Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    На овие горештини Ви испраќам најголем поздрав од топлиот Јадран :*
     
    На pamelche, cinderella5 и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  2. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Тој момент кога само чоколадата може да те утеши и да ти помогне... :doh:
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  3. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Си направив супа со зеленчук...брат ми ми ја изнафали :D :D
    вака така,ќе ме бива за домаќинка мене ;)
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Шо убо ни беше а ? :lol: Иако не спиев воопшто фино си поминав затоа си се одморив дома и сфатив дека само дома си е дома мирно , ладно , чисто уф на никое друго место не е убаво како дома . Никогаш во живот не сум видела такво нешто а имам опсесија уште ооооодамна и прекрасно беше како се да живееше над мене со таа една бела точка .
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Убаво ми е дома нигде не ми се искача...Под клима ладна лубеница,праскички,сливи и водичка со мраз..Абе уживанција... :inlove:
    Ептен е топло бре надвор,не се издржува веќе...Дај нека се залади или пак нека врне летен дожд...Најубаво нешто е летен дожд...ммм...Колку сакам..Ајде бре заврнииииии ]:) :inlove:
     
    На pupi.girl и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  6. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Фали култура кај народот и тоа многу. Мислиме дека сме културни ако отстапиме место во автобус на постар или бремена жена, ако и се насмевнеме на комшивката и и' кажеме добар ден или знаеме која чаша за каков пијалок е...А тоа што не можеме да изброиме до 10 и да ја контролираме нервозата кога најмногу треба, што не си ја држеме устата затворена кога знеме многу добро дека е мудро да премолчиме затоа што ќе создадеме неволја, кога дозволуваме зеленото чудовиште да владее со нас а не правиме никаков напор да го скротиме...Премногу зборување и гледањето накосо го откриваат простотилокот во нас што ниту една добро намесетена поза или шминка не може да го покрие...
    Ми фалат кротки, мирни, сталожени луѓе со смирен и благ поглед околу мене, но се чини се' поретко ги има...
     
    На Buttterfly, kravce, mims-89 и 18 други им се допаѓа ова.
  7. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Се жалите на времево и на вруќините, а јас се жалам дека немам мир од комшииве, секојдневно. Кај се видело во недела, цел е*ан ден на 50С некој да заварува, крши стакла, гради, па растура...
    :@
    И некој ќе ми каже убаво било да се живее во куќа |(
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  8. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.425
    -Мажите и жените се различни, и тоа е нормално, секој човек си е различен. Но жената не смее да биде потценета или обесправена само затоа што е жена.
    -Жените се хероини и време е да почнат да се претставуваат како такви, а не како жртви!

    Браво за девојката што го напишала ова, еве го и целиот текст, обавезно прочитајте го!
    http://www.kafepauza.mk/zivot/silni-zhe ... map=%5B%5D
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Цело време се чувствувам како нешто да ми фали... :tmi:

    Ми фали, не викам не!
    Многу грдо чувство... Ќе се навикнам, валда? :^)
     
    На cinderella5 и Alesii им се допаѓа ова.
  10. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    Се прашувам зошто некои велат не дозволувај да ја изгубиш љубовта поради гордоста ,тој што те сака и да има 1000 причини за крај ќе пронајде една причина за да не те остави и ќе остане покрај тебе ...до кога некој ќе може да трпи навреди,понижувања,до кога ќе може да трпи болки свесно нанесени за да те повредат,да те скршат и накрај да пронајде една причина за да биде со тој што го сака ...јас љубев двапати во мојот живот и во истите ја погазив својата гордост со тоа што простував ,на секој удар јас возвраќав со прегратка...првиот пат бев оставена ,вториот пат ја не оставив туку едноставно се откажав ,заминав ...ми се откина еден дел од срцето ,душата ми остана безживотна но така беше најдобро зарем да дозволев уште да ме понижува?тоа што го сакам не беше доволна причина да останам со него ,зошто да останам покрај некој кој не ме сака ниту ме почитува...во мојот случај на почетокот беше ќе ја погазам гордоста поради љубов но накрај излезе ја погазив љубовта поради трошки од гордост што останаа во мене ...да љубиш и да простиш е лесно но како да веруваш дека нема да бидеш повторно повреден???
     
    На julie77 и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  11. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Значи во Македонија постојат два закони во врска со твоето прашање: Закон за Јавен ред и мир и Закон за заштита од бучава во животна средина. Според законот за Jавен ред и мир дозволено е активности без да ги повредиш во период од 06:00 до 15:00 часот, и по пладне од 18:00 до 23:00. Надвор од овие термини се смета време за одмор. Според Законот за заштита од бучава поделена е средината во 4 категории и три термини Ден, Вечер и Ноќ, и тоа со ограничување:

    Подрачје од 07:00 до 19:00 од 19:00 до 23:00 од 23:00 до 07:00

    1. Од Прв степен 50 dB 50 dB 40 dB
    2. Од Втор степен 55 dB 55 dB 45 dB
    3. ОД Трет степен 60 dB 60 dB 55 dB
    4. Од Четврт степен 70 dB 70 dB 60 dB

    се надевам ке биде корисна информација 8)
     
    На Artemission и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  12. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Фала nensy.densy и blaa. :) :) :)

    СДК дека мнооооооогу жешко,не се диши бре.Ајде уште неколку часа...Дубровник чекај ме :inlove:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  13. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Зарем има поубаво јадење од јадењето на мама? Конечно се изнаспав како што треба, се најадов и се враќам на нормалниот живот.
    Одмор со родителите е всушност одмор во вистинска смисла на зборот. Одмор со другарки е на некој начин замор, не одмор :D Кој би можел да се одмори кога цел ден си на плажа, а вечерта по кафичи и си доаѓаш дома рано наутро и спиеш малку време...

    Ве поздравувам феминки, многу ми недостигавте :hug: :*
     
    На Adi888, Alesii, Ema.Sk и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.609
    Допаѓања:
    201.940
    Пол:
    Женски

    Болат, навистина болат... колку повеќе ги има, толку повеќе болат. И секој нареден пат кога заминува е сè потешко и потешко...
     
    На Adi888, Strumfeta93, pamelche и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Колку брзо поминува времето.. Летаат секунди, минути, часови, денови, недели, месеци,години... А тебе ти се чини како да било вчера..
     
    На Adi888, Hkikica, Ema.Sk и 8 други им се допаѓа ова.
  16. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    животот е како камера,соочете се со него со насмевка :D
     
  17. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Пред да кажеш свое мислење и почнеш реченица со: "од моја гледна точка", провери дали некој воопшто го бара твоето мислење и имаш ли ти таква гледна точка?
     
    На Cacy, blaa и anabel-a им се допаѓа ова.
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека овие три дена се убив од чистење, миење садови и перење. Цело време ко луда, за пред 15 минути да разберам дека сум била во ПМС. :D
    Мајка ми кога ќе се врати и ќе види како светка се` по дома, има на лекар утре од сабајле да ме носат, за секој случај, што ми станало да видат. :D
     
    На Cacy, La.Reina.Del.Sur, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  19. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Женски,идам јас.Ќе ми фалите сите ! ВЕ САКАМ НАЈВИШЕ ! :inlove:
     
    На blaa и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Ве молам, натерајте ме да се навикнам на миризбата на расипано.

    Се викам Мерлин.
    Живеам во град со убава географска местоположба, повремено изместуван од нормалните граници на мирот, покрај река и езеро истовремено, со што не можат многу други градови да се пофалат. Овде во лето навечер може да се спие! Ја имаш ли и ти таа можност?

    Градов мој живее 3 месеци годишно.
    Во јуни, јули и август имаш плажа, питома или дива, урбана или запуштена; кафе-бар до кафиќ и кафеана, летни шанкови и летни сцени, дискотеки на отворено и затворено... овде секој се мачи да заработи од тие 3 месеци за да истурка цела година.

    МЕШАНИ ПАТРОЛИ!!!
    Мешана патрола да, ДОМА, кога ќе си ги измешаат мама и тато улогите на добар и строг, ќе ја средиме работата. Знаете ли вие родители што сте се рашетале со полицијата дека детето дома се воспитува, а не се брука пред сограѓаните? Што ќе му направиш ако го видиш со пиво во рака? Чврга по уво или за коси па дома? Јас да сум како тебе, о ти мајко што шеташ со цајкан рамо до рамо, да си го најдам детето ќе му пратам уште една пијачка.
    Детето не може да биде твоја копија, ниту да биде примерот каков што требаше ти да бидеш.
    Додека сте дома зафатени со Суљо и Есмералда, можете да разговарате со детето, а ниту еден од вас не знае ни како се изразува вашето дете кон постар. И уште ќе го контролирате пред полиција и телевизија. |(

    Втора ситуација: државна инспекција во локалите каде што врие од домашни и странски гости. Бап жолта трака „Затворено од УЈП“ и чешај се ти, драг сограѓанин, кога ќе ја исплатиш казната. Фонометар-висока бројка, пречекорено работно време...
    СЕРИОЗНО??? Исклучи музика и ќе видиш ти драг другар цајкан дека само од врева фонометрите збеснуваат! 00:45 е пречекорено работно време за кафе-бар кој работи 08:00-01:00???

    Рече некој некогаш - сам себе го убијал.
    Ти драго македонче кое се смешкаш од високите редови, трудољубиво, правично и паметно, гледај како сам влијаеш на убиството на туризмот во Македонија. Самоубиство де!

    Расипаното си го имаме во темелот на куќата.
    Не, нема да се навикнам на смрдеа. Авто-гилотина ДА ДА ДА, но по индивидуа, не по апстрактен поим кој за наши простори премногу вреди.
     
    На Buttterfly, crazylady, LilBaby и 26 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.