Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Се разминавме, и јас ништо не почувствував. Само рамнодушност имаше во мене, сеедно ми е. Го дочекав и тој ден, да поминам покрај него како покрај странец. Дури ни срцето не ми се забрза, колената не ми затреперија, исто како ништо, никогаш да не се ни случило. Излечена сум, така си помислив. И си ветив дека веќе нема да пуштам ни една солза. Ништо не е вечно, тој беше само уште еден патник во мојот живот, дојде и си отиде. Трагите што ми ги остави, избледеа. Тоа беше денот, кога со чиста свест и гордо му кажав ЗБОГУМ.
     
    На Buttterfly, N.Kety, Bright и 17 други им се допаѓа ова.
  2. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Ако направам вака тогаш мама, .... тогаш тато, ........тогаш тој......, ......тогаш ..................?
    Имам вишок грижа на совест ,полека ме убива.
    Ставам на пауза одлуки после кои знам ќе сум среќна, ќе тргне на подобро -но прво за другите ми е важно како тоа ќе го поднесат?Мерам ,мерам ,никако да скројам нешто .Оти јас многу размислувам |(
    Не дека јас и мојата среќа сме најважни во мојот живот ,тоа сигурно не.
     
  3. nennsy.densy

    nennsy.densy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    305
    Сликата кажува се :)
    [​IMG]
     
    На Madonna, Lepaaa, JoxyTheFreak и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Она кога ставаш крај, точка, и ја развлекуваш до толку да кога ќе се свртиш гледаш дека си испишал уште една страна, story of my life.

    Си бевме еднаш јас и мојот вонземјанин, компатибилни ко споени од креаторот на универзумот лично, тој го јадеше сладоледот а јас корнетот. Го делевме чоколадниот крај.
    И сега, после толку време, сфаќам што губам, сфаќам дека го сакам. Упорно јас и минатото се довикуваме, ехо кое никогаш не прекинува, или the vicious circle. Еј, па секогаш е интересно под ѕвездите. Можеби и сонувам, ама ако, го сакам и имам мир, повеќе отколку во обратната варијанта, колку и да одрекував.
    Ах живот, ко ткаенина во ткаење, не знаеш какви дезени ќе изработиш и за што ќе се искористи.

    И, кој не си го знае коренот на стеблото нема поим колку возбудливи приказни пропушта. А пак ако почне да ги бара, авантура.
     
    На Bright, L-enna и cinderella5 им се допаѓа ова.
  5. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Сакам да кажам долго време ме немаше бев на годишен одмор,денес ми е прв работен ден,добро сум ,Ве поздравувам сите иод утре поопширно ке ви пишам за се.
    Ми недостасувавте.
    :hai: :) :D :D
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Знаеш не ми е грижа повеќе и тоа е многу добро зошто напредувам ех колку само напредувам . Било некогаш а никогаш нема да се врати . Поминала болката во грб ќе се најдат нови ако имам потреба . Засега немам потреба од никого имам две , три доста се :) Најбитно си го имам него другото се е сувишно ;) Се потсетувам. Кој не се потсетува убаво било минато , спомени но завршило и мило ми е што на време ставив крај со тие две кокошки кои ми го загрозија животот и поминаа скоро 2 години и сум спокојна после долго време и не се прашувам веќе , не мислам . Имам сега една преокупаија која треба да ја завршам до август ќе биде сине се ќе се среди знам :lol: После.. е после ќе се денса ќе се урла и пак на учење . Цел живот учиме никогаш нема да доучиме до крај дали од грешки , искуства , јазик од се по нешто се учи цел живот и никогаш ништо не е доволно . За сето тоа е потребна сила , енергија која секако ја добиваме од луѓето кои не опкружуваат . Без нив животот би ни бил како на марс :hai:
     
  7. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски
    СДК дека ми е преку глава од мајка ти и од нејзините уговарања, ако продолжи така наскоро ќе си го оствари сонот и ќе ме снема од твојот живот-- се надевам дека ќе и најдеш ПОдобра снаа од мене :@

    Преку глава ми е од твоето игнорирање и пукање на стари работи на нос :@

    Преку глава ми е да бидам во врска која има иднина ама нема со кој да се створи :@ :@ :@ :@
     
  8. Alone-Girl

    Alone-Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    27
    сакам да кажам дека сум премногу настината, ме иритира настинка во летерн период.. уфф додека сите шетаат и уживаат надвор од дома, јас седам дома на фемина и четувам на фејс. :@
     
  9. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК денеска се чуствувам живо,едноставно полна сум со позитивна енергија...Минатата година баш на овој ден за малку ќе ме каснеше змија :| Од тогаш го сфатив животот посериозен и дека секој момент треба да се искористи максимално :!:
    Сите понекогаш имаме падови,но најважно е да станеме.Колку повеќе паѓаш толку си посилен кога стануваш :!:
    [​IMG]
     
    На Serafima и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  10. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Не можам и не можам да ги сфатам денешниве родители. Значи се отепа детето плачејќи |( Па уште му се дере како луда ццц :fubar: Сигурно и го удрила.. Па што и да направило не заслужило такво дерење и плачење. Јас разбирам дека се трудиш да бидеш строга, но ако си нервозна од нешто друго не се истурај на детето. Тоа потоа ќе има проблеми во животот, само поради тоа што не знаеш каде да ја истуриш нервозата.
    Се изнервирав веќе.. :x
     
    На Madonna и anggell им се допаѓа ова.
  11. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    Денес видов бубамара дома, а таа носела среќа. Епа ако е така, добредојдена е. Добро би ми дошла малку среќа и мене. И гледам сега, бубамарава си стои на истото место. Зар многу среќа ме очекува ?! :lol:
     
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Скролајте ме слободно.
    Аристотел пак се населил во мене, па мораше реферат да напише. :D
    Кој филинг е да се будиш уз распеван џипси момак кој под прозор ти се дере со оној нивен акцент:
    Кукавицааааа, нисам зналааа да си таква кукавицааа...

    Всушност, сите сме кукавици во некоја сфера.
    Сакаме нешта по кои не се осудуваме да пружиме рака. Од гордост. Од страв. Од глупавост.
    Сакаме да знаеме, а се плашиме да прашаме т.е. се плашиме дека одговорот нема да е посакуваниот.
    Сакаме да кажеме, а не се осудуваме. Поради кукавичлук.
    Навлегол во сржта и не излегува.
    И тогаш, некој друг е крив, ко тој цело време да ги управува моите или твоите конци.
    Еднаш да се собере храброст да си признаеме себе колку сме (не)храбри и (не)спремни, веќе можеме да сметаме дека сме направиле голем напредок.
    Знаете ко она, патот од 1000 милји започнува со еден, единствен чекор.
    Е, баш тоа.
    А кој се осудува да го направи тој чекор во непознатото? Речиси никој.
    Никој не прифаќа своја вина. Сите сме совршени и чисти ко бебешко газе. :angel:
    Само ретко кој помислува дека бебето неретко кака.
    А јас капа симнувам на оние бестрашните кои се обиделе и успеале.
    Кои грешеле премногу, а не се срамат да си кажат.
    Тоа ценам, зошто ми е јасно дека првенствено тие се ценат и знаат самите себеси.
    Да се покаеш и признаеш е доблест, но не дава за право утре да изиграваш светец и да го бришеш тоа неубаво минато само затоа што се срамиш од него. Зошто тоа те прави подеднакво ист/а ко што си бил/а порано. Кукавица неспособна да се помири со своето несовршенство.
    И ги ценам оние кои не се срамат од ѓубрето кое биле. Не наметнуваат слика на лажно совршенство.
    А јас сакам маани. И луѓе кои се свесни дека ги поседуваат, а не се плашат да ги покажат.

    И не е никаква топла вода, ама по нерви ми скока наводново немање пари.
    Може и јас немам, па не се жалам.
    Ама знаете, сега е популарно да се игра на карта да привлекуваш луѓе да те величаат само затоа што те сожалуваат. Бедно.
    Дали едно 5 годишно африканче кое со очи не видело пара, само се снаоѓа за храна, на кое браќата, сестрите и родителите му умираат од маларија и инфекции, кое нема кров над глава, се жали на истото? Па тоа душиче се смее од 6ка до 6ка само чиста вода кога ќе види.
    Ама не е алчно, го цени она што го има. И не бара повеќе.
    А дали нему некој му вика „Браво, храбро дете“? М?
    А мене серка ме мава што демек треба да ми претставува достигнување за гордеење фактот што дома јас сум чистела, перела, готвела, не знам, сум живеела сама и сум стегнала заби, не сум покажала слабост кога сите ме оставиле на цедило.
    Од кога, извинете, тоа стана нешто на кое треба човек да се гордее?
    Ај да се гордеам на магистратура, купени автомобил и стан со свои пари, средена фамилија и успеси на сите останати полиња, ама да се гордеам што сум прошла низ пропаст?
    Па не се умира од тоа, а кога веќе не се умира, единствен избор е да собереш сила и да продолжиш понатака. Не гледам ништо херојско во тоа.
    И што? Ајде, ставете ме на коњот позади Гоце Делчев. Меџународна хероина. One of a kind. :^)
    Ако сум (рас)кажала за нешто што ме боли, значи верувам на тој некој и едноставно сум си ја олеснила душата, не барам никакви совети, ниту величање колку сум била вау.
    Затоа веќе ништо лично не кажувам, зошто се осеќам угнетено и неспособно, иако мислат дека којзнае колку треба да се гордеам ако ми кажат такво нешто. Пф...
    А не сакам ниту тие за себе да ми кажуваат ако очекуваат јас да ги величам. И у материне со тоа жалење дека се немало за ова, се немало за она.
    Ако сум доволно самосвесна колку можам да си дозволам во одреден момент, ќе си седам дома и ќе си пуштам колку ми е чергата. Нема да си лечам хирови.
    „Леле, ама ми се јаде, цел ден не сум јадена, а ич немам пари во мене. Морам да штедам.“
    И глупиве ко јас, колку и да се во теснец, ќе поделат што имаат. Нели де, се водиме според правилото давај и двојно ќе ти се врати. Мхм, со двојно ништо.
    И за некое време тие „леле немам“ особи отишле низ Европа, Америка или на одмор во Египет.
    Чекај бе, земете ме и мене, којзнае, може ќе ви притребам ако сте гладни, м? :?:
    И убедливо најјак изговор на прашањето „Па што одиш кога се жалиш дека немаш?“
    - Морам од дечко ми да бегам подалеку, стално ме тепа!
    Молим?! *areyoufuckingkiddingme*

    Да де, до немањето пари е.
    Се нема мозок.
    И муда.
     
    На Buttterfly, antonina, Lolipop23 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Си дочекав розеви облачиња и небо како шеќерна волна, јадев сладолед од Малага, добив чоколадирани бакнежи од него, кандирани гушки и шербетосана љубов.

    Слатко ми е летово. :$
     
    На Buttterfly, JoxyTheFreak, antonina и 19 други им се допаѓа ова.
  14. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    4.787
    СДК никогаш нема да сфатам зошто луѓево оставаат на ѕид на Facebook постови со текст: "Почивај во мир" и триста расплакани. Мислам незнам дали е до мене или луѓево се ретардирани. Сигурно подобро е на интернет да се напише одколку да се појде на гроб а и во црква. До каде стигна младинава...
     
    На Divinebutterfly, Serafima, maca99 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. DarkRose

    DarkRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    21
    I onda, kada sam mislila da je pravo vreme da odem, da zaboravim, i kada sam verovala da mi je svejedno ON bi banuo niotkuda i sve bi pocelo ponovo..Ne znam zasto me je taj pogled toliko ocaravao, a da budem iskrena nisam se ni preterano otimala kada je bio u mojoj blizini. Sa srcem ne mozes kako hoces.

    Да .. Со срцето не можеш како што сакаш.
    Ќе беше многу полесно доколку можеше.
     
    На tessi, Adi888 и Lepaaa им се допаѓа ова.
  16. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Stupidity is saying that you have your own opinion but never being able to talk about it with others that think differently.
     
    На Monroe и N.Kety им се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Не сте свесни кои длабоки мисли можат да му дојдат на човек додека ренда тиквици.
    Прва мисла ми беше дека почнувам да отапувам.
    Неколку дена поминаа од последниот пат кога излегов со друштво, оставив време да видам кои се вистинските луѓе во мојот живот, а одговорот е како што и очекував- ретко кој е тука поради мене како човек, а не поради мене како друштво за излегување/човек кој што ќе слуша како 2 саати се жалиш за радном дечко или оговараш некого за да го одвлечеш вниманието од твојот огорчен живот.

    Најжалосни ми се оној тип луѓе кои цело време зборуваат против некого, дека им смета тој или некоја негова постапка, а кога ќе дојде ситуација да му го кажат тоа и да се расчисти работата тогаш прават фаца - не сум јас.
    Тие се истите кои додека седат со тебе ја оговарале истата особа и ги кажале сите погоре наведени работи, ама потоа кога ќе се видат со неа се најдобри пријателки.

    Тогаш ми е јасно дека ако со мене ја оговараат неа, тогаш со неа ме оговараат мене уште повеќе.
    И овде не зборам за она типично коментирање кое го правиме сите, туку онака баш злобно, со разочараност од таа личност и потоа, пау- ништо од тоа не важи и пак се заедно.

    А зошто?
    Затоа што сакаат да се дружат со личности кои се послаби од нив, пред кои можат да глумат лудило и кои ги почитуваат,а не се свесни на кого ја даваат таа почит.
    Сакаат да се дружат со такви личности, затоа што јас ги читам какви се и` им кажувам дека ми е јасно се, и тогаш бегаат, се прават луди, затоа што не им одговара да се види колку всушност се бедни во душата.

    Она што најмногу ме растажува е податокот дека огромен процент на луѓе се дружи така од лицемерие, да се има со кого да се излезе, да се слика со различен народ, а не е свесен дека ако имаат проблем и треба некој да им помогне тогаш сите тие позери ќе ги снема со брзината на светлината, бидејќи се добри само за сликање, за ништо друго.

    Јас знам дека не сум сама, знам дека се наближува времето кога ќе стапам на сцена и затоа се самосмирувам, ама сепак сум разочарана од многу работи.

    А ова не е само со другарството, ова е и со голем дел од врските, браковите, итн.
    Се останува со некој од страв од промена, страв од коментарите на околината, страв од тоа да се биде некој период сам, да си се посветиш самиот на себе, ама не, нешто не е во ред со тебе ако сакаш да бидеш сам, нели |( ?

    Секој ден се молам за никогаш да не се претопам во оваа маса очајници, туку да успеам и да бидам среќна, да имам мои работи и луѓе од љубов, а не од интерес, затоа што не е целта некому да му се тутнеш на било кој начин и потоа никогаш да не добиеш топол поглед кој ќе те стопли, а си опкружена со предмети кои сјаат.

    Мене ме гледаат едни очи топло, ама долг е патот до целта и до успехот.
    Сега за сега не се откажувам од трката, иако борбата ме исцрпува, има многу, многу крвини бре луѓе.

    И ќе се жалев, почнав да пишувам порака за тоа колку отапено се осеќам додека ја рендам тиквицата и ништо посебно не ми се случува, ама самата се совладав кога ми текна дека во тој случај и јас ќе бидам само една егоцентрична, разгалена шмизла, затоа што луѓето навистина имаат проблеми, па цврсто стојат на нозе, а токму тие луѓе ми се најголема мотивација.
    Иако знам, затоа што сум видела дека нема 100% црвст човек и дури и оној кој сметаме дека е безчувствителен може да се свитка ранет во скутот на една жена и да признае дека му е многу тешко.

    Затоа луѓе кренете ги главите гордо горе, и борете се секој ден по малку за она што го сакате, ама немојте толку да бидете лицемерни, потрудете се да бидете со некого без да има некоја цел, без да чекате контра услуга, а ако помогнете на било кого, за тоа не мора да знае цел фб- доволно е тоа што вие ќе си се насмевнете самите гледајќи се во огледало и ќе знаете дека тоа било тоа.

    Ех, кои мисли можат да му дојдат на човек додека ренда тиквици...
     
    На Buttterfly, TheKiketoo, Elichka и 31 други им се допаѓа ова.
  18. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
    СДК,.. тие што не му ја мислат многу... немаат ренде... :)
     
    На Buttterfly, ozbilnazena, thinkerbell и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    СдК дека многу брзо помина распустов.И дека немам ни волја ни желба од септември да се мачам со таа пуста математика...Распустов ќе го памтам како распуст во кој многу се изменив и ќе го паметам како еден од најдобрите во мојот живот.Ќе гледам последниве 3 недели максимално да ги искористам и да ги наполнам батериите за нови битки од септември :)
     
  20. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.858
    Периодов ми е катастрофален. Се мразам ваква кенкава и мрзлива. Собата ми е хаос а немам никаква инспирација да ја исчистам. Неколку денови се замислувам како станувам рано и се фаќам за една добра генералка, ама тој ден никако да дојде, секогаш почнува во 2часот попладне |-) . После тоа се нема инспирација, се дреме пред компјутер, постојано примам некои негативни вести што ме потресуваат, читам дебилни мислења и се нервирам, набљудувам дебилни личности и нивните дебилни постапки па и за тоа се ужаснувам. И така ден за ден чекам да ми се случи нешто, да ме крене на нозе и да направам нешто што ќе ме извлече од оваа монотонија.
     
    На Adi888 и ceca-1 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.