошо.Минатото е мртво, се до оној момент додека некоја ситуација повторно не го заживее.

    Патем, сдк некогаш некои работи се чувстуваат однапред и без истите да бидат нагласени.Човек може и да е на крајот од светот, пак ќе се знаат тие нешта кои ги премолчува.Затоа е подобро директно и отворено да се разговара, а може само доколку човек има лице да се соочи со оној за кого е наменет разговорот.А наместо човек да се распрашува наоколу, што и како, најдобро е да праша директно од изворот на она што сака да го знае.Многу е едноставен животот, само некако го комплицираме премногу.

    Се додека човек бега и се плаши од нешто, токму тоа и ќе го снајде.
     
    На Shery, julie77 и pamelche им се допаѓа ова.
  10. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Сдк дека конечно денеска ми текна да одам на фризер. Година ипол не се шишав, се запустив ццц...Девојката што ме шишасе просто се зачуди колку разцветани врвови имам.Си ја скратив, ми ја испеглаа, малку ми е криво што толку ја скратив али ајде коса расте :lol: .

    СДК дека колку и да не сакаш да сретнеш некого, се случува токму спротивното. Излегувам од зграда кај мене и како за беља го гледам токму него...Мораше? :( Потоа си се прошетав, дојдов и ми текна да си правам по дома генералка, дури до сега...И сега ке си одморам малку на фемина и потоа во кревет...Доста беше за денеска :)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.097
    Пол:
    Женски
    Сакам да прашам, гледам веќе еден модератор Гордана 10 мислам дека беше ми ја брише бојата од текстот.
    Не е дозволено да се пишува во боја? Или треба да пишуваме само кога имаме нешто да потенцираме?
    Фала на одговор.
     
  12. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.456
    Пол:
    Женски
    Во боја и со големи букви пишуваш кога сакаш да потенцираш нешто
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.097
    Пол:
    Женски
    Оки во ред, фала маче
     
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Незнам за кое мислење ми збориш, конкретно за во која тема.Инаку, се пишува во боја само кога сакаш да потенцираш дел од текстот.
     
  15. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Аххх проклети 4 години,никако да поминат,само 4 години се,ама за мене се како 4 века.........
     
  16. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    Сончко мој си гледа клипчиња од К-15, а каква заразна смешка има. :D
    А јас ве читам и слушам истовремено.

    Тошо: Абе како можеше да паднеш во отворена шахта?
    Миле: Ќути, среќа што беше отворена, ако беше затворена кујзнае како ќе излезев.
    :D

    А повремено ми го пушта Гами Беар, едно детенце го обожава. Многу е заразно.

    http://www.youtube.com/watch?v=astISOtt ... detailpage
     
    На kravce и Magnolija им се допаѓа ова.
  17. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Баксуз утро...
    Со сите се скарав и сега не ми е добро. Мразам кога ќе се најдам во ваква ситуација. Ама што да правам не можев да се контролирам. Се започна уште утринава кога брачед ми ми го откажа вечерното излегување и морав да се договорам со другар ми. Тој па глупав како магаре е. Му кажувам нешто во доверба и веднаш на другар му да му раскажи. Е извини ама многу ме изнервира :@ затоа и си заминав. Ме навреди и ме понижи. Не очекувам извинување од некој како тебе, не си воспитан доволно и образован за мене достојно да ми се извиниш.
    Баксуз вечер...
    Ти вика дека ќе оди во Германија, му викаш дека не треба да се гледате повеќе, дека нема да биде добро да се приврземе, оп го гледам со женска за рака. Добро е ајде можеби нема да ти се смеат другарите веќе. Глупак :^) Не беше достоен за со мене да шеташ... Прво порасни, значи надрасни ме кога носам високи потпетици, подобри си го надворешниот изглед и средиси ги чувствата, па после слободно речи ми здраво. И да пак ќе се правам дека брзам некаде и нема да застанам да ти позборувам. Нема фајде од празни муабети, посебно не со некое флегматично суштество како тебе :puke: :puke: :puke:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Хмм оваа моја бивша другарка велеше дека јас се однесувам како дете... :^)
    Во ред но јас како што забалежав прво ме аднуваш на фб после ме блокираш па сега пак ме одблокираш...
    Мене пак тоа ми е детско.Очигледно си преоптеретена со мојот живот зошто немаш свој.
    Јас воопшто не се замарам со тебе и те оставам да се нервираш зошто сум многу чекори пред тебе!
    Но да си сменам тема не си вредна...
    Денес си уживав во кафенцето што си го пиев сама на терасата.Ветрето ми го галеше лицето а јас со мислите патував даааалеку далеку...
    Уживам во такви мигови,во тишината,тогаш можам да бидам најсмирена и да си размислувам за се што ќе посакам.Мило ми е што си одвојувам мигови само за себе и никој друг. :) 8)
     
    На AnaKarenina и pamelche им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.097
    Пол:
    Женски
    Не е зор маче, само видов дека не е во боја и доле беше потпишана.Нова сум така да постепено ќе се навикнам на правилата.
     
  20. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Некој пие и не може да оди, јас пијам и возам боље од Шумахер :rofl:
     
    На kravce, AnaKarenina, Lepaaa и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.