Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Да ти ебам луѓето и да ти ебам тој гомнарски карактер.Да,да гомнарски најсериозно.
    Погомнарски нема.Дефинтивно.
    Се налути господичнава оти сум и рекла дека не ги сакам нејзините другари.Епа не ги сакам.Едноставно одењето со нив по улица за мене е понижувачки! И несакам за мене да слушам муабети како што кажуваат за неа. :!:
    Ако ти се тие драга моја пријателке побитни од мене,тогај слободно одај со нив.
    Мене повеќе ни за лошо ни за арно не ме барај!
     
    На smiley-94 и Hayley им се допаѓа ова.
  2. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Нервозата владее со светов. Во денешно време е сосема нормално, секој ден, цел ден да бидеш нервозен.
    На кој и да се јавиш и да го прашаш шо праиш, како си, ќе ти каже `Остај ме, нервозен сум`.
    Каде по ѓаволите отиде светов?! Се оддалечувам од моите ради таа проклета нервоза. Секогаш или они или јас сум нервозна, никако да се погодиме. Взаемно се повредуваме во тој импулсивен момент, кој е сосема својствен за денешно време.

    Сакам да сум детенце, што не знае да се нервира, не знае што се главоболки и се чуди кога некој ќе ќаже дека го боли главата. Дете кое не знае за Дизајепам, Хелекс, Аспирин и сите дроги на модерното време.
    Толку ми фалат времињата кога си одев кај баба и дедо во Кочани и си играв со дечињата од јутра до сутра. Кога се прибирав само во три саат за да го јадам прженото на баба, кога не се нервирав што некој рекол и кажал, кога никој не можеше да ме повреди со тешки зборови, кога не се толкуваше секој проклет збор што ќе го изговориш!

    И еј, ова го пишувам на петнаесет години, на само петнаесет години. И веќе ме боли главата, веќе се грижам што ќе кажам, дали некој и најдобронамерниот збор ќе го сфати како навреда. Веќе се нервирам и се карам со секој заради глупости.
    Се прашувам што ли ме чека на дваесет.
    Е извини, ама не фала. Не сакам никогаш да пораснам, сакам да си останам на овие години, да тапкам во место. Не сакам да доживеам полоши проблеми, а знам дека ги има. Не живеам во утопија, знам што ме чека.
    Толку сум уморна од се`.

    Во моментов само сакам да заврне, ама да истура и да не престане со часови. Да залади и јас да си седнам со моите во дневна, да се обвиткам со ќебенце и со чајче да си гледам турски серии. Да си бидам во мир и хармонија, како што е секоја есен и секоја зима. Не е ни чудо што живеам за тие периоди од годината.

    Ете тоа сакам. Премногу ли барам?
     
    На sweet-cherry, la-chicka, Monna.Monna и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Сите мои спомени ги сместив во една кутија.. таму се најсигурни. Тоа ме врати на многу работи во животот. Се потсетив на детството, на мојата прва љубов и на искреното пријателство. Прочитав многу писменца кои сме си ги пишувале со другарките во 2 одделение. Ги читав со солзи во очите и со насмевка на лицето. Една другарка ми напишала: "Сакам да сме најверни другарки цел век односно 100 години". Тоа писмо најмногу ме погоди затоа што ја изгубив таа другарка.. Го изгубив искреното пријателство.
    Си го читав дневникот што сум го пишувала во 2006 година. Тогаш целосно сум била посветена на мојата
    "прва љубов". Се потсетив и на првиот бакнеж со него..
    Колку сакам да се вратам во тоа време кога се беше толку лесно, толку убаво. Не сакам да сум сега, тука, да се соочувам со овие проблеми кои ме погодуваат во срцето, кои ми предизвикуваат солзи во очите.
    Сакам да сум мало девојче, да си пишувам писменца со другарките и да уживам.
    Јас секогаш брзав да пораснам, а сега.. сега сакам да се вратам. Затоа не брзајте да пораснете.
     
    На Adi888, JuLleE, Trendafilka и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Колку невоспитани и некултурни луѓе има во светот :o Денес се уверив во тоа... се возиме со брод по Босфорот,до мене седна едно девојче со посебни потреби. За мајка и немаше место на таа клупа а нормално мораше да биде во близина. На клупата спроти мене одма која беше за најмалку тројца луѓе да седнат на неа,господичните шпанци,си легнале. Да,да едниот си седеше така раширен а идиотката си лежеше кај него во скут и иако имаше место за уште еден,кога дојде мајката да седи спроти ќерка и,госпоѓицата си ја стави ногата на клупата и не и даде да седне... јас незнаев што да кажам,ми идеше така јако да и ја акнам една да ја осакатам доживотно... мислам дека одамна толку не сум се изнервирала :x
     
    На Divinebutterfly, danniela5 и Sara123 им се допаѓа ова.
  5. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Малите работи го прават животот убав. Денес беше прекрасен ден. Од секогаш сум сакала да перам тепици. Чупе домаќинче :D Порано освен официјалното перење тепици си се лизгав на нив дури беа со прашок. :D . Ми дојде да се слизнам така дијагонално по тепихот. Како што е голем , мерак да ти е. И туку мајка ми како да знаеше и ми вели : Немој случајно да си се лизгала. Не гледаш сите комшии надвор се. Ај добро и велам. Замина што замина да земе прашок уште малку и туку јас ни комшии ни не комшии. Фјиу по тепихот :D Будалесто сум целото. Мајка ми не виде, а комшиите и така не беа мои, туку на тетка ми ( таму ги перевме теписите). Така да никој не ме познава. Шубо. Најубаво е да истресиш некоја будалија пред некој што не го познаваш. Само ќе кажуваат ако се озборувачи :devil: едно девојче пред мажење :lol: си се лизгаше на тепихот дури переше. А знеш пак, мене многу ми е гајле . Важно јас кефот си го направив. За денеска едно огромно да за убав поминат ден :)

    [​IMG]
     
    На Elennaa, M.a.r.i.l.y.n, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    На кој друг ќе му се погоди врнежливиот викенд како тој одбраниот за Охрид ако не мене?
    Но што е послатко од пливање на дожд?
    Со свежо поцрвенета коса, првите розови траги зад мене што ги оставив беа во езерото. И дождот. Братучеда ми се запна за фотосесии и какви слики сме извадиле, ако ви ги покажам ќе помислите од гугл ги симнав.
    Знам, бев отсутна некое време од форумов, но не врвев многу време на компјутер. Мојата инспирација се врати и така јас Ви се враќам со нова полу-завршена книга. Дојде и мојата Викичка, душа целата, како само ме смируваше нејзиниот глас кога ми ги читаше делата од Петре М. Андреевски. Знаете, со сестра ми (и на школо што држевме еден час со инспиративни личности) ги препрочитавме омилените песни милион пати за да го доведеме до совршенство интерпретирањето, но тоа што таа го постигна со прв пат читање може да се сведи само на талент. Луѓе, па се расплакав. Како тоа го изговараше “Само да ме сакаш’’, на секоја строфа различно. Со толку емоции. Никогаш повеќе не сум ја сакала поезијата.
    Јас, за возврат, и доверив неколку нови мелодии на гитара и синтисајзер. Да не се држам таинствена, но напишав една песна за најубавиот ден од мојот живот. Плус мелодија. Ама некако не се спојуваат, ми треба некои поносталгични ноти. И жици, дур сме на таа тема. Пиштат оние, а татко ми ми ги смени пред еден месец. Изгледа сум свирела повеќе него што мислев.
    Има предности, не велам не, тоа што сега собата е само моја за 10 дена. Спијам само по 3-4 саати чисто заради тоа што се занесувам во некој филм, песна, книга, писмо. Што било. Ќе легнам во 4 и се будам за брзо време, полна со хиперактивна енергија и спремна за нов предизвик. Се прашувам дали спиењето ми е неопходно само кога правам нешто што не сакам да го правам.
    Да ви кажам што ми се случи на работа. Не сум редовна работничка, немам одредено време, одам кога што им треба најмногу помош или кога мене најмногу ми одговара. Зависи кога ќе станам, 10, 11, 12... Затоа си викам, тоа што ми се деси мора да е, како што би рекла баба ми, ксмет. Хах. Ете јас ќе речам a happy coincidence. Само што слегов, си појдов кај мојот најпрезиран рафт, тој со паштетите и другите конзерви. Редев туна. Дојде роба од витаминка со 4-5те работници. Влегуваат, еден по еден, сите да прашале која сум, па комплименти за мене и мајка ми, па ова, па она, ритуал продавнички. И на крај, влегол уште еден, кој не го видов, ама пак затоа се судрив во него, така незаборавно, што сите конзерви се разлетаа на најразлични страни. Филм. Какви очи, каков лик, какво тело, какво се. Пак насмевката, шлагот. “Извини, извиниии!!’’ и така Hayley си ја заврши работата дупло поврзо него очекувано, потпомогнато од 22 годишен џентлмен. ДА ЧУЈАМ САМО НЕКОЈ ДА СЕ ОСМЕЛИ ДА ЈА НАВРЕДИ ПРОФЕСИЈАТА НА ПРОДАВАЧКА! :rofl:
    Пу, пу, I'm gonna jinx it.
    И најдобрите вести се тие што, покрај останатиот шопинг кој ми ја одзеде сета плата, го најдов совршениот фустан за роденденот што претстои. Малечката моја имењачка, најубавото бебенце, ќе прави една година, и погодете кој ќе присутствува таму! Не, не мислам јас. People, I've got a man to impress, и не само со тоа што сум ослабена 8 кила и што ќе пеам и свирам пред 100 луѓе ако не се случи некоја несреќна несреќа.
    Аааах, си воздивнувам од совршенството на летово. Си направив вчера бајадера за да се здебелам некое килце за да имам повеќе инспирација да симнам уште 5 кила. На мене не се гледа и некоја разлика, искрена да ви кажам, освен што стомакот е сега рамен. Или, не баш повеќе, затоа што единственото негативно што ПМС-от од овој месец го постигна е некој сантиметар плус околу половината и солзи на втората епизода од четвртата сезона од Gossip girl.
    Еј се изназборев.
    Па, до следен пат, имајте убава неделна вечер, јас мора да тркнам до куќата на баба и дедо, купија нов плазма телевизор и ми мириса на movie night со татко ми! :D :hug: :f:
     
    На Anna-Banana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    What doesn't kill me, makes me stronger.

    До мене ли е или ептен е глупа и излитена фразата?
     
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски

    Најглупава е фразата :lol:
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.018
    Допаѓања:
    81.358
    Пол:
    Женски
    Епа, срцекршачке, тогаш јас мора да сум некое чудо на хороскопов, зашто ќе морам да ти го негирам фактот погоре. :devil: :rofl:
    Доказот за тоа колку рак со рак си одговараат го имаш/имате тука - лично и персонално! :!: :D
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.821
    Допаѓања:
    25.522
    Пол:
    Женски
    Само што се вратив од село,од кај баба и дедо. И колку ми е тешко сега,неверојатно нешто, пуштив корени таму за само неколку дена.
    Се' ми фали, апсолутно се'. Дури и скакулецот во соба, од кој не можев да спијам два дена.
    Ми фалат свежиот воздух, ми фали да ме будат петлето од неколку куќи погоре и врапчињата од балкон.
    Ми фали телевизорот кој едвај фаќаше два канала.
    Ми фали баба ми да ме прати во чекор и да ме тера да јадам секој саат.
    Ми фали дедо ми и неговите иронични коментари.
    Ми фалат друштвото на дечко ми и тетка ми, играњето карти со саати,до сабајле. Кога сум кај него, ми фалат и нашите мини излети во соседното село, ми фали целата таа природа, манастирот, клупата, ветрето, фонтаната.
    Ми фалат заедничките ручеци и вечери.
    Ми фали широкиот удобен кревет.
    Ми фали тушот од кој вода течеше од само три-четири дупчиња.
    Ми фали нишалката во двор.
    Ми фали да се прскам со црево.
    Ми фали и пет годишното комшивче, кое е "заљубено" во мене пустото, и доаѓаше во 7 сабајле и ме чекаше да станам од спиење.

    Најтешко од се ми е кога ќе погледнам да видам колку е саат, и се прашувам што би правела сега да бев уште таму. Не знам ни зошто се вратив, ама морав веќе дома, си имам некои обврски.

    И седам и си се чудам сама на себе. Чувствувам празнина и тежина, ко да се работи за место оддалечено илјадници километри, а не место оддалечено на 10 минути, каде што одам секоја недела и каде што можам секој момент да земам парталите и да си се вратам.
    Ама ај...
     
    На Buttterfly, Dulceee, calliope и 6 други им се допаѓа ова.
  11. MissElly

    MissElly Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    102
    Људии људии вратио се форумџиа Шимее!!Едно време како да ја позаборавив фемина..Ама еве ме Im back ! :D :D
     
  12. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Убаво време,убави луѓе ,убав помин се убаво...но се што е убаво кратко трае ,затоа максимално да ги искористам убавините додека можам ,ќе ми недостига многу...
     
  13. Tanny

    Tanny Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    401
    СДК... после долго време еве ме пак на форумот 8)
     
    На Elennaa и Cacy им се допаѓа ова.
  14. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Супер што се врати, ама ако можеш некако потписот да го средиш. :) Или стави ги сликите споени, една до друга, или во спојлер. :)
     
  15. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Е ви се молам,читав мислења,досаден бил форумот сега....Како нема да е понекогаш досадно на форумот кога само не читате,а не ни пишувате? А,а,а? Знаете ли колку многу фалат? И сите само седат и читаат а неќат да напишат нешто интересно.Епа нема,не седете џабе...Вклучете се пак,да има дискусија,интересни мислења,паметни изјави и животни искуства. Или само во некои теми ко ќе ви текни пишите и толку...
    Ај да не ве именувам сите... Друг пат ќе ве напишам ако треба,јавен апел ќе пишам :D


    П.С. Гледам смешни инсерти од Олимпијадата на Евроспорт,се изнасмеав :rofl: :D
     
    На Elennaa и Lepaaa им се допаѓа ова.
  16. san.dra

    san.dra Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    мислам дека денов вечно ми трае.. и се чувствувам многу осамено..
     
    На Barbie-mwa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Додека го вадев полначот од штекер тој сеуште имал допирни контакти со струјата а јас го пипнав за желевцето и кога одеднаш ми помина нешто низ раката почна да ме дрма леле вреснав и тргнав раката ама среќа не беше нешто силно нема големи последици ама уште како да чувствувам како нешто ми минува низ раката и ми трне. :worried: Ама и знам дека ептен претерав кога им кажав на моите ама онака издраматизирано бидејќи уште неможев да си поверувам дека така ме здрма струја, и тие кога кренаа паника брзо на доктор она ова. :| Знам дека овој пат лесно си поминав но памет за друг пат :fubar: може да биде и пострашно. :x
     
  18. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Чувството кога мислиш дека некоја машка личност ја цениш многу и мислиш дека во него има преголем потенцијал и паметноќа..
    А всушност е само личност која на крајот од денот си го покажува карактерот и го понижува со директни зборови понежниот пол, а тој лета во облаци.
    Не, јас не го проценив погрешно, само тој лошо се представи.
    Сега ми е жал само за него зошто сфатив до каде му се размислувањата и ограниченоста..
     
    На crazylady, calliope, Lepaaa и 6 други им се допаѓа ова.
  19. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    48.155
    Пол:
    Женски
    Трема и пеперутки во стомак за утре :) прв ден од обуката за работното место кое долго го чекав, само се да помине во најдобар ред, а потоа за еден месец почнувам нова етапа , работа и заеднички живот со ханито :inlove:
    Ќе ми недостасува Скопје знам, ама ќе си доаѓам често :nod: :angel:
     
    На Glossy-girl и Sexybaby86 им се допаѓа ова.
  20. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    :!:
     

    Прикачени фајлови:

    На Elennaa, Oxymoron и Glossy-girl им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.