Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    СДК дека малите нешта дефинитивно го исполнуваат животот. Еден искрен поглед и насмевка значат многу, особено во ова време полно со стрес и нервози... Луѓево станаа многу напнати, се нервираат и се стресуваат за ситници. Чуствувам некоја голема празнина во себе, се чуствувам како да не сум воопшто привлечна и убава, како да нема нешто посебно во мене, дефинитивно не се чуствував вака пред некое време, а ова дефинитивно не е период,ова е само последица на се она што ми се случуваше, незнам дали има уште солзи во очиве мој кој би требало да ги исплакам за да си ја измијам душата од овој немир. Неможам да спијам, по цели ноќи сум будна, од немир незаспивам а не од несоница,очите од умор ми се затвараат дури на пладне, и пак неможам мирно да спијам и во сонот ме гони немиров, ми треба само пријател со кого можам искрено да разговарам, а не погледи полни со лицемерие и завист, нереални совети, нездраво смеење на проблеми и одговори од типот „ма дај ќе ти помине“ незнам дали касно отварам очи, до каде отиде светов?! Зарем никој веќе несака да пружи безусловна љубов? Да подари искрена насмевка? Да смири немирна душа? Зарем нема искрени пријателства? Не, не и не. Несакам да верувам дека нема да најдам личност која ќе ми пружи искрена, безусловна љубов. Кога би имала таква личност покрај мене сигурно би ја ставила раката во оган за него, без воопшто да размислам,безброј пати. Можда премногу фантазирам,или очекувам ама ако не најдам таква личност подобро би ми било сама. Сакам искрена љубов, насмевка, потпора, силна прегратка во која би се чуствувала заштитено, баш како љубовна приказна а не човек кој ќе ме повредува од ново и од ново,празни ветувања и лажни зборови,солзи... Мојата интуиција никогаш не ме излагала, а и сега ми кажува нешто, дека ова чуство на немир ќе исчезне, ќе си ги решам проблемите еден по еден... А ќе дојде и тој, таму е некаде, исто како мене се надева дека ќе ме сретне.. :l:
     
    На marama, Elichka, Cynthia и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Па барем да знаеше да ме излажеш,вака е мн просто,а најпрост си ти! |(
    И едноставно некои луѓе од што незнаат што да излажат ке кажат најглупави глупости. |(
     
    На fallenangel и smiley22 им се допаѓа ова.
  3. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    **можеби ќе ме сметате за бубалица за ова што ќе го кажам ама не е до тоа
    сакам да дојде септември поточно сакам да одам на школо
    не ради тестови испрашување
    поради друштво,ми фали кога ќе губиме некој час и ни викаат да не идеме нигде а ние излегуваме надвор и играме пингвин денс :rock: (тоа беа момент) ми фалат такви луди моменти со некои од класот
    иначе да се надоврзам со постот на вајлд..
    **пишуваат колку се сакаат сонце маче ова она трт-мрт (а во меѓу-време се вараат) и после ќе раскинат и пишува статуси некои тажни и љубовни и на крај на статусот пишува посветено :fubar: :fubar: :fubar: :fubar: :fubar:
    колку се прости тоа да се чудиш и крстиш со две раце (пс.а за тој женкарот со најдобрата другарка се скара и почна да се дружи со едно девојче кое е заљубено во другар на тако званиот дечко :!: :fubar: :fubar:
     
    На Alesii, Stoimenovska, Cacy и 4 други им се допаѓа ова.
  4. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    СДК дека имам инсомниа. ЈБГ. Ќе спијам пак до 5 поручек.
     
    На Aleks96 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Седам на големата тараса, кафето до мене, лап топот и поглед кон морето, само да знаете колку е мирно, бродчиња си пловат абе убавини, прекрасниот мирис допира до мене, ми ги брише сите глупави мисли кои ми се моткаат низ глава и ми дава енергија.
    Комрци ме изпоизедоа, ни аутан ни ништо не помага :devil: :devil:

    Вчера бев да го носам апаратот на поправка, се шокирав кога ми рече 50 евра :^)
    50 евра за поправка :^) |(
     
    На Alesii, Marbella и Special.Someone им се допаѓа ова.
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Тортата беше супер, викендот заврши, струјата поскапе. На здравје е*ање во мозок, секој ден се поголема напнатост од вести
    http://www.youtube.com/watch?v=tTP9FOes4O8
     
  7. Betty.Boop

    Betty.Boop Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    61
    ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lady17

    Lady17 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    351
    Пол:
    Женски
    Хмм, ми недостигаш сестро иако мислев дека нема тоа да го почуствувам пред да отидеш на одмор. Ми недостигаат караниците со тебе, твојата прегратка, насмевка. Врати се веќе, неможам да издржам. Сепак останаа уште само часови до твоето враќање дома, ќе морам да се стрпам. :)
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчера згодниот професор по Италијански ни пиша порака дека продолжуваме од Септември со вториот курс :party: и кога го прочитав тоа, мојата реакција беше :$ едвај чекам ^_^ сето тоа е организирано од Заводот за вработување-ништо не плакаме, а учиме, па кај го има тоа :D
     
  10. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Ај ем бек, мај вирчуал френдс.
    Ќе си пукнам од убавини и од среќа.. Се изнауживав со него и со најмилите околу мене, се изнашетавме и билив ит ор нат оставив 4 кила во Охридон. Кога ја јавнав вагана радости бев.
    Признавам дека последните два-три дена ме фати сафра за дома и за мајка ми. Дневно по милион пати се слушавме од толку што си фалевме, многу ми беше цел месец далеку од неа.. Па само што наполни пеесче, пола век си прослави. Мила моја, само нека е на арно се.

    Ајде, добро ве најдов.. Сега ќе си го премотувам цел одмор и ќе си издишувам задоволно. :drunk:
     
    На teddybear и cinderella5 им се допаѓа ова.
  11. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.163
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека денов не ми тргна арно :devil:
     
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.008
    Допаѓања:
    123.827
    Ден,месец,година,времето лета.Не го осеќам повеќе.
    Цел живот чекај по план.
    Кое тешко време,ништо не можеш да направиш непланирано.Со стегнато срце,гризеш усни и чекаш прво една коцка да се нареди,па друга,па трета,за да го направиш она што го сакаш од срце.
    Ама ете мене ми се прели чашата од цел живот таквото чекање,па решив повеќе да не го следам истиот пат.Којзнае,може ќе испадне на подобро.Од каде да знам,кога никогаш не сум пробала.
    Затоа решив да пробам :) ,и што сака нека биде.Подршката ја имам од него,и ништо друго не ми треба.
    Let it be :whew:
     
    На Buttterfly, Peppermint, kate21 и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.272
    Сдк,

    Озборувањето е нешто што најмногу мразам |( .
    Што ти е гајле за некој си друг, кога истиот проблем го имаш дома?
    Кога потполно истото го правиш?
    Ама изгледа најдобриот излез е тоа.
    Подобро да се сокриеш зад нечија слабост, а со тоа да се оправдаш себеси!
    Такви сме ние луѓето, што вели свекрва ми, озрачени :D .

    Сдк,

    Подобро да го дадеш и последното, отколку совеста да те гризе, зошто не си дал :!: .
     
    На slavica999, Elenuskaa, Alesii и 20 други им се допаѓа ова.
  14. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    [​IMG]
     
    На Special.Someone му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    многуу неубо вака да бришите мислења бе. доказ е ова дека има некој попаметен од вас? :!:
     
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.575
    Пол:
    Женски
    Топло а? :sweat: :D Е топло е ,времево веќе нема усул...

    Дури и мозокот не ми работи на горештинава.Сабајлево излеговме со маж ми на пазар и офтика ме фати.Ем време изгубивме ем половина од работите што требаше да ги купам ,заборавив :!: И му велам арно јас сама си одам и си купам тоа што ми треба,а не да се шетам со рацете на грбот |( За што се фатам најде мана :fubar: а ни тој не знае што бара всушност....МАЖИ бре,мажи...

    Сакам да кажам овие нашиве слушнале ли за сезонски попусти?Ти се молам кафтан за на плажа 1700 ден.А не,не давам јас,си купив материјал по 100 ден метар ќе удрам попладнево 3 раба на машината имам некои перлици со морски фигури ќе нашијам...исто и на ќерка ми...па не се нормални бре како да купуваш свилен фустан бог да чува...

    Имам баш многу работа деновиве...в среда е празник треба да се припремам..денеска ќе преспијам а ноќеска ќе удрам офанзива, ама колку ми е тооплпппооооо,не ми се работи :yawn:

    И така,постов е баш без врска ама ако не и кажам на комшивката Фемина ,празен ќе ми е денот :D
    Убав ден,и не излегувајте надвор без потреба ,страшно е...
     
    На la-chicka, Peppermint, Lepaaa и 5 други им се допаѓа ова.
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Слободата е нешто што никогаш нема да си дозволам да го изгубам. Не сакам никакви ограничувања, а тој што пробува да ми ја зароби душата и срцето, од мене нека не очекува ништо позитивно. Јас и онака ништо не гарантирам, не ветувам, па обидот да ми стави окови е залуден, бесмислен. Нема да ме смириш, затоа што не е возможно. :)
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Ма то нема драга моја ни у Београду ;)

    Епа, не ви се фалам дека ми заврши одморот а веќе ме фаќа мрза да влезам во штосот на работните обврски. Е, убаво, убаво, што не се фалите колку новости има во нашата ни земја :?:
    Незнам дали од топлото или од новите ,,Закони,, ама дамла ме тресна во главата. Секој со свои проблеми па така и јас да си прокинкам малку. Ако немам на кој тогаш Вие ни должни ни сувишни :) не ни морате да ме читате. :tmi:

    Од секое патување учам по нешто. Сакам да истражувам и откривам нови работи. Слушам вчера на една емисија со тема ,,Патувања,, и поканети некои си гости као доста нашетани и еден чиче си кажува кај се бил и прошетал и кажува на едно место во Нова Гвинеја каде што може да се стигне само со авион, живее едно племе (не ми текнува на името) кои се канибалисти. Ха, па ништо чудно си велам, кај нас и те како се јадат живи луѓе за да се достигне до поголема пара и моќ.
    Мислам дека синџирот на исхрана е малку сјебан и тоа алките залутале кај што им одговара. А што убаво не учеа во основно училиште дека поголемите риби ги јадат помалите, навистина учителката била во право :?: .
    Тукууу, да поуживаме уште овој месец на топлото а од Септември јака ни душа од нашите политичари - избори се ближат, избори се ближат.
     
    На Buttterfly, Moira, Serafima и 6 други им се допаѓа ова.
  19. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    После поставеното прашање, понекогаш тишината е најдобриот одговор.. :)
     
    На Gordana10 и Serafima им се допаѓа ова.
  20. mirindaa

    mirindaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2012
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    26
    Научив дека малите секојдневни нешта го чинат животот инзвонреден.
    Научив дека не времето,туку љубовта ги лечи сите рани.
    Научив дека никој не е совршен се додека не напраавиш насмевка на нечие лице.
    Научив дека животот е грд а јас уште погрда.
    Научив дека шансата не е изгубена...Секогаш има некој кој ќе ја искористи.
    Научив дека човекот трага по реката на вистината,но често го наоѓа изворот на лагата.
    Научив дека кој денеска чаже за да живее,утре ќе живее за да лаже.
    Научив дека секогаш можам за некого да се помолам ако немам можност да му помогнам.
    Сето ова го научив од животот.Се надевам нешто ќе ви значи и ќе ви помогне да ја гледате позитивната страна на животот.Се извинувам за грешките,доколку ги има. :)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.