Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Старбакс ми го зема зборот, баш за тоа отворив да пишам. Претеризам е!

    Дај превземете нешто, стварно. Серија е бе луѓе, серија! Толку да се соживувам со тие филувани и нереални ликови. Бог да чува. Затоа и не го отварам често веќе форумот, многу тапа стана. На секој чекор мислење за Величенствениот. Дал во тема, дал Сп. Што е претерано, претерано е. Ќе ве разберев да имате 5 години ама вака :x.
     
    На Hkikica, starbucks, Salome и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Феминки, и јас утре одам на еден заслужен одмор. Добро сега, не сум работела на нива цело лето па да биде до толку заслужен, ама и јас треба да земам здив :lol: Мх, баш ќе биде убаво. Сонце, плажа, прошетки, ресторанчиња и на крај ке си купам нешто убаво за спомен :) Денеска некако хаотично, мајка ми трча наоколу да ги спреми куферите. Јас си тргнав на страна која облека ке ја носам, и накит. Пополека и ке завршиме :!: Ух, малку да одморам глава од компјутери, телевизори и свашта. После одење скоро 2 месеца на пливање ќе видам колку сум научила. Да малку ќе биде нефер, сепак морската вода те држи сама, ама баш ми е гајле, колку моите да видат дека не даваат 3 илјадарки месечно за џабе :lol: Ооо заборавив да ви се пофалам, тетка ми ни купила дигитален фотоапарат! Конечно! Можеби ќе ставам некоја слика во Модни критики, или пак во Ваши професионални фотографии :wasntme:

    Оу, бај д веј, одиме со автобус во 4 сабајле! Вечерва нема да спијам, не ми се исплати :?: Ќе си гледаме телевизиче со брат ми и по пат ќе спиеме :rock: Хах, дур да се разбудам ние ќе бидеме таму (како да не |( ) :D

    Епа феминки, јас да се поздравам вака официјално со вас, Еленка ке ја нема 9,10 дена, се надевам нема многу да се измени форумчево :hai:

    Грција-Пефкохори, ЧЕКАЈ МЕ!
     
    На Alesii, Unfaithful18, Stoimenovska и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Сладолед & Tengo ganas de ti :inlove:
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  4. la-lita-e

    la-lita-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    151
    Цело лето иам на гости едни роднини. Јас не знам толку да си без осет. Да,ти ќе се изладиш,некој ке трча по тебе,ќе ти готви,пере се на готово ама и ја и моите треба да одмореме бре. Ајде поседни една недела ама цел месец бре ! Па и денес ќе велат-ааа арно ни е тука,ќе си поседеме и август. Е браво. Мисли си ти на тебе,дали на некој си му терет баш ти е гајле. Терај си одморот. Тебе да ти е арно. Па и буквално одмор,ни да помогнат,ни да си купат јадење,ни да си се исперат сами. Абе парталите им ги собирам низ куќа. Значи буквално,паразити. Ќе покажеш на овој,оној начин ма не бре,се праи на глуп дека не разбира,он да си тера кејфот.
     
  5. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    :clap: ех да размислуваа сите машки како тебе сите девојки ќе бевме посреќни ,ќе имавме доверба во своите партнери и немаше да чувствуваме страв дали некоја таква ќе ни расипе врска ,брак пошто нели некои знаат да речат таквите лесно им влегувале под кожа на машките пошто нели поголем ќеиф им правеле во кревет |( (глупости на квадрат ) како да морало да се поминат со 1001 па да бидат поискусни и да знаат да направат ќеиф |( ,има и такви кои велат тие подобри домакинки ќе биделе и верни во бракот е колку е тоа вистина незнам :?: н :!:не е поентава да бидеш фраер и да имаш некоја што сите ја имале ,доволно е да бидеш нормален дечко кој ќе ја почитува својата девојка,нема да ја изневерува со некоја која стварно не е достојна за да ја замени ,кој ќе се труди и ќе вложува во врска е тогаш ќе бидеш совршен дечко со кој ќе се гордее твојата девојка ...а девојките на тие фраерите верувај не се гордеаат туку како јас си ја удираат главата од ѕид :headbang:
     
  6. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Искрено незнам зошто некои феминки си даваат за право да злоупотребуваат туѓа приватност овде на форум.
    На шо личи споделување на лични профили и фотографии на членови позади грб?
    Јас ако сум споделил веќе лични информации со тебе очекувам потполна приватност и дискреција од твоја страна.

    Некој ќе рече дека сам сум си крив што споделувам со секој сешто ама воопшто не е во ред.
    Изгледате како колекционери кои собираат инфо за секого и после си го додаваат во колекцијата на откриени форумџики.
    Одвратно е!
    И крајно невоспитано.


    Срам да ви е!
     
    На Doozy, antonina, mims-89 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Сте излегле ли некогаш на прошетка без друштво?
    Колку и да звучи забегано јас денеска излегов. Незнам зошто но ме фати мрза да договарам излегување па некој можел - некој неможел, некој каснел - некој бил точен и сл. И да, така фино се дотерав и си излегов да прошетам некој круг низ градов. Значи се вратив пред малку и чувството е прекрасно. Додека шетав набљудував како живеат луѓето. Искрено , ми беше интересно но нели неможе да излезете а да не сретнете некој познат. Да , луѓето се љубопитни - одма се чудат каде одите така сами... Да - ЛАЖЕВ. Не кажав дека излегов чисто на прошетка туку дека бев нагости, шетав со другарка, имав работа и сл. :D
    Некогаш ќе го повторам ова - чисто за да си го одморам мозокот :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Колку само ми е лесно вака е неописливо.Да ова ми е еден ден од најзаморните во кои што сум спиела само 2 саати,ама воедно и најсркен. :)
    На прво место сум си јас и ако некој/некоја ме цени каква што сум добро,ако не пак добро,нема да кинам живци за будали.Не ме сакаш ваква? Епа не планирам јас за тебе чуда да правам,не го заслужуваш тоа.
    Ама тоа и не ми е важно за такви немам време да трошам затоа ке си се змарам за попаметни работи. 8) 8) :)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам толку исфрустрирана од последниве случувања, со мене.
    Мислам дека спас за мене нема. :x
    Ептен глупаво се чувствувам, дури се чудам како можев да дојдам до оваа ситуација.
    Никој не ме сваќа сериозно, сите викаат - ќе ти помине, ништо не е. :clap:
    И јас самата сум свесна дека ќе ми помине, знам. Се ќе се среди.
    Но просто ме нервираат предрасудите. Премногу. Изгледа дека неможеш да бидеш слободен, да бидеш она што навистина сакаш, да правиш нешто со срце и со чувства а некој да не те погледне на криво. Мораш да се однесуваш со преправање, демек неее јас немам проблеми. Да им правиш лице на сите, за да те сакаат. Ма јас ако не сакам некого, веднаш во лице ќе му кажам, нема да се преправам и да се лигавам.
    Ме нервираат и луѓето кои од мојот проблем, прават уште два слични, и преувеличуваат. :emo:
    Ај па и ја.. давам со моиве проблеми и ширам негативна енергија.

    Од сега па натака, ќе се сконцентрирам само на убави нешта, за она што не ми се допаѓа нема ни да размислувам. Јас ќе си го креирам животот така како што јас сакам. Ветувам дека секогаш ќе бидам насмеана, и нема да дозвлувам толку лесно да се повредувам.
    Поздрав до милово форумче, кое секогаш ги слуша моите проблеми и ги крие сите мои тајни ~
    :)
     
    На Hkikica, Johny и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    СДК сите тие автосугестивни мисли како треба да му се насмееш на животот за да ти возврати со насмевка, како не смееш да се откажуваш по никоја цена, ми прават вистинска смисла последниве месеци.

    Не можеа да ѝ најдат дијагноза неколку месеци, се влечкаше по лекари и болници и ниту еднаш не ја видов да заплаче, да рече - еве, дојден ми е крајот, вие да сте живи и здрави, како што знаат да кажат други.
    Не потклекна, не попушти и на крајот и самата докторка ѝ рече - жива си, затоа што ментално си неуништлива. Психички си многу силна.

    Значи секоја чест.
    Буквално се допре до смртта и се врати, веројатно на Ѓаволот му акнала некој јак шамар, зашто дотолку е непокорлива, просто ѝ се восхитувам.
    И еве сега фала му на Бога, коцките почнаа да ѝ се редат, проблемите стивнаа, а некои сосем исчезнаа, жената е жива, здрава и посреќна од кога било. И внуче си дочека, со насмевка и неверојатна енергија. Не знам од каде ја црпи покрај се' низ што помина.

    Само сакам да поседувам барем половина од таа ментална сила која ја има.
    За восхит се таквите, издржливи и самоуверени, без разлика дали е за диета, наоѓање работа или преживување.
     
    На Buttterfly, Annath, Doozy и 23 други им се допаѓа ова.
  11. Gi.ir.ll

    Gi.ir.ll Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    60
    Пресреќна сум што имам прекрасно семeјство кое многу си го сакам исто и тие мене :) и тоа дека имам прекрасни другарки на кои можам да им се доверам :D . Ја ја имам таа среќа да имам семејство,тие се мојата среќа,а некои немат ни семејство, а камо ли едно скриено катчее...Кое мое откритие и секогаш ќе го посетувам :hai:
     
    На Alesii и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  12. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.228
    Допаѓања:
    140.093
    Иде одмор. А јас не можам да го дочекам.

    Не дека толку ми треба одмор, оваа година не смеам да се пожалам, туку затоа што после речиси шест недели ќе си ги видам децата. Знаев дека ќе биде тешко, ама не знаев дека ќе биде до толку. Сум ги оставала и претходно, ама распар, двете заедно до 3 недели, па некако одело времето, ама прв пат вака месец и пол двете заедно. А што ќе прават тука, таму кај што се им е супер, и добро се згрижени. Само далеку е да се оди за викенд, и не можам да тркнам да ги видам.

    Секогаш кога ги праќам на одмор сфаќам колку голем дел од времето и енергијата им ги насочувам секојдневно. Имав купишта планови, некои се исполнија, некои не. Барем куќата успеав да ја средам, како аптека ми е сега, а имаше парчиња мебел кои 3 години не беа расчистени од глупости. Преку глава ми дојде средувањето, ама успеав! Се видов со еден куп луѓе со кои редовно немам време да се видам. Се изнадружив со љубовта, и тоа баш сега, кога ни беше најпотребно. Малку се имавме оддалечено поради секојдневните обврски покрај кои едвајни остануваше по еден час дневно да поминеме заедно, а тоа не е доволно да се направи се што треба :) . Една пријателка ни рече дека никогаш не не' видела волку опуштени до сега, сме зрачеле енергија. И не само таа, еден куп комплименти добивме дека супер изгледаме, а јас на шала на сите им реков дека ќе ги праќам пак децата по еден месец на одмор штом толку ми годи :)
    Не успеав со диетата и школото, макар што ништо не е изгубено, и знам, сигурна сум дека ќе биде кога ќе се вратам.

    Шега на страна, не можам да опишам колку ми недостасуваат. А не сум баш типична мајка која не може да се одвои од децата ни два дена и се јавува дома од работа по 6 пати дневно.
    Убаво е човек да биде слободен, ама интересно е две, три недели најмногу. Си го сакам назад нормалниот живот, со трчање од едно место на друго и милион обврски. Сама сум си го наметнала темпото затоа што ми одговара. Си ги сакам најмилите. Сакам да им кажувам за сонцето, планетите, да им читам книги, да решаваме тестови, да им кажувам за природните појави, за луѓето и животните, за растенијата, за природата, за се што нивните мали сини очиња можат да видат! Сакам да ги видам!

    Уште 97 часа и 30 минути.
     
    На Buttterfly, Annath, kate21 и 14 други им се допаѓа ова.
  13. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    2 дена во Охрид и албум од 250 слики ?! Стварно ? :|
    Јас немам толку слики од целиот мој живот ,леле how boring i am ...(facepalm)
     
    На Buttterfly, maca99, Glossy-girl и 17 други им се допаѓа ова.
  14. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Колку можат да ме исполнат ситни поклончиња од личности кои за кратко време ги чувстувам блиски. :wasntme: Ќе ми недостигаат изминатите 10 дена. Со задоволство би одела во Св.Николе, Куманово, Кавадарци барем на 2 дена, само летово да заврши како што беше до сега.
     
  15. stefyle

    stefyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    110
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека ногу ми недостасувааа.... :( :( :( :inlove: :$

    се немаме видено цела недела...отиде во Ск.... ;( ;( али ајде можи ке си дојди утре... :) ... :inlove:
     
  16. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.500
    Допаѓања:
    17.234
    Сме се оддалечиле многу, ептен многу. :|
    Мислев дека кога ќе дојдеш ќе ми кажуваш шо како било, ќе ме прашаш мене како ми било шо сум праела едно друго. А ти, ти само ми кажа убаво си поминал, последните 2 дена ти биле досадни и толку. Јас не те знам ваков, до лани кога ќе дојдеше по 2-3 саата муабет сме праеле, како да не сме се више со години а поминувале максимум 7 дена, а сега 10 дена и олку малку муабет да напраиме, хм. :?:
    Чуден си ми братко.
     
    На Adi888, Alesii и si.exs им се допаѓа ова.
  17. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Полека, неприметно си станав зависник од Фемина. :!:
     
    На Serafima, Hkikica, PeaceLoveBasketball и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    Тајната на добриот живот лежи во тоа никогаш да не очекуваш нешто од другите. Доколку ти дадат нешто,едноставно го земаш,но доколку ништо не ти даваат,не разочарувај се!
     
    На Serafima, Hkikica, Gordana10 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Оваа лето ми се сврти животот за 360 степени. Таман кога помислив дека ќе немам со кого да го поминам летото и како ќе си го поминам, добив понуда за работа. Неверојатно искуство, луѓе на кои им сум благодарна за поминатото време со мене, еден куп научени работи и пари.
    Си изнакупив работи, кои не ни сонував дека ќе ги имам еден ден. Вистина не отидов на одмор, ама среќна сум пак.
    Го најдов него и не сакам ништо повеќе. Совршен е. Точно знае што сакам и е до мене, а знае дека ќе заминам. И пак ме теши и ме турка напред, ќе ме чека ветува.
    Успешно си ја положив матурата, аплицирав за стипендија и ја чекам фамозната диплома.
    И да, се зближив со едно суштество кое е налик на мене :D .
    Како и да е, ова беше лето во кое се соочив со реалноста, осаменоста, болката и љубовта. Послаба сум за 2 килограми, имам кратка коса и огромна насмевка.
    За ова прекрасно лето феминки
     

    Прикачени фајлови:

    • champagnepop.jpg
      champagnepop.jpg
      Големина на фајлот:
      101,4 KB
      Прегледи:
      258
    На Doozy, maca99, Springy и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.243
    Допаѓања:
    10.406
    Пол:
    Женски
    Моментот кога после викенд полн со јадење и пиење ќе видиш дека си симнала едно ипол кило-прајслес!
    Која сум јас среќничка! :sun:
     
    На Alesii и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.