Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Дали ние сме многу осетливи,или на машките не им дреме за ништо. Ако целата таа енергија шо ја даваме за нив ја посветиме на себе,да се развиеме,да се издигнеме светот би бил друго место. Колку пати погледнувам во темите за кризи и проблеми во брак или врска и се си велам види само како некои сечат вени за мажите,не јадат,не пијат,се живо им се побркува у животот..зарем да се имаш само себе си во животот не е доволно? Зарем треба да заборавиме на нашите цели,нашите желби кога среќаваме некој? Зошто се вели да ја сретнеш твојата половина. Зарем ти не си цела без маж? Барем мажите да беа некои свесни. Искрени,да биде другар а и љубовник,рамо за плачење и да те излудува во кревет,да не се плаши да покаже чуства и да се сретнете кога и двајцата сте цели. А не во потера на половинката..
     
    На faye, glow, Springy и 4 други им се допаѓа ова.
  2. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Само два милиони луѓе имаат среќа да живеат во Македонија, останатите ја немаат таа среќа, но имаат се друго.
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  3. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.792
    Допаѓања:
    6.698
    си ветив дека повеќе нема да плачам.ама што да правам кога солзите сами ми излегуваат од очи.не давам повеќе никој да ме повреди
     
  4. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]
     
    На Buttterfly, JoxyTheFreak, innablood и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Комшии: секогаш мислат дека туѓиот двор го посрале повеќе чавки зашто од ѕверење во него немаат време да погледнат во својот. А ноќе богами не се гледа.
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Ништо неможе да ве врати назад низ времето како што може музиката. Преслушувам некои стари песничиња и си мислам - Ееехх тоа беа времиња :inlove:
    Фалат, фалат. Многу работи и многу личности фалааат...
     
  7. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    СДК повеќе не знам што пишувам.Ми се спие ми се плачи. :lol: Ама пуста психологија не ме остај на рајат.Зараза ми е ,као кокаин. :D Едноставно секогаш има нешто ново што ме интересира.А и сакам да го проучувам човекот како размислува,болестите,однесувањата во различни ситуации,начинот до подобар живот и сето тоа.Мислам дека тоа повеќе би ни помогнало во тоа како да ги научиме нашите деца правилно да се однесуваат и да се справат со потешкотиите во животот,за разлика од порано кога биле необразовани и не знаеле што значи зборот психологија. :!:
    Тоа е тоа ,отидов на спиење,лаку ноч :*
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Колку обично живеам.
    Немам прочитано книга веќе 2-3 месеци, а секој ден иста песна пеам, воедно немам ни можност за креативна досада која ја искажувам во долгометражен пост на фемина каде што ја барам смислата на животот или водам некоја болна филозофија само затоа што ми е досадно.
    Животе врати се назад.
    Уствари не ми требаш, кога секој ден гледам прекрасности околу мене.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    ај лп што е финтата со срценцата
    иначе да не бидам офф топик да си кажам јас дека едвај чекам да дојде 6-ти ако се деси тоа...има многу работи да се сменат ќе има иднина за мене ќе дадам се да се случи тоа а ако не ;( ;(
     
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Јас имам сменето еден куп фризери и никој не ми се допаѓа. Освен една ама таа па на одмор отишла. И несвесно знаев дека овој ќе е утка зошто во принцип не му верувам на фризер со несредена коса ама немаше излез. Таква сум што да правам кога ќе зацртам мора да го сторам тоа, сега зацртав да се шишам и немав ни најмала намера да чекам жената од одмор да се врати а ептен ме погоди последниот пат. Ајде ќе речеш се тоа налет. Ама што е со таа глупава особина на фризерите кога ќе им речеш да ти скратат 1-2 сантиметри, тие ти кратат 6-7 затоа што така сметаат дека требало? Немојте да ми речете косата ти била оштетена зошто не ми беше, триста илјади препарати и ставам и ја чувам, и пред 3 месеци последно ја шишав, ниту пегла ниту фен не и ставив. Едвај ја пораснав колку што сакав, едвај, едвај, едвај, и исто така едвај чекав со таа должина да ја испеглам, и си викам ајде еден сантиметар да скратам колку да се освежи и нееееееееееее, до врат ми ја шишна косата. Сега пак ќе речете ајде коса расте, јас знам дека расте ама зошто бе некој да си експериментира на мојата коса поготово кога знам што се не сторив за да ми е здрава убава и сјајна, и да, кога е виткана верувајте потешко се гледа дека расте косиштето и сега уште половина година нервози ме чекаат за да ја средам пак. Па ниту шишките не ми ги направи како што сакав. Уф значи уф. Нема носење пуштена коса во брзо време.
    Е леле, постов за во испукајте се е, ама да си кажам јас :D

    И не разбирам зошто луѓево едно две ја користат реченицата ајде бе македонска работа. кој краде, кој лаже, кој мами, кој фрла ѓубре, се е тоа македонска работа. А каква работа е на оние културните во државава, оние учтивите, тие не се ли македонци? Никој не препишува вина на домашно воспитание, социјално окружување, туку ајде бе македонска работа. Извинете ама не е македонска работа да одиш на излет и позади тебе прчварник да оставиш, тоа си е работа на немање општа култура, основно ниво на култура, и за тоа не е крива државата, таквите суштества виреат сегде.
    Е сега за мене пример македонска работа е што луѓе крпат за леб, а сега ќе треба да готват у сред ноќ за да имаат помала сметка за струја. Тоа веќе да, се согласувам. Налет друго, ама и на вентилаторов ќе морам да му скратам работно време, нема веќе трте-мрте зошто чорба е работава.

    И не знам дали е до мене, или дали сум по малку забегана, ама во денот си сакам саат до два да бидам сама. Буквално сама. Без да ми заѕвони телефон, без да ме повика било кој или да ми збори некој, сакам сама со себе да си уживам. Најубаво ми е во мое присуство бе, блазеси им на оние што имаат ваква личност во животот :rofl:

    Ајде имајте ден без стрес, навистина тоа ви го посакувам, мојов не тргнал во таа насока ама ќе го опраам. :rofl:
     
    На Buttterfly, Serafima, kravce и 12 други им се допаѓа ова.
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Го знаете она, ти си она што јадеш. Хм, а ја би да го сменам, ти си тоа како јадеш она што сакаш да го јадеш.

    Сите си носиме со себе некои навики од детството. Јас се сеќавам дека постојано ми кажуваа - не се потпирај, исправи се, не ја фаќај оградата валкана е, не мљаскај, не сркај - некултурно е, не оди на петици - не мора комшиите да го знаат секој твој чекор, полека јади, не лапај големи залаци...и слично.
    И, чуди се свету, до ден денес тоа и го правам. Чак што и сум станала „полоша“, едвај издржувам ако некој покрај мене мљаска, срка, сочно и звучно јаде, голта да не речам ждере, а за други мене непознати навики означени од општеството како крајно некултурни, да не правам муабет.

    Ама не ми е тоа муабетот. Ми текна уште една ствар. Што јадеме. Знаете, можеме во текот на животот да отидеме на домашна скара покрај куќарче, во планини, на скромна трева, можеме да јадеме вода и леб со некој, седнати на земја јадејќи притоа со раце затоа што така им налага културата, да јадеме кокошка сите од една чинија, затоа што тие пак така јадат, кршиш парче леб и со него си земаш од сите останати намирници и јадеш како што јадат и тие, затоа што не смееш да го навредиш домаќинот, и тука конташ дека своите навики можеш да си ги задржиш, но надвор од својата куќа, ќе ги почитуваш правилата на туѓата иако се вели - ми каса е су каса, или како беше веќе тоа.
    Можеш да јадеш и во ултра фенси ресторан, во кој се закажува маса месец дена однапред, каде што не знаеш со која виљушка да почнеш да го јадеш првото, па второто, па третото јадење, итн.
    Можеш едноставно да си таму, или онаму, да јадеш првокласен рокфор со свежо излупено оревче, или домашна, оригинал италијанска паста со свежо песто и искинат босилок, да сркаш Сен Емилион од хиљаду и нека и да се правиш дека ги чуствуваш скапаните цреши од дворот на Жак од 2004, секогаш на крајот ќе се вратиш на свеж исецкан домат, со малку зејтин и сол, и тазе домашно лепче кое ќе го мацкаш во зејтинот - и ќе се чуствуваш ко кралицата од Саба. Ма поарно!

    Ја гледам мајка ми како сеуште си ги готви омилените полу-сирови компири, со ким и црвено пиперче, затоа што кога немале ништо, а имале само тоа, го јадела малтене секојдневно. И сеуште и е тоа омилено јадење.
    Се сеќавам на татко ми како обожаваше да јаде попара. Жешко млеко со старо лепче. Или како си ставаше шеќер на кришка леб и капнуваше полека, капка по капка вода на шеќерот. Тоа беше неговиот омилен десерт.
    А јас? Јас мацкам лепче во речиси се. Тоа е моето јадење на детството. Да бидам попрецизна - домат и леб. И не би го сменила за ништо на светов. Слатко ми е, или што би рекла мојата мила Н - баш е симпатично :lol:

    Јас уствари не знам дали важи она, дека си она што јадеш, ама знам дека си она, што си бил во детството. Повозрасен, можеби, ама навиките ти остануваат и секогаш се враќаш кон она, од каде што потекнуваш. Вака или онака.

    Епа, убава нека е саботата со мојата нова музичка љубов. Пау!

    http://www.youtube.com/watch?v=h5Jr4xIc-Zs
     
    На kravce, innablood, nela.oh и 4 други им се допаѓа ова.
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Убаво ми е. И морав ова да го кажам некаде...одамна не сум имала волку мирни, опуштени денови а истовремено исполнети со расдости и мали, слатки задоволства. Почнав и порано да станувам, затоа што така секогаш успевам да завршам се што ми е зацртано и на крај да сум задоволна од резултатот. Значи каква сум станала...одговорна, вредна до даска. Не дека и претходно не бев. :$

    И уште нешто...
    ова лето досега најбрзо од сите ми поминува. :worried: Уживам и во пеколното време, кога ќе помислам за неколку месеци што ме чека, т.е. што не чека сите нас. Одморот ми заврши, имам одлични импресии, многу фотографии и уште повеќе спомени. Само што малку ми беше, сакам уште. ^_^

    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, Adi888, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Ахх лето,лето,многу брзо летна,да.Септенври е месец кој најмногу го мразам и ме потсекаат на мн лоши случки во животот така да ич не го сакам.Септенври и јули моите два проклети месеци кои убаво сум ги запонила никогаш нема да ги заборавам тие случки и да сакам,посилно од мене е.
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  14. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    конечно сум среќна,среќна,ама многу среќна :D :D
    летово го искористив најубаво што можев,секој ден уживам,сонувам,се радувам и на најмала глупост,едноставно сум среќна.
    го сакам,го сакам многу,тој е мојата среќа...уште само 11 дена :l: :l: :l:
     
  15. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Чудни се патиштата на животот. Испреплетени. Мистериозни. Дури да трепнеш те однесле на непознато тло, со луѓе кои мислиш ги знаеш а сфаќаш дека всушност за тебе се странци. И сакаш да се вратиш назад, по истиот оној пат по кој си стасал тука. И тогаш сфаќаш дека назад нема. Или можеби има ама дури го пронајдеш тој пат ќе помине цела вечност.
    Мене не ми се допаѓа ни најмалку правецот во кој тргна мојот живот. Владо Јаневски би рекол- Секое лошо за добро е, што и да е ќе помине. Само јас немам кого да гушнам и да ми помине.... ;(
     
    На Divinebutterfly, Hkikica, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам колку убав ден ,м?Нели!Така е кога ке ти започне си смеење.Ме фати рано сабајле братучетка ми со уште полуотворени очи.Да ја фатила ладовната де..и така со смеење и навраќање на некои случки,ми вика знаеш ли која е најсмешна сцена во мојот живот.Се сеќаваш ли летото 93?Е знам викам како не ,тогаш најмногу сум се избламирала во животот.И почнуваат да ми навираат слики.Значи јас и маж ми тазе земени,ќе се задомаќинуваме,и нели прво и најважно мора да се купи машина за перење.Купуваме во продавница и достава викаат наредниот ден.Добро нема проблем.Другиот ден доаѓа братучетка ми ,оваа од погоре :D ,и пред да дојдат доставувачите ајде да ја извадиме старата машина.Само што ја извадивме од купатилото,кога ѕвончето на врата ги најавува доставувачите.А мене баш во тој момент ми се
    примочува
    ,и си велам да завршам работа набрзина,е се арно ама задниот дел од фустанот го потфаќам зо гаќичките.Во меѓувреме овие на врата ,јас си парадирам така ,и викам чекај со џогерот да забришам .Си бришам јас а гледам овие си се смејулкаат,боже викам невоспитани.А братучетка ми во тој момент позади нивниот грб некои гримаси ми прави , а јас 5 пари не давам.Доаѓа маж ми во тој момент и приоѓа отпозади ми го вади фустанчето, а јас дури тогаш сфаќам што е работата. :$
    Едниот од нив го видов и наредниот пат кога купувавме фрижидер :tmi:
    Искрено ме заболе вилицата од смеење,зашто таа умее баш да го долови моментот :D

    Друго ,ќе одам да си купам сандалчиња ,ги снимив минатиот пат..ниски удобни абе за мерак :D

    Убав ден феминки :sun:
     
    На Buttterfly, kravce, innablood и 16 други им се допаѓа ова.
  17. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.358
    Роденден ми е и среќна сум. Маж ми ми подари цвеќе за роденденот, не очекував и пријатно се изненадив. Повелете на торта и коктелчиња!
     

    Прикачени фајлови:

    • torta.png
      torta.png
      Големина на фајлот:
      81,9 KB
      Прегледи:
      322
    • cocktails.jpg
      cocktails.jpg
      Големина на фајлот:
      54,6 KB
      Прегледи:
      322
    На Elennaa, glow, zhap4e и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Најважно во животот е да не се изгубиме на патот кон остварување на соништата и да ги занемариме пропратните задоволства и луѓето кои секогаш биле тука за нас.

    [​IMG]

    А јас конечно сум будна после одлично помината вечер во женско друштво :wasntme:
     
    На teddybear, Glossy-girl, Adi888 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Ситуацијата вчера чекаме ред со мајка ми во аптека..
    Пред нас едно дебилче од Австралија со мајка му чекаја ред, и бараја нешто одвај се разбраја со та аптекарката, и наплаќа ова мајка му и овај му вели со нивниот македонско-англиски акцент шо ужасно ме нервира |(
    Мамии, прашај дали има обеткии, и таја му вика оуууууу ноо прекини еднаш да ме нервираш тис ис аптекаа |( , и му се врти на аптекарката и му вели те молам дај ми некој апчиња за гла шо појаки оти от ко дојдовме тука, овај ќе ме умри, по фацата се познаваше дека е преглупо дете се изнасмеав за сите пари :rofl:. Туку СДК страшно ме нервират тие шо со сила се прат странци и глумат дека не знат македонски да зборат |(
    Јебеш ги :D , вечер фамилијарен собир кај нас, на тераса, Карти, Сокче, Нешто Блашко ^_^ и мајтапи, ги сакам ваквите собири ме прат среќна и исполнета.

    Вие имајте убав ден и убава вечер, јас сеа малу ќе си поспијам ^_^ :mm:
     
    На Buttterfly, kravce, pamelche и 4 други им се допаѓа ова.
  20. nennsy.densy

    nennsy.densy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    305
    ..........

    [​IMG]
     
    На Elennaa, kravce и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.