Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Секогаш се плашев да направам чекор,мислејќи некој да не повредам,правев се да видам насмевка на нечие лице,макар можеше да бидам облиена со солзи.Секогаш велев нема везе,не бев решителна да направам чекор да се направам себе си срекна,постоеше зборот ШТО ПОНАТАМУ?! КАКО? ЌЕ МОЖАМ ЛИ?
    Сега сфакам дека џабе сум се плашела,за се има решение,ова јас редовно го велев но за себе не го користев,е сега сфакам дека вистина била поговорката Нема разлика меѓу добрината и глупавоста...........ај наздравје нека ми е...
     
    На De-lovely, Sexybaby86 и Rihhana.33 им се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.998
    Допаѓања:
    123.766
    ........утро полно свеж воздух.Милина.Ова го чекавме цело лето. ^_^

    Поспана,го јадам колачот од вишна и чаша млеко.Потоа следи кафе.
    Во Скопје после многу денови.Се знае дека ме чека работа :doh:
     
    На M.a.r.i.l.y.n, Cacy, Magnolija и 9 други им се допаѓа ова.
  3. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Прекрасно било да се разбудиш на сабајле порано и да го почувствуваш свежиот воздух, посебно кога бев во Охрид. Сеа ме буди едно “трас, трас, пуф !!’’ и наеднаш рипам од кревет, отварам прозор се прашина, цело маало ни го претворија во грдилиште, и наместо свеж воздух се изнадишив прашина.Уф коа ке ги изградат зградиве ке бидам најсреќна ! |( :yawn:
     
  4. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сакав толку многу да ви кажам... ама ќе ве поштедам од глупости.

    ќе ви кажам, само две работи

    1. едвај чекам да имам дете за да бидам родител какви што моите не се

    2. шовинизмот е страшна работа.


    Имајте убав ден
     
    На Peppermint, Serafima, M.a.r.i.l.y.n и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Колку сум јас срекна.Сватив дека го имам најголемото богатство-семејството.Имам некој што најмногу ке ми помогне,некој што е секогаш со мене,со некој што сме заедно и во радост и тага-мајка ми,татко ми и брат ми.Исто така имам мн роднини кои што сме блиски,пријатели.Тоа ми е доволно,здравјето и смејството,роднините,пријателите,не ми треба ништо друго. ^_^ ^_^ ^_^ :hug: :hug:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  6. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.461
    Допаѓања:
    22.956
    Пол:
    Женски
    Колку се пронајдов во постов погоре...
    Јас одамна ги ставив сите спомени во една голема кутија..поточно во две :) И секогаш кога сум тажна и сакам да се расположам, ги отварам кутиите и насмевката ми се враќа на лицето. Со задоволство се присетувам на првите споменари, на фотографиите со школските до 8 одд, а и од средно. Ги гледам и писменцата кои ми ги давале тогашните најдобри другарки и сокласнички, и солзи ми идат во очите. Колку беше се поразлично тогаш. Бевме безгрижни, насмеани, среќни сите до една задоволни. Ги гледам и моите први симпатии :$ Со радост ги читам малите пораки кои ми ги пишувале...
    И јас имав една најдобра другарка со која сега сум оддалечена доста и многу ми е жал поради тоа, но така требало да биде сигурно. Од неа и со неа имам милион слики, еден куп пораки и писменца со зборови на љубов, поддршка и искрено другарство. Сега го нема тоа меѓу нас двете.
    Но затоа имам нови луѓе во мојот живот, подобри можеби од претходните, и со нив ствараме нови, заеднички спомени. Се надевам дека нема да останат само спомени :)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.357
    Допаѓања:
    286.460
    Е значи малиов има неверојатен талент да се бричи и стриже веднаш одкако ќе го исчистам вецето :@

    И двајцата втора смена денеска, па он стана отиде на плива а јас да си завршам обврските низ куќа. Дојде што дојде во видливо добро расположење, дури и на песна ја сврте а јас дробам салатата и си ќутам.

    Се пикна во веце јас си мислам да се истушира, и кога слушам машинката за сечење коса бззззз :devil: . Највеќе мерак му прави кога ќе види вецето светнато да зеде машинката и врз лабавото да се мајстори.
    Јас као на даљинско пут под ноге директ у веце да се пожалам сега ли му текна коса да сече а он оклештен до уши и ми вика за џабе ли ти ја пеев таа и таа песна (демек љубовна) за да не му се лутам, а и плус сам ќе си исчистел |( . По неколку минути ме викна да видам дали израмнил цела глава и евентуално ако има потреба да корегирам нешто.
    Му реков најубав е и ајт да го нема од вецето :tmi: .
    Доброто расположение го немаше напуштено па си игра, пее се врти околу мене ја додека зачистив тоа косата и таман јас готова ми вика што чистиш, треба со другата машинка и брадата да ја поминам :devil:

    Е ќе си пукнам ;( :!: ама сега стварно сам ќе исчисти.
     
    На Lolipop23, LilBaby, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Би сакала да сум како Срцекршачка и животот да ми биде лесна песна!
     
    На Lepaaa и fallenangel им се допаѓа ова.
  9. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
    На Anna-Banana и Springy им се допаѓа ова.
  10. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Што било убаво кога те боли глава и некој близок ќе дојде со некоја убава вест што не денот,месецот ти го разубави.И после не мислиш ни на главоболка ни на ништо,само го очекуваш моментот :)
     
  11. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Ми се чини цело лето пишувам, а никогаш не ми било олку лесно да склопам параграфи па страници. Вистина е дека многу пишувам, ама најчесто тоа го правам бавно, збор по збор бирам, па пребришувам. Затоа не можам да напишам 50 страници во еден ден. Но вчера, после мојот последен пост овде, си го отворив фолдерот со старите започнати приказни, и најдов една што ветив дека ќе ја завршам. Но помина година и пол а таа е заглавена на 17 страни и плус скриптата. Прочитав, и почнав да ја продолжувам. Пишував дур не ми се соспа. Ја оддвоив првата глава и ја постирав онлајн. Денес да го средам останатото, и гледам декља не било 15тина страни како што мислев, туку 43. И татко ми ме праша, што куцам така до касно. “Книга пишува’’ му реков, и ме погледна со оној неговиот аман-веќе-колку-книги-напиша-бре-дете поглед. Си се насмеав. Најверојатно толку испишав затоа што не правев никакви паузи.
    Не гледам ни што ќе ми се сите овие страници, трошење време, кога ни тие што ми ветија дека сакаат да го читаат секое мое дело нема ни да ме прашаат до кај сум. Нека си стои за мене :)
     
    На kravce, Anna-Banana, L-enna и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Прво, Eli25 мило ми е што пиша,пиши ни почесто :*
    Второ,пак моето кафе сега си го пијам :)
    Трето, кое правило е то ви се молам,баш тие што ги сакаш и почитуваш,најмногу да те повредуваат,а? Место да сме среќни,да се караме...И тоа се за глупости и недоразбирања... Нели тие треба да не сфатат најмногу и да не поддржат? А не тоа само еден,туку сите наеднаш! :tmi: Едни мислат едно,други друго,а ти шо си мислел неважно демек :^) Мора да си правиме понекогаш како што ни одговара нас,пошто сите што си сакаат тоа си прават.И остај тоа,туку и забораваат што се си правел за нив.
    Четврто абе замрзнав луѓе,ова лето е или шо е? Наеднаш се спуштаат температури,ц ц ц...Ај можи ќе се стопли пак,секогаш и септември е топол.

    Имајте ми убав ден и се надевам да го искористите убаво :hug:
     
    На Peppermint, Serafima и Adi888 им се допаѓа ова.
  13. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Поминаа само 9 дена, а како цела година да траеше. Беше убаво, I admit it.

    Море, песок, сонце.. па, на кого не би му било убаво?
    Нови пријателчиња, интересни моменти.

    И, гледам слики и си средувам меморијава. Беше супер.
     
    На Lolipop23 и Serafima им се допаѓа ова.
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    На човек можеш со арно сто пати да му кажеш и пак да не се разбере.
    Зема комшиката моја во сред град да чува 5 кокошки. Сакала пресни јајца, макар што локалните фарми за џабе ги продаваат ако оние од продавница не и се свиѓаат, ама ајде мерак ја да чува. Уште првите два дена кога си дојдев од работа најдев една во мојата градина. Прелетала преку оградата. Кокода кокодак, пола саат ја гонив да ја фатам. излезе и комшивката оти ја чула дека кокодака, и ја подавам преку оградата и викам да земеш да им скратиш крилата малку. Аха, читав јас на интернет вика, големите перја на крилата им ги скратив. Викам сите перја ќе ги скратиш и малку од опашката, они опашката ја користат да добијат во висина. Ама нема да се убави така ошишани. Викам шишај ги, или загради повисоко, ако една се научила сите ќе почнат по неа, да не ми прават курешки кај мене по тревата. Аха ок, ќе ги потшишам утре.

    После некој ден си дојдев дома да најдам уште една кај мене, и оваа гони ја, фати ја, префрли ја преку оградата. И така некое време, преку некој ден јас кокошки ловам, и секојпат и продумам на комшиката да ги ошиша, она пак и пак настојува дека се шишани. Вчера додека сум била излезена сите пет си дошле кај мене, која клука трева која се прета во земја, си уживаат. Готово, ми пукна филмот, ловам една, шишам кратко и крила и опашка, и ја пуштам преку оградата, ловам друга, шишам, пуштам преку оградата, така сите до една.

    Комшиката ја нема синоќа да дојде едно фала за шишањето да каже. |(
     
    На mims-89, bittersweet, Moira и 13 други им се допаѓа ова.
  15. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Зошто после толку долго време, работите и одлуките што сме ги донеле во минатото делуваат толку погрешни? Сите од нив, што дури се чудиме дали воопшто сме направиле нешто исправно во животот. И повторно и повторно, како скапана расипана лента ги враќаме некои од нив ги преживуваме пак, ете некоја бессона ноќ кога с’клетливо се врткаме во креветот очајно барајќи ја најудобната позиција за да заспиеме и да ги мавтосаме мислите. И пред очите излегуваат букви испишувајќи го прашањето: „А што ќе беше ако направев вака?“, па филмови во сите можни варијации со сите можни услови и решенија. :!:
    И тогаш се’ друго изгледа многу пологично и попаметно решение од тоа што сме го избрале.
    И понекогаш дури и ќе ни дојде да си ја лупнеме главата од ѕид, или од мермер на пример, зашто сме постапиле толку просто и незрело. И си викме: „Алооо, каде со тој памет?!|(

    И по некоја си грда случајност, секогаш оваа фаза се поклопува со онаа месечната - досадната. И во тој момент кога сум најраздразнета, кога ме пука глава и кине стомак, ме мава нервоза за безвезе онака рекреативно, не ми фали ништо освен неколку такви непреспани ноќи поради каења за минатите одлуки.
    А јас искрено би се напила чаша пиво и би наздравила и тоа баш за тие одлуки - да се надеваме дека барем ќе ми донесат грам акал во тимбава. :beer:
     
    На Sara123 и M.a.r.i.l.y.n им се допаѓа ова.
  16. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.895
    Допаѓања:
    4.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дали сум јас тука единствената што не го знае хитов за ова лето :

    http://www.youtube.com/watch?v=IE2k3YMjRms
    :puke:
    Хит,и што сега сите се фураат со песнава на фб.Е немам слушнато и врска си немам зашто се пее,битно е гледам секој денвно се објавува по фејсбукон.Летово веќе помина,и со песнава.Сите си будат некои спомени за сите било летово незаборавно.
    Немој да ме јебеш бре!
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Леле, вакви глупости само мене ми се случуваат. :rofl:
    Знаев дека е прашање на време пред да се случи некој бисер, упм, седам и се смеам.

    Денеска нели, понеделнички, овошен ден, дома од овошје само првата буква О, односно нула. И ај викам, еве кај сме до центар, отиди претрчај, купи си и некое бадемче, некое дињче... Решена ќе го држам цел на овошје само, со некое бадемче, такви ситници.

    И ај се потерав, а убаво си бев наместена на креветот, со филм, со шише вода. Одам што одам, си бирам, си разгледувам, се заврткав, ехе, ко којзнае што да купувам. Па уште и во филм влегувам, слушам новата камбана чука, јас се гледам танка на сенката, косата долга во реп, си ја гледам, ми пораснала, си се смешкам под мустаќ, треба нов телефон да си бирам, нов новчаник, си викам, абе убав животов, што ми фали. :rofl:

    Се враќам во новава ,,палата,, |( , скроз заборавајќи дека под нас има службени канцеларии кои работат баш ко за инат до 2 или 2 и пол, кој ги знае, знам нешто чкљ работно време имаат. И си идам јас оноа, музика стандард си свири, минам јас, косава во реп, нели уште филмот и тегнам да ја отворам вратата - кврц. Катанец колку мојата глава, заврзан, преврзан, уште атомска бомба да експлодира ако посакаш да го отклучиш.

    Лелеееее, стојам, ми текна од едно тајно вратиче, си викам ЈЕС; ги надмудрив, они мене ќе ми ставаат катанци... Одам кај втората врата, цврц, и таа заклучена. А баш се чудев зошто има скршени џамчиња, сигурно претходниве газди во некоја ваква фрустрација ја скршиле. Јас гладна, ртка, ми се јаде, ми се плаче... Зимам се дерам по сестра ми, они па чуле, не знаеле кој вика, страв им било да испаднат и да видат. ЛЕЛЕ БЕ! :fubar: Ај викам камчиња да фрлам, може ќе отворат, не бре не, па си викам, ај остај камчињата ќе скршиш некој џам, уште тоа ти фали.

    Па уште и ја гледам нашата кола паркирана :o , си викам, Дузи, тоа е тоа, додека не решат некаде твоите да испаднат приквечер, ќе си чмаеш надвор, може ќе помислат некаде на кафе си отидена, а немаш телефон да те бараат. И планирам дињата како ќе ја кршам за да ја јадам, вода има во паркчето, бирам местенце кај да мочкам, па си седнав на скалите, се наместив и чмаам. Седев можда пола саат, и само еве ги дамата и господинот, стасуваат пешки и ми се изнасмеаја бе. Ко попче си влегов внатре и од денес јас без клучеви и без некој стар, чкљ телефон НЕ ИЗЛЕГУВАМ од дома! :rofl:
     
    На Buttterfly, bittersweet, Moira и 15 други им се допаѓа ова.
  18. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.821
    Допаѓања:
    25.522
    Пол:
    Женски
    Иако некогаш,всушност често, ми доаѓаат преку глава, сепак можам јасно и гласно да кажам дека сакам обврски. Сакам кога денов ми е исполнет. Затоа што исполнет ден значи помалце слободно време за размислување за некои тешки животни ситуации,моменти и прашања.
    Едноставно времето си тече, како што треба.
    Од утре почнувам "на работа", наводници затоа што е всушност пракса, но убаво ми е да си го викам работа. Бидејќи ќе дејствувам, нема да губам време.
    Уште мантилчето да си го спремам, и почнувам.
    Нема поубаво чувство од она кога правиш нешто корисно за себе,и за светов,кога постоиш вистински, а не вегетираш.
    Тоа само сакав да кажам.
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  19. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Сега можам да се опуштам со едно ладно нескафе. Резултатите од крвта покажаа дека се е во нормала и нема потреба од загриженост. Ми олесна. Ама сепак ќе се потрудам да поработам на тоа да бидам порамнодушна и да не си земам се при срце. Сепак се работи за мојот живот и за него одлучувам само јас.

    Уживајте во денот!
    [​IMG]
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Еве Фала Богу успеав и од на одмор да се уклучам и да ве читнам.Ќе речите отидена на одмор да се одмора а таа пак квакнала на компјутер,ама што да правам бе кога сакам да ве читкам !? :D
    Времето супер,не е пеколно,баш нормално,освежено... :) Море,плажа...Што ти треба уште?!Аах,заборавив и интернет :lol: :lol: :lol: Главноо има интеренет да можам да ве читкам :D Време за одмор ,сите одмараат а јас што ке правам друго освен да уживам во вашиве постови... ;) Досега немам осетено никаква “пеколна “ топлина,супер е. Ехејј,полно е со Македонци :) Уште малку па втора тура плажа.За да не речите дека ве заборајв на сите ви праќаммм гооооолеми поздрави и ќе се избањам и за вас. :D :*
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.