Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Дојде денот. :party: Утре и јас одам да фатам малку боичка. Заслужено е бе. :lol:
    Ајде, се читкаме за 10ина деена, можи и помалку, не се знае. :D

    [​IMG]
    Ахх. :$ Wait for me, I'm comin'.

    Поздраааааааааааавв. :hai:
     
    На Lepaaa, lelica, ceca-1 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Зар некој овде стварно има таква меморија да памти кое и чие мислење го лајкнал и толку време да трга лајкови, лол? Трагикомедии :^)

    Сакам да кажам добра сум, по дома си седам одмарам веќе 2-3 дена, не ми се ни излага од дома откако се вратив од одмор, така сум омалаксана што само сакам седејќи и лежејќи да си ги полнам батериите. :)
     
    На maca99, blaa, starbucks и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. lovelife

    lovelife Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    1.722
    Што е пострашно....тоа што послем секоја караница си велам Е ГОТОВО бе...крај!Па што сум јас за да бидам вака третирана?Секој си има своја цена,своја чест и јас си ја знам мојата за некој да си поигрува со мене...а потоа...кога ќе се смирам повторно барам некои убави работи за да не мислам на крај...бидејќи знам дека го сакам....и токму тогаш кога ќе почнам да се надевам дека уствари може од се да искочи нешто асално...повторно разочарување...како да ставам крај на нешто што не сакам...а морам?

    Како ли ти се грижиш и ти е тешко кога знаеш дека сум лута бесна а ништо не превземаш...
    не ти е тешко...и не си лут,не си бесен,немаш болка

    Која е убавината кога ќе се заљубиш ако тогаш кога мислиш дека треба да почне да биде најубаво...единствено од убаво ти остануваат спомени...
    ЕПА ПУ да ти *бам животот! :@ :@
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Дремам на нетов,не смеам да се завртам назад ќе добијам уплав од тоа како ми е расфлана куќава :tmi: За живи срамови,ама така е кога се спремаш...во меѓувреме станав да си донесам вода од фрижидерот и заборавив за што сакав да ви кажам.Се плашам дека оваа моја извртена километража си го зазема цехот,заборавам работи,тешко собирам и множам,почнувам да гледам повеќе романтични филмови.Маж ми вели дека е до косата,ја осветлив неколку нијанси,речиси удира на плавуша,ама не ми се допаѓа,ќе си се вратам јас на костенлива.Досега мислев дека е тоа мит ,ама кој знае :D .Некако уморна сум ќе одам да ја зафатам мојата страна од креветот,маж ми веќе ја фатил позицијата морска ѕвезда, и сметам дека е вредно да се бори за секој сантиметар.Посакајте ми среќа :D

    П.С.како преживувате на тропскиве горештини :?:
    П.п с. ќе ве оставам извесно време,нема да се вклучувам извесен период,(ако издржам :lol: )останете ми мирни ,умни и убави како што сте :hai:
     
    На antonina, kravce, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  5. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Дали јас сум единствената која што едвај чека да заврши летово? :?:
    Сакам обврски, зар толку многу барам!?! :(
     
    На IndieGirl, N.Kety и Rubiii им се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    Денес конечно ветер и бранови во Паралија, се фрлав и ги кршев како мало дете а ништо подобар не беше ни маж ми, абе уживанција, останавме до финиш, врескав како улава а всушност сите што беа во вода им се радуваа.
    Кога се враќавме накај собата како да лебдев, како да бев цело време во вода и ме носат бранови.
    На ништо не мислев, се исклучив, се додека едно мало детенце од Србија пред еден маркет не рече дека сака душек како мојот (како што имала она тета душек :lol: )
    Многу лесно заборавив на сите проблеми и заебанции што ме окупираа пред одморот, навистина се одмарам. Претходните денови беа пеколни, денес мало освежување, вистинска клима за бањање.
    А сега нешто да се припреми за јадење.До сега два пати јадев гиро и два пати се разочарав, ич не ми се свиѓа тоа нешто.
    Поздрав и имајте убава вечер.
     
    На Buttterfly, LilBaby, Serafima и 5 други им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.632
    Допаѓања:
    43.299
    Пол:
    Женски
    СДК се навраќам во темава денес неколку пати и еве решив конечно да кажам нешто.
    Се истуширав и сега мирисам на црешов цвет и си седам уште во крпа, ептен ме мрзи да се облекувам, а и тоа не е прв пат.
    Си го изгушкав кученцето после толку време, зошто беше полоно од оние животните досадни, а сега чист и миризлив и бушав и мек, уф ми го исполнува срцето.

    И не кажав никому,па вие сте првите кои дознаваат, ама пред некој ден се скаравме, жестоко, а јас плачка, тој живчан и направивме од мравка слон.Се надвикувавме, па се инатевме, па конечно зборевме цивилизирано,па решававме проблеми на кои ветивме ќе поработиме и двајцата.А вчера се гушкавме и водевме љубов и не тоа не беше само секс на пладне, тоа беше повторно спојување, зошто имав некое чувство како душите да ни беа далечни некое време.Се препотивме, се изморивме, се сакавме.
    И заклучив дека и тоа како кавгите се потребни во една врска, ако некој ви рече ние не се караме, премногу се сакаме, не верувајте му, не на тоа дека не се караат, туку на тоа дека се сакаат, зошто кавгите спојуваат, секако доколку се здрави, несекојдневни, искрени и секако решавачи.
    Јас го сакам него, знам дека и тој мене, со сета искреност на светов и да ќе се трудам колку што можам, да се задржиме еден крај друг, зошто му кажав и прееска на другата тема, а ќе кажам и тука
    I was born to be your baby
    And you were made to be my man.


    И така.Вечер, како секоја летна.Четврток како и секој, иако посвеж од изминативе, пазарен.
    Отидов да правам лава колач, да се заблажиме.

    Eдит:Се предомислив, топло е да висам над шпорет, па си направив лимонада, со мед.Освежително.
     
    На Buttterfly, Divinebutterfly, LilBaby и 7 други им се допаѓа ова.
  8. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.811
    Допаѓања:
    11.276
    Пол:
    Женски
    Денот ми е лудница :envy: .
    Уште рано наутро си седнувам на столчето кај заболекарката , си ги пазам забчињата :wasntme: , и по препорака на докторката дека забот ми смета на долната вилица бил за вадење. Па ајде викам ќе го вадам, одсекогаш имам страв од забар ама битно си одам 8) . Ама никогаш немав вадено сите ги убедувам дека не е страшно вадењето, така ми имат кажано де . Ама кога си седнав на столчето абе сите светци ги видев :sweat: , уште малце ќе се расплачев толкава крава се истргнала на столот ама кога ни три анестезии не помагат па морав да си офкам :$ . Прво се стискав ама со ќе се стискам болки не се издржуват :doh:
    Не сум знаела дека толку болки можам да издржам бе, па мислев во мозок ми дира докторката.
    Ауу и друго шо сакав да кажам абе не дека сум сега многу храбра ама тие постовите на почетокот ми биле :x , абе страшливец, уште од комарец не сум ви кажала дека се плашам :emo:
    Идеме на подобро, поминав една фаза, ја поминав анксизоноста белким ќе ми дојде паметот и мене :rock: :dance: , оти животот е убав, ама и розата е убава и тоа со трња. И ништо и никаде нема само мед и млеко, па и животот не би бил живот без некое трнче, тоа само во бајките !
     
  9. NEA

    NEA Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Женски


    Одам да рендам тиквици :)
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.691
    Допаѓања:
    5.469
    Пол:
    Женски
    Во принцип никогаш не сум се деклалирала како љубител на летото, излежување подолг период и милото сонце.
    Баш напротив, мене ова сонце ме исцрпува, ме ограничува во овој стан, ме омалаксува, секое атомче се бори посебно при утринското изгревање и докрајчување на и онака едвај скрпениот сон.
    Го сакам студеното или свежо временце, во пакет со „лажно сонце“, е тоа ми изнудува насмевки и енергија, ме крева, а најповеќе она утринското, сосема контра од ова сега...

    Покрај ова ужасно топло и неподносливо време, кое те прави крајно непродуктивен, во интерес на тоа, неможам да престнам да мислам и да се изначудам на количеството лицемерие и дволичност, насобрана во една моја „пријателка“. Најубав термин за нејзино потенцерање и индетификација било она личноста со иницијали (пр.)Х.Х , бидејки ни пријателка ни познаничка не се ни приближно соодветни за личност со која си имаш расчистено во глава и ти е избришана од секаде, освен нејзината физичка појава, за жал...
    Толку лице и јадење бурек за секого позади грб, а потоа пред тој смешка од 8 до 8 со тие ружни крпени заби, е врвот, посебно што непознаваме некој заеднички , а притоа да не го покажала лицето, не , не, еден непостои, сите поминале со измислици низ таа уста, сигурно и јас некаде...
    Па добро бе, млади луѓе сме, наместо да сме искрени, исполнети и среќни, како можат да постојат вакви тролови и да трујат и лаат за се и секого? Нејзина среќа е можеби испод просечната интелегентна околина која неможе да ја препознаае, и веројатно ќе тера до далњега ова коматозна состојба.
    Ми се повраќа од лицемерните и дволичните, и ако знаете лек за нивно елиминирање споделете го!

    Совет: Јадете многу овошје и зеленчук и внесувајте многу вода, за полесно да ги преживеете овие горештини, а пропорционално со ова, дистанцирајте се од дволичните пред да дојдете на ред за молзење, бидејки верувајте со нив и правото ќе биде криво по „Ваша вина“.
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Јас не разбирам некои луѓе. Не дека сакам да ги разберам, ниту ги иам у животов ми ко блиски луѓе...обично од таквите сум на дистанца, ама ете, нешто ќе се исподеси, и ќе сфатам дека процентот на таквите е стварно голем.

    Не разбирам едно. Дали станаа сите луѓе со кажи речи некојаси придавка или друго име, по мода што би се рекло?! Разбрав, дека денес се се прави од помодарство. Идеш на кафе - затоа што така е редот. Искачаш - затоа што така е редот. Трчаш, џогираш - затоа што така е редот. Редот е денес, она што е актуелно во „мода“.
    Ама да си другар затоа што така е редот, не разбирам. Другар у наводници. Седнуваш на маса и тресеш зелени, безначајни муабети, а очите ти шараат лево десно за да видиш колку си бил виден. Пффф, каде бе сестро златна?!

    Или ми паше дружењето со тебе или не ми паше. Или сме познаници за кои не се припотресуваме, или не сме. И ако не сме, и знаеме дека на битната особа и е еден ден у годината битен, нели се друго иде на страна? Нели не си битен ти како поединец и што ти е тебе ќејфот, туку е битен другарот/другарката? Нели ќе направиш се за да го видиш насмеан и среќен и ќе си речеш - леле ама и ја погодивме вечерта еј? Гледај ја како се смее и се забавува. А ти си уморен и пиштиш, вриштиш, со милион обврски преку ден, ама стискаш заби затоа што знаеш дека ти си у моментов ирелевантен. Релевантен ти е другарот кој го сакаш. Ако не го сакаш, и не можеш да се прегазиш себеси макар еднаш, што ќе ти е ко другар бе?!

    И така ви викам, јас денес нешто ветив. И го исполнив. А го гледам девојчево мртво уморно, а јас покрај неа се тетеравам и и викам - не се секирај, се ќе помине во најдобар ред. Сепак го правиш тоа за личност која што ја сакаш и ти значи, ќе видиш, ќе ја израдуваш.
    Mission accomplished! Кога ме подзагушка на Цветен пазар, пресреќна затоа што се е завршено и идеите се спроведени, ми се насолзија очиве. Абе мили и искрени пријатели сеуште постоеле. Среќна е што ја има, сериозно.

    Абе едноставно реченица ко - леле ако нешто ти треба, јави се еј! И после особава, ја нема.
    А најмногу примедби ќе има дента. Сто посто. Требаше вака, па требаше онака. Е сите сме генерали после војната, да да.
    Море мрш у Дрисла!
    Не - јави се ако нешто ти треба, туку, еј јас сум тука, кажи што да направам! А дури го кажуваш тоа, веќе го правиш. Ако не ти иде да го сториш, ич не ни кажувај ништо и - никому ништо не си должен после.

    И ете така. Ми дојде да си се искажам. Мислам, све ќе разберам, ама другари од помодарство не. По милионти пат, јас сум стварно пресреќна што ги имам моите. Си знаат тие.

    Одам да растресам дупе на Гоце од САФ. Не ја бива. Уморов мора да се испрди некаде. А каде ако не на добар бит. Yeah! 8)

    Башка и имам шо да славам бе па, успешен ден зад мене. Чекор по чекор, ќе ги победам институцииве, ќе видат они :devil:
     
    На bittersweet, antonina, green.eyes и 5 други им се допаѓа ова.
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Недела пред уписите јас се мислам што факултет да одам. :fubar: То ти е.,.
     
    На Beauchamp, Adi888, Magnolija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Не сакам да кажам, сакам да викнам на цел глас дека САКАМ ДА СУМ СРЕЌНАА!!!! Ете само тоа. :|
     
    На CIA, Serafima, lelica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Ден исполнет со забава,срека,радости и насмеани личности.Конечно денес за кратко време заборавив на се,уживав со личноста која најмногу ми значи.Да не беше он јас не ке можев да се радувам,сепак тоа што ми се случи неможам да го заборавам,ама не ми е важно,важно можам да бидам срекна,да давам љубов и да зимам љубов,тоа ми е доволно. :) :l:
     
    На monni.t и Serafima им се допаѓа ова.
  15. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Треба да сфатиме каде сме биле и да знаеме каде одиме. Секоја одлука што ќе ја донесеме, секој чекор што ќе го преземеме, мора да бидат изведени од нашата определба да живееме живот, вистински и чесен, автентичен кон себеси и само кон себеси. И додека продолжуваме да го правиме тоа, нема сомневање дека ќе искусиме среќа поголема од нашите најсмели замисли.
    Тоа е вистината.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Јас, Нимерија, официјално изјавувам дека никогаш повеќе нема да ги критикувам моите цицки.
    Цицки мои, ве сакам, убави сте и доволни сте ми вакви какви што сте.

    Благодарност до фејсбук, и моите пријателчиња кои беа доволно желни за внимание па си ставија секакви слики од одморите.
    Убаво ми велеше еднаш, не си видела ти мали цицки. Сега сфатив. Убаво е да бидеш реален број, макар и најмалиот.
    Фалачаопријатно.
     
    На LilBaby, Springy, Lepaaa и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Нема да пишувам реферати, сите реферати напишани денеска на форумов ги скокнав зошто ме мрзи да читам бе, незна што ми стана, ама тоа е.
    И за да не им правам проблеми на денешните мразочитачи на реферати како мене, нема да пишувам долг пост. Па немаат сите време на претек. А, и многу работи можат да се кажат со неколку реченици.
    Една убаво склопена мисла може да замени цели редови испишани со долгометражни реченици. :!:
    Денес не се обидувам да сфатам никого зошто од никого не очекувам да ме сфати, а сфаќањето треба да биде обострано.
    Моето ланско пријателче од плажа го видов на слика, многу ми е убав бе :emo: да се повтори заеднички одмор сакам со него, само на некоја друга плажа, а може и на истата зошто да не, ќе се навратиме назад како било тогаш, а како сега. :)
    Тешко ми е, но имам надеж и сигурна сум дека еден ден ќе биде подобро и среќата ќе ми се насмевне, живеам за тој ден. :angel:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Може ли некој да ми каже зошто е популарна Ким Кардашијан? Актерка чинам дека не е, имам едно филмче изгледано со неа, додуша краткометражно е, ама не се истакна многу како актерка.

    Можеби ја нарекуваат актерка затоа што глуми во реално шоу...а чекај глуми ли? Нели е тоа нивниот реален живот? Yeah right. Не е малку премногу коинциденција тоа што разводот со нејзиниот сопруг (со кој беа заедно цел месец) и издавањето на книгата на мајка и се случија во ист ден? Самото тоа што го знам ова значи дека светот отишол по ѓаволите! А и јас со него и со овие небитни информации кои ми убиваат мозочни ќелии, а кружат по сите наши медиуми.

    Не ми е гајле како изгледа Ким во бикини ниту како се бакнува со Кање Вест. Секако дека е добро облечена, убаво нашминкана и има добро тело. И јас да бев помеѓу топ 10 најбогати жени во светот ќе го имав сето тоа. Ме интересира како тоа го постигнала? Има некој талент, вложила некој труд? Socialite е професија? Сериозно? Нема ни превод за socialite. Во речник го најдов како кремец.

    Нека одат заедно со Парис Хилтон по ѓаволите!

    (деновите кога најголем проблем и причина за мрчење ти е Ким Кардашиjан...ги обожавам :D)
     
    На Lov3 и L-enna им се допаѓа ова.
  19. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Ми здосади од досадново време, најмногу од топлово :tmi: .. Вечер не излегувам, ама затоа утре..ќе се изнашетам.. АЈДЕ ПЕТОК, те чекам со душаааа.. :rock:
     
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Што бев а што станав??? Полека ми се навраќа минатото, некои убави спомени, спокојот кој ја имав некогаш. Кога се тоа се промени, дали наеднаш или постпено? Знаев дека тој период ќе земе нешто со себе, знаев дека ќе ме насочи во сосема погрешна насока и ќе ме направи личност каква што не сакам да бидам. Личност која се плаши од се. Се плашам да донесам било каква одлука...

    Сакам да се вратам во времето кога бев безгрижна, кога ги немав сите овие проблеми со кои си го комплицирам животот за 360. До кога веќе вака? Не бев ваква, како одминува времето се полошо станува. Од што ми се овие симптоми, овие напади што ми се случуваат од време на време. Помислувам на најлошото. Ме мачат многу работи, не зборувам со никој за нив. Ги кријам во себе. Само јас разбирам убаво што ми е и како ми е а тоа со зборови не може да се објасни.

    Овие денови многу размислувам за се, за што ќе биде во иднина, што сакам да биде со мојот живот, воопшто многу размислувам и мислам дека глава почна да ме боли од тоа... Не сакам времето да одминува а тоа за жал лета и не сака ни малку да се стрпи за да се соберам и за да одлучам што сакам да правам со себеси. Изгубена сум периодов, во просторот и времето...


    Оваа вечер се чувствуам тапа, фала ти боже што постои Еминем. Песните на човекот ме оживуваат буквално.

    http://www.youtube.com/watch?v=RQ9_TKayu9s
     
    На Divinebutterfly, LilBaby, butterfly33 и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.