Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    111
    Среќен најсреќен Роденден! :^: :*
     
    На sun.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  2. srn4e

    srn4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    111
    Најубавата од сите лудости не е да сакате,туку да му овозможите на другиот да се сака себе.-ЖАК САЛОМЕ
     
  3. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Моментот кога сфаќаш дека веќе се отишло у пичке си лепе материне и нема назад, е навистина прајслес.
    Излегувам од дома, му се насмевнувам на светот иако душата ми гори и наидувам на лудаци кои се трескаат од земја затоашто кочницата на биемексот се расипала и му фалат уште два денари за да го поправи а ги нема или шминката и се размачкала па тука веднаш се прават сцени и сите од страна трпат тормозење. Е тие луѓе би ги ставила во еден розев масовен блендер и ќе им ги дадам на сите улични кутриња и мачиња, затоашто како што запознавам нови карактери, така повеќе се заљубувам во животни. Всушност, луѓето се животни.

    Во која насока се движи човештвово?
    Дадов се што имав на две најблиски особи и бев заебана како никој во светов. Е од тогаш не им нудам многу на луѓето со кои сум се запознала. Има неколку кои се очигледно љубопитни па навлегуваат се повеќе и повеќе кон мене. До сега она минијатурно што сум го понудила за нив го чуваат во златно кутивче. Ме ценат, ги ценам.
    Во домот бура ми владее, не стигнав на ред да ја испразнам душата и да се потпрам на луѓе кои мислев дека се тука за мене, од што беа себични говеда кои ми работеа зад грб. Какви времиња дојдоа? Наместо безрезервна љубов и подршка, ти даваат омраза и се дистанцираат од тебе како да си шугав!
    И додека после се тоа што го сториле без грижа на совест си одат дома, мене ми се плаче од што не ми се стапнува во куќава. Атмосферата е правопропорционална како да влезете во куќа која е напуштена со години, единствената разлика е што нема пајажини во секој ќош. Ми се одмилува животот од толку кавги, јас сум очигледно кош во куќава па нервозата ја чуваат додека не се насобере во цела топка и фрлај во мене. А кога ќе дојде некој, е тогаш се трансформира се! Од атмосфера до карактери.

    На никој немам отворено душа. На него, немам време да му се пожалам од што постојано има нешто да каже- прекрасна работа му се случува дома. А и кога имало време помеѓу разговори, зборовите едноставно не ми излегувале од уста, ќе седам подзината како шлапната.

    Како сунѓерче сум, ги впивам моите проблеми и нервози и туѓите. Незнам до кога ќе биде така, а незнам ни што ќе се случи кога ќе немам веќе место за абсорбација па ќе се исцедам до последна ситница и нервоза.
     
    На fallenangel, Nymeria, Divinebutterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  4. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    СДК го сакам моментот кога Македонија ќе освои медал на некоја Олимпијада ;)
     
    На srn4e, Alesii и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  5. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски

    Некогаш и негде..., ама реално оди како никогаш и ништо... за жал :)
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    ^
    Ќе се изначекаме.
    Ама со душа го чекам тој момент, ако воопшто се случи. :call: :wasntme:
     
    На Alesii и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  7. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Ќе биде бе луѓе, и ние ќе имаме огромна делегација со сите репрезентации. Ќе биде, знам, дека ќе дочекаме таква олимпијада. Верувајте, нашите срца се големи и желни за успех и докажување!
     
    На Alesii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.044
    Допаѓања:
    11.866
    Пол:
    Женски
    Деновите си врват.
    Го знаете она кога прв пат седнувате позади волан, резервирано стискате на педалата за гас и не менувате повеќе од втора брзина? Иако по некое време станува монотоно, досадно, сакате да забрзате, сепак не можете. Дрворедите полека одминуваат, погледите на некои луѓе предолго се задржуваат.
    Е, така се чувствувам деновиве. Заглавив во втора брзина.
    Загушена во сопственото окружување. И не, не го препишувам тоа на ПМС. На него го препишувам зголемениов апетит само.
    Ми треба еден излет надвор од мојава кожа. Ми треба еден ден каде нема однапред да планирам. Малку спонтаност, ете тоа ми треба.
     
    На Beauchamp, Lolipop23 и Waka-waka им се допаѓа ова.
  9. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Постојат повеќе телесни сензации кои погрешно ги интерпретираме отколку што можеме да си замислиме.
     
  10. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Верувај сите вистински патриоти го чекаме тоа..Верувај..Се надевам дека еден ден ќе се деси и тоа и ние ќе се гордееме со медал на МАКЕДОНИЈА,па и немора медал може и само учество на Олимпијада :hug: ...И кога ги гледав натреварите кога Македонија се бореше за влез на Олимпијадата само јас и тие околу мене знаат каква бев..И колку ми беше тешко кога изгубивме и ништо од Олимпијадата...Ама длабоко во себе знам дека некогаш и МАКЕДОНИЈА ќе освои медал. :l: :l: ..И сите ќе славиме :party: :party:
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Убавината на саботната вечер не е секогаш во високите потпетици и шминката.
    За мене убавината на саботната вечер е мирисот на свежиот воздух после дождливо попладне.
    Тивкото ветерче кое дава живот, звуците на прекрасната Melody Gardot и палачинки со еурокрем.
    Не мора банана и шлаг, и вака ми е доста.
    Вљубена сум во ваквите денови. Деновите во кои спокојот владее со секоја клетка од телото.
    Деновите во кои живееш за моментот. Моментот кога грижите се топат како зрно шеќер во чај.
    А, ретки се тие денови. Ретки се и луѓето кои умеаат да уживаат сами со себе.
    Мх, мириса на пресно кафе од некаде. Сакам едно, да се стоплам.
    Убаво ми е стуткана овде, со свиткани колена, тренерка и чорапчиња.
    Дефинитивно нема поубаво чувство од саботна вечер, помината на широка тераса, со дождец кој потсетува на есен.
    Романтика,
    инспирација,
    поезија...
    http://www.youtube.com/watch?v=dQA4EoE2cOM
     
    На Libera, Buttterfly, MandyLane и 11 други им се допаѓа ова.
  12. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    ма доста е веќе со мрчење време е за едно убаво 'чил аут' 8) (пс.не одам на одмор :emo: )
    сите мрчат не е убаво животот не им се погодил (без навреда :!: ) ваков бил онаков бил.
    па зошто не погледнете од позитивната страна и видите колку убавини има.
    (следново што ќе го пишам не е од позитивно :!: )
    * не си имала доволно пари за да отидеш на одмор па се притресуваш тука.
    -е добро де здравје,друг пат :emo:
    *имам мали гради и мал задник.нема да си фатам дечко
    -па ако тој те сакаше ќе немаше да ти мери обем на гради и г'з
    *немам што да облечам (а цел плакар пун)
    -па и некои немаат за леб трпат па и пак не се жалат



    ма доста со ова животот си е убав како што си е и треба да си се прифатиш таква како што си и,и премногу луксуз во ваква сиромаштија... :x


    позитивната страна на животот е најважното што си жив и здрав,имаш семејство кое те сака,имаш родители кои те ранат ти овозможуваат да се образуваш...
    па не е се црно па и не е се розово...секогаш треба да си најдеш 'златна средина' а таа златна средина е да прифатиш се како што е и да си ги оствариш соништата


    Толку од мене,а сеа вие продолжете да си мрчите или пак почнете да си се радувате што сте си нашле таа златна средина и сте сватле дека веќе сте во неа! :bow:
     
    На kate21, m.i.s, Anna-Banana и 6 други им се допаѓа ова.
  13. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    СДК задутре тргнувам на одмор. :* :* :clap: :) ;)
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Значи не го можам Драган Вучич

    се моли мајак ми да го смени каналот , пред да повратам на маса или скраја да е во кафево :D
     
    На Sara123, Cacy и Special.Someone им се допаѓа ова.
  15. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Ја оплескав..знаеш?Се заборавив,се изгубив..буквално.Августов ко за инет е долг и развлечен,ме гњави..уствари,релативност..не ми одговара,па делува долг.Не е поентата за цмиздрење,зошто летово е фино и забавно,али секој со својата приказна некаде некому е прав.Јас овде сакам да ти кажам дека сум лута.На себе,на нив,нему..на светов.
    Ти текнува на она..сложно друштво?Е да,стап со панделка.Џабе да ти кажам како јас не сум,а тие се виновни.Сите сме себични,никој не гледа подалеку од својот нос..и токму тоа ме малтретира.Зошто бе..во што верувате бе вие луѓе?Себична сум,зошто не сакам да трпам некој на грб..а немаме исто мото.Јас сакам друштво спремно за помош,па било 5 до 12.Не сакам уморни и намуртени фаци,зошто човечки е да згрешиш.Нц..не.Мака ми е,не ми се вложува кога нема фидбек..а и не е фер за сите што се тука,кога вас ве нема.Мрш.
    Еј..а знаеш дека го изгубив мојот љубен?Им го дадов,го пуштив..и го зедоја.Сега се врткаат мажјаци околу мене,ама џабе е.Јас го сакам него..ама не,веќе никогаш нема да му се вратам.Нашето е прокоцкано..а сега ќе си играм,зошто ми се може.Ако ти имаш љубен,дај му уште една шанса...ако заслужува,ама еј никогаш не се плаши да му свртиш грб.Јас верував дека тој ги заслужува моите солзи и нервози,пошо ми даде и ме научи многу,ама не..нека живеат кучките.
    Леле,гледаш до кај сум..?Викам да живеат кучките,а верував во љубов и безграничност.Хах..верувам уште,ама сега сум маскирана.И таква ќе бидам,се додека е потребно.
    Ти викам,проклет нека е..ме уништи.
    И ко веќе се е у курац,да ти кажам дека не живеам здраво.Излегувам и се прибирам со ден..пијам,јадам,не спијам.
    Ме уништи!
    Си викам уште вечерва,уште денес..уште една чашка..нц,не иде.Мора некогаш да пресечеш..лубеница.
    Како успеав до овде не ми е јасно.
    Ќе се вратам,кога ќе се средам..сега се е у курац.И јас.
     
    На Tenkai, Sara123 и L-enna им се допаѓа ова.
  16. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    СДК 22.36ч., двете деца заспани.....конечно тишина :whew:
     
    На Phyramide, Peppermint, Sara123 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам,денес така седев на тераса,и гледам доаѓа еден човек со кола и пушти две црни мачиња.Ме фати жал како можам едноставно така луѓето.
    Надвор имаше деца и ги видоа мачињата,абе срциња беа целите многу беа убави.И едно од децата си го зеде мачето и си го однесе дома да си го чуват.Значит сепак постои некој добар,меѓу овие нелуѓе.
    Другото маченце остана само.Јас имав гости,и реков ќе одам другото маченце ќе си го земам јас.Но,во меѓувреме дојде кај мене мојата мала братучетка и ми го донесе мачето,ми вика види што ти донесов.Леле кога го видов како сум се израдувала.Радости ко детенце мало на бомбончиња.Го зедов мачето и го прибрав,му дадов да јаде. Кутрото,се најаде и почнав да си го галам,па си игравме.Абе душичка.После мајка ми ми рече дека морат да го пуштам бидејќи може да направи неред,а и живеам во нетолку речи си голем стан за да можам да чувам маче.Па морав да го пуштам.Го оставив кај мене пред влез.Маченцето тука под скалите си легнало,абе душичка.Разговарав денес со моите и ги прашав дали можам да го земам и да си го чувам дома.Ми рекоа дека ќе размислеле.Се надевам дека ќе ми дозволат,и дека ќе си го вдомам ова мало душиче.Иначе само што се вратив од надвор,му однесов јадење на малечкото.Едноставно премногу ги сакам животните,и ми е мака така да ги оставам да ги гледам како се мачат. ;(
     
    На Sara123 и Special.Someone им се допаѓа ова.
  18. Madonna

    Madonna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    148
    Е многу ме нервираат долгиве мислења во 'сакам да кажам'.
    Сакам да кажам .....................................едно десет пасуси.........- И да сакам неможам да го дочитам мислењето ...цели колумни бре..
    Сакам да кажам блаблабла..................................( ама ке дознае што сакам да кажам само најтрпеливиот/ уствари сакам да кажам а ..незнам кој ќе има трпение да ме дочита ) |( |( |(
     
  19. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Дојде редот и јас вујна да имам, најрадосната вест која ја слушнав денес. Нека имаат среќен заеднички живот и мнооогу братучеди да ми изначуваат. :* Редно е веќе и јас да добијам први братучеди :wasntme:
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Не неможам да поверувам све што не ќе направат за едно смрдено лајкче малолетничкиве па и полнолетните на фејсбук (чест на исклучоците)...Се сликаат по купаќи,ставаат статуси тотално несоодветни на нивната возраст,аднуваат пријатели,а никогаш во живот ги немаат видено се за да пишуваа 1000/2000/3000 пријатели и да имаат 500/1000 лајка :tmi: ..Греота се бе... :fubar: граота...Ги гледаат ли нив воопшто родителите?Имаат ли они детство..Или за нив е побитно пред време да пораснат да стават чорапи у прслук/гаќи,штикли на нозе,ташна,да се нашминкаат како кловнови,да се муваат,лапкаат,да си фатат дечко..Абе со сите адети може и да слушнам дека 13 години се омажила :o ...Неможам да ги сфатам,зашто толку сакаат предвреме да пораснат јас на нивни години бе си шетав со другарки,си играв надвор,шетав кучиња..На крај памет не ми беше дечко,а тек па нешто повеќе... :!:
    Живејте го животот бе деца,само тоа имам да ви го кажам.. :geek:
     
    На Special.Someone и Anna-Banana им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.