Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Кога се гледаш во огледалото и сакаш да го скршиш, не е огледалото тоа што треба да биде скршено, туку ти си тој кој треба да се промени.
     
    На Special.Someone, Peppermint, Stoimenovska и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    СДК дома си е дома ! :)

    Најубаво си поминав на одмор.
     
  3. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    И кога си сам,музиката е со тебе!♥♥♥♥♥
    [​IMG]
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Утрово ме разбуди лаење.
    Јас така бесна што некој ми го наруши сонот излегов да видам што се случува. Пред влезната врата гледам куче,така не многу големо но само,напуштено и исплашено. Незнаев што да направам,влегов дома и зема една виршла,ја изеде.Упорно лаеше,знам,сакаше заштита. Неможев да го земам дома бидејќи брат ми е алергичен на влакната од кучиња и мачиња. Се јавив до кај мајка ми и таа ми кажа да се јавам во ветринарна.Се јавив,фини беа луѓето,ми рекоа дека сигурно се работи за скитник кој бара засолниште.По некое време дојдоа и го земаа.Се чувствував среќно,бидејќи јас не направив ништо,но тоа кученце сега е на сигурно.

    По оваа случка одма си помислив,а што ако еден ден останам јас сама на светот и немам засолниште?
    Кој знае можеби и мене некој ќе ми помогне.
     
    На Buttterfly, monni.t, nela.oh и 14 други им се допаѓа ова.
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски

    Секако дека ќе ти помогне. За напревно добро дело со добро се враќа :d:
     
    На pamelche и cigarce им се допаѓа ова.
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Убаво е да бидеш сакан. Да знаеш дека некој те сака и прави нешто за тебе.
    Но, колку е подобро да сакаш?
    Да не јадеш, а да бидеш заситен од храна...
    Да ги гледаш своите очи во огледало како светкаат како искри...
    Да ти трепери гласот, рацете, телото... а срцето да бие од возбуда.
    Навистина нема ништо поубаво од тоа да сакаш од срце.
    Сакајте од срце!
    Нема поубаво нешто од тоа да ти биде исполнето срцето. Макар и од еден топол збор :f: .
     
    На Libera, teddybear, Elennaa и 13 други им се допаѓа ова.
  7. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Вистина е дека секој е ковач на својата среќа и живот . Најлесно е да се каже гледајте на животот како парче глина или топол восок кој може да го обликувате по своја волја но не секогаш работите излегуваат по наша волја,не секогаш желбите и соништата се остваруваат.Понекогаш ќе се бориш до последен здив за да успееш и да ја добиеш борбата но нема да бидеш победник туку ќе бидеш поразен .

    Еднаш оддамна на мои 17 години верував дека јас ги држам конците во рака ,јас управувам со сопствениот живот ,колку посилно верував и се држев до тоа толку повеќе животот ми поставуваше стапици , сопки ,се сретнував и почувствавував големи неправдини ...верував се до моментот кога разбрав дека сум станала жртва на сопствени заблуди ,верував во убавите работи и соништа но оддеднаш станав неверник некој кој не верува во ништо,на никого ...вербата е таа која што ми е најпотребна во моментов .

    Ако некогаш мислев дека секој е ковач на својата среќа ,јас ги држам конците во рака и јас управувам со мојот живот денес кога искуството ми наметна друга поговорка малку поразлично размислувам сега мислам дека текот на реката не се менува ,неможе никој да го промени ниту јас ниту било кој друг ...е тука настапува марфи на сцена каде вели ако нешто може да тргне наопаку ќе тргне и тоа по најлош редослед ... :!: што и да направите тоа што треба да се случи ќе се случи иако ќе се обидувате да го спречите сепак ќе останете немоќни да се справите со истото ... тоа е животот некому мајка некому маќеа.
     
    На julie77 и Serafima им се допаѓа ова.
  8. wildness

    wildness Активен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    23
    Вчера вечер излегов надвор со мојата братучетка и нејзината другарка. Се договоривме да ми покажат кои се најактуелните места за излегување таму во нивниот град. И така, вечерта испадна одлична. Од клуб во клуб, од пијачка на пијачка, од мување до "незнаењенанеговотоиме" состојба. Го растуривме градот! :rock: Притоа не ни знаев дека е толку забавно во мал град. Се прибрав во 3ипол, добро се изнажуркав цела вечер! Браво за братучетка ми и другарка и' , навистина може да бидат водичи, да го покажат убавиот начин на ноќен живот во нивниот град.

    Како и да е, откако убаво се изнажуркав, се одморив, и ја постигнав целта-барем три дена да ги оттргнам мислите од сите грижи што ме чекаат дома, утре наутро се враќам. Се враќам и сум среќна, нема такви грижи, нема главоболки, има и остана само среќа. Сега сум 'оздравена', поттикната и во Скопје да почнам со истиот режим. Постојано нешто ново да започнувам, да правам работи кои ме прават среќна, да наоѓам нови хобија, да се радувам на малите нешта, да бидам мнооогу самоуверена, да се запознавам со нови луѓе, да ширам пријателства и многу други работи кои ме прават мене среќна и задоволна.

    И да, за сите кои се чуствуваат лошо, изморено од се' и нервозно, дефинитивно одмор е она што им треба. На неколку дена, одделете се од дома, од околината, наједноставно: избегајте. Решение за се', верувајте. Посакувам се' најдобро. :)
     
  9. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Знаете ли какво е чувството да сте СРЕЌНИ ?! Јас денес сум СРЕЌНА и тоа мноооогу среќна. Сакам и со вас да ја споделам оваа среќа, затоа што уште малку и срцето ќе ми пукне.
    Повелете на торта и на журка! :party: :party: :d: :ninja:
     

    Прикачени фајлови:

    На LilBaby, Elennaa, Lepaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    ...Ме фаќа носталгија за чизмички, капчиња, ракавички, шалчиња :wasntme: ...поточно ме фаќа носталгија за ЗИМА.. :^)
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Гледам мојава сликичка со осумнасочникот им погоди на многумина а? :)
    Мала забелешка само за оние кои имаа пишано You, тоа се однесува на Youth како младост.

    Love, Power & Humor - my pick :P
     
    На Special.Someone му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nennsy.densy

    nennsy.densy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    305
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Нека ми каже некој дека не може да се погодат два неповрзани настани што ќе те трефнат одеднаш поради истата симболика.
    Една сосема обична игра ко Mahjong Titans ме замисли.
    И додека чекав да ми дојде интернетот, се намножија секундите.
    Ги гледам како си течат една по друга така во недоглед, се накотиле над 5000. Мех, 5000 непродуктивно потрошени секунди, отидени во неповрат.
    И таман ко демек да си ги тргнам мисливе од тоа, ко двојна доза ме пречекува веста за смртта на познаник. Сестро, тоа преку фб со слика и RIP порака не се кажува. Не е поздрав со разгледница!
    И се` ми се тресе дури пишувам.
    Не дека толку се знаевме, дури речиси воопшто, ама, млад живот бре, болно е што стоеле толку многу успеси пред него кои згаснале за секунда.
    Немам храброст ни да прашам за причината, тоа е најмалку битно сега, кога се` е веќе готово.
    И што? Може утре мене ми се готви истото, никогаш не се знае, не бира тоа.
    А што сум постигнала досега? Што трага сум оставила?
    Ќе останат толку работи недовршени, толку нешта недосикажани, уште толку скриени и летнати во заборав. Баш ко недовршена книга.
    И не дека од утре ќе се сменам поради ова, знам дека нема.
    Ама може пак на други ќе биде хм...„инспирација“, којзнае...

    Другарка ми пак загрижена за фб профилот, кој ќе го деактивирал сега. |(
    Де бре, бива нешто без тоа социјално лајно?!
    Мхм, тоа е најбитното во овие моменти.

    Панта реи. И Милкава со топен лешник го нема истиот вкус ко порано.
     
    На la-chicka, LilBaby, teddybear и 5 други им се допаѓа ова.
  14. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    СДК бавна сум, ама знам да забрзам (малку сум убишка, малку повеќе така); ногу сакаш пари, дури претеруваш по малку (јас сум поскромна во тој поглед, ама можеш си); ммммммммммм убава си; педантна; интелигентна; возеш кола :)
     
  15. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Ех, да ми се врати момчето, да го гушнам силно и заедно да се претвореме во една хемиска реакција; да се разлетаат атоми и прашинки и да се транспортираме во ... ЕСЕН!

    http://www.youtube.com/watch?v=yOKAQSGCm8Q
     
    На calliope, kravce, innablood и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Лелеее колку ми се излегувааа :( да немаш со кого да излезеш жалче сум си :@
     
  17. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    -Пак ти?
    Да.
    -По кој пат се возиш на овој ролеркостер?
    Појма немам. Зошто?
    -Па секој пат кога ќе дојдеш, кажуваш дека ти е последен, а секогаш се враќаш.
    Демек плукам, па лижам а?
    -Па да, баш така.
    Можеби и си во право. Ама знаеш што? Подобро да плукам и лижам, и секој пат кога ќе почувствувам дека има уште малку надеж за мене и овој ролеркостер, дојдам и проверам, отколку да бидам еден од оние мизерни луѓе што моментално ме гледаат и покажуваат со прст, дека сум будала што се вози по 100 пати а ништо ново не добива.
    -А грешат што мислат така?
    Грешат. Затоа што секое возење јас учам нешто ново. Секое возење го засакувам и го замразувам. И секое возење вреди на овој или оној начин. И ќе се возам се додека не сфатам дека моето возење е залудно.
     
    На thelittle17, Divinebutterfly, calliope и 2 други им се допаѓа ова.
  18. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    91.799
    Пол:
    Женски
    Видов од далеку една другарка од основно, ја немам видено со години и ја избегнав средбата со неа. Мажена е, со дете, работа, кола, одамна оформен најверојатно среќен дом. И не дека јас сега го посакувам сето тоа, но кога би ме прашала до каде сум со себе не би знаела што да и одговорам, најверојатно до никаде. Па затоа се криев меѓу рафтовите, а потоа одев полека зад нив. Детенцето и е принцеза, па и таа секогаш била убава.


    А и напета сум. Пржам пинџур, лут, како мене. Си ги барам старките, вечер ќе трчам. Сестра ми ми спремила музика, срцка, само да бидам добра :lol:
    Јас всушност сум лош човек, затоа и немам среќа. Не можам да поминам преку многу работи, не можам да сакам некои луѓе, а и не знам лице да правам.
    Ја сакам фамилијата на мајка ми ама на татко ми не можам да ја поднесам. Ѓубриња, а иста сум ко нив.
     
    На Buttterfly, eli25, zarah и 18 други им се допаѓа ова.
  19. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Додека јас се туфкам што да правам и дали е врењмто за да имам нешто повеќе со дечко ми, мислам на гинеколози, кондоми, тринаесетгодишни се одличуваат на чекорот и тоа без кондом. И после можно ли е да сим бремена? Што да правам? Удри си ја главата еднаш од ѕид. :!:

    Мислам дека домашното воспитување станува полошо отколку подобро. Се сеќавам дека јас дома немам најдено ништо што би го пореметило моето детство. Додека кај една другарка на какао кога бевме кога бевме некаде 6то одделение, типката извади колекција порничи од татко и, и уште не понуди да гледаме и ни раскажуваше што се случува. Едвај ги знатнав ушите за да не слушнам се. :puke:

    Сега е уште полошо, на таа возраст се е*ат по кафичи, вециња, убедени дека они многу се сакаат ! Газот, да ми простите, не знаат да си го избришат а се праат некои секс бомби од 6то одделение. :x

    Мислам дека Sexteen and pregnant ќе се смени во Ten and pregnant.
    Ајде плукајте колку сум конзервативна и заостаната во размислувањата, ама што е многу многу е .
     
    На eli25, kravce, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Сдк дека нервите ми се при крај и незнам што би можела да направам.Значи луѓево немаат КУЛТУРА.Доагаат роднини на гости и мајка ми купи фанта сок и овие моиве разгалени братучетки несакале таков и како ненормални викаат. :@ Ајде отидов купив кока-кола па ни тоа не им се свига.Епа нека си купат што сакаат немам јас нерви. :@ :@ И после идам во соба овие по мене јас убаво ги замолувам да излезат да се пресоблечам и драма направија.Неможам да ги поднесам дефинитивно.И кажувам на тетка ми за проблемите со татко ми и овие одма да кажат,па до толку ли стигнаа бре... :x :x :x Така ли се однесува на гости?? :x :x
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.