Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Не знам дали да се радвам дека се ослободив од врска, или ми е тешко, не можам да си го опишам чувството :|. Времето ќе си покажи дали сме за заедно или не, јас не можам ништо поќе да напрам, кога едниот само ќе се бори врската не можи да опстој, а не можам јас цело време да се борам за се, а тој воопшто ко да не му е гајле.
    Се чувствувам поослободена, и немам секирации ич.


    Имајте убав ден :hug:
     
    На LilBaby, cinderella5, pamelche и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... таму каде што е најтенко - се кине, рекле постарите.
    Епа се скина, отиде во неповрат, ама нема да дозволам да си ги кине живците личност која заслужила само убави работи во животот, а за возврат добива куфер полн фекалии.

    Донекаде и сфаќам дека не се удира со главата во ѕид, има моменти кога треба да си речеш СТОП, почекај сега, со сила убавина не бидува.
    Ама доаѓа на ред и тој момент кога има да буткаш и туркаш со сета сила и нема да се препуштиш на горенаведените филозофии и судбина и така требало да биде и нема да попуштиш па макар пукнал/а.

    И ете, буткавме и туркавме како две тврдоглави магариња и успеа во сите замисли, вака или онака, со мака и со тешкотија, ама се подредија коцките.
    Неизмерно сум среќна, немам брат, но исто како да го имам покрај него.
    Сега му посакувам само убав одмор, а потоа успех на работното место кое го очекува. :)
    Ние сме тука еден за друг за секоја убава и неубава работа, а тоа сознание ме исполнува со среќа - да имаш на кого да се потпреш и за добро и за лошо.
    Реткост е тоа денеска.
     
    На Buttterfly, LilBaby, tweety26 и 21 други им се допаѓа ова.
  3. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Ashes to ashes, dust to dust.
    И ветер.
    И што има од човек?
    Што е човекот воопшто? Незначајна единка, една од билиони.
    Се раѓа, се бори да опстане, љуби, пати, се радува и на крај се претвора во прашината од која цврсто ги стегал капаците за да не му влезе во очи.
    И колку е фер мајка да ги напушти своите деца баш кога највеќе им треба?
    О, да, зборувајте ми за добрите сили на универзумот.
    Моментално сум им скарана.

    И иако не ми се ништо и дознавам дури сега, ме трефна исто како да сум дознала во моментот.
    А тие делуваат толку кревко, толку збунето, но во себе носат огромна сила, сила да ти подарат насмевка и со стегнати заби да продолжат со секојдневието. :bow:
    И знам дека од нив ќе станат големи и предобри луѓе.
    Како што е татко им.
    Како што беше и мајка им...
     
    На bittersweet, Serafima, Lolipop23 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Не за џабе рекле Shopping is cheaper then psychiatrist !! :D

    Денес си купив преубаво, фустанче, убави кремасти кондури на плута и еден пар ниски сандали портокалови..
    Замислете отидов само за една работа и се вратив со три :$
    признавам, губам контрола, но на крај i'm happy :)
     
    На tweety26, Cacy, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    СДК многу сакам нешта што ми предизвикуваат солзи во очите. Што ме смеат до солзи или ме растажуваат до солзи. Што ме наежуваат, ме предизвикуваат, на некој начин ме мотивираат, ме инспираат, ме тераат да размислувам.

    Без разлика дали се работи за човечко битие, за предмет или за напишан текст, ако нешто допре до мене до тој степен како што спомнав погоре, ќе остане засекогаш во мене и секогаш ќе го чувствувам како дел од себе и секогаш ќе го гледам, читам, слушам со симпатија и благо треперење на срцето.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  6. hrcace

    hrcace Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    160
    Сакам да не сум тука веќе да ме неам :@ и волкот сит и овцитер на број :(
     
  7. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Тажни или среќни, вљубени или осамени, расплачени или насмеани, пак живееме за ново утре. Чекаме нова надеж..Пак се вртиме во круг.. Круг наречен живот. За некои мајка а за некои маќеа..
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Шеесет и четири проценти од Македонците генерално се задоволни од животот што го имаат во моментов, покажува најновото истражување Евробарометар спроведено по барање на Европската комисија.

    Ај да им верувам на резултатите иако не знам како е формулирано анкетното прашање и колку е репрезентативен примерокот.

    Прашањето ми е - Што подразбира просечниот македонски граѓанин под задоволителен квалитет на живот?
    Претпоставувам - да може да купи леб, млеко, растителен кашкавал и кило патлиџани, за ручек да си направи компир-манџа, не мора со месо и така не е многу здраво, нели. Ма какво телешко, морска риба и други глупости. Понатаму, по цел ден да дреме пред телевизор и да гледа турски серии и репризи по којзне кој пат. Да си вели чувај боже од полошо, да се заблагодарува за животецот што си го живурка и да моли Бога да не се разболи оти тогаш мав му е работа.
    Да му даде на детето-тинејџер 100 денари за излегување, за да може ова да се направи мортус од некое евтино вино. Па што друго му преостанува кога родителот не може финансиски да му овозможи редовни спортски активности. Ќе седи по цел ден како дембел, ќе пушти стомак на 18 години, и ќе ја псуе пред телевизор македонската репрезентација за лоши игри.
    Театар, кино-што е тоа? Луксуз е да помисли барем еднаш месечно да си купи некоја добра книга, да седне барем еднаш во месецот во некој добар ресторан на ручек со семејството, како што прави сиот нормален свет во некои други земји.
    Патувања...А зарем има потреба да запознава други култури-Италија, Франција, Холандија - што ќе му е тоа кога секоја вечер ја апсорбира турската култура. Па многу култура ќе му дојде...

    Ах македонче бе...ќути си, трај си задоволен од тоа што го имаш, закопан во својата бесперспективност и просечност.
     
    На Buttterfly, Libera, Annath и 32 други им се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Тргнувам сабајлево за Скопје ,имав работа до државна болница и по патот до автобуската се осеќав како [​IMG].

    Ќе речете зошто?Затоа што одам и гледам сите ме загледуваат,јас се дигнав како лотос на вода,си велам ,ама се дотерав ,никој не може да ми пријде,а да не ме погледне,топло околу срцето,ма и бабички ме загледуваат,а можам да се кладам дека и едно куче ме погледна....

    Стигнувам на автобуска,ме гледаат патнициве а јас си мислам е баш добро што станав порано да се средам,задоволно се смешкам ,ноншаланто си ја наместив сукњата чиј разигран набор го реметеше моето утринско совршенство.Си се сместив до прозорецот на автобусот, нели тој е од оние матирани и дава ефект како огледало,гледам нешто чудно на мојов нос.Брзо го вадам огледалото,таа стаклеста проклетија-на сред нос огромна црна флека кој знае од што.Како сум успеала да се замачкам и јас не сум свесна [​IMG]

    Ех...таа убавина...така тенка.Така недостижна,недофатлива и променлива..особено ако имате флека на носот...Потонав во седиштето и брзо бришење ,ама тоа не ми помогна да не се чувствувам како [​IMG].Среќа не отидов во Скопје таква инаку по сето тоа загледување по улиците ќе си помислев дека сум најубава на светот
    [​IMG]
     
    На Buttterfly, Libera, LilBaby и 25 други им се допаѓа ова.
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    91.799
    Пол:
    Женски
    По дома не маваат бубачки. Јас вчера за преуредување на собата, поинаков распоред и некако потопло ми е. Не од летово, него собичкава.
    Денес станувам мајка ми решила да реновира по дома. Растуривме за кречење ама не, уште еден тоалет, па ламинат. Мајко чувај пари :wasntme:
    Затоа си се облековме со сестра ми, правец во црква, а потоа на мал шопинг. :wasntme:

    Него еден од работницине улициве што ни ги прават се заљубил во мене, јавно пред сите ми призна, сакал да ме жени :rofl:
    Со другиот се закараа кој ќе ме ќари, а јас така лична нечупана, недепилирана им откажав и на двајцата љубов :D
    Среќа денес се средив инаку како Луничка и јас ќе се чудев зошто ме гледаат луѓето :lol: (Луничке шала мала)

    А да, и сум ви кажала колку мразам ненајавени гости кои остануваат по цела недела? Епа сега ви кажувам, многу мразам. Го прашувам фино- Абе ти утре ќе си одиш? - Не бе, во петок ќе си одам.
    И почнав да чурам ]:)
    Имајте убава вечер, а јас ќе уживам во хрчењето :devil:
     
    На Buttterfly, LilBaby, tweety26 и 15 други им се допаѓа ова.
  11. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    Ги гледам децава и се чудам. 8-годишно дете има мобилен телефон и фејсбук профил :tmi: Како бе и родителиве им дозволуваат така. Кога бев јас на нивна возраст не се прибирав дома. Постојано игравме некакви игри: криенка, брканичок, џамлија, ластик... Денес тие играат фарма и покер :fubar: До кога вака, до ко-га |( ?!
     
  12. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Извини монни што вака баш на твојот пост ми се падна на коментирам ама доста веќе беше со овие споредби од минатото и денес.
    Не знам зошто толку се чудите кога и ние самите сме дел од таа револуција.
    Почнувајќи од електрониката, музиката, стилот на облекување до однесувањето и се друго.
    Сфатете дека како времето минува така и животот се менува. Она што било океј во наше време сега веќе е застарено.
    Она што за време на нашите родители било океј и тоа веќе е застарено.
    Едноставно сметам дека се излитени овие споредби со минатото и денес.
    Имавме ли тогаш компјутери, интернет, телефони? Не. Затоа времето го трошевме на друг начин. Не велам дека сегашното воспитување е правилно и здраво ама тоа е, мора да се навикнеме и да се соживееме со овој начин на живот. :)
     
  13. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Почнав да пишувам овде една „мала“ интимна исповед,пишував пишував пишував....се истрошив психички. Си кажав се што ми лежи на душа. Но не го објавив,го зачував на ворд за секој случај,ако му е судено да види бел ден утре,ќе види,ако не,delete е прекрасна опција. Изгледа ми е страв да не види некој што не треба и да не се препознае,макар што би било преголема случајност одеднаш сите да почнат да читаат женски форум а тоа би им паднало последно на памет сигурно,а секогаш е така кај мене како што не треба и ќе се искомплицира,абе кутрата јас.
     
  14. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Случајно налетав на ова во темата Специјален поздрав до...
    ама реков да не пишувам тука ќе пишам овде.
    инаку мислењево е од цигарче

    Ме потсети на едно многу убаво време,искрено јас без неразделна од ова чудо наречено чибичан мое другаче ми беше,а на изглед мислам однавор имав едно што изгледаше како Пикачу,замилете со него дури и спиев,до мене на перница и тој беше. :lol: И вистина е тоа,се будев во ниедно време за да го нахранам да не ми умре,еднаш ми умре леле кога сум зела да плачам,ни јас не јадев,замислиете.Хахаха кутрата јас,премногу се приврзав со ова.

    Убави споемени од детството,убаво си игарме ние.А денес,денешниве деца ги гледам надвор ни знаат да заиграат ни ништо,само така си седат.И муабети рекла-пререкла.А што е најлошо и на 11-13 години веќе имаат дечковци или се имаат мувано.
    А мене ми е срам да кажам дека до 14 години си играв со барбики :$ :rofl: :rofl:
     
    На blaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Преку глава ми е од Ештон Кучер, мајке ми!
     
    На Marcey му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Сдк мн работи.Конечно денес (за првпат) се смеев со голема радост.Ништо не е позначајно од вистинско пријателство и љубовта.Утре на шетање,на планина со луѓе кои што животот без не би бил целосен.Одвај го чекам утрешниот ден.А вечерва пуштив музика до даска,песните кои ги сакав најмногу и играв,пеев како никогаш досега.Само колку ми фалеше,постојано ги слушав овие песни,ама со тага во срцето и солзи,а денес со убава насмевка на лицето и тоа заради тебе.Едвај чекам да те видам.
    Ти ме подржуваш во себе,ми даваш храброст.Те сакам и ке те сакам. :l: :l: :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Терапија против стрес : генералка по дома + шопинг :)
     
    На Serafima, Special.Someone, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Најчесто, стравот од носење погрешна одлука за да не се направи грешка, е токму најголемата.
    И после заради мојот кукавичлак, кој всушност е прикриен со стравот да не се повреди некој, грижата на совест, т.е. најлошиот тип на милосрдие, демек правиме нешто добро за некој и се жртвуваме, ми е крив животот, судбината, Бог...

    Жими газот.
    Ми иде некогаш да си лепнам еден убав шамар за да престанам да тапкам во место и да почнам да преземам нешто, а не да се кријам позади изговори. И може тогаш ќе сфатам дека секој може да се грижи за себе. И уште ќе сфатам дека чекорот и не бил така страшен и ќе се охрабрам за нови работи. Ќе избегам од се` што ми го прави монотон животот, од ветувања дека од утре ќе биде поинаку, а знам дека нема да ги исполнам, од досадни луѓе, од врски што не ме исполнуваат, ќе дознаам како е да се чувствува нешто подлабоко, а можеби и ќе ја научам разликата меѓу љубов и зависност.

    Дотогаш, смотана една, уживај во твоите мисли кои ти создаваат само мизерија, во неисполнетост, нереализираност. Можеби еден ден кога ќе сфатиш што си пропуштила поради твојот глуп страв, ќе сакаш назад, но ќе е доцна...
     
    На Buttterfly, fallenangel, Special.Someone и 2 други им се допаѓа ова.
  19. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    .......Некои болки никогаш не згаснуваат.Си мислам дали сум станала уште повеќе сентиментална,ама не,тој проклето фали,и по 5 години ;( Му ветив дека името ќе биде негово,ама сепак не ми значи.Сакам да е со мене,и да ми го даде тој бакнеж во чело кој проклето фали :doh: Никој повеќе не ме бакнал така ,нити и ќе бакне,тоа е тој-бакнеж на тато,полн со љубов и спокој.
    Некогаш ,затворам очи,и замислувам дека е до мене,и ме бакнува и гушка.И она неговото-Не му ја мисли толку,се ќе биде..........
    Во оваа тивка вечер,по којзнае кој пат откако те нема,заспивам со мокра перница од солзи по тебе.
    Мислев дека со тек на време ќе се навикнам,ама се како да беше вчера.....

    Јас се извинувам за тажниот пост,ама морав некаде ;(
     
    На Silver.E, Hopeful, zarah и 16 други им се допаѓа ова.
  20. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Раскинав со дечкото. :|
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.