Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    До сите вас, девојчиња, девојки, жени, мажи кои било кога, било зошто, било како, сте одвоиле време и сте го потрошиле истото за да прочитате јас што имам да кажам. До сите вас кои сте одвојувале повеќе пати и повеќе времиња за мене. До сите вас кои знаете што ми е мене тој Иван во животот. До сите вас кои ми се радувавте. До сите вас кои ме каравте кога губев нерви заради него, како Џули. Фала ти девојко. До сите вас таму.

    Го барам вашето внимание. Вие ќе ми бидете сведоци на она што ќе го кажам тука. И имате секакво право ако некогаш, било кога, ги показам овие мои зборови што ќе ги кажам тука и ми ударете шлаканица или едноставно, смените мислење за мене. На полошо. Или се разочарате од мене. Или што и да е.

    Јас сум готова со Иван. Иван не е готов со мене, но јас завршив со него.

    Првпат, после две години на многу убави спомени, уште повеќе другарство и уште толку љубов, но и нерационално губење нерви, комплетно и целосно заборавање на факултетот во период од 6 месеци ( арно после се оправив ), никотинско труење и уништување на себеси и црниот ми дроб, првпат денеска гласно ги изговорив овие зборови. И не ми беше страв од тоа што го слушнав. Во мое и единствено мое присуство. Што ми е мене најбитно. Од мене се почнува.

    Јас бев таму за него кога не беше никој друг. Јас бев таа која не спиеше навечер затоа што тој ќе ме разбудеше во 4 саат оти никој друг не му се јавил, а јас сум била прва. Јас бев една од двете кои сеуште го разбираа него. Јас бев таа која заборавив на многу работи заради него. Не ни сакам да се сеќавам на тоа колку многу алкохол имам испиено за да го потопам сеќавањето негово. Не сакам.

    Јас таму сум готова. После се што имам истрпено, јас ова не го заслужив.
    И решив да се спасам. Пред да бидам како Венеција. Да тонам се повеќе и повеќе.

    Му го прекратив секој еден контакт кој што може да го има со мене. И не само од аспект на технологијата, во ова што го имаме сите, а ни се наоѓа на левата страна и на сите ни било некогаш скршено, таму е прекратено. Таму не се враќа.

    И нема да се откажам од љубовта. Јас сум родена за љубов, и во името си ја носам љубовта. Не знам дали таму надвор има некој за мене, тоа ќе биде едно многу интересно патување на откривање за кое сум спремна. Конечно.

    The End. Фала ви. :bow:
     
    На Buttterfly, Neytiri, M.a.r.i.l.y.n и 34 други им се допаѓа ова.
  2. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    До кога со тоа : женско си ќе работиш , треба да знаеш и да бидеш спремна кога ќе се омажиш ?! :^)
    :^)
    А машкиве што не ги тераат да работат , една сијалица незнаат да сменат и пак на нив се им е оправдано |(
    Не дека се знам да работам или пак не ама има бре некои јајце не знааат да сварат или супа ...Ама криво ти паѓа кога гледаш дека те
    јебе у здрав памет
    некое суштество што не знае
    газот да си избише
    ама битно машко е , иако уште моча во гаќи ....Не оправдувам тепање ама во такви моменти како ми иде да залепам една воспитна па после нека се чеша ...

    А и да , што со лигавине личности што глумат лудило : лилее јас само марка носам , јас не јадам ова , јас не пијам ова , јас не сакам ова - она ..се ежаммм одма |(
     
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Врти, сучи, напред, назад, лево, десно, горе, доле. Сè исто.
    Ништо паметно.

    На телевизија, ништо интересно.
    Кај ги трпиме турските серии навечер, па сега треба и од сабајле, и преку викенд.
    Една реприза, втора, трета. Се исти гласови, ми се вртат низ глава. :yawn:
    Или вести, или серии, немој случајно по нешто друго да пуштат.

    Ова време, секогаш ми е досадно. Јас досадна.
    • Телевизор-компјутер-телевизор.
      Кревет-столче-кревет.
    На тенане, почнав и јас да се враќам во нормала.
    Не заспивам веќе во 10, сабајле. Не станувам веќе во 8, навечер.
    Не сум наспиена асално.
    Барем се припремувам за во школо, ако не друго.

    Колку и да го мразам, сакам да одам во школо.
    Колку и да ги мразам, сакам да се возам во автобусите.
    Секако, под услов да не е вторник, или петок.
    А во врска со школото, оваа година, си ветив едно..
    Што си го ветувам секоја наредна година.
    • This year, I will... Try harder in school.
    А и деновиве, не сум баш во некое good mood.
    Ко да не сум јас.

    Барам занимации, правам бељи. Тоа се случува, на кратко.
    Кичмата, секој ден, се повеќе ме боли, од сите тие вентилатори и клими.
    Ненормално ја чекам есента. Сакам правење зимници.
    Сакам дожд, сакам грмотевици.
    Брат за брат, шал уз врат. Тоа сакам.
    Но, не сакам снег. Немам баш некое добро искуство, со него.
     
    На Butterfly77, happY-smiLeY, Sanniii и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Никој не е вреден за нашите солзи, а моите солзи на вечер се почесто ме дружат и ми ја воденат перницата. Ама не се за никого, туку се за мене, ама гледам дека солзите не можат да променат ништо, не можат ниту да помогнат, можат само да ти ја олеснат душата и да ти ги исплакнат очите.
    Еден ден ќе се смеам, ќе ми текне како залудно сум се нервирала и јадела за речиси ништо.
    Иако најискрено од се срце посакував сега да беше поинаку, ама не е, но ќе направам да биде поинаку. :)
    Секој момент е вреден, секоја минута е скапоцена, не би да ја трошам безвредно.
    Од друга страна си викам, да го искористам времево максимално, ова ми е последниот расупст кај штоо можам по цел ден да џаболебарам. :fubar: Од Септмеври вртам нов лист и почнува нова приказна.
    Мразам да го спомнувам ова во темава, ама ќе кажам дека ужасно ми фалат сите фармерки и пантолони во кои не можам да влезам сега. Си ветувам сама на себе дека повторно за најмногу три месеци ќе ги носам со гордост како некогаш! А некогаш беше пред само седум месеци. :emo:
    Физички малку се променив, но внатрешно останав онаа иста, оптимист и кога ми е најтешко дека се ќе биде во ред. Понатака не продолжувам, можам до утре да пишувам, а да започнам една книга јас?
    Па можда еден ден ќе ја издадам, којзнае. :tmi:


    Верувам во себе јас, знам дека ќе успеам! (морам малку да си делувам самомотивирачки)
    Верувајте во себе и вие и ќе успеете во се што сте наумиле. :* :*
     
    На Divinebutterfly, Cacy, mysterious и 3 други им се допаѓа ова.
  5. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Епа жени, повеќето ве испратив и ве дочекав, редно време беше и ја да се тргнам од голово, жешко Скопје.
    Не очекувајте поздрави из мора, слики со купаќи или пијани пораки. Одам јас да си се одморам.
    Останете ми позитивни и насмеани :*
    [​IMG]
    само неам рогови :^)
     
    На lunicka, thinkerbell, marama и 10 други им се допаѓа ова.
  6. Freak.of.nature

    Freak.of.nature Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    30
  7. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Кога бев на твои години,навистинамислев дека никој не ме разбира,а оно да ме разбирале сите,само што јас нормално тврдоглава тинејџерка не слушав никој ]:) :lol:
    Денес пак се се смени,ме разбираат сите,а ако не,ќе ги седнам и ќе им кажам :wasntme:

    Не сакам да речам,ама морам :doh: Веќе ми фали гарсоњерата на мене и маж ми,а и Скопје може :?: ,не можам да го вдишувам воздухот во оваа куќа :| А тек кога тој ќе замине,не сакам да мислам,ама ми се плаче ;(
    Тешко,баш тешко.Ме теши што ми рече дека мора за да заминеме сами во нашата куќа со нашето бебе,да создадеме нешто наше,со наша љубов и труд.
    Нешто што ќе биде само наше,за секогаш!
    Јас ќе издржам,барем така си мислам,ама баш сега ми требаш најмногу :( Те сакам,ни сама не знам колку............
     
    На Stoimenovska и kravce им се допаѓа ова.
  8. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.370
    Пол:
    Женски
    Неочекувано патување, три дена на планина, воздухот милина, сонцето те милува со зраците.Одмор од се, бегство од реалноста.Летаат пеперутки, а јас ги бркам со апаратот.Природа недопрена и зрели капинки.Седната на прагот и читам книга, ги голтам зборовите а врапчињата скокаат наоколу.Утринско трчање во 6 саатот,се наполнив со позитивна енергија.Промени, промени насекаде, ама потребни се.
    [​IMG]
     
    На MandyLane и starbucks им се допаѓа ова.
  9. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    Stoimenovska

    Мала си затоа мислиш така ..Те разбираат само си во чувствителен период каде мислиш дека само ти си во право ..А ќе дојде и период каде што воопшто и нема да се замараш да те разберат , ќе си фураш свој филм .. 8) така да уживај додека можеш :lol:
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  10. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    СДК дека денеска има да се скоцкам така убаво, дотерано отмено... ауу ке излезам со дечкоми на вечера по повод Роденденот мој
    којзнае што ке добијам поклон од него хаха :wasntme:
    почнав да си средувам лицето, маска,креми некои, маникирче педикирче... па денот ми е денеска, а имам некое чуство дека ке имам бурна ноќ или ... :wasntme: , хохооо :*
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Еден убав (и се надевам не многу далечен ден) многу работи ќе се сменат.
    Оние кои сега ми го вртат грбот ќе тргнат по мене, кој полека, кој трчајќи.
    Ќе пробаат да ги избришат зборовите кои не требале да бидат кажани, лошите спомени, но вистината ќе им удри шлаканица. Некои работи се непоправливи.
    На екранот ќе го видам нивниот број, и овој пат јас нема да се јавам. Само ќе се насмевнам, онака иронично.
    Ете тогаш ќе разберат колку боли, ама ќе биде касно. Сите врати кон мене ќе им бидат затворени, заклучени, запечатени. За нив ќе ме нема, никогаш повеќе. Не затоа што јас така сум сакала...сето тоа ќе биде по нивна заслуга. Тркалото ќе се сврти.
     
    На tessi, marama, Cacy и 6 други им се допаѓа ова.
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Јас, всушност, гледам дека никогаш не сум ги одгатнала љубовта и пријателството.
    Онакви какви што се наметнуваат овде, во ова наше кромањонско општество.
    И не знам дали е подобро или не.

    Зошто за знак на посветеност се смета ванаби поетска порака напишана на српски?
    Немаме јазик? Немаме доволно инспирација да искажеме свои чувства со свои зборови? Што?
    Дали јас помалку сакам и почитувам ако со свои зборови доловам чувства, макар и на комичен начин?
    Дали тоа што не сум српска поетеса ми ја намалува вредноста?
    Или тоа што преферирам да не се лигавам јавно за „да видат хејтерите и кучките колку ние си се сакаме“, туку преферирам очи во очи?
    Барам одговор на прашањето: Кај ми е фалинката?

    Зошто оваа ценета љубов се мери според големината на подароците?
    Зар искрено „Те сакам“ вреди помалку од огромно мече на кое се испишани истите зборови, плус некоја од горенаведените пораки или „романтичен“ цитат?
    Зар стих од јутуб повеќе знае да опише што чувствувам од самата јас?
    И маката да напраам копи-пејст повеќе се важи и цени отколку да седнам и да направам рачна честитка, макар и изгледала најретардирано?

    Како може да си дозволам да спаднам толку ниско и да баталам три годишна врска само поради тоа што познаник ми делел комплименти кои дечкото не ми ги кажал?!
    Ќе се продавам за слаткоречивост? Колку треба да сум икомплексирана за тоа да ми билда его?
    И како бре гордо ќе ми изјавуваш дека другарското плескање било најслатко, а сега ај чао, ќе одиш да се видиш со дечко ти?
    Е како де? Како?
    Изгледа сум заостаната, па само ме трефнува шлог кога ќе наидам на вакви „еманципирани“ муабети.
    Има женчиња што стварно не заслужуваат да мрднат од кујна со тој (не)мозок.
    А богами ни машкиве ороспии не се поарни. Гајле му е, битно го збрцал. Не е он курвата!
    Ма у пизду матер и шупливи мозоци и норми за љубов романтика.
    Само сакам одговори на погорните прашања, нормите чувајте си ги, не ги сакам на дело.

    И го обожавам времево. Тмурно и намќоресто. Си одговара со целокупниот менталитет.
     
    На Buttterfly, M.a.r.i.l.y.n, Divinebutterfly и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Ола :hai:
    После долго време ви се враќам, но со наполнети батерии и полна со живот. Е ова беше одмор каков што сакам. Изолирана со најмилите мои цели 3 недели. Не ви најавив отсуство но ете, од недостаток на време тогаш не стигнав. Само ќе кажам дека ми беше неописливо убаво.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Мило ми е што нашето пријателство уште толку повеќе се зацврсти, особено во вакви моменти кога буквално живееш со нив и едноставно споделуваш се. Нема потреба од повеќе објаснување, голем среќник сум што ги имам и што секогаш можам да сметам на нив, што ми го разубавуваат животот.
    Ве сакам мили мои :l:
     
    На Serafima, Cacy, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    Сакам да кажам колку е чудно,но и убаво чувството кога некој што си го сакал,кој ти значел многу,станува само дел од минатото.
    И со секоја измината секунда,минута ти станува се посеедно,дали ќе го видиш,дали има друга и слични работи.
    И во право биле времето лечи се.Болеше првиот ден,првата недела,првиот месец.Но не повеќе.Сега ми е сеедно.Повеќе не мислам воопшто на него.Не трошам ни, една секунда од моето скапоцено време за да помислам на него,не вреди. :)
    И среќна сум што го заборавив. :wasntme:
     
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Што е тоа што е твое, другите го користат повеќе од тебе, а јас највеќе сакам да го користам....?
    Времето е стварно прекрасно... малце поладно и многу романтично. Добро е што не грми и не морам да го исклучам компјутерот од струја. За излегување е малце позафркнато, ама ајде ќе се излези друг пат.
    Ете една адекватна песна за времето, која многу си ја сакам http://www.youtube.com/watch?v=Xw38TPTJSTo

    Имајте убав ден, без разлика какво е времето и не дозволувајте истото да ви го промени расположението :*
     
  16. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Во контекст со постот на Caliope, имам да кажам и јас нешто!

    Пред некој месец, дури чекав ред на каса во Тинекс една бабичка зад мене разговараше со едно помладо девојче, не го заслушав муабетот, вајда ја тешеше нешто и и' рече: "Мила, јас незнам зошто се нервираш! Денес се' е препуштено на лажење и е*ање!"
    Баш со овие зборови... :)

    Ко ќе размислиш поубаво, бабава стварно беше во право!
    Многу врски се распаднале, како и многу пријателства заради едното или другото...или пак двете во едно! :x
     
    На Divinebutterfly, Adi888, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.148
    :hai: Ме мрзи да ги читам постовите наназад напишани ама затоа морам да си кажам тоа што си мислам :emo:
    Фејсбуков почна да ми наликува на порнографско списание !СЕкоја една девојка облекла купаќи се напупила и 300 пријатели и ставаат лајк ауф а она сирота ГЛУПАЧА си го сфаќа тоа како леле колку сум убава ,сигурно му се свиѓам на овој убавецов нон стоп лајк ми става на слики ,статуси ,песни |( мори глупачо на дечкото му се свиѓа статусот,песната па и на крајот на краиштата и јас да се соблечам на танга,на елече,на купаќи да позирам како за во порнографско списание и мене лајкови ќе ми ставаа ќе ми пишуваа коментари од типот кукле само што свршив на тебе |( најтрагично е кога ќе видам дека посебно такви слики објавуваат деца од 17 години или уште потрагично оние повозрасни од 25 год кои би требало да бидат позрели за своите години и да се однесуваат попристојно .Цела среќа на форумов во темата критики за храбри феминки се нема случено вакво нешто !!!

    Друго што ми пречи е што луѓево заборавија на реалноста и живеат во виртуелен свет последна глупост на форумов што ја прочитав беше темата дали верувате во виртуелна врска ???молам :fubar: А да си седнеш убаво вака да си размислиш каква врска посакуваш да имаш и како мислиш дека треба да функционирате со партнерот ?Сакаш филм да гледаш со него,да си муабетите,да излегувате со друштво или сакаш да си се допишувате на мсн,фб ,да се гледате преку скајп ??? :fubar:

    Денес низ главчето почнаа да ми струјат некои мисли од типот како може луѓево слепо да им веруваат на своите дечковци ,како може да има пареви кои воопшто не се расправаат и накрај изведов заклучок дека има такви кои затвораат очи пред вистината ,такви кои си ќутат и си трпат и такви кои се памти па врати и затоа се квит и функционират ! |(
    толку имав да кажам во овој пост ако имам да кажам уште нешто ќе си пишам јас пак .
     
    На lovely-girl, Unfaithful18 и Vik4e им се допаѓа ова.
  18. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    СДК јас кога ти кажувам не знам толку брзо да решавам задачки математика ти не ми веруваш!
     
  19. nennsy.densy

    nennsy.densy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    305
    Воопшто не го сакам ваквото време, ајде разбирам малце да заврне но ова е претерано :doh: Планирав да излезам малку со друштвото бидејќи дома е премногу досадно, но што да се прави. |( Ќе поседам дома оваа вечер, ќе си направам кафе и ќе седнам пред телевизор да го гледам зет-домазет :angel:
     
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    ...купишта мисли, најчесто слатки и убави ми се врткаат низ главава!
    Соништа многу, секој посебен и розов, ко памучни снегулки лебдат околу мојава зелена глава, кој прв ли ќе го дофатам?!

    Сега, кога ми замириса на летен дожд и свежо измиена трева, воздивнувам и се замислувам на она место, каде знам дека ќе ме понесат звуците и ќе играм цела ноќ :inlove:

    Му се восхитувам на човеков, толку е... невозможен... еднаш макар би сакала во живо да ги уживам овие прекраснотии :angel: :inlove:

    http://www.youtube.com/watch?v=OECt2bEr ... re=related
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.